Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Во текот на денешниот натпреварувачки ден, исто како и вчера, ќе се одиграат шест меча од 3.коло во групите Е, Ф и Д. Познато е дека Германија и САД се веќе во нокаут фазата, а сега на потег се селекциите на Холандија, Јапонија… Во последното коло од Групата Е, Курасао и Брегот на Слоновата Коска играат натпревар кој директно одлучува за второто место во нокаут фазата: „Слоновите“ се во удобна позиција со три бода и подобра гол-разлика од ...
За првпат во историјата, секој олимпијец ќе има право на грант од 10.000 американски долари преку новата програма „Fit for the Future Olympian Grant“, која започнува и ќе важи со почетокот на Зимските Олимписки игри Милано Кортина 2026. Целта на иницијативата е да обезбеди дополнителна поддршка за спортистите во текот на нивната кариера, но и во периодот по завршувањето на натпреварувањето на највисоко ниво. Македонскиот олимписки комитет ја ...
Нокаут фазата на Светското првенство ќе започне со натпреварот Јужна Африка – Канада, што е единствениот дефинитивно позната двојка од шеснаесетфиналето. Со речиси стопроцентна сигурност може да се тврди дека САД – БиХ ќе бидат двојка во шеснаесетфиналето (1 јули, 15:00 часот). Можеби затоа во таборот на селекцијата на БиХ веќе се пее хитот – Проклета е Америка. Натпреварот Јужна Африка – Канада ќе се игра во недела, 28 јуни, од 21:00 часот ...
Завршницата на групната фаза од тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада е во полн ек. Третото коло минува, дел од репрезентациите слават пласман понатаму, а дел од нив веќе ги пакуваат коферите. Кој разочара, а кој импресионираше во синоќешните дуели коментира, Горазд Михаилов, кој што е презадоволен од настапот на Босна и нивниот историски успех на овој турнир, како и фактот дека Бразил го потрдува она што реално сите го очечуваме. А ...
Ард Касами (28) и дефинитивно останува во Струга ТЛ и во наредните две сезони. Искусниот дефанзивен играч за врска и раководството на некогашниот двоен шампион на Македонија се договорија да ја продолжат соработката до 2028 година. Ова Струга ТЛ и официјално го објави на своите социјални мрежи. Кога сме кај Касами, да потсетиме дека тој е “дете“ на Шкендија како роден тетовчанец. Но во 2018 направи трансфер во Струга ТЛ и во тимот од Струга ...
И официјално Бехар Фета (23) од денеска е нов член на Марибор, на еден од најголемите клубови во Словенија. Поточно тој врати во клубот.Раководството на клубот преку својот сајт и официјални социјални мрежи го промовираше некогашниот младински репрезентативец на Македонија. Инаку овој трансфер на Фета му го овозможија одличните настапи во дресот на Алуминиј каде беше член минатата сезона како позајмен играч на Марибор, претходно беше дел и ...
Калин Ивановски продолжува со добрите настапи во последно време. Денеска на турнирот во Загреб, во меч од 1/8 финалето успеа да го победи Павлос Циципас, најмалиот брат на славниот Стефанос Циципас со 2:0 во сетови и со тоа да се пласира во 1/4 финалето на овој турнир. Ивановски одигра изедначен меч со тенисерот од Грција, пред сè првиот сет кога немаше ниту еден брејк и по 18 поени во „13.гем‘ Ивановски беше поуспешен со 10:8 и поведе со ...
Рио Фердинанд страсно го брани Кристијано Роналдо по неговата брилијантна игра и двата гола за Португалија против Узбекистан на Светското првенство. Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед се огласи на социјалните мрежи за да им порача на критичарите на Роналдо да замолчат, истакнувајќи ја неговата неверојатна долговечност, историските рекорди во постигнување голови и способноста секогаш да настапува на највисоко ниво на најголемата ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжува својата одлична серија во квалификациите за Вимблдон, каде што може да го забележи најдобриот резултат во историјата на Македонија. Ѓорческа сега се соочува со натпревар во кариерата против Италијанката Луција Бронцети, моментално 127-ма тенисерка во светот, за пласман во главниот ждреб на Вимблдон. Со победа, Лина може да стане првата тенисерка од Македонија што некогаш играла во ...
Како никогаш досега, фудбалскиот шампионат на Македонија ќе стартува во пеколниот јули, и тоа со премиерното коло закажано за 25 јули. Тоа е точно еден месец од денес, кога шампионатот со 10 клуба, кои ќе играат во четирикружен систем, ќе го добие својот нов почеток. Но, алармантно е тоа што барем половина од екипите се без никаква активност. Подготовките сѐ уште не се почнати во Брегалница Штип и Башкими, кои чекаат нови газди и спонзори, а ...
