Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Украина и САД постигнаа „заедничко разбирање“ околу основата на можен мировен договор со кој би се ставил крај на војната со Русија. Договорот се темели на американски план од 28 точки, кој двете страни го доработиле на средбите во Женева. Претседателот Доналд Трамп објави дека планот е дополнително усогласен и најави дека негови пратеници ќе разговараат и со Киев и со Москва. Украина очекува американскиот секретар за армијата Дрискол да ...
Ракометарите на Вардар 1961 обезбедија пласман во плејоф фазата од ЕХФ Европската лига, откако вечерва славеа убедливо на гостувањето кај хрватскиот Сесвете со 38-24. „Црвено-црните“ со оваа победа ја потврдија доминацијата во групата Ф, и тоа на едно коло до крајот од групната фаза. Вардар уште од стартот ја презеде контролата врз натпреварот, а високото водство од 23-12 на полувреме му овозможи мирна завршница и рутинска игра до последниот ...
Србија има уште четири дена до целосно затворање на рафинеријата доколку САД не ја одобрат лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија. Ова го кажа претседателот Александар Вучиќ додавајки дека Рафинеријата работи тивко и сè уште не е затворена. На 18 ноември, НИС побара посебна лиценца од САД за работа додека траат преговорите за промена на сопственичката структура што беше иницирана по наметнатите санкции од страна на Вашингтон. „Ни ...
улканот Хаили Губи во североисточна Етиопија еруптираше по повеќе од 10.000 години мирување, при што силната експлозија исфрли облак пепел на височина до околу 15 километри, соопшти Вулкано Дисковери (Volcano Discovery). Според порталот, значајната нова ерупција започнала во саботата на еден од помалку познатите вулкани во планинскиот венец Ерта Але, во регионот Данакил. Вулканот Хаили Губи, сместен околу 15 километри југоисточно од ...
Милорад Додик, доскорешниот претседател на Република Српска при коментирање на исходот од вонредните претседателски избори во босанскиот ентитет, изјави дека пропаднал обидот на високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит, „пробошњачките структури“ и „антисрпските елементи“ да ја направат дестабилизација. „Се беше насочено кон дестабилизација на Република Српска, но не успеаја. Народот, во невозможни услови, гласајќи за Синиша Каран, ги победи ...
Турското Министерство за трговија подготвува нова регулатива со која ќе се заостри надзорот врз рекламите што креаторите на содржина ги објавуваат на социјалните мрежи, со воведување построги правила за транспарентност, нови ограничувања поврзани со вештачката интелигенција и повеќе забрани, објави весникот „Туркије“. Според Министерството, новата регулатива е создадена како одговор на растот на комерцијална содржина на социјалните мрежи и ...
Дури 60 отсто од европските патници планираат во наредните месеци да престојуваат на една дестинација, наместо да се движат низ различни региони, говори извештајот „Monitoring Sentiment for Intra-European Travel“ на Европската комисија за патувања. Овој податок води до констатација дека туристите од Европа сѐ повеќе сакаат спокоен одмор, на кој ќе се спојат со локалната култура на местото кое го избираат. Во Туркије такви доживувања не ...
Манчестер јунајтед синоќа загуби од Евертон со 1:0 на домашен натпревар во 12. коло од англиската Премиер лига. Фудбалерот од средниот ред Кјернан Дјусбери-Хол го постигна единствениот гол во 29. минута. Од 13-тата минута па натаму, гостите останаа со 10 играчи откако Идриса Геје беше исклучен. Манчестер јунајтед имаше 25 шутеви кон голот, додека гостите имаа три. Ова е трет натпревар во низа за Манчестер без победа. Тимот е 10-ти на табелата ...
Необична и шокантна сцена се случи на самиот почеток од дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Евертон на „Олд Трафорд“, во рамките на 12. коло од Премиер лигата. Во 13. минута, Идриса Гана Геј заработи директен црвен картон поради несфатлив потег. По една акција на домаќините, Сенегалецот влезе во жестока вербална расправија со својот соиграч Мајкл Кин, а потоа му удри шлаканица. Судијата Харингтон кој беше во непосредна близина, без двоумење го ...
Фудбалерите на Струга го совладаа попладнево Работнички на гостувањето во Скопје со 3-1 во завршниот натпревар од 14 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). До својата четврта победа во низа, а вкупно 11 оваа сезона, Струга дојде со головите на Јевтоски (11 минута), Малески (21) и Шабани (70, пенал), додека почесниот гол за Работнички го постигна Трајков (54). Со денешниот триумф Струга со задржа чекорот со лидерот Вардар, ...
