Италијанскиот Мото ГП тим Дукати го потврди обновувањето на договорот со светскиот шампион Марк Маркез, кој во својата дебитантска година со главниот тим на Дукати собра 11 победи на Гран При трките и 14 победи на спринт трките. „Јас сум „црвен“ возач. Многу сум среќен со овој нов договор и што ќе продолжам да бидам дел од семејството. Кога решив да се приклучам на Дукати, бев убеден дека тоа е најконкурентниот проект. Го сакам овој спорт и ...

Македонската ракомента репрезентативка Марија Јанкуловска во новата сезона ќе има нов предизвик. Јанкуловска во новата сезона заминува во Франција, каде ќе настапува за екипата на Париз 92. Во текот на минатата сезона таа го носеше дресот на Ѓорче Петров. “Многу сум возбудена што се приклучувам на Париз 92 и што започнувам ова ново поглавје! Едвај чекам да се запознаам со сите и да започнеме. Се радувам на напорната работа, да растеме заедно ...

Со биланс од три победи и три порази, машката одбојкарска репрезентација ги заврши настапите во Европската лига за оваа година. Избраниците на Јошко Миленкоски го реализираа планираното, но повредите на Љафтов и Маџинков на крајот не спречија можеби да се обидеме да направиме и некое изненадување. По завршувањето на главната фаза дел од нашите репрезентативци имаа значителен ефект на статистичката листа според прикажаното на шесте ...

На собранието на Италијанската фудбалска федерација (FIGC), Џовани Малаго беше избран за нов претседател со 68,58 проценти од гласовите во споредба со 29,17 проценти од гласовите за Џанкарло Абете, претставникот на аматерскиот фудбал кој беше претседател на FIGC меѓу 2007 и 2014 година. Поранешен меѓународен футсал играч, тој учествувал во организацијата на неколку големи спортски настани во Италија, како и во кандидатурата на Рим, која на ...

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 15 години загуби убедливо со 4:1 од селекцијата на Албанија на првиот пријателски натпревар одигран вчера. Албанија го отвори резултатот во 22-та минута, зголеми на 2:0 во 40-та минута, по што на почетокот на второто полувреме, нашите млади фудбалери намалија на 2:1. До крајот на мечот Албанија погоди уште двапати за конечни 4:1. Вториот пријателски натпревар на овие две селекции ќе ...

Јанис Адетокумбо ги напушти Милвоки Бакс и следната сезона ќе го носи дресот на Мајами Хит. Како што објави Шамс Чаранија, Милвоки и Мајами се согласија на размена во која Боби Портис се пресели во Флорида заедно со Јанис. Мајами испрати четири кошаркари во спротивната насока – Тајлер Хиро, Кел’ел Вер, Хаиме Жакес и Каспарас Жакучонис. Покрај тоа, Милвоки доби три пика во првата рунда од драфтот (вклучувајќи го и 13-тиот во претстојниот ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денес ги стартува квалификациите на Вимблдон. Нејзина ривалка во првата рунда од квалификациите ќе и биде шпанската тенисерка Анхела Фита Болуда (26 години). Ривалката на Ѓорческа се наоѓа на 213.место на ВТА ранг-листата и во кариерата има 10 турнирски победи на ИТФ турнири. Оваа година има одиграно четири финалиња и има само една победа. Најдобриот ранг и бил 190.место. Ѓорческа на Вимблдон има ...

Франција забележа убедлива победа од 3-0 над Ирак во второто коло од Групата И на Светското првенство, во натпревар кој беше прекинат два часа поради временските услови. Херој на натпреварот беше Килијан Мбапе, кој постигна два гола, додека Усман Дембеле постигна еден гол. Првата сериозна иницијатива на Французите беше крунисана во 14-тата минута кога Мбапе ја прими топката на околу 18 метри од голот и со прецизен моќен удар го совлада ...

Норвешка го победи Сенегал со 3:2 на стадионот „Метлајф“ во Ист Радерфорд во второто коло од Светското првенство, со што обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското првенство. Две минути пред полувремето Педерсен постигна гол за водство на „викинзите“, а на почетокот на второто полувреме, Халанд го дуплираше водството. Пет минути подоцна, Сар постигна гол за Сенегал, но тие славеа само пет минути, откако енергичниот Халанд постигна уште ...

Лионел Меси стана првиот играч кој стигнал до нокаут фазата на шест Светски првенства. Аргентина се пласираше во групната фаза на Светското првенство во 2026 година благодарение на победите над Алжир (3-0) и Австрија (2-0). Меси ги постигна сите голови на аргентинската репрезентација. 38-годишниот напаѓач учествува на своето шесто Светско првенство. Овој турнир е исто така шести за напаѓачот Кристијано Роналдо (Португалија) и голманот ...