Борјан Пановски (25) е нов играч на Силекс. Кратовци, а посебно тренерот Александар Васоски во одличниот бек добија осетно засилување ако се знае дека Пановски минатата сезона беше еден од надобрите играчи на Башкими. Тој може да игра и на десната и на левата бековска позиција. Инаку Пановски некогаш беше дел од младинските селекции на Македонија, а досега во својата кариера има играно за екипите на Работнички од каде потекнува, потоа ...
Босна и Херцеговина го победи Катар со 3-1 во 3-то коло од Групата Б на Светското првенство, освојувајќи го третото место во групата и со тоа се пласираше во нокаут фазата. Швајцарија ја победи Канада со 2-1 и заврши на првото место во групата. Младиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Керим Алајбеговиќ, влезе во историјата на Светското првенство. Во натпреварот против Катар, тој постигна гол со кој го сруши рекордот на Килијан Мбапе. ...
Босна го победи Катар со 3-1 во 3-то коло од Групата Б на Светското првенство, освојувајќи го третото место во групата и со тоа пласман во нокаут фазата. Таму, на 2 јули во 2:00 часот по локално време, го чека домаќинот САД. БиХ направи одличен повраток на својата историска победа, нејзиниот прв премин во нокаут фазата на Светското првенство во историјата на националниот тим. ФИФА им дава на сите фудбалски асоцијации чија репрезентација ќе ...
Едни од најдобрите македонски кошаркари веќе ги реализираат своите нови обврски за новата сезона. Во центарот на вниманието е Ненад Димитријевиќ, кој се очекува да стави официјален потпис на договор со Арис. Најдобриот македонски кошаркар на денешницата и официјално се раздели со Зенит, тим со кого имаше договор, а во меѓувреме замина во Минхен на полусезона, со кого имаше успешна авантура. Рускиот тим денеска објави дека Нено не е повеќе ...
Влегувањето на „десетката“ на Бразил во втората половина од натпреварот против Шкотска (3:0) предизвика делириум на трибините на стадионот Хард Рок, а овациите што одекнуваа го достигнаа својот врв. Нејмар (34) се врати на теренот на Светското првенство по долга и сериозна повреда, а публиката му приреди добредојде за паметење. Публиката го бараше еднаш, двапати, дури и три пати. Секој пат кога сликата на Нејмар ќе се појавеше на големиот ...
Босна и Херцеговина се пласираше во нокаут фазата на Светското првенство. Бразил ја победи Шкотска со 3:0. Ова ја турна БиХ во нокаут фазата на Мундијалот. Во вториот натпревар од групата, Мароко го победи Хаити со 4:2 и обезбеди пласман, додека Шкотска чека да види дали трите бода ќе бидат доволни за да продолжи понатаму како една од осумте најдобри третопласирани репрезентации. Да потсетиме дека БиХ го победи Катар со 3:1. Ова ѝ го ...
Дојдовме до највозбудливиот дел од првата сезона на Плазма Спортските игри за млади – Државното првенство. Големиот спортски спектакл ќе се одржи во Општина Кисела Вода на 30.06.2026 година (вторник) со почеток во 09:00 часот. На едно место ќе ги видиме најдобрите „симовци“ од цела Македонија. Млади, мотивирани и подготвени да го дадат својот максимум. Околу 600 дечиња ќе се борат за пласман во големото финале кое од 17 до 22 август ќе се ...
Фудбалерите на Јужна Африка обезбедија пласман во нокаут фазата со триумфот над Јужна Кореја (1:0) во натпреварот од третото коло од Групата А на Светското првенство. Како второпласирана репрезентација, тие ќе играат против Канада, која заврши втора во Групата Б. Натпреварот започна со одлична можност од Јужна Кореја веќе во 3-тата минута. По корнерот изведен од Канг-Ин Ли, Ким Мин-Џе ја фати топката со глава кон предната статива, но Обри ...
Парагвајската фудбалска асоцијација поднесе официјален протест до ФИФА барајќи казна за играчот од средниот ред на Англија, Џуд Белингам. Жалбата произлегува од инцидентот за време на натпреварот од групната фаза меѓу Англија и Гана на Светското првенство во 2026 година, во кој англискиот играч ја покри устата со раката додека разговараше со противничкиот напаѓач Џордан Ају. Парагвајскиот тим тврди дека прописите се применуваат недоследно, ...
Машката младинска селекција на Македонија со победа над БиХ, и тоа доста убедлива (85:55) го отвори оној втор дел од подготвителниот период во кој во „преден план“ ќе бидат контролните натпревари. Вечерва, во малата сала на СРЦ „Кале“, избраниците на селекторот Никола Велев делуваа доста сигурно во текот на сите 40.минути, и на крајот се наградија со убедлив триумф во првиот од двата предвидени пријателски натпревари со врсниците од Босна и ...
Откако ракометна Европа го доби својот нов владетел, кој што ќе ја носи титулата во Лигата на Шампионите во следните 365 дена, ЕХФ одлучи да се позабави малку со она што се случуваше во изминатата сезона. избран е најубавиот гол во Лигата на Шампионите, а тоа е без конкуренција погодокот на Дејан Манасков, кој што во дресот на Е.Пелистер постигна вистинска убавица. Левото крило реализираше феноменално во дуелот со Барселона, по што погодокот ...
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија практично одлучувачки чекор кон квалификацијата во втората рунда на Светското првенство, што сега е речиси сигурно. Селекторот на БиХ, Сергеј Барбарез, ја искористи вајлд-картата во ликот на Ермин Махмиќ, кој го постигна ...
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина има предност од 2:1 во првиот дел од решавачкиот натпревар во групата „Б“ на Светското првенство против селекцијата на Катар. Босанците одиграа совршени 35 минути од средбата, по што дозволија Катар да ја преземе иницијативата, да постигне гол и комплетно да ја врати неизвесноста. БиХ поведе со прекрасниот гол на Бајрактаревиќ во 29. минута, а по еден волеј на Џеко во 34. минута Султан Ал ...
Со доаѓањето на Мурињо на клупата, Реал почна да го составува новиот тим за следната сезона. Со денови се зборува дека едно од имињата кои мора да одат на продажба е Едуардо Камавинга, но како што објави „Атлетик“, Реал се соочува со проблем, затоа што Французинот не прифаќа никаков разговор за трансфер. Тој има намера и ќе остане во Мадрид и следната сезона. Оттука, „кралевите“ сега мора да одат со опција Б и да почнат да разгледуваат дел ...
Кошаркарите на Валенсија ја освоија титулата во шпанското првенство, откако во финалната серија ја совладаа Барселона со 3-1. Вечерашниот одлучувачки натпревар, „лилјаците“ го добија како гости со резултат од 108:84. Најзаслужен за решавачкиот триумф на Валенсија беше плејмејкерот Џан Монтеро со 23 поени, 3 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки, кој ја освои и титулата за најкорисен играч во финалната серија. Крилата Камерон Тејлор (21 ...
Сенегалскиот голман Едуард Менди нема да игра на натпреварот од третото коло од групната фаза на Светското првенство против Ирак, објави прес-службата на африканската репрезентација. Голманот ќе го пропушти натпреварот поради повреда на коленото. 34-годишниот Менди ќе биде подложен на дополнителни медицински прегледи за да се утврди природата на повредата и неговите изгледи за понатамошно учество на турнирот. Менди заработи повреда на левото ...
Македонскиот Дејвис куп репрезентативец, Калин Ивановски ја мина првата пречка во синг конкуренција на ИТФ М25 Загреб турнирот откако денеска го победи Јан Фацек од Чешка со 2-0 во сетови (62 63) за 82 минути. Тој во следното коло ќе игра со Павлос Циципас од Грција, кој со 2-0 во сетови го победи Кирил Кивацев. Ивановски во првиот сет направи два брејка во првиот и во петтиот гем, а тоа му овозможи предност и водство од 5:1 и сетот го ...
Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Остин Ривс, ќе потпише нов четиригодишен договор со максимален износ од 185 милиони долари, објави инсајдерот Шамс Чаранија. Договорот вклучува опција за играч за сезоната 2029/30. Ривс одби опција од 14,9 милиони долари за неговиот тековен договор за да обезбеди нов договор. Според изворите, неколку тимови биле заинтересирани за бекот, подготвени да му понудат максимален договор, па Лејкерси брзо одлучија да го ...
Флорентино Перез со сите сили се обидуваше да го доведе францускиот напаѓач Мајкл Олисе во Реал Мадрид. Се споменуваа огромни бројки, дури и рекорди за светот на фудбалот, но ништо нема да се случи во врска со тој трансфер. “Кралевите“ добија јасен сигнал дека трансферот на Олисе ова лето е невозможен. Затоа, барем за една година, решија да почекаат со неговиот трансфер и ги фрлија сите карти на друг играч- Енцо Фернандез. Жозе Мурињо верува ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа направи уште еден голем чекор кон пласман на главниот турнир на Вимблдон, откако денеска во второто коло од квалификациите во три сета со 2:1 (5:7, 6:2, 6:1) ја совлада португалската тенисерка Жорге. Лина која за три места има подобар пласман на ВТА листата од Жорге го загуби првиот сет, но во следните два се врати во својата вистинска форма и практично ја „збриша“ противничката за нешто помалку ...