Агенцијата Reuters јави дека експертите кои ја истражуваат железничката несреќа во Шпанија, во која загинаа најмалку 39 лица, утврдиле дека причина за излетувањето на брзиот воз од шините најверојатно е скршен спој меѓу шините. Информацијата ја потврдил извор запознаен со текот на првичната истрага. Несреќата се случила во неделата во близина на градот Адамуз, во јужната покраина Кордоба, на околу 360 километри јужно од Мадрид. Вагони кои ...

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, во вонредно обраќање до нацијата објави дека поднесува оставка од функцијата. Одлуката ја соопшти на датумот на кој пред четири години положи заклетва за својот втор претседателски мандат. „Денеска ви се обраќам како претседател за последен пат. Најпрво сакам да побарам прошка. Времето ја стави на тест вашата доверба и затоа ви благодарам за трпението“, изјави Радев. Тој најави дека во вторник формално ...

Во црквата „Свети Перка“ во Сиднеј, Австралија, македонската дијаспора го одбележа православниот празник Богојавление – Водици со свечена литургија и традиционалното спуштање на Чесниот крст во осветените води. Настанот помина во духот на радост, вера и заедништво, со големо присуство на верници кои заеднички ја прославија духовната симболика на празникот. Присутните ја испратија пораката што со векови одекнува на Водици: „Бог се јави – ...

Најмалку 39 лица го загубија животот, а 152 се повредени откако брз воз излета од шините и се судри со друг воз кој се движел од спротивната насока во јужна Шпанија, објави државната телевизија RTVE, повикувајќи се на полициски извори. Тешката железничка несреќа се случила во неделата во 19:45 часот, во близина на местото Адамуз, во покраината Кордоба, на околу 360 километри јужно од Мадрид. Поради несреќата, во понеделникот беше прекинат ...

Јануари одамна важи за период во кој значително се зголемува бројот на брачни разделби и поднесени барања за развод. Овој феномен е толку изразен што често се нарекува „месец на разводите“. Сепак, зад оваа појава не стои случајност, туку комбинација од психолошки, емоционални и практични причини поради кои многу парови токму на почетокот од годината решаваат да стават крај на заедничкиот живот. Почетокот на новата година кај многумина ...

Осум европски земји издадоа заедничка изјава како одговор на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување или зголемување на царини кон земјите кои не ја поддржуваат неговата намера за преземање на контрола над Гренланд. Во заедничката изјава, потпишана од Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија, се истакнува дека ваквите мерки го поткопуваат трансатлантското партнерство. – ...

Па добро што си мислат родителите кога ги пуштаат своите разгалени деца да возат по скопските улици без возачка дозвола? Ова прашање пак се наметнува меѓу скопјани по зачестените сообраќајни инциденти во кои учествуваат младинци без дозвола. Последен таков пример е од пред три дена кога 16-годишно момче, управувајќи автомобил, удрило во пешак кој се здобил со сериозни повреди. Пред една недела друг осумнаесетгодишник усмрти жена пешак во ...

Македонија и СтрумицаСтрумица има нова причина за гордост. Младата и талентирана Тина Русева го освои првото место на престижното европско музичко натпреварување The Voice of Europe 2025, оставајќи силен впечаток со својот вокал, сценски настап и емоционална интерпретација. Во исклучително силна конкуренција од учесници од повеќе европски земји, Русева успеа да се истакне и да стигне до самиот врв, добивајќи високи оценки и пофалби и од ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не успеа да го заврши денешниот натпревар против Сасуоло во Серија А. Елмас беше принуден да го напушти теренот во првите десетина минути од второто полувреме поради повреда. Според првичните информации од Италија, постои сомнеж за мускулна повреда, но засега не може со сигурност да се утврди нејзината сериозност. Попрецизна дијагноза се очекува по дополнителните лекарски прегледи, кои ќе покажат колку ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царини од 10 проценти за увоз од осум европски држави, директно поврзувајќи ја мерката со неговата повторена идеја САД да го „купат“ Гренланд. Според најавата, царините треба да стапат во сила на 1 февруари 2026 година, а доколку до 1 јуни не биде постигнат „договор околу Гренланд“, тие би се зголемиле на 25 проценти. Мерките би важеле за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, ...