Одлична вест за ФК Вардар на само неколку дена пред дуелот со финскиот првак КуПС во рамките на првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Бундеслигашот Мајнц прати допис до првакот на Финска дека истекува позајмицата за Ото Руопи. Малиот супер талент беше купен од германскиот тим за 1,3 милиони евра, но играше изминативе месеци како позајмен играч во КуПС. Тој на 1 јули треба да се јави на тренинг во Мајнц со што стана јасно дека ...

Лионел Меси вечерва не успеа да реализира удар од белата точка на натпреварот со Австрија. Новиот рекордер на Мундијалите промаши шест од своите 31 пенал за Аргентина. Меси има изведено 31 пенал за Аргентина, реализирајќи 25 (80,6% стапка на успех). Кристијано Роналдо има реализирано 22 од своите 32 обиди за Португалија (68,8%). Вкупно во кариераа, Меси има постигнато 114 гол од 147 пенали (77,6%), додека Роналдо има постигнато 183 гола во ...

Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и кога натпреварот Франција – Ирак ќе продолжи. Такви се строгите федерални закони во САД. Ова е првиот меч на Мундијалот да биде прекинат, поради грмотевици и лоши временски услови. Значи најавите се остварија дека во Филаделфија ќе има прекин. Колку ...

Нов спонзор до крајот на неделава…!!! Тоа е најавата од Куманово околу вестите поврзани со Башкими и актуелностите во клубот каде по завршувањето на сезоната и обезбедениот опстанок речиси и да нема ништо ново. Вчера капитенот Арменд Алими го објави своето повлекување од фудбалските терени а денеска има најави за нешто големо и убаво во таборот на „зелено-црните“. Спонзорот би бил од Турција и преговорите со истиот се во завршна фаза. Во ...

Шампионката на Вимблдон од 2023 година, моментално 122-ра на ВТА листата, чешката тенисерка Маркета Вондроушова, доби четиригодишна забрана за настап на тениски турнири поради избегнат допинг тест во декември 2025 година. Ова беше објавено во соопштение за медиумите од Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA). Според соопштението, на тенисерката и е забрането да тренира и да присуствува на натпревари под покровителство на ITF, ...

Женската селекција на Македонија за кошаркарки „Под 17“ години остави одличен впечаток на меѓународниот турнир „Рисинг старс“ во Букурешт, Романија. Избраничките на селекторот Виктор Петровски прикажаа квалитетни настапи во конкуренција на силни противници, остварувајќи две победи – против врсничките селекции на Романија и Молдавија, а единствениот пораз го претрпеа од домашниот тим кој настапи со нешто постара генерација. Освоеното второ ...

Македонската машка сениорска репрезентација ќе добие ново име во своите редови. Американскиот кошаркар ДиВејн Стјуарт Јуниор ќе биде новиот натурализиран играч на националниот тим, со што селекторскиот стручен штаб добива уште една квалитетна опција во бековската линија. Станува збор за кошаркар со сериозно американско потекло и богато натпреварувачко искуство. Роден на 28. јули 1999 година во Мисисипи, САД, Стјуарт е висок 198 сантиметри и ...

Манчестер Сити постигна договор со Челзи за ослободување на Енцо Мареска, кој е избран за наследник на Пеп Гвардиола на кормилото на „граѓаните“, објавува „Скај Спорт Италија“. Според информациите Сити ќе им плати околу 20 милиони евра на лондончани за да го откупат италијанскиот специјалист од неговиот тековен договор. Не е тајна дека Мареска беше главен фаворит за позицијата од моментот кога стана јасно дека Гвардиола ќе го напушти клубот. ...

Франција – Ирак 1:0 е резултатот по првото полувреме од дуелот во Филаделфија во рамките на 2.коло во групата И. Се играше 14.минута кога по додавање на Олисе, капитенот на “Триколорите“ распали од околу дваесетина метри за гол, за водство од 1:0. Ова беше негов 15 гол на Мундијалите со што се израмни со Роналдо Назарио на вечната листа, прв е Лео Меси со 18. Кога станува збор за ова СП, тогаш билансот, барем засега е Меси – Мбапе 5:3. ...

Историската ноќ во Далас, во која Аргентина ја победи Австрија со резултат од 2:0 и обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, донесе моменти кои одат подалеку од самиот фудбал. Додека Лионел Меси пишуваше нови страници од историјата на теренот, една многу посебна навивачка го привлече вниманието на светската јавност и телевизиските камери. На самиот крај од натпреварот, во моментите кога „гаучосите“ го приближуваа ...

И тоа го има во фудбалот. И тоа го има на Мундијалот. Иако на иранската фудбалска репрезентација конечно ѝ беше дозволено да учествува на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, оваа селекција се соочува со отворено непријателство на секој чекор. Поради комплицираните политички односи и тензиите на Блискиот Исток, Иранците се третираат како непожелни гости, иако спортот е над политиката. Да биде така, нивните апели никој не сака да ги ...