Лидерката на француската десница, Марин Ле Пен, изјави дека не се откажува да биде кандидат на претседателските избори во 2027 година. Изјавата доаѓа по првостепената пресуда, во која таа беше осудена на петгодишна забрана за кандидирање за јавни функции. Ле Пен објасни дека, ако сепак нејзината жалба не се разгледа и усвои на време ќе биде принудена да му го предаде лидерството на претседателот на партијата, Џордан Бардела. Заедно со 24 ...
Во последно време моќната германска економска машина – кризира. Тоа се гледа и по состојбата во автомобилска индустрија во најразвиената земја во ЕУ. Според најновите статистички бројки, таму се изгубени повеќе од 48.700 работни места во период од една година. Загубите на работни места претставуваат пад од околу 6,3 проценти од вкупната работна сила во овој значаен сектор. Бројот на вработени на крајот од третиот квартал од 2025 година ...
Синиша Каран од српската владејачка партија Сојуз на независните социјалдемократи (СНСД), победи на предвремените претседателски избори во Република Српска (РС), српскиот ентитет во рамките на Босна и Херцеговина, според прелиминарните официјални резултати. Каран доби 200.116 гласови, или 50,85 проценти, победувајќи го опозицискиот кандидат Бранко Блануша, професор по електроника од опозициската СДС, кој освои 188.010 гласови (47,8 посто), ...
Русија и Кина се подготвуваат да започнат над 80 заеднички инвестициски проекти во вредност од околу 200 милијарди долари, според Борис Титов, специјален претставник на рускиот претседател за односи со меѓународни организации за постигнување на Целите за одржлив развој и копретседател на Руско-кинескиот комитет за пријателство, мир и развој. Титов истакна дека руската влада воведува даночни олеснувања за кинеските партнери да преминат од ...
Словенечките гласачи на вчерашниот референдум го отфрлија предложениот Закон за асистирана смрт, покажуваат резултатите по пребројувањето на над 97 отсто од гласовите, јави словенечката агенција СТА. Против Законот гласале нешто повеќе од 53 отсто од излезените гласачи, а излезноста изнесувала 40,4 проценти, според прелиминарните, но сè уште неофицијални податоци објавени од Државната изборна комисија. Законот беше отфрлен во повеќето изборни ...
Синиша Каран, кандидатот на СНСД за претседател на Република Српска на предвремените избори, вечерва истакна дека српскиот народ уште еднаш покажал сила и единство во критичен момент. „Искрено ви благодарам од срце“, рече Каран. Според него, ова гласање претставува одбрана на интересите на српскиот народ и јасна порака „не“ до странските влијанија. „Граѓаните покажаа дека мирот и стабилноста не се единствените приоритети. Благодарност и до оние ...
Предвидувањата што кружeа во фудбалската јавност се покажаа точни: Ашраф Хакими, на само 27 години, е прогласен за африкански фудбалер на годината за 2025. Со ова признание, мароканската ѕвезда го наследува Адемола Лукман и стапува во друштвото на легендите, станувајќи првиот играч од Мароко што ја освојува оваа награда по Мустафа Хаџи во далечната 1998 година. На свечената церемонија, Хакими не го криеше емоционалниот момент, нагласувајќи дека ...
Од 30 ноември низ цела Грција се очекува нова голема мобилизација на земјоделците, кои најавуваат излегување со трактори на автопатите. Причина се доцнењето на субвенциите и зголемените трошоци за производство, а во игра е и сценарио за блокирање гранични премини и пристаништа – што може директно да влијае на регионот и на сообраќајот кон Северна Македонија. Одлуката за заострување на протестите е донесена на состанок во Лариса, организиран од ...
Јапонија ја премина црвената линија со коментарите на нејзиниот нов лидер кои сугерираат потенцијална воена интервенција над Тајван, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји. Коментарите на јапонската премиерка Санае Такаичи претходно овој месец дека поморската блокада на Кина или други дејствија против Тајван би можеле да бидат основа за јапонски воен одговор беа „шокантни“, рече Ванг во коментар објавен на ...
Во Република Српска денес се одржуваат предвремени претседателски избори, на кои граѓаните ќе одлучат кој ќе ја води функцијата до редовните избори во 2026 година. Гласањето започна рано утрово на повеќе од две илјади избирачки места и ќе трае до 19 часот. Право на глас имаат над еден милион жители, а дел од нив гласаат и надвор од земјата. Повеќе од дваесет илјади лица го искористија гласањето по пошта, додека стотици гласаат во дипломатските ...