Пет лица го загубија животот во две одделни лавини што во саботата се случија во Австрија, потврди портпаролка на планинската спасувачка служба од покраината Салцбург. Во попладневните часови, лавина затрупала седум лица на врвот Финстеркопф, на надморска височина од 2.150 метри, во долината Гросарл. Според спасувачките служби, четворица членови на иста скијачка група биле извлечени без знаци на живот, додека останатите три лица се здобиле ...

Двајца словенечки офицери наскоро ќе заминат во Гренланд, каде ќе учествуваат во меѓународната воена вежба „Арктичка отпорност“, предводена од Данска. Одлуката била донесена на долга седница на словенечката влада што траела цела ноќ и завршила утринава околу 10 часот, пренесува N1. Во владините образложенија се наведува дека офицерите ќе заминат во најскоро време, доколку реализацијата се одвива според планираното. Воедно, се остава можност, ...

Во Франција за првпат е поднесен парламентарен предлог за повлекување на земјата од НАТО. Иницијативата ја покрена потпретседателката на Националното собрание и членка на левичарската партија „Непобедлива Франција“, Клеманс Гете. Со резолуцијата се бара раскин со западниот воен сојуз, со образложение дека политиките на Соединетите Американски Држави ја доведуваат Европа во зависна позиција и претставуваат стратешки ризик за Франција. Според ...

Македонската ракометна репрезентација со пораз од 36-24 против домаќинот Данска го започна настапот на Европското првенство, но селекторот Кирил Лазаров вели дека е задоволен од прикажаната игра, и покрај двоцифрениот резултат. Лазаров истакна дека неговите избраници храбро се спротивставиле на една од најдобрите селекции во светот и дека вакви порази им се случуваат и на многу поквалитетни репрезентации. „Иако е тешко да се каже по пораз од ...

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, синоќа претстави иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат нови странски инвестиции во енергетскиот сектор, изјави Родригез и објасни дека мерките ќе овозможат инвестиции во нови нафтени полиња, во полиња каде што никогаш немало инвестиции. Родригез еден ден претходно објави дека ќе го инвестира „секој долар” од приходите од нафта и гас во ...

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, предупредувајќи дека таков потег би можел да предизвика голем конфликт на Блискиот Исток. Саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан, вчера разговарал со своите колеги од Иран, Оман и Турција. Саудиска Арабија се изјаснила дека ќе одбие да го отстапи својот воздушен простор за евентуални ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во вечерното обраќање до нацијата, изјави дека Киев не е и нема да биде пречка за мирот. Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера наведе дека Украина, а не Русија го забавува евентуалното склучување на мировен договор. Трамп одговарајќи на прашањето зошто сè уште не е решен најголемиот копнен конфликт во Европа од Втората светска војна, одговори – „Зеленски“. ...

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска официјално потврди дека земјата оди на нови предвремени парламентарни избори, откако и третиот обид за формирање влада заврши без успех. Инаку, по вчерашните протести во Софија, каде што демонстрантите бараа на следните избори да се гласа електорнски, на вонредниот состанок на Комисијата за уставни и правни прашања во бугарското собрание, тоа беше одбиено. Само 6 од 20 пратеници се согласиле со ...

По вчерашните протести во Софија, каде што демонстрантите бараа на следните избори да се гласа електронски, на вонредниот состанок на Комисијата за уставни и правни прашања во бугарското собрание, тоа беше одбиено. Само 6 од 20 пратеници се согласиле со барањата на демонстрантите, а останатите, пратениците од владејачката коалиција биле против или воздржани. Сето ова за бугарските аналитичари е сигнал дека ќе се продлабочува кризата во ...

По смртоносниот пожар во ноќен клуб во Кран-Монтана, во кој голем број луѓе се здобија со тешки изгореници, Центарот за производство на кожни клетки при Универзитетска болница во Лозана (CHUV), единствен од ваков вид во Европа, работи со полн капацитет за да им помогне на повредените, јавуваат швајцарските медиуми. Болницата во моментов лекува седум пациенти со тешки изгореници од трагедијата во Кран-Монтана. Според експертот на центарот, ...

Воведувањето на новиот систем за регистрација за влез во Европската Унија полека се претвора во еден вид на казна за македонските граѓани. Секој ден сме сведоци на долги редици, уште подолги чекања на граници, многу испуштени летови и задоцнети патувања, пишува Прва Скопска ТВ. А, Брисел цело време не уверуваше дека знаат што прават и дека тоа е за доброто и на ЕУ и за нашата безбедност. Најтешка е состојбата на излезите кон Бугарија и ...

