Од утре ќе биде воведена дезинфекција на сите гранични премини меѓу Бугарија и другите земји поради опасност од навлегување на чума кај малите преживари, изјави за новинарите во Карџали извршниот директор на бугарската агенција за безбедност на храна д-р Светлозар Патарински. Заедно со заменик министерот за земјоделство и храна, Дејан Страве, тие учествуваа на вонредниот состанок на Регионалната епизоотска комисија, свикан поради регистрирана ...

Претседателот на Алијансата за Ново Косово, поранешен косовски претседател и еден од најбогатите Албанци во светот, Беџет Пацоли, објави дека првиот човек на Одделот за безбедност на патници при Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) од Торонто, со кого патувал за Италија, потврдил дека не „постои тип на имунитет што може да го оправда избегнувањето на контролата на секој патник кој лета со авион”. Оваа негова реакција следува ...

Проиранското либанско шиитско движење Хезболах рано утринава соопшти дека истрелало десетици ракети врз Беит Хилел во северен Израел. Групата во соопштението напиша дека „како одговор на нападите на израелскиот непријател врз непоколебливите јужни села и безбедните куќи, особено нападите насочени кон селата Кафр Кила и Деир Сарџан и повредените цивили, Исламскиот отпор (Хезболах) за првпат го погоди Беит Хилел со десетици ракетни качуши“. ...

Македонските кошаркари до 18 години синоќа убедливо ја совладаа Бугарија со 92-68 во полуфиналето на Европското првенство „Б“ дивизија кое се одржува во Скопје. „Црвено-жолтите“ ќе играаt во финалето, а истовремено обезбедија место и во А-дивизијата. Така, јуниорите предводени од селекторот Горан Андреевски ја запишаа и седмата победа во низа на ЕП. Капитенот Јаничиќ отвори со 10 поени (две тројки без промашување), најави ново одлично офанзивно ...

Околу 11,5 милиони луѓе се во затвори ширум светот, според последниот извештај на Светската листа на популација на затвори, истражувана и составена од Хелен Фер и Рој Волмсли од Институтот за криминал и правда во Лондон. Според објавените податоци за затворската популација, вкупниот број на затвореници во светот е 10,99 милиони. Сепак, тој број е веројатно поголем од 11,5 милиони ако ги вклучите и оние затвореници за кои се проценува дека се ...

Соединетите Американски Држави денеска го признаа противкандидатот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и опозицискиот кандидат Едмунд Гонзалес за победник на претседателските избори, а во исто време го отфрлија и прогласувањето на победата на Мадуро. „Со оглед на огромните докази, на Соединетите Држави и уште поважно на народот на Венецуела им е јасно дека Едмундо Гонзалес Урутија освои најмногу гласови на изборите одржани на 28 јули“, ...

Температурите на големи делови од ледените плочи на Антарктикот се зголемија во просек за 10 степени Целзиусови над нормалата во изминатиот месец во нов рекорден топлотен бран. Додека температурите остануваат под нулата на поларната копнена маса, која е обвиена во темнина во овој период од годината, на јужната хемисфера, температурите достигнаа 28 степени, што е над сите очекувања. Исто така, температурите постојано ја надминуваат границата на ...

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека убиството на лидерот на палестинската исламистичка група Хамас, Исмаил Ханије не помогнало за примирјето во израелската војна во Газа. Тој го коментираше ова во заедничката база Ендрјус во Мериленд, каде доцна во ноќта слета авион со затворениците што ги ослободи Русија. Бајден претходно истиот ден разговараше со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху. Иранските власти и Хамас рекоа дека ...

Шефот на военото крило на Хамас, Мохамед Деиф, е убиен во израелски воздушен напад во Газа минатиот месец, соопшти израелската војска, еден ден откако политичкиот лидер на групата беше убиен во Техеран, пишува Гардијан. -ИДФ (Израелските одбранбени сили) соопштуваат дека на 13 јули 2024 година, воените авиони на ИДФ извршија напад во областа Кан Јунис и дека по разузнавачката проценка може да се потврди дека Мохамед Деиф беше елиминиран во тој ...

Погребната церемонија на Исмаил Ханије, политичкиот лидер на палестинската екстремистичка група Хамас, поддржана од Иран, која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација, денеска се одржува во иранска престолнина Техеран. Иран соопшти дека Ханије (62) е убиен во Техеран во напад за кој го обвини Израел и предизвика страв од поширок конфликт на Блискиот Исток. Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ја предводеше погребната ...

