Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери. Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за продажба на Едуардо Камавинга или Орелиен Чуамени ова лето. Федерико Валверде не е во игра за трансфер, и покрај интересот од Англија. Реал Мадрид го смета уругвајскиот играч од средниот ред за клучен играч во идниот проект. Се очекува Валверде да остане редовен играч во Реал Мадрид, ...
Шпанија ја покажа својата вистинска сила и ја обезбеди првата победа на Мундијалот. Вечерва, шпанската фудбалска репрезентација ја декласираше Саудиска Арабија со 4:0 и дојде на врвот во групата Х. Актуелните шампиони на Европа го подобрија својот впечаток и го искажаа својот гнев по неочекуваното реми во првото коло против Зеленортските острови. Во 10-тата минута по убава акција и асистенција од Ојарзабал, Јамал постигна гол за 1:0. Ова ...
По само неколку дена откако беше потврден неговиот трансфер во Казахстан, Јани Атанасов веќе ја запиша и првата асистенција во тамошниот шампионат. Македонскиот репрезентативец во дресот на Актобе имаше успешно деби во новиот клуб Актобе. Атанасов асистираше во 55. минута од мечот за победа на Актобе над Астана со 2:0. По само неколку дена откако беше потврден неговиот трансфер во Казахстан, Јани Атанасов веќе ја запиша и првата ...
Македонската кошаркарска репрезентација е поразена од Бугарија со убедливи 97-68 на пријателскиот меч во рамките на подготовките за претквалификациските дуели против Ирска и Луксембург за Европското првенство 2029. Бугарија го отвори мечот со 12-2, водеше и со 18-15, после првата четвртина беше 28-20. Во втората четвртина, Македонија успеа да дојде на негатива од шест поени 39-33, но тука и застана. Противникот пред одморот дојде на плус 16 ...
Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески од Таеквондо клуб Бутел освои златниот медал на престижниот меѓународен турнир Г1 Сараево Опен во категоријата кадетки до 51 килограм. Во првото коло Тунески беше слободна како прв носител, а потоа следуваа победите над Доргу од Турција со 2:0, над Ткачева од Русија со 2:0, над Сивиќ од БиХ со 2:0 во полуфиналето и во финалето триумф над Гушева од Русија со 2:0. Младата македонска ...
Јапонија го продолжи својот импресивен настап на Светското првенство во 2026 година, со убедлива победа од 4-0 против Тунис, проследена со огромни прослави низ целата земја. Илјадници навивачи излегоа на улиците на Токио и други градови за да го прослават еден од најубедливите триумфи на „Самураите“ на Светското првенство. Особено беше живо на познатиот премин Шибуја, каде што навивачите се собраа носејќи знамиња, шалови и дресови на ...
Уште еден податок за тоа колкава фудбалска величина е Лука Модриќ. Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација ќе го има својот 200-ти настап за „коцкестите“ против Панама, станувајќи само четвртиот играч што стигнал до „Клубот 200“. Само тројца играчи ја достигнале оваа неверојатна бројка. Кристијано Роналдо има 229 настапи за Португалија, по него Кувајќанецот Бадер Ал-Мутава со 202, а Аргентинецот Лионел Меси неодамна се приклучи на ...
Андреас Трајковски го освои 4. место во скок во далечина на Балканското првенство во атлетика за сениори и сениорки, кое овој викенд се одржува во Волос, Грција. Својот најдобар резултат Андреас го оствари во шестата серија, кога скокна 7,68 метри, што му го донесе четвртото место во исклучително силна конкуренција. Борбата за медалите беше на највисоко ниво, а за место на победничкиот подиум беше потребен скок над 8 метри. Златниот медал го ...
Откако САД, Мексико и Германија го обезбедија првото место во своите групи, започнаа пресметките за можните соперници во елиминациската фаза. Токму поради ова, потенцијалниот судир меѓу двете европски суперсили, Франција и Германија, привлекува сè поголемо внимание. Со победата над Брегот на Слоновата Коска, Германија го обезбеди врвот во својата група и според сегашните проекции, ја чека малку полесен противник во првиот нокаут натпревар. ...
Кошаркарите на Алба на сензационален начин ја освоија титулата шампион на Германија. Во „мајсторката“ против Баерн (М) на гостински терен, Алба направи неверојатно враќање од -20 поени и на крајот славеше за титула. Екипата од Берлин денес го победи Баерн Минхен со резултат 84:81 и ја доби серијата со 3:2. Ова беше последниот натпревар во одличната тренерска кариера на Светислав Пешиќ, славниот Србин кој планираше да се збогува со титула. ...
Најтрофејниот европски тренер на сите времиња, Жељко Обрадовиќ, ќе биде шеф на тренерскиот штаб на Панатинаикос од Атина по втор пат во својата кариера. Денеска, 21 јуни, поранешниот тренер на Партизан и жива легенда на европската кошарка официјално беше назначен за тренер на грчкиот клуб, објави сопственикот Димитрис Јанакопулос. Како што објави SDNA, како и други грчки медиуми, деталите од договорот на Обрадовиќ се познати. „Најголемиот ...
Ете и тоа го има на Мундијалот. Добра причина да се прекршат правилата. Холандскиот крал Вилем-Александар и кралицата Максима отидоа во соблекувалната на Курасао по историскиот бод против Еквадор. Иако надвор од протоколот, кралската брачна двојка отиде во соблекувалната за да им честита на играчите на прекуокеанската територија на Холандија и на селекторот Дик Адвокат. Со нив беше и најмладата ќерка – принцезата Аријана. Ова не е прв пат ...
Постои голема веројатност да го добиеме првиот одложен меч на СП. Временската прогноза за Филаделфија во САД е за грмотевици доцна во понеделник попладне по локално време. Таму ќе се одржи вториот натпревар на Франција од Групата И на Светското првенство против Ирак (почеток во 23 часот часот по македонско време во понеделник наспроти вторник). Иако сè уште не се во сила, правилата за грмотевици се исклучително строги. Временската прогноза ...
Машката репрезентација на Македонија на кошаркари „Под 17“ години со пораз од Романија (син тим), 92:74, го заврши својот настап на турнирот „Рисинг старс“ во Букурешт. Домашната селекција имаше две одлично одиграни четвртини, првата и третата. Период од играта во кој се стекна со решавачката предност на овој меч, последен за двете селекции на турнирот во главниот град на Романија. Романците подобро го отворија натпреварот, во првата ...
Германија победи против Брегот на Слоновата Коска со 2-1 во второто коло од Светското првенство благодарение на головите на Дениз Ундав, со што обезбеди пласман во второто коло. Тимот на Јулијан Нагелсман доби шест бода, но го загуби својот стартен голман. Нико Шлотербек (26), дефанзивец на Борусија Дортмунд, почувствува проблем со левата нога по само 13 минути, откако се судри со Амада Дијало. Лекарите му ставија мраз на глуждот и тој се ...
Марк Маркез, возач на фабричкиот тим на Дукати, ја освои трката за Големата награда на Чешка, одржана на патеката во Брно во Мото ГП. Ова е 101-та победа во кариерата што ја забележал 33-годишникот од Сервера. Аи Огура стартуваше од првата позиција, а 25-годишниот Јапонец му се спротивстави на дуото од фабричкиот тим на Дукати до крајот на вториот круг. Губеше сила, па беше престигнат од Франческо Бањаја, а веднаш потоа и од Маркез. Секако, ...
Пелистер се засили со средниот српски бек Алекса Колаковиќ, кој во редовите на битолскиот тим доаѓа од Сант-Рафаел. Станува збор за српски репрезентативец, кој е деветто засилување во таборот на Лино Червар. „Мозаикот за сезоната 2026/27 го комплетираме со доведување на уште еден среден бек. Нов член на Еурофарм Пелистер е Алекса Колаковиќ, кој се обврза на договор на една сезона, со опција за уште една. Се работи за 28-годишен српски ...
Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски е атрактивен за бројни тимови ова лето. После успешната епизода во дресот на Тренто, тој би можел да остане во Италија. Тамошните медиуми пишуваат дека Јакимовски има добра понуда од Наполи, тим каде што тренер е Јасмин Репеша и во следната сезона ќе се натпреварува во ФИБА Еврокупот. Тој е на мета и на Валенсија, тимот за кого настапуваше Ненад Димитријевиќ. Јакимовски во Серија А имаше просек ...
Трагична вест доаѓа од Островот. Светот на фудбалот беше потресен од тажната вест од Велс. Марк Хјуз, прославениот велшки фудбалер и тренер, објави дека неговиот син Алекс Хјуз починал ненадејно на 38-годишна возраст. Оваа неочекувана загуба го остави семејството Хјуз во длабока жалост. Во кратко соопштение за медиумите, Марк Хјуз побара разбирање и почитување на приватноста во овој исклучително болен период. Иако не играл фудбал ...
Во напад од страна на двајца 16-годишни платени убијци во Еквадор загина едно лице, а шест други беа повредени. Инцидентот се случил во саботата додека група луѓе на улица гледале квалификациски натпревар за Светското првенство помеѓу Еквадор и Курасао. Според локалните власти, нападот се случил во центарот на градот Ибара, главен град на покраината Имбабура, која се наоѓа северно од Кито. Среде фудбалски натпревар, двајца платени убијци ...
Шведска претрпе тежок удар на Светското првенство, бидејќи поразот од 5-1 од Холандија не само што ја прекина еуфоријата по воведната победа над Тунис, туку и го сруши негативниот рекорд стар речиси седум децении. По импресивното отворање на Светското првенство и убедливата победа од 5-1 над Тунис, шведската репрезентација доживеа болен пад веќе во следната рунда. „Трите круни“ претрпеа тежок пораз од Холандија со идентичен резултат, со што ...
Еден ден пред неговиот 52-ри роденден, првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, го доби најубавиот подарок – од Жељко Обрадовиќ! Судејќи според објавата на Јанакопулос на Инстаграм, може да се заклучи дека Обрадовиќ ја прифатил неговата понуда и дека ќе го води тимот на Панатинаикос од клупата во следната сезона. „Кралот се врати“, напиша Јанакопулос, додавајќи дека „приказната продолжува“. Жељко Обрадовиќ е симбол на најголемиот ...
И дефинитивно Дениз Ундав е новиот херој на фудбалска Германија. Токму тој е виновникот што не “пукна“ сензација на мечот со БСК, туку со два гола им донесе победа на “Панцерите“. Инаку Дениз Ундав има интересна животна приказна. Фудбалската планета бруи за човекот кој до вчера преживуваше работејќи напорни смени во фабрика, а денес го живее својот сон на најголемата спортска сцена. Успесите на големата сцена честопати кријат неверојатни и ...
Интересно. Во денешната програма на СП ќе играат осум селекции во четири меча, кои во 1.коло ремизираа и сите имаат по еден бод во групите Х и Г. Во второто коло од Групата Х на Светското првенство во 2026 година, Шпанија и Саудиска Арабија влегуваат во натпреварот со по еден бод, свесни дека уште еден неуспех сериозно ќе ги искомплицира нивните амбиции за натамошно пласирање. „Фуријата“ разочара во првиот натпревар, играјќи само 0-0 против ...
Мундијалот во САД, Мекиско и Канада, го „гази“ второто коло на „големо“ што се вели, и мечевите се редат како на лента. Фудбалските фанатици се преокупирани со најголемиот турнир на планетава, и ужваат во секој момент. Некои селекции ја покажуваат силата, некои разочаруваат, а Спортспорт со стручна анализа ви пренесува зошто е тоа така. Денеска е редот на Горазд Михаилов да ги прокоментира синоќешните мечеви од турнирот во кои доминираа ...
Легендарниот Златан Ибрахимовиќ даде сензационална изјава дека Соединетите Американски Држави би можеле да станат светски шампиони на нивното домашно Светско првенство. Швеѓанецот ја даде оваа претпоставка по втората победа по ред на САД во Групата Д – 2-0 против Австралија – што ја испрати екипата на Маурисио Покетино во нокаут фазата. „Можат ли да станат светски шампиони? Да. Ако не верувавте, почнете да верувате. Тие ја имаат земјата зад ...
После убедливиот пораз од Романија и катастрофалната игра, македонската женска кошаркарска репрезентација денеска дојде до победа против Романија Yellow, поточно вториот тим на земјата домаќин на турнирот „Rising Stars“. „Црвено-жолтите“ славеа со убедливи 93-26, за издвојување е последната четвртина во која далеку помладиот состав на Романија успеа да запише само еден (1) поен. Македонија го намали бројот на грешки, сосема логично кога ...
Фудбалската репрезентација на Курасао успеа да го освои својот прв бод на Светското првенство во својата историја против Еквадор. Натпреварот заврши со резултат 0:0, а првото име на натпреварот беше српскиот зет Елој Рум. Ова е голманот на Курасао кој направи неверојатни 15 одбрани и заработи рејтинг од 10 на Софаскор. Српскиот зет влезе во историјата со тоа што направи најмногу одбрани на еден натпревар на Светското првенство кој не ...
Легендарниот центарфор Игор Проти почина завчера на 59-годишна возраст од рак на дебелото црево, а телото на долгогодишниот капитен на Ливорно беше донесено на стадионот „Армандо Пичи“ во тој град. Проти беше испратен од 7.000 „тифози“ на тимот од италијанската трета лига, а навивачите на Ливорно пееја во чест на единствениот човек кој беше најдобар стрелец во Серија А, Серија Б и Серија Ц. Имаше и транспаренти со неговиот лик. Igor Protti ...
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изгради своја колекција луксузни чанти, кои нормално почесто се гледаат во рацете на сопругите и девојките на фудбалерите. Норвешкиот фудбалер веќе собра импресивна колекција чанти Хермес, чија вредност се проценува на повеќе од 650.000 фунти (околу 754.000 евра), пишува Дејли Меил. Халанд, кој наводно заработува 500.000 фунти неделно (околу 580.000 евра), не ја крие својата страст кон скапите ...