Богата програма со мечеви од првото квалификациско коло имаше денеска на терените на ТК Југ во рамки на М25 Скопје турнирот „Macedonian Open 2026“. Резултати на македонските тенисери: Горјан Вукиќевиќ – Дарко Колевски 2-1 (46 76(4) 10-8) Алексеј Стојановски – Матеј Попов 2-0 (62 75) Ерион Незири – Максим Тренески 2-0 (62 63) Марко Мариќ (Франција) – Самоил Честовалиев 2-0 (62 63) Александер Влахос (Полска) – Игор Србљак 2-0 (62 60) Горзад ...

Фантастичен натпревар одиграа во третото коло од Групата Ј фудбалерите на Алжир и Австрија. Конечниот резултат од 3:3 и шест гола им донесе добра забава на навивачите на трибините и покрај ТВ приемниците, а ги задоволи и двете селекции, бидејќи и Алжир и Австрија се пласираа во нокаут фазата. Она што привлече посебно внимание беше третиот гол на африканската репрезентација во судиското продолжение за 3:2. Алжирските фудбалери се додаваа, ...

Ј.Африка – Канада 0:0 е резултатот по првото полувреме од првиот меч од 1/16 финалето во нокаут – фазата на тековниот Мундијал. Не толку квалитетни 45.минути, но сепак и покрај тоа што немаше голови беше интересно. Селекцијата на Ј.Африка подобро го отвори мечот, ја имаше и првата закана кон голот на Канада. Како што одминуваше времето селекцијата на Канада, која пред мечот беше посочувана како фаворит, ја презема контролата на теренот и ...

И дефинитивно му се може. За време на групната фаза на Светското првенство, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, успеал да гледа во живо 24 од вкупно 72 натпревари низ САД, Канада и Мексико. Тој прелетал со авион 50.000 километри, што предизвика остри критики поради огромните емисии на јаглерод диоксид. Патувајќи помеѓу САД, Канада и Мексико, Инфантино користел приватен авион, наводно како дел од спонзорски договор со компанијата „Катар“. ...

Нема што убав гест на Жоао Невеш, иако неговата репрезентација одигра лош меч против Колумбија и едвај дојде до бод. Играчите знаат како да бидат намќорести кога играта не завршува онака како што очекувале. Португалците немаа причина да бидат задоволни, бидејќи играа 0:0 со Колумбија, а таков резултат ги испрати против Хрватска во осминафиналето на Светското првенство, а потенцијално би можеле да играат и со Шпанија во осминафиналето. Можеше ...

Се чини дека е готово, барем според фудбалските инсајдери и релевантни медиуми во светот на фудбалот. Имено легендарниот полски напаѓач Роберт Левандовски има нов клуб. Тој потпиша за американскиот тим Чикаго Фајер. Откако со години доминираше на европските терени во дресот на Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Барселона, 37-годишниот Роберт Левандовски се сели во САД. Тој потпиша договор со тимот на МЛС Чикаго Фајер. Сите документи поврзани ...

Ј.Африка – Канада 0:1 е епилогот од првиот меч во 1/16 финалето на СП.Се играше втората минута од судиското продолжение, кога на резултат 0:0, Еустакио со прекрасен гол донесе голема радост и еуфорија кај сите во таборот на неговата селекција, но и на фановите на таа земја на трибините на стадионот во Лос Анџелес. Па така Канада во следната фаза, во 1/8 финалето се среќава со подобриот од мечот Холандија – Мароко. Генерално не така ...

Стефан Јевтоски (28) играчот за врска својата кариера ќе ја продолжи во Индонезија и тоа во тимот на ПСМ Макассар, кој се натпреварува во елитната лига на таа земја. Дознаваме дека има потпис па може да се каже дека одличниот играч за врска, кој изминатите две сезони беше еден од најдобрите играчи на Струга ТЛ, веќе е дел од тимот од Индонезија. Инаку Јевтоски својата кариера ја започна во Металург. Потоа кариерата го носеше во Локо Пловдив ...