Елиф Елмас и Лајпциг имаа одличен старт на подготовките за новата сезона и со победа од 2-0 над Астон вила ја започнаа американската турнеја. Македонскиот репрезентативец беше стартер за Лајпциг и одигра 73 минути пред да биде заменет. Лајпциг го победи премиерлигашот на „Ред бул арената“ во Харисон со головите на Андре Силва во 17-тата и Лоис Опенда во 41-вата минута. Елмас и Лајпциг во САД ќе одиграат и контролен дуел против Вулверхемптон ...

САД работат на тоа новата влада на Северна Македонија да го почитува Договорот од Преспа, изјави помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан, пренесува грчка Прототема. За време на сослушувањето пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, американскиот дипломат тврдеше дека контактите на американските пратеници се корисни за да се задржи Северна Македонија посветена на договорот. Сенаторката Џин Шахин го ...

Абердин ја одбил првата понуда на Еспањол за Бојан Миовски, таа не била доволно висока, Болоња и Џенова уште се обидуваат да дојдат до потписот на македонскиот напаѓач. Шкотскиот клуб сака најмалку 6,5 милиони фунти за Миовски, а понудата на Еспањол била под оваа сума, по што експресно била одбиена. Болоња и Џенова зборувале со претставници на Миовски во изминатите денови и се очекува да достават и конкретни понуди до Абердин. Не се исклучува ...

Политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије е убиен во Техеран, објави иранскиот државен медиум „Прес ТВ“, повикувајќи се на информации од иранската револуционерна гарда (ИРГЦ). Од Хамас, во објава на нивниот канал на Телеграм, велат дека Ханије е убиен заедно со неговиот телохранител во, како што наведуваат, израелски напад врз неговата резиденција по присуството на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на 30 јули. Си-ен-ен ...

Администраторите на популарната групација „Никана.гр“, сумирајќи ги нивните и искуствата на патниците кои летуваат преку нив, ги споделија периодите кога македонските граници може да се поминат најбрзо и кога има најмалку гужва. Кога станува збор за влезот во Грција преку граничните премини „Богородица“ и грчки „Евзони“, најголемата гужва е од 6 до 12 часот, додека по 20 часот е многу порастеретено. Најдобро време за влегување во Македонија од ...

Третиот македонски претставник на ЛОИ во Париз, џудистот Еди Шерифовски го заврши својот настап на игрите во престолнината на Франција со пораз во првото коло во категоријата до 81 килограм. Шерифовски немаше сила да се избори против актуелниот светски шампион, Бразилецот Гиљерме Шмит кој беше подобар со ипон во воведната борба. Тој е третиот македонски олимпиец кој го имаше својот настап на игрите по Ѓуретановиќ во пливање и Мојсовска во ...

Гостивар повлече неколку интересни потези во овој летен преоден рок, се засили со доста играчи меѓу кои и неколку домашни асови кои изминативе години постојано играа надвор од нашите граници како Душко Трајчевски, Марко Симоновски и Зени Хусмани. Меѓутоа се чини за крајот е оставено најзвучното име ако се погледне неговата тежина, кариерата, а тоа е Набил Дирар. Сите оние кои редовно ги пратат фудбалските случувања добро знаат кој е Мароканецот ...

Илјадници луѓе се собраа во неколку градови во Србија за да протестираат против проектот за ископување литиум што владата неодамна го потпиша со Европската унија. Протестите се одржуваа истовремено во западниот град Шабац и во централните градови Краљево, Аранѓеловац, Љиг и Барајево. Тие следеа слични собири во други српски градови во изминатите недели. Договорот постигнат претходно овој месец за „критичните суровини“ може да ја намали ...

Обвинување за организирање на хакерски напад на ЦНЕ, државната изборна комисија на Венецуела кој бил организиран од Македонија упати вчера јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб. Тој за организирање на овој напад ги обвини опозициските лидери Лестер Толедо, Леополдо Лопез и Марија Корина Мачадо. На конференција за медиумите јавниот обвинител на режимот во Венецуела изјави дека хакерскиот напад потекнува од Северна Македонија. ...

Денеска во просториите на ФФМ беше извлечен распоредот за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига која ќе почне на 11. август. Актуелниот шампион Струга сезоната ја почнува на домашен терен против Тиквеш, реновираниот Вардар кој сега има поголеми амбиции во првото коло гостува кај Брера. Прво коло: Струга – Тиквеш Беса – Шкендија Работнички – Силекс Брера – Вардар Пелистер – Гостивар Шкупи – Воска Првиот домашен меч за Вардар е ...

Познатиот макеоднски кардиолог Сашко Кедев постигна нов успех во неговата мисија да си искачи сите врвови со надморска височина поголема од 8000 метри. Имено, тој го искачи Гашербрум II кој е со надморска висина од 8035 метри и ова претставува негово 11-то искачување од вкупно 14-те врвови кои надминуваат 8 илјади метри. Гашербрум II, позната и како К4, е 13-та највисока планина на Земјата. Сместена е на границата помеѓу провинцијата ...