Американската администрација, според анализата на „Фајненшл тајмс“, интензивно ја засилува дипломатската офанзива кон Киев со цел украинскиот претседател Володимир Зеленски да го прифати предложениот мировен план од 28 точки. Иако 27 ноември се спомнува како рок за потпис, нема никаква официјална потврда дека Украина се обврзала да постапи до тој датум — рокот, како што наведува весникот, доаѓа исклучиво од Вашингтон. Во текстот се нагласува ...
По вчерашниот инцидент од полувремето на натпреварот од Втората лига во македонското фудбалско првенство меѓу екипите на Шкендија Арачиново и Брегалница, денеска од МВР информираат дека редарот кој со клоци го нападна фудбалерот на Брегалница е приведен и против него ќе биде покрената соодветна постапка. „На 21.11.2025 во 13:50 часот на стадион „Фортуна“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ш.А.(36) од с.Арачиново, скопско, ...
Во воведникот натпревар од 14 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Силекс попладнево на гостувањето во Скопје ја совлада Македонија ЃП со 2-1. Кратовскиот прволигаш дојде во водство во 15 минута со голот на Мирчевски, а Донов во 27 минута го зголеми водството на 2-0. Конечниот резултат го постигна Пецов во 32 минута. Силекс е четвртопласиран на табелата со 28 бодови, додека Македонија ЃП остана на осмото место со 14 бодови. Утре на ...
Kрадец одземал пари од икони во црквата „Свети Никола” во Катланово. Сетата таа дрска кражба била снимена од црковната камера. Снимки од настанот се вртат на социјалните мрежи и на нив се гледа како крадецот влегува сам во верскиот објект, прво делува како ги разгледува иконите, но потоа ги собира пари оставени на нив. Верниците често велат – Бог гледа се, овој пат гледала и црковната камера. Се уште не е познато дали е откриено кој е дрскиот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе работи напорно за да бидат успешни мировните предлози на САД и вети дека нема да прави ништо што би можело да ги наруши дипломатските напори. „На Украина ѝ е потребен мир и Украина ќе направи сè за никој во светот да не може да каже дека ние ја попречуваме дипломатијата. Ова е важно“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање, додавајќи дека Украина нема да дава ...
Во поројните дождови и одрони на земјиште што го зафатија Виетнам минатиот викенд досега загинаа најмалку 43 лица, соопштија денеска локалните власти. Уште девет лица сè уште се водат како исчезнати, информира Агенцијата за управување со катастрофи во земјата. Речиси 70.000 куќи сè уште се поплавени, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат. Многу жители избегаа од надојдените води качувајќи се на покриви. Во поплавите загинаа и десетици ...
Цената на биткоинот бележи нагол пад, повлекувајќи го целокупниот криптопазар со себе. По период на релативна стабилност, најпознатата криптовалута утрово забележа остар пад на вредноста, што кај инвеститорите повторно предизвика загриженост и несигурност. Аналитичарите наведуваат дека причините може да се поврзани со зголемениот притисок од регулаторни мерки, намален апетит за ризик и потенцијални распродажби од големи институционални играчи. ...
МЗТ Скопје Аеродром стигна до третата победа во новата сезона од АБА2, совладувајќи ја Јахорина со убедливи 96-77 во салата „Јане Сандански“. Дуелот започна израмнето, а домашните првата четвртина ја затворија со минимално водство од 26-24. Потоа си ја наметнаа играта – особено благодарение на расположената партија на Елајџа МекКаден, кој ја повлече екипата кон двоцифрена предност на полувремето (57-47). По паузата, Американецот продолжи да ...
Власта веќе подолг период насочено работи и вложува со цел да се подобри здравствениот систем во Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ќе се вложува уште многу пати повеќе од ова што сега се прави, бидејќи како што потенцира – за жал многу малку е направено во минатото. Тој ја посети Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје”, каде што беа промовирани нов апарат за магнетна резонанца и ...
ТАВ Македонија донираше современа медицинска опрема на Детската клиника во Козле. Целта на оваа донација е да се поддржи персоналот на оваа државна медицинска установа во обезбедувањето на модерна дијагностика за младите пациенти, бидејќи секое дете заслужува најдобар можен третман. Генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, кажа дека оваа донација е дел од долгорочната посветеност на компанијата да биде партнер на општеството и двигател на ...