Тимот на Тиквеш во моментов е на подготовки во Анталија, каде што ќе го одработи главниот дел што се однесува до зимава. Кавадарчани заминаа таму откако неколку играчи кажаа збогум, па нормално е сега ростерот да се пополнува со адекватни замени. Па така, во кампусот на Тиквеш во моментов се наоѓаат неколку интернационалци. Се работи за еден бразилец, кој што е играч од навалните редови, потоа, интернационалци од Гвинеја, Сенегал и Нигерија. ...

Македонската ракометна репрезентација со победа, реми и пораз го завршува деветото Европско првенство. На последниот меч од групната фаза нашите ракометари по голема драма ја победија Романија и со тоа освоија три бода, за трето место во групата. Од шампионат во шампионат, напредокот е видлив. Синоќа среќата беше сојзник на Македонија, па сосема заслужено победи во последнта секунда со голот на Ненад Костески. „Точно е, имавме среќа против ...

Во тек е зимскиот преоден рок. Секако дека една од ТОП вестите е што ќе се случува со Винисиус. Познато е дека Бразилецот и Реал Мадрид сеуште не можат да најдат заеднички јазик околу новиот договор. Утринава искочи вест дека клуб од С. Арабија испратил нова понуда, вредна 200 милиони евра до Реал. Инаку по вчерашниот меч со Монако, во кој Вини блескаше и беше прогласен за играч на натпреварот во тие 6:1, тој кажа дека не оди никаде, дека ...

Дали Вардар во текот на овој зимски преоден рок ќе се засили со Аргентинец. Имено на вчерашниот пријателски меч во Анталија против Андијон, во тимот на Гоце Седлоски настапи и Иан Лукас Пулеио (27), крило кое може да игра и по левата и по десната офанизвна страна. Последен клуб на Пулеио му бил Арема од Индонезија, каде бил до пред неколку дена. Претходно настапувал и за клубови од Црна Гора како Дечиќ и Тиват Арсенал. Инаку потекнува од ...

Вечерва на програмата се преостанатите девет меча од 7.коло во Лигата на Шампионите. Иако ќе нема класично дерби, сепак се очекува квалитетен фудбал како и секогаш кога станува збор за најелитното клупско натпреварување во светот. Инаку сите сме во очекување на нова голеада на „страшниот“ Баерн Минхен ако се знае дека вечерва на „Алијанц Арената“ гостува Унион од Белгија. Еве шанса за Кејн и другарите за уште една висока и убедлива победа. ...

Вести од Шпанија кои секако дека ќе го шокираат Флорентино Перез. Имено еден од играчите на кои клубот сериозно смета, размислува да си замине веќе во текот на следниот летен преоден рок. Причината лежи во чувството дека ветувањата дадени кога пристигна во Мадрид не беа исполнети. Станува збор за Трент Александар – Арнолд, кој според достапните информации сака да го напушти Реал Мадрид веќе во текот на летото. Комуникацијата помеѓу играчот и ...

Вардар потпиша двегодишен договор со талентираниот хрватски репрезентативец Леон Љевар, кој доаѓа во Скопје веќе од следната сезона. Љевар (24), роден во Ријека, Хрватска, е висок 198 см. и настапува на позицијата лев бек. Доаѓа од словенечкиот клуб Слован каде што оваа сезона остави силен впечаток со одлични игри во Европската лига – постигнувајќи дури 44 гола и истакнувајќи се како еден од најзначајните стрелци на својот тим. Покрај ...

Чаби Алонсо планира да направи кратка пауза од тренерската работа освен ако Ливерпул не почне да го бара, објави шпанскиот весник, „Марка“ додавајќи дека Алонсо навистина го сака од клубот од Мерсисајд и веднаш би прифатил евентуална понуда од „Црвените“. Тој играше за англискиот гигант од 2004 до 2009 година. Инаку летото, Ливерпул ги потпиша Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг, кои беа клучни играчи за 44-годишниот тренер на Баер Леверкузен. ...

Кога дојде, кога ќе си оди. Неверојатни, по малку и сензационални информации доаѓаат од Островот, а тие се дека Џиџи Донарума би можел експресно да го напушти Манчестер Сити. Се шпекулира дека би можел да се врати во својата земја и дека некогашниот голман на Милан, “детето“ на Милан, да застане на голот на Јуве или Интер. Тоа секако дека нема да им се допадне на фановите на Милан кои не се простија најдобро од Џиџи кога си замина во ПСЖ. ...

✍ Марија Ковачева Македонската ракометна репрезентација го заврши Европското првенство на 14 место (најдобар пласман во последните четири континентални натпреварувања) во конкуренција на 24 учесници. Најважно е дека селекторот Кирил Лазаров и неговите момци обезбедија место во првиот шешир пред ждрепката за Светското првенство 2027 година, што пак влева надеж дека ќе го продолжат континуитетот на пласман на големи натпреварувања. И овој ...

Спектакуларниот Словенец ја потврди својата одлична форма за пресвртот и победата на ЛА Лејкерс против Денвер Нагетс од 115:107. Лука Дончиќ постигна 38 поени за 35 минути игра (12/21 шут од поле) и со тоа беше најефикасен играч во натпреварот. Покрај тоа, тој беше и најдобар скокач (13), а го комплетираше трипл-дабл со 10 асистенции. Дончиќ на тој начин го надмина Јокиќ на листата на сите времиња во НБА по број на трипл-дабл со 30 поени. ...

Реал Мадрид синоќа во меч од 7.коло во ЛШ просто го згази Монако со 6:1. Ова е тој Реал кој сите го очекуваат, посебно фановите на “кралскиот“ клуб. Којзнае, можеби Мбапе, Вини, Белингем и останатите имаа мотв повеќе ако се знае дека од ложата ги гледаше и нивниот некогашен стратег Карло Анчелоти. Италијнецот покажа дека не може без Реал, иако сега е селектор на Бразил, ја искористи можноста и слободното време да дојде во Мадрид и да го ...

И дефинитивно спортот и политиката не можат да се одвојат. Посебно кога станува збор за она што сега го прави САД, поточно првиот човек на таа земја Доналд Трамп. Јасно е дека тој е решен, барем според неговите изјави, да изврши агресија врз Гренланд, а тоа значи напад на Данска, а тоа значи напад врз земја на НАТО и земја на ЕУ. Дали тоа го знае Трамп? И ако тоа го стори, тогаш веројатно ќе следи жесток одговор на нападнатиот, на ЕУ. Имено ...

Манчестер Сити вчера во меч од Лигата на Шампионите и тоа како се избламира. Еден од најскапите тимови во светот “успеа“ да загуби од еден Бодо/Глимт и тоа со 3:1. Јасно е дека овој пораз тешко им падна на сите во клубот, можеме само да претпоставиме како се чувствуваше Пеп Гвардиола, а Ерлинг Халанд по мечот јавно им се извини на сите кои навиваат за Манчестер Сити. “„Немам одговор. Ја преземам целосната одговорност што не успеав да ги ...

По се она што се случи вечерва во Хернинг, откако Португалија направи голема сензација, и славеше против Данска, сега познати се сите учесници во главната рунда и групите. Во групата 1, која се ира во Хернинг, тука се Франција, Германија и Португалија со по два бода, додека Данска, Шпанија и Норвешка се без бодови. Во групата 2, која се игра во Малме, тука се селекциите на Словенија, Исланд, Шведска, Хрватска, Унгарија и Швајцарија. И веднаш ...

Вечерва ужасни вести доаѓаат од Србија, ужасни пред се за семејството на Немања Видиќ, легендата на Манчестер Јунајтед. Душан Видиќ, братот на поранешниот капитен на гигантот од “Олд Трафорд“, и легендарниот српски фудбалер Немања Видиќ, е пронајден мртов, потврдија медиумите во Србија. Оваа вест ја објавија и бројни Ви регионални медиуми, додека деталите за трагичниот настан сè уште не се познати.Немања Видиќ ретко зборуваше за својот брат ...

Македонската кошаркарска федерација денеска излезе со соопштение во кое информира дека Марјан Илиевски си поднел оставка на селекторската функција. Засега не е познат наследникот на Илиевски на клупата на Македонија, но дознаваме дека истиот ќе биде од странство. Во моментов се разгледуваат две опции, името на новиот селектор ќе биде познато до крајот на оваа недела. Илиевски на клупата на Македонија дојде во најтешките моменти кога никој не ...

Македонската ракометна репрезентација со три бода ја завршува групната фаза на Европското првенство. На последниот меч нашите ракометари ја победија Романија во драматична завршница со 24-23 со голот на Ненад Костески со звкуот на сирената. Шансите за пласман во следната рунда се невозможни бидејќи Данска треба да ја победи Португалија со 18 гола разлика. Селекторот, Кирил Лазаров ги сподели првите импресии после дуелот. Треба да биде ...

Марко Митев, организаторот на играта на Македонија покажа уште еднаш дека е класа ракометар. И не само што ги “разигра“ своите соиграчи, туку во второто полувреме наоправи потег кој ги воодушеви сите, па и медија – тимот на ЕХФ кој на социјалните мрежи постираше видео од голот на Марко за 18:14. Македонецот едноставно си се прошета низ одбраната на Романија и постигна убав гол. А ЕХФ се запраша: “Дали е тоа Марко Митев или Лук Стајнс“? Со ...

СпортСпорт во Хернинг, Марија Ковачева Нашата најдобра машка ракометна селекција, вечерва откако претходно славеше против Романија со 24:23, го заврши настапот на ова ЕП. Познато е и на кое место. Четата на селекторот Кирил Лазаров го зазеде 14.место на европскиот шампионат, што секако дека е успех ако се знае дека на минатото ЕП бевме пласирани на 17.место. Инаку Ф. Острови се пред нас на тоа 13.место само поради нешто подобра гол разлика. ...

За Македонија се гине. Оваа реченица не само што ја слушаме често, туку ја гледаме на дело. Секој што се најде на списокот на Кирил Лазаров беше подготвен да го даде максимумот. Никој од овие момци не се штедеше. Иван Џонов на дуелот со Португалија се повреди, беше под знак прашалник. Се чекаше до последен момент, на крајот се појави на теренот, не сакаше да ги остави своите соиграчи на „цедило“, сакаше победнички да ја завршат групната ...

