Репрезентациите на Австралија и Парагвај го одиграа веројатно најздодевниот натпревар на досегашниот тек од Светското првенство. Средбата во Сан Франциско заврши без победник, со реми кое апсолутно им одговараше на двете селекции за остварување на нивните цели. На популарните „Сокероси“ им беше потребен само еден бод за да го потврдат второто место во Групата Д и директниот пласман во 1/16 финалето. Од друга страна, Парагвајците знаеја дека ...

Репрезентациите на Јапонија и Шведска одиграа нерешено 1-1 во рамките на Групата Ф, резултат кој на крајот се покажа како добитна комбинација и за двете селекции да обезбедат пласман во нокаут-фазата на Светското првенство. Натпреварот понуди две различни лица. По едно прилично тактичко и тивко прво полувреме, во кое двете екипи играа претпазливо и без премногу енергија, вистинската возбуда пристигна по паузата. Блицкриг во второто полувреме: ...

Репрезентацијата на Еквадор приреди вистински фудбалски спектакл и оствари огромна победа од 2-1 против фаворизираната Германија на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. Иако Јужноамериканците се најдоа во негатива уште во раната фаза од натпреварот, тие покажаа неверојатен карактер и со целосен пресврт стигнаа до три бода кои речиси сигурно им гарантираат пласман во 1/16 финалето на Светското првенство. Натпреварот започна шокантно за Еквадор. ...

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска испиша нова страница во својата фудбалска историја, обезбедувајќи пласман во нокаут-фазата на Светското првенство за првпат досега! Африканската селекција ја оправда фаворитската улога и со 2-0 го совлада симпатичниот тим на Курасао, ставајќи крај на нивната дебитантска мундијалска авантура. На „Слоновите“ им беше потребен само еден бод за да го потврдат пласманот во 1/16 финалето (откако во ...

Женскиот фудбал добива еден од најголемите трансфери во својата историја! Двократната освојувачка на Златната топка, Алексија Путељас, одлучи својата кариера да ја продолжи во англиската Женска Суперлига (WSL), приклучувајќи се на екипата на Лондон Сити Лајонесес. Триесет и двегодишната Шпанка, која се смета за една од најдобрите фудбалерки на сите времиња, во мај ја напушти Барселона по цели 14 години минати во каталонскиот гигант. Според ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го живее својот најголем спортски сон. Откако ја испиша најубавата страница во историјата на македонскиот тенис со пласманот во главниот ждреб на Вимблдон, таа утре (петок) официјално ќе го дознае името на нејзината противничка за дебито на култните тревнати терени во Лондон. Со овој епски успех, 31-годишната Тетовчанка стана првиот претставник од Македонија кој ќе настапи во поединечна ...

Македонската тениска комбинација составена од Калин Ивановски и Амар Хусеиновиќ продолжува со одличните изданија на ИТФ М25 турнирот во Загреб. Нашето дуо денеска забележа сигурна победа во четвртфиналната пресметка и обезбеди пласман меѓу најдобрите четири двојки на турнирот. Македонските тенисери беа подобри од полско-аргентинската комбинација Пјотр Галус и Факундо Тумоса, совладувајќи ги со максимални 2-0 во сетови (6-4, 6-4). За триумфот ...

Македонија за првпат ќе има свој претставник на главната сцена на најпрестижниот светски тениски турнир! Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, ја испиша најубавата и најзначајната страница, не само во својата кариера, туку и во целокупната историја на македонскиот тенис. Во третото и одлучувачко коло од квалификациите за Вимблдон, нашата хероина одигра натпревар за паметење и на доминантен, супериорен начин ја совлада фаворизираната ...

Македонските Дејвис куп репрезентативци продолжуваат со одличните настапи на ИТФ М25 турнирот во Загреб. Калин Ивановски и Олег Приходко запишаа вредни победи во второто коло и си обезбедија пласман во четвртфиналето во поединечна конкуренција, потврдувајќи ја својата одлична форма на хрватската земја. Калин го доби нервниот тест против братот на Циципас Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, одигра исклучително тврд и изедначен ...

Топката е дефинирачка карактеристика на секое Светско првенство. Во фудбалот, таа е еквивалент на четката на уметникот или инструментот на музичарот – дизајнирана за најдобрите играчи на планетата да ги покажат своите вештини. За Мундијалот 2026 година, Адидас ја претстави „Трионда“ (Trionda), топка која претставува врв на спортската наука, аеродинамиката и модерната технологија. Поминаа дури три и пол години развој и околу 300 лабораториски ...

Вчера, по фантастичната победа над Катар од 3-1, најавивме дека Босна и Херцеговина има 99% шанси за историски пласман во нокаут-фазата на Светското првенство. Денес, тој 1 процент на неизвесност е избришан – Босна и официјално патува во следната рунда! Избраниците на Сергеј Барбарез ја завршија групната фаза на третото место во Групата Б, со 4 освоени бода и гол-разлика од -1. Со оглед на новиот формат на Мундијалот (каде 8 од 12-те најдобри ...

Историскиот пласман на Босна и Херцеговина во нокаут-фазата на Светското првенство донесе ерупција од радост, но еден играч посебно го украде шоуто. Станува збор за 18-годишниот Керим Алајбеговиќ, чиј спектакуларен гол против Катар не само што го отвори патот кон победата, туку и ги препиша страниците на фудбалската историја. Со точно 18 години и 276 дена, Алајбеговиќ стана најмладиот стрелец за Босна и Херцеговина на Светските првенства, но ...

Репрезентацијата на Јужна Африка испиша златни страници во својата фудбалска историја! Со победата од 1-0 над Јужна Кореја во Монтереј, популарните „Бафана Бафана“ за првпат обезбедија пласман во нокаут-фазата на еден Мундијал. Со овие златно вредни три бода, Јужна Африка го освои второто место во Групата А, веднаш зад перфектното Мексико. До ова лето, африканската нација немаше играно на Светско првенство уште од 2010 година кога беа ...

Репрезентацијата на Мексико ја заврши групната фаза на Светското првенство со максимален ефект, откако со убедливи 3-0 ја совлада Чешка во мечевите од Групата А. Со оваа трета победа во низа, без ниту еден примен гол на турнирот, кодомаќините супериорно го заверија првото место и ги елиминираа Чесите, кои си заминуваат дома со само еден освоен бод. Натпреварот во Мексико Сити понуди фудбалски спектакл пред повеќе од 80.000 навивачи, но и два ...

Репрезентацијата на Мароко забележа победа од 4-2 над Хаити во еден од највозбудливите натпревари на овогодинешниот Мундијал, одигран пред фантастична публика во Атланта. Африканската селекција мораше двапати да се враќа од негатива, пред Суфијан Рахими и Гесим Јасин во последните 12 минути да го скршат отпорот на карипската нација и да ги обезбедат трите бода. И покрај победата, полуфиналистите од Мундијалот во 2022 година не успеаја да ја ...

Натпреварот во Мајами требаше да биде историска шанса за Шкотска за пласман во нокаут-фазата, но се претвори во вистински кошмар. Репрезентацијата на Бразил со убедливи 3-0 славеше на „Хард Рок“ стадионот, рутински обезбедувајќи го првото место во Групата Ц и оставајќи ги Шкотите да стравуваат за својот мундијалски опстанок. Избраниците на Стив Кларк знаеја дека и еден бод ќе им заврши огромна работа, но наместо дисциплинирана одбрана, тие им ...

Репрезентацијата на Бразил вечерва во Мајами ќе се соочи со Шкотска во клучниот натпревар од третото коло, со јасна цел – заверка на првото место во Групата Ц на Светското првенство. Избраниците на Карло Анчелоти влегуваат во овој дуел со четири освоени бодови, исто колку и селекцијата на Мароко. Бидејќи нивниот меѓусебен натпревар заврши без победник, вкупната гол-разлика ќе го одлучи победникот во групата доколку двете репрезентации слават ...

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина оствари историски резултат на Светското првенство! Во фантастичен натпревар одигран во Сиетл, балканската селекција со 3-1 го совлада Катар и направи огромен чекор кон својот прв пласман во нокаут-фазата на еден Мундијал. Ова е само втора победа за Босна на Светските првенства во нејзината историја, по триумфот над Иран во дебитантскиот настап во 2014 година. Избраниците на Сергеј Барбарез ја завршија ...

Репрезентацијата на Швајцарија го потврди својот статус на константна фудбалска сила, откако вечерва во Ванкувер ја совлада домашната селекција на Канада со 2-1 и го осигура првото место во Групата Б. Со овој триумф, Швајцарците испишаа импресивно достигнување – тие станаа само четвртата нација во светот, рамо до рамо со гигантите Бразил, Аргентина и Франција, која успеала да ја мине групната фаза на секое од последните четири Светски ...

Водечките светски тенисери одлучија да го прошират својот протест поврзан со распределбата на наградните фондови и на претстојниот Вимблдон, и покрај тоа што организаторот значително ги зголеми паричните награди за дури 20%. По примерот од неодамнешниот Ролан Гарос, каде што дел од играчите ги ограничија своите прес-конференции, на неофицијалното светско првенство во тенис бојкотот ќе оди чекор подалеку. Симболиката на 15-те минути ...

Лос Анџелес Лејкерс навреме ја завршија една од најважните задачи за ова лето. Одличниот бек Остин Ривс се согласи на нов четиригодишен договор вреден вртоглави 185 милиони долари за да остане во тимот. Според извори од лигата, 28-годишниот Ривс претходно одби играчка опција од „само“ 14,9 милиони долари со цел да стане слободен агент. Сепак, тој ја прифати новата понуда за време на ексклузивниот прозорец за преговори што го имаат тимовите со ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжува својата фантастична приказна во Лондон. Со импресивен пресврт и голема борба, Лина успеа да се пласира во третото, последно коло од квалификациите на престижниот гренд слем Вимблдон, откако со 2-1 во сетови (5-7, 6-2, 6-1) ја совлада Франциска Жорге од Португалија. За триумфот на теренот број 10 беа потребни точно два часа и 23 минути игра. Иако Португалката го доби првиот сет во ...

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец, Калин Ивановски, забележа одличен почеток на ИТФ М25 турнирот во Загреб, Хрватска. Нашиот најдобар тенисер успешно ја скокна првата пречка во поединечна конкуренција откако за само 82 минути игра славеше над чешкиот тенисер Јан Фацек со максимални 2-0 во сетови (6-2, 6-3). Ивановски уште од самиот почеток наметна свое темпо на игра. Во првиот сет, тој направи два рани брејка – во првиот и во петтиот ...

Четиринаесеттиот натпреварувачки ден на Светското првенство ни носи возбудливи пресметки во Групите А, Б и Ц со стартот на третото коло од групната фаза. Бразилците сакаат да продолжат во победнички ритам, Мексико веќе размислува за нокаут-фазата, додека Швајцарија и Канада ќе водат директна битка за врвот. Еве што нè очекува денеска на мундијалските терени. Швајцарија – Канада (Група Б) Почеток: Стадион: Наше очекување: И двете репрезентации ...

Светските првенства не се само формации, тактики и контроверзни ВАР одлуки – тие се и суеверија, традиција и неверојатен фолклор кој најчесто доаѓа од африканскиот континент. Да бидеме брутално искрени, да не беа африканските репрезентации и нивните колоритни навивачи, Мундијалот дефинитивно ќе беше многу подосаден! Ако ги следите мечевите, сигурно досега го забележавте навивачот на Гана кој со бебешка пудра прави „магии“ на трибините. А, ...

Селекторот на репрезентацијата на Бразил, Карло Анчелоти, потврди дека напаѓачот на Барселона, Рафиња, дефинитивно ќе го пропушта последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство против Шкотска. 29-годишниот фудбалер заработи повреда во 40-та минута од убедливиот триумф над Хаити (4-0). Самиот играч преку социјалните мрежи порача дека ќе направи сè што е во негова моќ за побрзо да се рехабилитира и да се врати на терените. Оваа ...

Сликата на која англискиот фудбалер Џуд Белингем ја покрива устата додека разговара со Џордан Ају од Гана за време на нивното реми (0-0) во Бостон предизвика бројни контроверзии на Светското првенство. Новото правило воведено за Мундијалот во 2026 година јасно предвидува дека играчите можат да добијат црвен картон доколку ја кријат устата додека му зборуваат на противникот. Сепак, Белингем не беше исклучен по прегледот на ВАР системот, а ...

Воведувањето на задолжителните паузи за хидратација во 22-та и 67-та минута од секој натпревар на Светското првенство предизвика лавина од реакции и критики од фудбалската јавност. Голем дел од играчите, тренерите и стручните аналитичари сметаат дека овие прекини го уништуваат природниот ритам на играта. Сепак, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, цврсто застана во одбрана на новото правило, нарекувајќи го „чисто спортска материја“ и ...

Репрезентацијата на Колумбија обезбеди место во нокаут-фазата на Светското првенство, откако го скрши отпорот на ДР Конго со победа од 1-0. Со оваа втора по ред победа, Колумбијците го презедоа врвот во Групата К и се пласираа во најдобрите 32 екипи. Носени од фантастичната поддршка на мнозинството навивачи во Гвадалахара, Колумбијците наметнаа немилосрдно темпо уште во првите 20 минути. Сепак, на реализацијата се чекаше дури до 76-та минута. ...

Во ноќ исполнета со историско значење за хрватскиот фудбал, избраниците на Златко Далиќ успеаја да ја преживеат незгодната Панама и со минимални 1-0 да ги задржат шансите за пласман во нокаут-фазата на Мундијалот. Откако првото полувреме помина во знакот на бледата игра на „Коцкестите“ и опасен висок пресинг од страна на Панама, селекторот Далиќ мораше да реагира со две офанзивни замени на паузата. Потегот вроди со плод речиси веднаш. Во ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.25
31%
1016
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
2.25
44%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.29
54%
1015
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.34
41%
1017
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.0
40%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.37
81%
1016
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
2.68
44%
1011
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.06
26%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.34
34%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
2.6
55%
1015
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
0.89
38%
1016
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 25ᴼ
3.85
78%
1014
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Родиум

274085.11

Цинк

0.00

Алуминиум

3.25

Паладиум

43499.96

Сребро

1994.05

Рутениум

53852.50

Платина

56135.20

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Бакар

13.51

Калај

56.46

Злато

136962.18