Лучано Спалети верува дека има причини да биде и задоволен и незадоволен од ремито 3-3 против Рома. По натпреварот, тој особено нагласи дека верува во квалификациите на Јувентус за Лигата на шампионите. За само неколку дена, „старата дама“ покажа голема волја и откако го одведе реваншот од плејофот против Галатасарај во продолжение кон средината на минатата недела, и покрај тоа што губеа со 2-5 по првиот натпревар, „бјанконерите“ сега ...

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски и официјално испиша историја во „црвено-жолтиот“ дрес. Тој на дуелот против Азербејџан, кој во овој момент се игра во Баку, и истиот е дел од претквалификациите за ЕП 2029 година, го запиша 90. настап за националниот тим. Втор на оваа листа е Тодор Гечевски, кој има 89 натпревари. Војдан е речиси 20 години дел од националниот тим, не треба да се додава ништо освен тоа ...

Судењето на натпреварот ФК Струга Трим Лум – ФК Вардар е оценето негативно од страна на судискиот контролор Горан Спиркоски, со посочени неколку клучни моменти кои влијаеле врз развојот на играта и создале нервоза на теренот, но без директно влијание врз конечниот резултат на натпреварот. Имено, главниот судија Фуркан Идризи во 14. минута не досудил очигледен прекршок надвор од казнениот простор врз гостинскиот напаѓач, по што играта била ...

Денеска во Тетово на Градскиот стадион во рамките од 20 коло од ПМФЛ шампионатот, се одигра дуелот помеѓу Шкендија и Пелистер. Мечот заврши со победа на домашните од 2:1, а потоа како што јавуваат извештаите од таму дуелот има своевидно „продолжение“. Имено, во официјалниот записник од мечот, како дополнение стои изјавата во која се вели дека судиската тројка на чело со главниот арбитар Бенјамин Ќерими била вербално нападната од страна на ...

Со попладневниот меч меѓу Шкендија и Пелистер (2:1) и официјално зварши 20.коло од тековната сезона во нашата елитна лига. Имаше интересни натпревари, големо дерби меѓу Струга ТЛ и Вардар, а ФФМ вообичаено како и досега, направи пресек на сите голови и интетресни моменти од сите шест средби. И дефинитивно дека битката за титулата се разгорува по ремито на Вардар во Струга ТЛ и тешката победа на Шкендија со Пелистер. Сега во пресрет на ...

Фудбалската репрезентација на Иран се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико во текот на летото. Во претходните денови имаше стравувања дека Иранците ќе се повлечат од турнирот, откако САД и Израел започнаа напад, по што следеше одговор во форма на бомбардирање на американските бази во сите земји од регионот. Поради ова, на Блискиот Исток владее целосен хаос, последиците веќе ги ...

Во моментов нашата кошаркарска селекција во Баку игра со Азербејџан во натпревар од претквалификациите за СП 2029. Интересно е тоа што од трибините нашите кошаркари имаат и “фудбалска“ поддршка, кои навиваат за избраниците на селекторот Берокал. Тука се селекторот на нашата женска селекција Александар Андов, потоа членот на УО на ФФМ, Димитар Џонов, па Мишел Истатов кој е во комисијата за женски фудбал и Петре Иловски, координатор на А ...

Пелистер успеа во своите намери да се претстави во поинакво светло и наместо како тим што се бори за опстанок да игра подредена улога, пружи партија за паметење и беше во одредени моменти рамноправен или поактивен тим на теренот, но за разлика од Шкендија, не ги искористи своите шанси. Клубот од Тетово беше шокиран со погодокот на Стефан Спировски во седмата минута, но по асистенцијата од ВАР собата голот беше деклариран како регуларен. Од ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) организира стручен семинар на тема „Повреди и дијагнози во фудбалот и нивно менаџирање“, наменет за доктори и физиотерапевти од клубовите во Прва и Втора МФЛ, ФУТСАЛ Прва лига, ЖМФЛ, како и за медицинските тимови од Националните селекции. Семинарот ќе се одржи на 7 и 8 март 2026 година, во хотел Holiday Inn Skopje, Скопје. На отворањето на семинарот свое излагање ќе има претседавачот на Комисијата ...

Светот е дефинитивно во фаза во која нападите кои што се вршат врз Иран, носат нови моменти кои влијаат на сите аспекти од животот па и од спортот. Особено ако се знае дека оваа држава е дел од претстојниот Мундијал следното лето кој патем се одржува во САД, Канада и Мексико. Претседателот на Фудбалската Федерација на Иран, Претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, изрази сериозна загриженост во врска со претстојното ...

