Кристијан Трапановски оваа година замина од Првата македонска фудбалска лига во Шкотска каде го облече дресот на Данди Јунајтед. Во интервју за шкотските медиуми, откри дека голем удел во неговиот трансфер имал Бојан Миовски додека играл за Абердин, затоа што му дал добри совети. -Бојан остави голема трага во Шкотска. Се надевам дека ќе успеам да направам половина од она кое тој го направи тука. Ако успеам во тоа, ќе признаам дека сум направил ...

Потсдам на македонскиот голман Мартин Томовски останува без освоен бод и по третиот одигран меч во германската Бундеслига. Мартин и компанија овојпат беа совладани од Хамбург со минимални 30:31. Ова беше дуел на кој како пресуден се покажа првиот дел во кој гостите направија предност од четири гола (17:13), предност која им даде крилја и едноставно имаа контрола на резултатот, играта во продолжението иако во финишот домаќините дојдоа на минус ...

Висок воен командант на Хезболах беше убиен во израелски воздушен напад врз либанскиот главен град Бејрут, во голема ескалација што ги зголеми стравувањата од сеопфатна војна. Хезболах ја потврди смртта на Ибрахим Акил откако Израел рече дека тој е еден од неколкуте високи личности на Хезболах убиени во нападот. Претходно, либанските власти соопштија дека најмалку 14 лица загинале, а десетици се повредени во нападот што ја погоди густо ...

Досега непознато дело на Волфганг Амадеус Моцарт, за коешто се претпоставува дека настанало кога тој бил тинејџер, е откриено во библиотека во германскиот град Лајпциг. Истражувачите го откриле овој ракопис во Градската музичка библиотека додека го составувале најновото издание на каталогот „Кохел“ – комплетната листа на музичките дела на познатиот композитор. Ракописот се состои од темно-кафеаво мастило на рачно изработена бела хартија, а ...

Израелски воени авиони гаѓаа цели на Хезболах во јужен Либан, погодувајќи неколку стотици ракетни фрлачи кои носеа околу 1.000 лансери, соопшти армијата. Израел го гаѓа јужниот дел на Либан со десетици проектили, изјавија три либански безбедносни извори, пренесе Ројтерс. Засега нема извештаи за жртви. -Израелската војска (ИДФ) ќе продолжи да дејствува за да ја деградира инфраструктурата и можностите на терористичката организација Хезболах со ...

Фудбалската репрезентација на Македонија немаше промени на најновата ФИФА-листа која е објавена во месец септември. Нашиот национален тим по двете средби со Фарски Острови и Ерменија остана на 72. место на рангирањето во светскиот поредок. Се наоѓаме во друштво на селекциите на Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, БиХ, Бахреин, Хондурас, Оман, Израел… Нема промени и меѓу најдобрите во светот. Аргентина е лидер на ФИФА-листата, пред Франција, ...

Генералното собрание на ОН денеска со големо мнозинство ја поддржа необврзувачката резолуција за Палестина, во која се бара Израел да го прекине своето „незаконско присуство“ во Газа и окупираниот Западен Брег во рок од една година. За резолуцијата гласаа 124 од 193 членки на светската организација, 14 беа против, а 43 се воздржаа. Во резолуцијата се бара и повлекување на сите израелски сили, како и евакуација на еврејските доселеници од ...

Поранешен бугарски премиер лидер на ГЕРБ, сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, Бојко Борисов прашан за коментар на изјавата на македонскиот вицепремиер Александар Николоски, рече дека за тоа има само еден еден одговор, а тоа е извинување и побара оставка од вицепремиерот Николоски. Доколку тоа не се случи, Борисов порача дека ниту бугарскиот претседател, ниту премиерот, ниту министрите не треба да се среќаваат и да разговараат со претставници на ...

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 450 се повредени во вториот бран експлозии на уреди за безжични комуникации во Либан што се случи вчера, соопшти Министерството за здравство, пренесе Би-би-си. Тоа се случува во завчерашниот втор бран експлозии, еден ден по серијата смртоносни експлозии на пејџери на членови на проиранската група Хезболах. Воки-токи користени од членовите на милитантната група Хезболах експлодираа во јужните предградија на ...

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го доживеа вториот пораз во Лигата на шампионите, прв на домашен терен и тоа од бундеслигашот Фуксе Берлин кој славеше во Битола со 30:22. Пелистер се прикажано во добро светло минатата седмица во соочувањето со ПСЖ во Франција, па воден од таа енергија, издание во клубот се надеваа дека ќе можат соодветно да му парираат на германскиот прволигаш. Меѓутоа и покрај поддршка од публиката во салата ...