Репрезентацијата на Аргентина обезбеди пласман во нокаут фазата на Светското првенство откако ја победи Австрија со 2:0 во Далас, во 2. коло од Групата Ј. Натпреварот ќе остане запишан со златни букви во историјата на натпреварувањето поради новото, неверојатно достигнување на неповторливиот Лионел Меси, кој стана најдобар стрелец на светските првенства на сите времиња. Неверојатниот Аргентинец со два гола им донесе нова победа на ...

Шампионот Вардар денеска одигра контролен натпревар за време на подготовките во Норчиа, Италија, кој всушност беше еден засилен тренинг, со оглед на тоа што сите фудбалери кои се дел од подготвките беа поделени во два тима. Во првиот состав беа: Диковски, Пуељо, Матиќ, Мишковски, Дурански, Босанчиќ, Николов, Спахиу, Данев, Торес, Омерагиќ, додека им опонираа: Талески, Јанкулов, Најдовски, Велковски, Маневски, Тодоровски, Бабунски, Пиреш, ...

Утре нашите претставници во Лигата на Конференции, ќе одиграат пријателски натпревари. Шкендија ќе има “тест“ со Хајдук во Радомље (Словенија), каде што и е на подготовки. Мечот започнува во 18:15 часот. Ова ќе биде втор тест за тимот на Артим Положани откако на првиот славеше против Копер со 2:1. Покрај дуелот со хрватскиот гигант, Шкендија до крајот на подготовките во Словенија ќе одигра уште два контролни меча. Силекс утре во Охрид од ...

Жељко Обрадовиќ официјално се врати во Панатинаикос. Српскиот тренер одлучи да се врати во Атина и потпиша тригодишен договор со голем клуб. Јасно е дека при појавувањето на “Кралот“, како што го нарече газдата на Панатинаикос, во “Оака“ салата настана „лудница“. Фановите на “зелените“ и тоа му се израдуваа на најтрофејниот тренер во Еврологата. Свој коментар на прес – конференцијата имаше и самиот Обрадовиќ: „Бев тренер на Партизан и тогаш ...

На денешен ден во 1986 година, Диего Армандо Марадона ги постигна двата можеби најпознати гола во историјата на фудбалот. Секако, дури и 40 години подоцна, тие им наштетија на сите во Англија. Но, што и да направи најдобриот фудбалер на 21 век денес, мислиме на Лео Меси, тоа нема да може да се спореди со она што неговиот претходник во улогата на апсолутно божество на Аргентина, Диего Армандо Марадона, го направи на денешен ден, пред точно ...

ЕХФ денеска и официјално го објави списокот на учесници за следната сезона во Лигата на шампиони. Македонија повторно ќе има свој претставник, овој пат тоа е Вардар, кој доби вајлд-карта за да биде дел од елитното европско клупско натпреварување. Вардар е двократен европски првак, првата титула ја освои во 2017 година, а додека втората во 2019 година. Има три учества на фајнл-фор завршницата. Последен пат Вардар играше во елитното ...

Иако има уште доста до самиот старт на сезоната, како што е правилно, денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беа извлечени натпреварувачките броеви за екипите од Супер машката лига. Поточно, познат е распоредот на натпреварите во новата сезона. Во првото коло ќе имаме исклучително интересен и неизвесен дуел. Што се вели, „огнено крштевање“ за екипите на Охрид и Е.Пелистер, кој што на премиерата ќе гостува кај ...

Лео Меси испиша историја. Имено на мечот со Австрија, во рамките на 2.коло од групата И, во Далас,во 38.минута стрелаше за 1:0.Ова е неговиот 17-ти гол на СП со што сега е сам на врвот на листата ако се знае дека до пред овој гол го делеше второто место со Мирослав Клосе со по 16. Ова е негов четврти гол на вториот меч на овој Мундијал и тоа по првото полувреме кое заврши со тие 1:0 за светскиот првак. Да кажеме дека Лео во 8.минута не успеа ...

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација со нов селектор ќе настапи на Европското првенство кое оваа година ќе се одржи во пет земји: Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција од 3 до 20 декември оваа година. Според нашите информации, раководството на РФМ нема да ја продолжи соработката со Кристијан Грчевски чиј договор истече по завршување на квалификациите за ЕП. Во моментов се размислува за неговиот наследник, а најблиску ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
10.29
49%
1004
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
6.69
61%
992
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
92%
991
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
14.4
39%
1002
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
5.07
76%
999
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
97%
992
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
5.81
81%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
72%
1006
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
8.23
82%
1003
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 11ᴼ
0.45
92%
1000
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.13
97%
988
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
10.8
94%
1012
Currency

61.639

Currency

55.489

Currency

73.808

Currency

37.98

Currency

39.009

Currency

66.794

Currency

8.3274

Currency

0.66983

Currency

0.34781

Currency

0.52451

Currency

1.1042

Currency

0.59193

Калај

47.40

Алуминиум

3.01

Кобалт

33.53

Злато

124908.87

Платина

48836.98

Паладиум

31700.64

Цинк

3.79

Бакар

12.41

Родиум

294983.10

Иридиум

324722.54

Рутениум

61086.42

Сребро

1620.38