Koнечно ќе се средува култната фонтана „Лотос” во Градскиот парк. Ова го уверува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој објави видео каде се кажува дека фонтаната повторно го добива својот сјај, пишува Прва Скопска ТВ. Започната е целосна реконструкција на фонтаната, место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено. Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и ...

Мек, миризлив и пријатно сладок, лебот од банана одамна не е само обичен појадок или ужина. Создаден како едноставно решение за искористување на презреани банани, овој домашен колач со текот на времето стана вистински класик, омилен во кујните ширум светот. Неговата привлечност лежи во совршениот баланс меѓу лесната подготовка и богатата арома. Без разлика дали се служи топол со шолја кафе или ладен како брза ужина, лебот од банана секогаш ...

Истражување објавено во Social Psychological and Personality Science покажува дека општеството различно ги оценува мажите и жените во однос на нивниот интимен живот, при што високата сексуална активност е значително поприфатена кај мажите отколку кај жените. Тим истражувачи анализирал кои општествени норми ја обликуваат перцепцијата за интимното однесување кај двата пола. Резултатите укажуваат дека лицата со умерено активен интимен живот ...

Белата куќа соопшти дека состанокот меѓу американските официјални претставници и високите претставници на Данска и Гренланд бил продуктивен, но истовремено нагласи дека евентуалното распоредување европски трупи на островот нема да го промени ставот на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на таа територија. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на прес-конференција изјави дека вчерашните разговори меѓу министрите за ...

Данска е „подготвена да стори повеќе”, а САД веќе имаат широк воен пристап до Гренланд и би можеле да побараат зголемување на своето воено присуство, при што секое такво барање ќе биде конструктивно разгледано, изјави синоќа министерот за надворешни работи на Данска, Ларс Локе Расмусен, по средбата со американските претставници. Според него, Данска „и понатаму верува дека долгорочната безбедност на Гренланд може да се осигура во рамките на ...

Ситуацијата во Иран останува исклучително напната, додека масовните протести низ земјата продолжуваат, а САД се поотворено зборуваат за можноста од воена интервенција. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои реална можност власта во Техеран да падне под притисок на протестите. Пентагон, според американски медиуми, веќе подготвува различни сценарија за евентуален напад. Раководството на Иран уверува дека е отворено и за ...

Повеќе од сто малолетни лица се убиени во Појасот Газа откако стапи во сила примирјето во октомври минатата година, соопшти УНИЦЕФ. Портпаролот на УНИЦЕФ, истакна дека смртните случаи се главно предизвикани од воздушни напади и напади со беспилотни летала, но оти се регистрирани и загинати малолетни лица од огнено оружје, како и жртви на неексплодирани направи од претходните борби. Според УНИЦЕФ, бројот на жртвите најверојатно е поголем, ...

Пишува: Никола Тасев Ете, конечно во Македонија се случи и лидерска средба од која кога заврши не излегоа раскарани партии. Добро е тоа за земјата, премногу долго беше обратно. Се отвориле повеќе теми и сите партиски лидери изнеле свои видувања и приоритети. За повеќе работи имале заеднички ставови и што е најважно, не си ги затворија вратите за идни средби. Премиерот Христијан Мицкоски како иницијатор за разговорите ја оцени лидерската ...

Четворица астронаути ја напуштија Меѓународната вселенска станица еден месец порано од планираното. Ова е првата медицинска евакуација откако станицата беше лансирана во орбитата на Земјата во 1998 година. Астронаутите би требало да слетаат во морето покрај брегот на Калифорнија. Нивната мисија беше скратена поради медицинска состојба на еден од членовите на екипажот, соопшти НАСА. Не е објавен идентитетот на астронаутот ниту природата на ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
7.72
71%
1009
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
93%
1004
weather icon

Софија

8ᴼ / 0ᴼ
2.57
80%
1016
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.91
90%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1004
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
4.47
76%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1008
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
81%
1017
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
3.13
97%
1008
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
76%
1019
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

12.10

Калај

49.78

Сребро

3663.67

Цинк

3.37

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Родиум

339190.38

Платина

83354.78

Алуминиум

3.06

Злато

159322.70

Паладиум

56617.46

Рутениум

45750.51