Да видиме дали така ќе биде и сега. Кој верува во традиции, суеверија, бројки… со еден збор, дека судбината на спортските натпревари не зависи само од квалитетот на теренот, туку и од „нешто друго“, треба добро да размисли за шансите на Новак Ѓоковиќ да го освои овогодинешниот Вимблдон. Бидејќи седумкратниот шампион освои титули во Лондон во годините на последните три Светски првенства во фудбал – 2014, 2018 и 2022 година. И не само тоа, ...

Познато е што му се случуваше на Чаби Алонсо во Реал, па затоа по се изгледа дека шпанскиот стратег кој во меѓувреме го презеде Челзи, одлучи да им се одзмазди на “кралевите“. Аргентинскиот играч од средниот ред Енцо Фернандез е една од најголемите желби на Жозе Мурињо во Реал Мадрид. „Кралевите“ се подготвени да инвестираат 140 милиони евра за да го доведат, играчот сака да си оди, Челзи нема ништо против продажба, но има Чаби Алонсо. ...

Лоша, ужасна вест од Мундијалот за Манчестер Јунајтед. Потврдено е најлошото можно сценарио. Манчестер Јунајтед претрпе огромен удар, бидејќи уругвајскиот играч од средниот ред Мануел Угарте претрпе сериозна повреда на Светското првенство, поради што ќе го пропушти речиси целиот претстојна сезона. Угарте доживеа кинење на предниот вкрстен лигамент на левото колено. Според информациите објавени од уругвајскиот новинар Родри Васкез, одличниот ...

Вечерва со мечот Ј.Африка – Канада стартува и нокаут – фазата. Секако дека убаво ќе биде во пресрет на она вистинското на Мундијалот, да се потсетиме како изгледа листата на стрелците. Што се однесува до првото местп тука нема промени. Лео Меси со голот против Јордан сега има има шест, додека следуваат со по четири голови Мбапе. Дембеле, Винисиус, Халанд со по четири голови. Да кажеме дека Халанд го “прескокна“ дуелот со Франција. Којзнае, ...

Со денови се говореше дека тој меч ќе заврши нерешено и заврши 3:3. Алжир водеше со 3:2 до 90+6.минута за да Калајџиќ израмни и со тоа двете екипи се пласираа во нокаут – фазата. Една стара поговорка вели: „Она што се кажува или се случило или ќе се случи“. Така се случи. По некое „чудо“, Алжир и Австрија ги поделија бодовите, а Иран беше елиминиран од Светското првенство. За да биде уште подобро за Алжирците, тие го избегнаа натпреварот ...

Еден од најдобрите поединци и стрелци на екипата на РК Бутел Скопје, Дејан Михајловиќ се договори за нова соработка со клубот така што него и следната сезона ќе го гледаме во дресот на овој тим. Голгетерот потпиша двегодишна верност што значи дека се обврска на соработка минимум до 2028 година. Се работи за поранешен младински репрезенаттивец на Македонија кој што во континуитет покажува квалитет. Бутелци почнуваат нова ера со Стојанче ...

Репрезентацијата на Хрватска и официјално е во елиминационата фаза од тековниот Мундијал. „Коцкастите“ синоќа во клучниот меч од групната фаза ја победија Гана со 2:1, и го направија неопходното. Собраа доволно бодови, за да како втори заминат во елиминациите. Хрватска и селекторот Далиќ претрпеа доста критики од страна на јавноста, домашна и светска, иако ова е селекција која што е во самиот врв на светскиот фудбал цела деценија. Тоа Далиќ ...

Репрезентацијата на Уругвај шокирачки е елиминирана уште во групната фаза од Мундијалот. Јавноста во оваа земја не може да поверува што се случи, затоа што Уругвај беше рангиран како еден од скриените фаворити. Сепак, оваа селекција прописно се обрука и си замина дома. Но како? Според последните информации, Фудбалската федерација на Уругвај го откажала чартер летот од базата на уругвајците во Мексико, во местото, Плаја дел Кармен, и со тоа ...

Победата на Хрватска над Гана синоќа од 2:1, не значеше само пласман на „Коцкастите“ во следната, елиминациона фаза на овој Мундијал. Оваа репрезентација руши рекорди многу често на последните турнири, а така е и на тековниов. Синоќа Хрватска победи со головите на Петар Сучиќ и Никола Влашиќ, а повторно како и стотици пати досега на терен беше најдобар капитенот, 41. годишниот Лука Модриќ, кој што воедно беше и асистент. Тој го изведе ...

Џорџ Расел, возачот на Мерцедес е победник на трката за Големата награда на Австрија која што денеска се возеше во рамките од новиот шампионат во Формула 1. Расел успеа да ја валоризира пол позицијата која што ја освои претходно и да стигне до втората победа сезонава во првенството. Трката која што инаку се возеше на патеката Ред Бул ринг донесе екстра возбудувања многу претекнувања и воопшто не личеше на Формула 1 трка на какви што сме ...

Бразилскиот напаѓач Нејмар купил часовник вреден 880.000 евра за време на слободниот ден на Светското првенство во 2026 година. 34-годишниот напаѓач лично ја посети продавницата за накит „Џејкоб енд Компани“ во Њујорк, каде што го купи новиот модел, објави „А Бола“. Шопингот бил снимен и објавен на социјалните мрежи од страна на брендот. Нејмар е познат по својата колекција луксузни часовници, проценета на неколку милиони евра. Некои парчиња ...

Откако дефинитивно, Рубен Аморим е нов тренер на Милан, за само неколку дена на Сан Сиро се создаде мини португалски „клан“ што се вели. Аморим во потрагата по засилувања се заврте кон сопствената татковина, па веднаш го ангажираше како прво ново име, играчот на Гонзало Рамос. Напаѓачот чини педесетина милиони евра, но Аморим во од го прави и следниот потег. Речиси е договорен и досегашниот играч на Бенфика, Антонио Силва, кој што е по ...

Од денеска СП оди во нова фаза, во нокаут – фазата во која нема поправен. Кој ќе победи, тој оди понатаму а поразениот си оди дома. Во групната фаза се одиграа 72 натпревари, сега следува она вистинското. Првиот меч од 1/16 финалето на Мундијалот се игра вечерва од 21 часот и тоа во Лос Анџелес а се среќаваат Ј.Африка и Канада. Нема време за слободен ден, како што имаше порано, и веднаш започнуваме со нокаут – фазата, односно со првиот од 16 ...

Во рамките од МОТО ГП шампионатот, викендов се возеше трката за големата награда на Холандија, поточно на патеката во Асен, а победник е јапонецот, Аи Огура. Ова беше премиерна победа на Огура во кариерата во овој шампионат. Тој ја заврши трката како лидер пред Раул Фернандез од Шпанија кој што заостана 2.004, додека пак на третата позиција на пиедесталот се искачи уште еден шпанец, Хорхе Мартин со заостанување од 3.512. Во генералниот ...

Екипата на Силекс го заврши престојот во Охрид, и се пресели во Скопје. Кратовци како што е добро познато се подготвуваат за настап во квалификациите за Лигата на Конференции, и двомечот со белорускиот претставник Динамо Минск. Силекс нема да патува во Белорусија, затоа што УЕФА не дозволува меѓународни мечеви во оваа земја, туку дуелот се игра на неутреален терен во Бугарија, во Стара Загора на 9 јули. Во меѓувреме, Силекс активно се ...

Еден од најдобрите фудбалери на шведската репрезентација, Исак Хиен го заврши овогодинешното Светско првенство. Тој се повреди на натпреварот против Јапонија и одигра само 37 минути од тој натпревар. Фудбалерот на Аталанта беше стартер на секој натпревар како стопер, а сега мораше да го напушти кампот на шведската репрезентација. „Сонот се оствари, но заврши прерано за мене. Ви благодарам на сите шведски навивачи кои ме поддржуваа, навистина ...

Според информациите од инсајдерите Марк Штајн и Џејк Фишер, ѕвездата на Денвер, Никола Јокиќ, може повторно да го одложи потпишувањето на новиот договорот. Ова лето, Јокиќ повторно има право на продолжување на договорот. Тој може да го одложи и да потпише нов договор подоцна оваа сезона или следното лето. Јокиќ, исто така, има опција за играч за сезоната 2027/28, и во тој момент би можел повторно да потпише со Нагетси. И играчот и клубот ...

За првпат во историјата на Светското првенство, девет африкански земји стигнаа до нокаут фазата. Меѓу нив се: Алжир; Зеленoртските острови, ДР Конго; Египет; Гана; Брегот на слоновата Коска; Мароко; Сенегал и Јужна Африка. Единствената африканска земја што го напушти Светското првенство во 2026 година по групната фаза беше Тунис, која заврши на четвртото место во Групата Ф без да освои ниту еден бод од три натпревари. Од деветте земји, пет ...

Некогашниот член на тимот на Шкендија, Стенио Жуниор, бразилецот кој што во дресот на тимот од Тетово, доживеа звездени моменти, денеска повторно се појави во градот под Шара. Овојпат само како пријател на клубот, во посета на своите стари пријатели, а дел и некогашни соиграчи. Стенио Жуниор беше дел од Шкендија од 2014 година, и остави сериозен белег во дресот на тетовци. Освојуваше титули, играше во Европа, а потоа направи богата кариера ...

Аргентинa ја освои групната фаза на Светското првенство и се пласираше во нокаут фазата со максимални девет бода. Актуелните светски шампиони рутински го победија Jордан со 3-1, откако претходно ги победија I Алжир (3-0) и Австрија (2-0). Jордан успеа да постигне барем гол во својот прв настап на Светското првенство. Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, одлучи да игра со мешан состав, но неговите играчи и покрај тоа немаа проблеми. ...

Лионел Меси го постигна својот втор гол од слободен удар на Светското првенство, израмнувајќи го рекордот. Напаѓачот на аргентинската репрезентација, постигна гол на натпреварот против Јордан (3:1) во 3-то коло од Светското првенство во 2026 година. Во 80-тата минута, 39-годишниот напаѓач постигна гол од прецизен слободен удар. Меси стана шестиот играч во историјата на Светските првенства откако се води статистика (почнувајќи од Светското ...

Македонската кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за јулскиот ФИБА „прозорец“ во претквалификациите за Европското првенство 2029 година, а пред првиот предизвик против Ирска, оптимизам и максимална посветеност владеат во таборот на „црвено-жолтите“. Еден од играчите од кои се очекува значаен придонес е Виктор Ефремовски. Бек-шутерот го дочека овој циклус како најдобар стрелец во МТЕЛ Супер лигата, а добрата форма ја потврди ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
7.2
49%
1004
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
7.2
60%
992
weather icon

Загреб

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
94%
988
weather icon

Софија

19ᴼ / 13ᴼ
16.46
61%
1003
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
4.32
80%
1000
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
4.63
98%
990
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
4.92
82%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
5.14
73%
1006
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
11.32
77%
1003
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
92%
1002
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 8ᴼ
1.34
97%
990
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
10.29
94%
1012
Currency

61.653

Currency

55.489

Currency

73.823

Currency

37.995

Currency

39.012

Currency

66.812

Currency

8.3273

Currency

0.66995

Currency

0.34785

Currency

0.52451

Currency

1.1042

Currency

0.59193

Паладиум

31700.64

Злато

124908.87

Калај

47.40

Родиум

294983.10

Алуминиум

3.01

Цинк

3.79

Сребро

1620.38

Рутениум

61086.42

Иридиум

324722.54

Кобалт

33.53

Платина

48836.98

Бакар

12.41