Вечерва се одиграа уште седум мечеви од 7.коло во Лигата на Шампионите. Секако дека за нас најинтересно беше на “Паркен“ во Копенхаген каде гостуваше Наполи со нашиот Елиф Елмас. Дијамантот беше одличен на стадионот каде на 26 март со Македонија ќе игра бараж за СП со Данска. Убаво од корнер му асистираше на МекТоминеј за водство на Наполи од 0:1 во таа 39.минута. И покрај шансите, сепак Наполи не победи и тоа поради фактот што во 72.минута ...

Ракометарите вечерва ги израдува своите фанови, четата на Кирил Лазаров ја израдува Македонија. Успеавме да ја победиме Романија, и со тоа да дојдеме до првата победа на ова ЕП. На крајот реши голот на Ненад Костески. По натпреварот свое видување имаше и голманот Никола Митревски: “Во мечот влеговме да победиме, во втор план беше разликата. Имавме можност да бркаме резултат кој ќе ни даде надеж за пласман во втора следната фаза. Имавме напад ...

Ретко кој се надеваше дека токму вечерва, токму во Минхен, Партизан ќе ја прекине серијата од седум порази во Евролигата. Сепак “црно – белите“ победија, по некое чудо со 63:67. Бадијала добрата игра на Ненад Димитријевиќ кој се врати по повредат, Македонецот одигра 20 минути, забележа 10 поени и имаше по два скока и две асистенции. Пејн со 16 поени беше предводникот на победничкиот состав. На останатите мечеви Ц. Звезда славеше кај Монако ...

Секако дека по мечот со Романија, и победата на нашиот ракометен состав, свој коментар имаше и Александар Стефанов, првиот човек на Ракометната федерација на Македонија. Тој не го криеше своето задоволство по победата на Македонија против Романија: „Мора и треба да бидеме задоволни со тоа што го прикажавме во Данска на ова Европско првенство. Дојдовме како аутсајдери според сите официјални статистики, според букмејкерите. Докажавме дека ...

Уф, каква сензација во Хернинг. Во меч во кој ние се надевавме дека Данска убедливо ќе слави над Португалија, се случи домапната селекција пред свои 15.000 фанови да биде поразена. Голема Данска, големиот фаворит за златото беше поразена од Португалија со 29:31. Секако дека овој резултат и тоа како ќе одекне во ракометна Европа. И дури сега се гледа колку значи тоа реми за нас со Португалците, против каква селекција ние имавме шанса дури и ...

Како што пренесува TEAMtalk, Ливерпул планира голем трансфер. Имено го посакува дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен. „Црвените“ знаат дека Ибрахим Конате кој влегува во последната фаза од неговиот договор, додека Вирџил ван Дајк ќе наполни 35 години во јули. Во овој контекст, се разгледува и „удар“ против нивните ривали од Премиер лигата. Се вели дека Ливерпул би можел да понуди околу 92,04 милиони евра за Ван де Вен, додека Реал ...

Прв меч, и тоа на свој терен, и пораз на Тофаш и македонскиот стратег Емил Рајковиќ. Вечерва во меч од 1.коло во групата Ј во Лигата на Шамионите, Алба како гостин славеше во Турција со 90:94. Штета за македонскиот стратег ако се знае дека неговиот тим првата четвртина ја доби убедливо со 20:12, а на пауза се замина со +9 понеди разлика. Сепак германскиот тим во продолжение од средбата покажа дека е добар тим. Направи пресврт и на крај успеа ...

Голема, нестварна сензација на северот на Европа. Вечерва во меч од 7.коло во Лигата на Шампионите, “малииот“ Бодо/Глимт со нестварни 3:1 успеа да го победи еден од најскапите тимови во светот, Манчестер Сити. Херојско издание на домашните, но на овој пораз и тоа како “кумуваше“ Пеп Гвардиола кој просто се “коцкаше“, го “испомеша“ составот и на крајот го стигна казната. Бодо/Глимт дојде до историска победа и тоа со головите на Хог два и ...

Македонската ракометна репрезентација со победа ја заврши групната фаза на Европското првенство, откако ја совлада Романија со 24-23 (13-9) пред 10.000 фанови. Ова беше прв триумф за „црвено-жолтите“ на шампионатот, имаат три бода, со кои дефинитивно ќе биде во пол-позиција пред ждрепката за Светското првенство 2027 година. Наместо да ја искористат предноста во квалитет, нашите ракометари дозволија да се случи драма во финишот. Костески ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
66%
1014
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
4.12
63%
1017
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
60%
1018
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
58%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.08
92%
1018
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
76%
1020
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
75%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1014
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
62%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
3.13
76%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.34
56%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Кобалт

66.14

Бакар

10.68

Сребро

2840.84

Паладиум

45911.27

Калај

43.90

Иридиум

258288.78

Злато

166450.52

Цинк

3.07

Платина

60154.05

Родиум

350443.14

Алуминиум

3.18

Рутениум

56199.51