По четири месеци одуство поради повреда, Кевин Де Брујне од утре ќе се појави повторно на тренинг на неговиот тим Наполи. Белгиецот одигра само осум мечеви сезонава пред да се повреди на 25 октомври на дуелот против Интер. Де Брујн ги помина поголемиот дел од последните четири месеци во својата татковина, враќајќи се во Италија минатата недела. Според „Газета дело Спорт“, тој треба да продолжи со тренинзите со своите соиграчи утре, 128 дена ...

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Александар Ашаданов го објави списокот по повод следниот настап на неговите избранички. Во периодот од 11. до 17. март, нашите најдобри кошаркарки ќе одиграат три натпревари, против селекциите на Данска, Грција и Хрватска. Овие мечеви се во рамките на вториот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Евробаскетот во 2027 година. Согласно со планираните активности, нашите најдобри ...

Македонската кошаркарска репрезентација денеска продолжува со мечевите од претквалификациите за пласман на ЕП 2029 година. Противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Азербејџан, дуелот се игра во Баку со почеток во 17 часот. Нашите кошаркари овие претквалификации ги стартуваа со три победи во исто толку одиграни натпревари, а веќе денеска се очекува да го запишат и четвртиот триумф бидејќи на пресметката против Азербејџан влегуваат како ...

Марио Илиевски веќе втор ден е во центарот на вниманието во Косово. Интернационалецот и повремен репрезентативец на Македонија вчера на дуелот против Дрита за својот тим Приштина постигна ретко виден гол од речиси половина терен. Во екстра голгетерски манир, Илиевски го „почувствува“ голманот на противникот дека е надвор од гол линијата и постигна гол речиси од половина терен. Токму затоа Фудбалската Федерација на Косово го прогласи ...

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за групната фаза од машкиот Куп. Бранителот на титулата Вардар одбраната на пехарот ја почнува против Бутел Скопје. Победниците во финалните дуели од секоја група ќе се пласираат полуфиналето на завршниот турнир во Купот на Македонија. Натпреварите од групната фаза се играат на 7/8 март, додека Ф4 ќе се одржи на 18/19 април. Куп на Македонија, мажи: група ...

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Лука Станковски го имаше и официјалното деби за тимот на Колос од Украина. Офанзивецот го направи трансферот во овој клуб пред неколку дена, а викендов ги забележа и првите минути. Станковски влезе во второто полувреме на гостувањето кај Карпати Лвов, и имаше придонес во конечната победа од 0:1. Станковски замина во Колос од Раднички Крагуевац. Македонскиот репрезентативец и интернационалец ...

Големото дерби од 21. коло во ПМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Вардар и Шкендија кое што е закажано за в четврток 05.03.2026 година во 14:00 часот дефинитивно ќе се игра на комплексот на Фудбалската Федерација на Македонија, „Петар Милошевски“. И покрај најавите дека можеби истиот ќе се игра на Арената Тодор Проески, сепак е одлучено мечот да се одигра на ФФМ. Пролетва Вардар на ова игралиште ги одигра сите домашни мечеви, со Арсими, ...

После дербито во Автокоманда против Алкалоид кое Вардар 1961 го доби минимално, „црвено-црните“ се вртат кон европскиот предизвик, а тука ги чека тешка задача. Тренерот Иван Чупиќ и неговите момци утре на домашен терен го пречекуваат тимот на Бенфика, мечот е закажан со почеток во 20:45 часот. Македонскиот тим на оваа средба може да биде без услугите на Јака Малус, откри предводникот, Иван Чупиќ. Малус се повреди на мечот против Алкалоид, и ...

Македонската женска ракометна репрезентација стартуваше со подготовките за двата квалификациски дуели против Белгија за пласман на Европското првенство 2026 година. Селекторот, Кристијан Грчевски одреди 20 ракометарки за овие две важни средби, на кои Македонија мора да дојде до победа доколку сака да се пласира на ова големо натпреварување, бидејќи исто како и противникот стартуваше со два порази. Првиот меч нашите ракометарки го играат на ...

Македонскиот ракометар и член на Пелистер, Дејан Манасков стана татко, се роди Давид. Долгогодишниот македонски репрезентативец пред скоро време го потпиша најважниот договор, стапи во брак со Билјана Стојановска. Манасков и Билјана свадбената церемонија ја направија на 31. јануари, а веста за новитетот во нивното семејство го сподели Тамара Тодевска. Македонскиот ракометар и член на Пелистер, Дејан Манасков стана татко, се роди Давид. ...

Македонскиот интернационален судија Влатко Ристовски ќе биде прв судија на првиот полуфинален натпревар меѓу Слован Братислава и Линдеманс Алст во ЦЕВ Челинџ купот во машка конкуренција, кој ќе се одигра на 4 март, во „Гопас“ арената во Братислава. Еден од нашите најдобри судии е номиниран заедно со грчката судијка Ирини Моула која ќе му асистира. Ристовски има одлична европска сезона со оглед на тоа дека ова му е шестта номинација во ...

Во саботата во просториите на Спортската Сала во Куманово се одржа годинешното собрание на ОФС Куманово каде присуствуваше и Стојче Атанасовски шефот на кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, Претседателот на ОФС Куманово Александар Маневски ги поздрави присутните и го презентираше извештајот за работа ОФС Куманово за 2025 година. Од позначајните точки што беа усвоени на собранието се: Финансискиот извештај за работата на ОФС ...

Новак Ѓоковиќ го искористи престојот во Лос Анџелес за да го гледа натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Сакраменто Кингс во живо. Неговото пристигнување во салата предизвика големо воодушевување кај навивачите и кошаркарите на Лејкерс, особено Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, кои топло го поздравија српскиот ас. Лука веднаш дотрча до Новак и го прегрна, а по краток разговор, се фотографираа заедно. По убедливата победа на Лејкерс (128:104), ...

Фудбалерите на Пелистер заминаа за Тетово еден ден пред дуелот со Шкендија, настојувајќи во мечот да влезат максимално подготвени и да го дадат својот максимум. Битолскиот клуб имаше лош прв дел од сезоната, но во Битола одигра нерешено 0:0, со претендентот за шампионскиот наслов во државното првенство. Дуелот е закажан со почеток во 14 часот. “Шкендија има одличен тим, ростер за респект, солидна клупа и играат на меѓународната сцена. Ние ...

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски продолжи со своите одлични партии на голот на Битигхајм. Неговиот тим дојде до нова победа во Втората Бундес-лига, на домашен терен против Нордхорн со 32-26. Нашиот репрезентативец беше на ниво на задачата, запиша девет интервенции, имаше процент од 39%. Битигхајм и натаму е на лидерската позиција со 26 бода, два повеќе од Балинген. View this post on Instagram A post shared by SG BBM ...

Македонскиот интернационалец Марио Илиевски во рамките од новото коло во шампионатот на Косово за својот тим Приштина во дуелот со Дрита го постигна голот на сезоната што се вели. Погоди со прекрасен удар речиси од половина терен и на тој начин стигна до десеттиот гол сезонава на неговото конто. Илиевски игра во животна форма и ја пронајде средината каде што очигледно дека најдобро се чувстува и игра онака како што неговиот квалитет и талент ...

Во напад врз спортска сала во јужен Иран загинаа 20 одбојкарки и еден тренер, а околу 100 лица се повредени, објави иранскиот телевизиски канал Ал Мајадин. „Дваесет одбојкарки беа убиени во израелски напад врз спортска сала во градот Ламерд, во покраината Фарс“, објави каналот. Израел изврши напад врз спортска сала во градот Ламерд во јужен Иран, при што првично загинаа повеќе од 15 лица, вклучувајќи деца кои биле во салата во тој момент. ...

Европската ракометна федерација мораше да одложи еден меч поради воената состојба. Станува збор за дуелот меѓу Израел – Грција во квалификациите за Европското првенство 2026 за жени. Натпреварот во групата 6 првично беше закажан за среда, 4 март, во Ришон-ле-Зион. „Одлуката е донесена поради актуелните случувања на Блискиот Исток со нивните последици врз воздушниот сообраќај во Израел и во соседните земји, како и поврзаните безбедносни ...

Кристијано Роналдо е под знак прашалник за настап на Светското првенство ова лето, откако беше принуден да го напушти теренот за време на победата на Ал Наср од 3-1 над Ал Фахја во саботата. Роналдо ќе биде подложен на „итни“ тестови, но се чини дека тој има повреда на мускулот. 41-годишната ѕвезда на Португалија подоцна можеше да се види со облога со мраз на задниот дел од коленото. По натпреварот, менаџерот на Ал Наср, Жорге Жесус, потврди ...

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, вели дека не му се допаѓа фактот што неговиот играч Престијани претходно беше осуден за расизам. Тој верува дека тренерот на Реал (М) Алваро Арбелоа требало да заземе неутрална позиција додека не заврши истрагата, исто како што направи и тој. „Го сакам Алваро и ќе го сакам, но мислам дека го зазедов вистинскиот став. Зборував на темата по нивните изјави и обвинувања против Престијани“, рече Мурињо, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1017
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
3.13
87%
1016
weather icon

Загреб

10ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1017
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1018
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.19
84%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.17
93%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
59%
1016
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1015
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
89%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.34
90%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
77%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0037

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Бакар

12.46

Платина

66744.95

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Калај

52.70

Сребро

2534.46

Злато

152465.86

Алуминиум

3.53

Паладиум

49351.40

Цинк

0.00