Зимбабве одобри план за отстрел на 200 слона за да ги нахрани своите граѓани, кои страдаат од глад поради најголемата суша во последните неколку децении. Според Тинаше Фараво, портпарол на Управата за паркови и диви животни, речиси половина од населението на земјата се соочува со акутен глад. Планот следи по слична одлука на Намибија за убивање на животни за да се ублажи гладот, наведува Си-ен-ен. Фараво напомена дека Зимбабве има над 84.000 ...

Пејџерите што биле користени во вчерашните напади во Либан ги произвела компанија со седиште во Будимпешта, која имала овластување да ја користи трговската марка на тајванската компанија Голд Аполо. Пејџерите ги произвела BAC Consulting KFT, со седиште во главниот град на Унгарија, соопшти денеска Голд Аполо, која истакна дека за производството исклучиво е одговорна BAC. -Пејџерите „АР-924“ ги произведува „БАЦ консалтинг КФТ“ со седиште во ...

Екипата на Динамо Загреб го доживеа најтешкиот пораз во историјата на Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Баерн Минхен загуби со 9-2, што е првпат еден учесник во елитата да прими девет гола во најсилното натпреварување. Стефан Ристовски беше особено разочаран по дебаклот. Тој е еден од најомилените играчи меѓу навивачите на Динамо, не само поради неговите играчки квалитети, туку и поради неговата борбеност и искреност. -Најпрво би ...

Хезболах вети дека ќе му возврати на Израел откако пејџерите што ги користеа неговите членови истовремено експлодираа низ Либан, при што загинаа најмалку девет лица и беа ранети речиси 3.000 во драматичен и невиден напад во време на зголемени тензии на Блискиот Исток. Засега нема коментар од израелската војска за експлозиите, кои дојдоа само неколку часа откако Израел објави дека ги проширува целите на војната предизвикана од нападите на Хамас ...

Најмалку три лица загинаа во неколку пожари во Португалија, јави ДПА. Повредени се вкупно 17 лица. Една од жртвите е пожарникар кој починал од срцев удар додека бил на работа. Пронајдени се и телата на уште две жртви. Едниот бил шумски работник кој горел, а другиот починал од срцев удар додека се обидувал да го изгасне пламенот во близина на неговиот дом. Околу 3,500 пожарникари, војската и персоналот на цивилната одбрана се борат со пожарот. ...

Жан Павлов е победник на првото Државно квиз првенство на Македонија што се одржа во просториите на Лабораториум. Со овој натпревар официјално беше означен почетокот на новата сезона 2024-2025 на квизови, во организација на Македонската квиз асоцијација. Павлов победи со 115 поени, само четири повеќе од второпласираниот Илија Стевков и шест повеќе од Бари Исени на третото место. Учесниците во поединечна категорија во две сеанси од по еден час ...

Срѓан Захариевски имаше позитивно деби на клупата на Вардар, тим кој успеа да остане непоразен во соочувањето со амбициозниот состав на Гостивар. Средбата која се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари заврши со резултат 1-1. Алдаир донесе водство за домаќините во првиот дел, водство кое беше активно до 85 минута кога новото име во редовите на „црвено-црните“ Босанчиќ биеше мајсторски од слободен удар за реми. Во Чаир пак Шкупи и ...

Објавено е името на осомничениот за вчерашниот обид за атентат на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. New York Times и Fox News Channel објавија дека се работи за 58-годишниот Рајан Весли Рут од Хаваи. Напаѓачот е уапсен, а како што објави ФБИ, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е безбеден по обидот за атентат во близина на неговиот терен за голф во Вест Палм Бич, Флорида. Шерифот на округот Палм Бич на ...

Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија. Циклонот „Борис“, донесе обилни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најголемите поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска. Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250.000 домаќинства, главно ...

Во контролен натпревар кошаркарите на Олимпија Милано претрпеа пораз од Фенербахче со резултат 81:76. Новото засилување на италијанскиот клуб, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше одлични перформанси. Нашиот плејмејкер против турската екипа имаше учинок од 14 поени, пет скокови и три асистенции. Димитријевиќ беше најефикасен во својот тим, следен од Болмаро кој постигна 13 поен. На спротивната страна Болдвин реализираше 14, а ...

Поплавите што ги предизвика циклонот Борис на југот на Полска и на истокот и северот на Чешка, синоќа го однесоа првиот живот во Полска, а во Чешка се трага по четири исчезнати лица. Илјадници граѓани во двете земји се евакуирани од нивните домови, а најдраматична е состојбата во басенот Клодска, соопшти утринава полскиот премиер Доналд Туск, кој ги посетува погодените подрачја. Во Шлезија и Малополското војводство на југозапад и југ од Полска, ...

Maкедонската тенисерка, Лина Ѓорческа со својата партнерка Џил Тајхман ќе игра финале во двојки на ВТА Челинџер турнирот во Љубљана кој е со награден фонд од 100.000 евра. Во денешното полуфинале, Ѓорческа и Тајхман беа подобри од Естел Касино (Франција) и Анастасија Детиук (Чешка) откако победија со 2-0 во сетови (6-1, 6-2). Натпреварот траеше само 58 минути. Нашата тенисерка и нејзината партнерка од Швајцарија ќе играат со Ромеро Гормаз ...

Најдобрата македонска таеквондистка Милјана Рељиќ е рангирана како седма на најновата Олимписка ранг листа. Како што вели нејзиниот тренер Александар Ефтимов сега почнува процесот на собирање поени за Олимписка А норма за следните Олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година. -За две до три недели почнуваме со настапот на Г1 турнирите, а во декември сме дел од Големото Гранд При Финале во Кина, најголемо натпреварување по Олимписките Игри. Тука ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека како врховен командант и претседател на Републиката ја потпишал согласноста за вршење на редовен воен рок од 75 дена. -Сакам да верувам дека Владата на Србија ќе ја донесе таа одлука. Сакам да верувам дека сите разбирате колку ни треба силна армија, уште колку оружје ќе треба да купиме, да правиме, да создаваме. Затоа што не е наша желба да нападнеме некого. Ниту ќе го направиме тоа. ...

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ викендов го чека настап за Србија против Грција во Дејвис Купот, а сега ги повика навивачите да ги исполнат трибините во Пионир бидејќи можеби ова е негов последен меч на домашен терен. Ѓоковиќ секогаш кога бил во можност ја прифаќал поканата да игра за националниот тим, но бидејќи веќе има 37 години мора да ги редуцира настапите. Покрај годините на Ѓоковиќ сменет е и системот на Дејвис Купот во однос на пет-шест ...

Политичкиот секретаријат на грчката опозициска партија на синоќешниот вонреден состанок потврди дека Стефанос Каселакис е разрешен од функцијата претседател на грчката опозициска партија Сириза. Партијата му изгласа недоверба на својот лидер само една година откако тој дојде на оваа функција. Членовите го обвинија Каселакис дека бил авторитарен и дека се оддалечил од партиската идеологија. Од Сириза соопштија дека Централниот комитет, како ...

Руските сили започнаа контранапад во областа Курск, која Украинците ја нападнаа на почетокот на август, откако претседателот Владимир Путин нареди да се врати територијата. Во ненадеен потег на 6 август, силните украински сили – кои до крајот броеја околу десетина баталјони со по 400 војници – ја пробија одбраната долж границата во близина на руската област Курск. -Ова го стави Путин под притисок, рече британскиот министер за одбрана Џон Хили. ...

Постдам на македонскиот репрезентативец Мартин Томовски не успеа да направи изненадување и доживеа пораз во второто коло во Бундеслигата и тоа на гостувањето кај Мелсунген. Тимот кој го води Роберто Гарсија Парондо беше сигурен пред своите гледачи и славеше со 31:23. Фаворитот имаше силно прво полувреме во кое го реши прашањето околу победникот со оглед на тоа што на пауза имаше плус осум (18:10), па преостанатиот дел беше чиста рутина. ...

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје се пофали со ангажман на искусниот бек од Девствените острови, Дион Едвин. Едвин во новата средина доаѓа од редовите на унгарски ДЕАК каде во минатата сезона имаше просек од 13,3 поени, 5,3 скока и 5,3 асистенции. Инаку Дион во минатото играше за Работнички што значи дека многу добро му е позната нашата кошарка. Тој е четвртиот странец во ростерот на „штрковите“ по Брандон Слај (САД), Марко Баковиќ ...

Сали Бериша, поранешен премиер а сега лидер на главната опозициска партија во Албанија, изјави дека против него е официјално поднесено обвинение за корупција во врска со приватизација на јавно земјиште, и оцени дека станува збор за политички мотивиран чин. Бериша во октомври минатата година се најде под истрага поради сомнеж дека ја злоупотребил јавната функција за неговиот зет Џамарбер Малтези да може да приватизира јавно земјиште во главниот ...

Скопје

4ᴼ/4ᴼ
0.51
81%
1020

Белград

6ᴼ/5ᴼ
2.06
86%
1021

Софија

7ᴼ/7ᴼ
5.14
71%
1019

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
8.12
53%
1016

Љубљана

7ᴼ/4ᴼ
1.03
95%
1020

Атина

20ᴼ/17ᴼ
2.57
60%
1013

Тирана

6ᴼ/6ᴼ
1.03
100%
1017

Подгорица

10ᴼ/6ᴼ
4.12
62%
1019
Currency

61.5333

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52571

Currency

1.61635

Currency

0.65951

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $