Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Релјиќ дојде до победа на почетокот на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Релјиќ во категоријата во 57 килограми, славеше над домашната надеж Ана Куорво. Таа на крајот славеше со 2-0 против Италијанката. Што се однсува до нашите пливачи, Сара Јанковиќ на трката на 400 метри слободно ја заврши на последното 10. место со време од 4:34.83 минути, што беше за десет секунди послабо од нејзиното ...
Ѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси, е казнет за своите постапки во ремито 2-2 во регуларната сезона против Филаделфија Јунион. Во втората половина од натпреварот, избувна конфликт помеѓу Меси и играчот од средниот ред на противничкиот тим, Квин Саливан. Капитенот на Интер Мајами го удри противникот во тилот со отворена дланка, по што двајцата играчи се соочија лице в лице. И покрај инцидентот, 37-годишниот Меси избегна суспензија и ќе ...
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија за одбојкарки до 20 години претпре нов пораз на зонските евро-квалификации. Денеска во мечот за разигрување за пласман од 5. до 8. место Македонија загуби од Србија со 0:3 (13:25, 14:25, 16:25). Во сите три сета нашите одбојкари имаа одличен старт и се држеа егал до средината на сетот. Во вториот имавме водство од 8:4 и 12:10, но противникот изедначи, а потоа со долга серија и го освои ...
Куманово продолжи со составување на тимот за новата сезона. Новитет во редовите на финалистот во Купот на Македонија е американскиот плејмејкер, Камерон Гуден. Станува збор за кошаркар кој роден на 3 декември 1998 година во Слајдел, Луизијана. Тој е бек висок 183 см, кој последно настапувал за Рајос де Хермисољо во мексиканската CIBACOPA лига. Гуден играл во НЦАА-лига за Јута Универзитетот и за Дикси Стејт. Претходно Куманово ги договори ...
Нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, и следнава сезона ќе остане на Апенините. Денеска 26-годишен офанзивен играч ги потпиша документите за позајмица во екипата на Аталанта. Тимот од Бергамо се договори со германски Лајпциг за позајмица со опција за целосен откуп на крајот на сезоната. Предложениот договор за играчот е со важност до 2031 година и се состои од почетен едногодишен рок со опција за уште четири години. Нашиот фудбалски ...
Младата македонска женска репрезентација е поразена на првиот натпревар на Медитеранските игри во Таранто. Нашите ракометарки добро го почнаа мечот, но слабата игра во второто полувреме ги чинеше пораз од Грција (25-31). Македонија првото полувреме го заврши со позитива од 14-11, вакавата игра најавуваше дека може да се надева на победа, но следеше полувреме за заборав, во кое противникот постигна 20 голови. Најефикасна беше капитенот Леона ...
Денеска и официјално ќе биде спуштена завесата на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ кој традиционално се одржува во СЦ „Билјанини Извори“. Во финалната пресметка имаме две македонски екипи, Вардар и ГРК Охрид, натпреварот е закажан со почеток во 20:15 часот. Овие два тима веќе еднаш пред стартот на сезоната ги одмерија силите, исто во финале, но во рамките на струшкиот турнир, победник беше составот од Охрид. До денешната битка за ...
И дефинитивно Шкендија Арачиново е сериозен тим кој не се шегува во својот дебитантски настап во ПМФЛ. По победата против Тиквеш на гости во минатото коло, денеска на Чаир тимот од Арачиново се среќава со Арсими и со евентуална победа ќе се најде на делба на второто место на табелата и тоа со Силекс, Струга ТЛ и Тиквеш.Секако дека кратовци и стружани утре ги играат своите мечеви од 4.коло, но исто така секако дека барем до утре Шкендија ...
Брегалница синоќа пред своите фанови ја забележа и втората победа во сезоната во елитната лига. Втор меч како домаќин и втора победа. Беше совладан Башкими со 3:0, а четата на стратегот Никола Кузманов покажа дека не се шегува, напротив. Штипските “сини“ играат добар, борбен, дисциплиниран фудбал, а за тоа своја заслуга има секако и тренерот Кузманов кој по мечот истакна: „Најголемата заслуга за победата ја имаат фудбалерите! Упатувам ...
Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, заедно со стручниот соработник во Федерацијата Горан Мицкоски, овој викенд на покана од претседателот на ЕЏУ, Ласло Тот ќе престојуваат во Бирмингем, Англија, каде што ќе присуствуваат на првото Европско првенство за униформирани сили, како и ќе остварат неколку работни состаноци со Претседателот на Европската Џудо Унија поврзани со организацијата на Европското првенство ...
Денеска на програмата се пет мечеви од 2.коло во новата сезоната во ВМФЛ. Секако дека дербито е меѓу Пелистер и Брера, дуел кој од познати причини се игра во Кавадарци а не во Битола и тоа поради теренот во „градот на конзулите“. По сензационалното реми со Камјани на стартот, секако дека Пелистер сака победа, ама Брера е сериозен тим со свои амбиции. Интересно ќе биде и во Новаци, каде домашниот тим ја пречекува Беласица, додека Шкупи ...
Одличен трансфер направи младиот Дитмир Хоџа, кој лани беше член на Работнички, екипа која испадна во Втората лига на Македонија, а од вчера е дел од Лидс јунајтед од Англија. Од дното до небесните височини за момче кое со само 18 години добива прилика да експлодира на фудбалски план. Младиот стружанец го сонува својот сон и се надева дека со трансферот во Лидс ќе му биде полесно да ги докаже своите високи квалитети. Робусниот голгетер ги ...
Новак Ѓоковиќ отворено проговори за еден срамен момент на Отвореното првенство на Австралија во 2025 година, кога публиката го исвиркаше откако го загуби полуфиналниот натпревар од Александар Зверев поради повреда. Србинот претходно одигра спектакуларен натпревар против Карлос Алкараз во четвртфиналето. И покрај повредата на мускулот и губењето на првиот сет, тој успеа да ги сврти работите и да победи во четири сета. Повредата, сепак, си го ...
Светот на боксот е потресен од трагичната смрт на еден од најуспешните јужноафрикански боксери. Поранешниот светски шампион во две тежински категории, Золани Тете, беше убиен пред својот дом во Мдантсане, во Јужна Африка, на само 38 години. Тете, кој во професионалната кариера забележа 29 победи, од кои 22 со нокаут, во историјата на боксот ќе остане запаметен и по неверојатниот рекорд – во 2017 година оствари победа со нокаут за само 11 ...
Македонското знаме вечерва гордо беше дел од свеченото отворање на Медитеранските игри во Таранто, каде што нашите спортисти ја претставуваат земјата на големата спортска сцена. Честа да бидат знаменосци на македонската делегација им припадна на таеквондистот Дејан Георгиевски и ракометарката Леона Миленкоска, кои заедно со останатите членови на тимот го предводеа македонското дефиле на церемонијата. Македонија на ова издание на ...
Брегалница – Башкими 3:0 вечерва во Штип, во меч од 4.коло во новата 2026/27 сезона во ПМФЛ. Втор меч и втора убедлива победа за четата на стратегот Никола Кузманов на свој терен. По Арсими, штипските “сини“ слаеа и против составот од Куманово. Стрелци за Брегалница беа Глигоров во 23.минута и во 72.минута, како и Калпачки во 56.минута. Иако се очекуваше спротивно, Брегалница сепак не тргна со сите сили во напад уште од првите секунди. Се ...
Скопје – Тиквеш 1:1 е исходот од првиот меч од 4.коло во ПМФЛ кој се одигра на ФФМ доцна попладнево. Типично прволигашки натпревар за наши услови. Борбен, со желба да се дојде до победа, ама на крајот и Скопје и Тиквеш мораа да се задоволат само со по бод. Домашните поведоа со голот на Божиновски во 34.минута, а израмни Сила од пенал во 70.минута. Па така ова е прво реми за кавадарчани кои сега имаат 7 бода, додека “Пиратите“ и по 4.коло се ...
Македонскиот репрезентативец, Милан Лазаревски е подготовен да се врати на терените. Поради повреда на рамото, вардаровиот пикер беше надвор од терените. Лазаревски успешно ја заврши рехабилитацијата, на голема среќа не станува збор за нешто посериозно. Тој поради истиот проблем претходно една година беше надвор од терените, но се врати во вистинско бреме уште посилен и беше еден од лидерите на Вардар кон освојување на титулите. View this ...
Платите на возачите на Формула 1 не се јавна информација. Всушност, тимовите и придружбата на возачите имаат клаузули за доверливост во врска со многу детали од договорите што ги потпишуваат, како што е нивното времетраење. Затоа неодамна стана модерно да се објавуваат „повеќегодишни“ обнови без да се наведат конкретни години. Клаузулите за излез исто така не се откриваат, како и други прашања како што се надоместоците. Сепак, секогаш може ...
Арсенал го победи Ковентри со 3:0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Прашањето за победникот го решија Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Одегард, додека гостите не упатија ниту еден удар во рамките на голот. Екипата на Микел Артета го контролираше натпреварот практично од првата минута. Ковентри не беше во можност сериозно да го загрози голот на домаќините. Статистиката зборува многу за рамнотежата на силите на „Емирати“. ...
Доделувањето на “Златната топка“ ќе се одржи на 26 октомври во Париз, а во претходните недели се водеше голема полемика околу тоа кој ќе ја освои. Минатата година, наградата за најдобар играч во светот заслужено ја освои Усман Дембеле, кој е и еден од кандидатите оваа сезона. Сепак, многумина веруваат дека Светското првенство може да донесе предност и дека главни фаворити за освојување на Златната топка во моментов се Хари Кејн, Ламин Јамал, ...
Вистинска драма во СЦ “Билјанини извори“ во битката за финале на турнирот „Крсте Андоновски“. Загреб водеше и со пет гола разлика, но ГКР Охрид успеа да се врати и да дојде до само еден гол негатива во последните две минути, а потоа на крилата на Славиќ и Ѓукиќ конечно и да се избори за реми 30-30 кое значеше последен чекор до обрана на трофејот. Неверојатен на голот на Славиќ кој запиша 13 одбрани, девет во второто полувреме. Прв стрелец ...
Вечерната програма на Плазма Спортските игри за млади беше резервирана за Ол-стар мечот. Традиционално, на меѓународното финале, младите „симовци“ добиваат можност да заиграат фудбал рамо до рамо со познати спортски имиња од целиот свет. Оваа година оваа посебна привилегија ја имаа и четири македонски деца – Енис Ферати, Енес Ферати, Фета Ферати и Ања Милеска. Тие беа дел од тимот на младите ѕвезди, составен од деца од Македонија, Хрватска, ...
Со голот на Глигоров во 23.минута, Брегалница по првите 45.минути има водство од 1:0 против Башкими, во меч од 4.коло во нашата елитна лига кој се игра во Штип под светлоста на рефлекторите. “Сините“ беа подобри, имаа шанси и за поубедливо водство, но треба да се каже дека и кумановц “покажаа заби“ и тоа во 20.минута кога Саити ја погоди пречката на домашните. Во 43.минута бараа и пенал, ама не добија. Овој Башкими од вечерва во Штип е ...
Македонија настапува со 88 спортисти во 19 од вкупно 33 спортови на програмата. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање, кое гледачите ќе можат да го следат во живо на МРТ 1, а на МРТ 3 ќе бидат пренесувани и дел од натпреварите Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на ...
И официјално. Ракометниот Суперкуп ќе се игра во Гевгелија на 2 септември (среда) со почеток од 19 часот во салата “26 април“.Познато е дека во битка за пехарот силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и ГРК Охрид. Ова официјално беше соопштено од Ракометната федерација на Македонија попладнево. Јасно е дека ова ќе биде уште еден спектакл, а ракометните фанови во Гевгелија, како и во цела Македонија ќе може да прослесат уште една голема битка ...
За првпат во историјата на македонскиот фудбал се случува наш играч да направи директен трансфер во Англија. Од вчера Дитмир Хоџа е нов фудбалер на англискиот тим Лидс, трансфер од соништата за младиот и робусен голгетер од Струга, кој настапува за нашата селекција до 19 години. Големиот талент, само 10 дена по својот 18-ти роденден, а благодарение на своите агенти Албан Сулејмани и Дени Бара, стави потпис на договор на четири години со ...
Актуелниот македонски првак одигра доста неизвесен натпревар против Тримо Требње за пласман во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“, кој се одржува во Охрид. Избраниците на Иван Чупиќ беа подобри со 28-26 и за противник во битката за трофејот ќе го имаат подобриот од мечот помеѓу ГРК Охрид и Загреб, кој стартува во 21 часот. Гогов запиша 13 одбрани, додека Да Силва имаше шест погодоци, еден помалку постигна Љевар. Противникот се покажа ...
Тимот кој треба да биде промовиран во нов Супер-лигаш – Соколи Штип продолжува со создавање на ростерот. Во својот состав тренерот Марјан Србиновски го додаде и Никола Караколев, кој ќе ја има улогата на капитен. „Со своето огромно искуство, лидерски дух и безрезервна борбеност, капитенот Никола Караколев ќе го предводи нашиот нов тим и во претстојната сезона! Подготвен за новите предизвици и максимално мотивиран, тој ветува дека екипата ќе ...
Јаник Синер, италијанскиот тенисер, дефинитивно нема да игра на Отвореното првенство на САД, како што потврди на социјалните мрежи. „Иако напорно работев со мојот тим и медицинскиот персонал, моравме да донесеме тешка одлука дека нема да можам да играм на Отвореното првенство на САД оваа година. Во последните неколку дена се вративме на теренот во Монте Карло и сфативме дека сè уште ми треба повеќе време за да се опоравам од повредата на ...