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација ја забележа и третата победа на Европското првенство-Дивизијата „Б“ во Скопје. Нашиот национален состав овојпат беше подобар од Чешка со 94:86 и сега има перфектни „три од три“ во групата Ц. Најдоброто издание избраниците на Горан Андреевски го имаа во втората четвртина која ја реализираа со 32:22, а го добија и завршниот период со 22:18 кога противникот притискаше и се обидуваше да го сврти ...

Турција би можела да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците како што направи некогаш во Либија и во Нагорно Карабах, изјави синоќа турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган. -Мораме да бидеме многу силни за Израел да не може во Палестина да го направи тоа што го прави сега, рече турскиот претседател на митингот на владејачката партија АКП во црноморскиот град Ризе, пофалувајќи ги резултатите на индустријата за оружје. -Како што ...

Ова е големо искуство за мене, ќе се прикажам во најдобро светло на следните големи натпреварувања, изјави младиот пливач Никола Ѓуретановиќ по вчерашниот настап на 400 метри слободно на Олимписките игри во Париз. Со 16 години, Ѓуретановиќ е најмладиот член на македонскиот олимписки тим во Париз и токму тој беше првиот кој излезе на борилиштата, постигнувајќи резултат кој не е на ниво на неговиот личен рекорд. Тој пливаше во првата ...

Дванаесет лица, меѓу кои и деца, се убиени во саботата во ракетен напад врз фудбалско игралиште во село на заедницата Друзи воокупираната од Израел Голанска висорамнина, соопштија израелските власти, обвинувајќи ја за нападот либанското шиитско движење Хезболах. Ракетен напад од Либан врз Мајдал Шамс, исто така, ранил 13 лица, според Маген Давид Адом, еквивалент на Црвениот крст на Израел. Претходно беше соопштено дека се ранети 34 лица. Мајдал ...

Пред 103 години, на денешен ден – 28 јуни подло и предавнички бил убиен големиот македонски револуционер и публицист Ѓорче Петров. Во 1921 година по излегувањето од работа свратил во кафеана во Софија. Помуабетил со Петар Чаулев, член на ЦК на ВМРО и на излегување по него тргнало и лицето по име Реџеп… По неколку минути Ѓорче Петров бил убиен. Така завршил животниот пат на еден од најголемите македонски револуционери, личност која целиот свој ...

Православните христијански верници денеска го слават празникот на Свети Наум Охридски – Чудотворец, значаен средновековен научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската писменост и македонската писменост и просвета. Чествувањето започна синоќа во манастирскиот комплекс на брегот на Охридското Езеро каде се одржа празнична вечерна богослужба, а и денеска ќе се одржи богослужба. Вообичаено, како и секоја година на празникот ...

Американската авионска компанија „Боинг“ ќе признае вина за злосторничко здружување и ќе плати 243 милиони долари казна поради две авионски несреќи што се случија во 2018 и во 2019 година. Тие се случија во Индонезија и во Етиопија, при што вкупно загинаа 346 луѓе. Причини за несреќите се технички дефекти на новите модели на авиони 737 МАКС. Компанијата е обвинета за прекршување на договорот за одложено гонење во 2021 година, во кој „Боинг“ ...

Кина започна со тестови за сертификација на најголемиот амфибиски авион во светот, што претставува значајна пресвртница во нејзините воздухопловни и поморски способности. Станува збор за авионот AG600, развиен од Корпорацијата за воздухопловна индустрија на Кина (AVIC), кој е првенствено дизајниран за поморски патроли и операции за пребарување и спасување. Според AVIC, овој авион е клучен за Кина бидејќи може да стигне до која било локација во ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски, неуморно на терен. Денеска изврши увид на локацијата каде што е планирана изградба на нова атлетска патека во Гевгелија. Оваа иницијатива произлегува од барањето на група спортски работници, изнесено за време на предизборните посети. Со овој проект, Гевгелија ќе добие модерна атлетска патека, која ќе биде клучна за развој на атлетските активности во градот и околината. По детална анализа, е избрана ...

Скопје

4ᴼ/4ᴼ
0.51
81%
1020

Белград

5ᴼ/5ᴼ
1.54
89%
1021

Софија

7ᴼ/7ᴼ
5.14
71%
1019

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
8.12
53%
1016

Љубљана

7ᴼ/4ᴼ
0.51
95%
1020

Атина

20ᴼ/16ᴼ
2.57
60%
1013

Тирана

7ᴼ/7ᴼ
1.03
100%
1017

Подгорица

11ᴼ/6ᴼ
4.12
58%
1019
Currency

61.5333

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52571

Currency

1.61635

Currency

0.65951

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $