Кога играат Реал Мадрид и Црвена Звезда, возбудата на теренот е загарантирана, но вечерашниот дуел во 38-то коло на Евролигата во „Визинк Центар“ доби посебна тежина поради гостите во првиот ред. Две од најголемите спортски икони на денешницата, Новак Ѓоковиќ и Лука Дончиќ, беа главните ѕвезди покрај аут-линијата. За Лука Дончиќ ова не беше само обична посета, туку вистинско враќање дома. Словенечкиот „волшебник“, кој моментално заздравува од ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски игра фантастична сезона во Италија, а неговите константни и зрели партии очигледно не останаа незабележани од европските великани. Во најновите кошаркарски кулоари ширум Европа, сè погласно се зборува за трансфер кој би бил огромен чекор напред за македонската кошарка. Според последните информации, шпанскиот гигант Валенсија е сериозно заинтересиран да го доведе 25-годишниот крилен ...

Манчестер Сити денеска официјално потврди дека еден од нивните најсакани и највлијателни фудбалери во историјата, Бернардо Силва, ќе го напушти клубот по завршувањето на оваа сезона. По девет години поминати во синиот дел на Манчестер, португалскиот „волшебник“ реши дека е време за нов предизвик, оставајќи зад себе наследство кое тешко ќе се повтори. Бернардо се обрати до јавноста со емотивно писмо во кое се заблагодари на клубот, соиграчите ...

Македонскиот кошаркарски талент Андреј Шошкиќ прави огромен чекор напред во својата кариера во американската студентска НЦАА лига. По фантастичната дебитантска сезона во дресот на универзитетот „Стони Брук“, младиот плејмејкер официјално објави дека прави трансфер и од следната сезона ќе го носи дресот на престижниот универзитет Јужна Флорида (South Florida Bulls). Овој потег доаѓа како круна на неговите извонредни настапи изминатава година, ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите противници за групната фаза на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи на крајот од оваа година (од 3 до 20 декември 2026). Ждрепката, која се одржа во полскиот град Катовице, ги смести нашите најдобри ракометарки во исклучително силна и предизвикувачка група. Македонија е дел од Групата Б, каде што ќе ги одмери силите со моќната Норвешка (актуелен европски и светски ...

Лионел Меси се соочува со сериозни правни предизвици откако промотерската компанија „ВИД“ од Мајами поднесе тужба против него и Фудбалскиот сојуз на Аргентина. Причината е претрпената голема финансиска штета настаната поради неодигрувањето на еден од договорените пријателски натпревари на „гаучосите“. Договор со „тежина“ од седум милиони долари Според наводите во тужбата, компанијата „ВИД“ склучила договор со Аргентинскиот фудбалски сојуз ...

Покрај спектаклот во Минхен, другиот натпревар меѓу Арсенал и Спортинг можеби не ни понуди многу фудбалско уживање, но затоа послужи како инспирација на многубројни интернет мемиња. И за да не мора да барате вие, ние на едно место ви ги собравме најдобрите смешни моменти инспирирани од вчерашната ноќ во Лигата на шампионите. Уживајте и смејте се почесто! Have to admit this made me laugh. pic.twitter.com/bwYUt7I2Fy — Frank Khalid OBE ...

Дека доминацијата на Баерн Минхен во Бундеслигата е без преседан, најдобро потврдува најновата вест од Германија. Славниот шампионски пехар, популарно наречен „Meisterschale“ или „салатара“, едноставно остана без место за гравирање на името на новиот шампион. Поради тоа, ДФЛ (Германската фудбалска лига) мораше да нарача итна модификација на трофејот, кој сега е поголем и потежок од кога било досега. Просторот е обезбеден до 2056 година ...

Кога заврши натпреварот на „Емирати“, на лицата на фудбалерите на Арсенал не видовме еуфорија, туку чиста исцрпеност. Вилијам Салиба и неговите колеги не скокаа од радост – тие се срушија на тревата. Ова беа 90 минути во кои Арсенал не „играше“ фудбал, туку „работеше“ за пласман во полуфиналето. По разочарувањето против Борнмут, „Топчиите“ покажаа дека во нивниот ДНК сега е впишана една нова особина: способноста да се извлече резултат и кога ...

Македонската „Куќа на фудбалот“ денеска е центар на европскиот фудбал. На покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, во официјална посета на Скопје престојува претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Оваа посета не е само протоколарна, туку претставува моќна потврда за одличните односи меѓу ФФМ и европската куќа на фудбалот, како и за личната поддршка која Чеферин ја дава за развојните процеси во нашата земја. Дипломатска офанзива: ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, не го криеше огромното разочарување по завршувањето на спектакуларниот реванш во Минхен. Иако неговиот тим покажа карактер и се бореше до последен здив, елиминацијата од Баерн (4-3) остави горчлив вкус кај младиот стратег, кој по натпреварот прстот го впери кон судењето. За Арбелоа, клучниот момент кој го скршил отпорот на неговиот тим бил црвениот картон на Едуардо Камавинга во финишот на средбата. ...

Натпреварот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид започна со визуелно ремек-дело на трибините на „Алијанц Арената“. Навивачите на германскиот гигант уште еднаш докажаа зошто важат за едни од најкреативните во Европа, приредувајќи кореографија која го одзема здивот. Пред самиот почеток на четвртфиналниот реванш, преку трите нивоа на славната јужна трибина (Südkurve), се појави огромно црвено-бело знаме во форма на легендарниот дрес на Баерн. Unreal ...

Постојат натпревари кои завршуваат со последниот свиреж на судијата, а постојат и такви кои остануваат да „живеат“ во мислите на навивачите со денови. Тоа што синоќа го приредија Баерн Минхен и Реал Мадрид на „Алијанц Арената“ беше потсетник зошто овој спорт е планетарен феномен. Во ера на досадни тактички надмудрувања и претерана контрола, добивме натпревар со „одвртени потенциометри“ до максимум. Ако некогаш сте се запрашале зошто сè уште ...

Највозбудливиот дел од кошаркарската сезона само што не започна. НБА лигата официјално го објави распоредот за првата рунда од плејофот, каде нè очекуваат епски пресметки на Исток и на Запад. Првите натпревари започнуваат в сабота, на 18 април. ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА: Филаделфија закажа пресметка со Бостон! На Истокот, најголемо изненадување се Детроит Пистонс кои влегуваат како број 1 и го чекаат победникот од последната плеј-ин битка меѓу ...

Легендарниот хрватски борец Мирко Филиповиќ, попознат како Кро Кап повторно ги вжешти социјалните мрежи. На својот Инстаграм профил, Кро Кап објави фотографија од својата приватна теретана во загрепски Борчец која никого не остави рамнодушен. На 51-годишна возраст, Мирко изведува беспрекорна шпага, докажувајќи дека неговата флексибилност и физичка подготвеност се на истото ниво како во неговите најславни тинејџерски денови. Фановите буквално ...

Ракометниот свет повторно го има вперено погледот во Берлин. Матијас Гидсел продолжува да игра во вонземски ритам, а неговата последна статистика предизвикува еуфорија меѓу фановите: дали оваа сезона ќе биде запишана како најдобра во неговата кариера? Матијас Гидсел повторно е во голгетерски транс. Додека најсилната лига во светот, германската Бундеслига, влегува во својот епски финиш, данскиот „волшебник“ во дресот на Фуксе Берлин одново ја ...

Српскиот ракомет е пред вистинска револуција, а во центарот на овој голем пресврт е белградски Партизан. Црно-белите веќе не се задоволуваат со просечност, туку подготвуваат историска трансформација со која планираат повторно да ја стават Србија на самиот врв на европската ракометна мапа. „Ел Команданте“ се враќа на Балканот Проектот кој го започнува клубот е повеќе од амбициозен и со право се нарекува најголемиот спортски „бум“ во регионот ...

Голден Стејт Вориорс ја продолжуваат својата мисија за влез во плејофот откако синоќа во Инлвуд славеа над Лос Анџелес Клиперс со 126-121. Иако влегоа како 10-ти носители со негативен скор во регуларниот дел (37-45), искуството на „воините“ пресуди во клучните моменти. Стеф Кари уште еднаш покажа зошто е најголемиот стрелец во историјата. По бледото прво полувреме, Кари постигна 27 од своите вкупно 35 поени во вторите две четвртини, ...

Македонската кошарка ќе има свој претставник во големото финале на регионалната АБА 2 лига! Екипата на ТФТ од скопско Тафталиџе продолжи да испишува историја, совладувајќи ја црногорска Сутјеска Електропривреда со 90:77 во вториот натпревар од полуфиналната серија. Со оваа импресивна победа пред својата публика, избраниците на тренерот Боро Смилковски со максимални 2:0 ја затворија серијата против фаворизираниот противник и се изборија за ...

Баерн Минхен обезбеди место во полуфиналето на Лигата на шампионите по неверојатна фудбалска војна против Реал Мадрид, која заврши со победа на Баварците од 4-3 (6-4 вкупно). Во натпревар кој понуди сè што фудбалот може да даде, тимот на Копани закажа полуфинална пресметка со Пари Сен Жермен. Првото полувреме беше вистинско „лудило“ во кое беа постигнати дури пет гола. Реал Мадрид водеше во три наврати, но Баерн имаше одговор на секој удар. ...

Овој пат не се шегуваме, време е за вистинските факти: Тимот на Микел Артета одигра цврсти 0-0 против Спортинг на „Емирати“, што по победата од 1-0 во Лисабон беше доволно за пласман во полуфиналето. За првпат во својата историја, Арсенал успева да стигне до две последователни полуфиналиња во Лигата на шампионите, каде овојпат ги чека пресметка со Атлетико Мадрид. Спортинг ги стресе „Емирати“, стативите го спасија Раја Иако Арсенал ја имаше ...

Шпанскиот тениски ас Карлос Алкараз нема да го продолжи настапот на АТП турнирот во Барселона. Иако вчера славеше во воведното коло против Ото Виртанен, денешните дополнителни медицински тестови потврдија дека повредата на десниот зглоб е посериозна отколку што првично се мислеше. Со ова повлекување, Алкараз ја загуби и шансата експресно да се врати на врвот на АТП листата, што значи дека Јаник Синер ќе остане светски број еден и по следната ...

Вечерашниот реванш од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид започна со вистински гром од ведро небо. Младиот турски бисер на „кралевите“, Арда Ѓулер, ја замолкна „Алијанц Арената“ по само 34 секунди игра, искористувајќи ја кардиналната грешка на Мануел Нојер. Искусниот голман на Баерн излета далеку од својот гол, а Ѓулер со хируршка прецизност од околу 30 метри ја префрли топката преку него за водство на Реал ...

Кошаркарскиот клуб Партизан официјално го потврди враќањето на еден од најсаканите странци во историјата на клубот. Искусниот француски центар Жофри Ловерњ потпиша договор со „црно-белите“, враќајќи се во средината каде што стекна статус на легенда и стана првиот странец капитен во историјата на белградскиот гигант. 34-годишниот Ловерњ доаѓа од екипата на Кувајт СЦ, каде што доминираше во Западноазиската Суперлига со просек од 18,5 поени и ...

Главниот град на Македонија се подготвува за еден од најголемите младински спортски настани во својата историја. Од 20 до 29 април, Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во ракомет за ученици (ISF Skopje 2026), на кое учество ќе земат 23 земји од целиот свет. Организаторите на денешната прес-конференција порачаа дека градот е подготвен да ги пречека младите спортисти и да покаже дека Македонија е врвен домаќин на големи меѓународни ...

Елиминацијата од ПСЖ во Лигата на шампионите падна во втор план по веста која ги потресе навивачите на Ливерпул. Најдобриот стрелец на тимот оваа сезона, Хуго Екитике, се соочува со повеќемесечна пауза поради сомнеж за скината Ахилова тетива. Францускиот напаѓач го напушти теренот на носила уште во првото полувреме на реваншот против својот поранешен клуб. Првичните медицински прогнози се застрашувачки, а доколку се потврди руптурата, Екитике ...

Вечерва во Минхен, Реал Мадрид ќе се обиде да ја анулира негативата од 1-2 против Баерн и да обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Но, во пресрет на овој спектакл, главна тема во Мадрид се изјавите на Џуд Белингам, кој на официјалната прес-конференција искрено прозборе за својата нова, поповлечена улога под водство на Алваро Арбелоа. Младиот Англичанец, кој во првите две сезони во „кралскиот клуб“ редеше голови и ...

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, стави точка на шпекулациите за заминувањето на Антонио Конте на селекторското столче на Италија. Во интервју за „The Athletic“, тој порача дека Конте е премногу голем професионалец за да го напушти шампионскиот проект во Неапол. Проектот е негово „бебе“ Италија е во потрага по наследник на Џенаро Гатузо, а Конте е прв фаворит. Сепак, Де Лаурентис смета дека лојалноста на тренерот кон Наполи е ...

Ламин Јамал никогаш не криел дека Нејмар е еден од неговите најголеми идоли, играчот чии видеа ги гледал како дете и чиј „шмек“ се обидува да го пренесе на теренот. Синоќа, токму неговиот идол му ја пружи најголемата поддршка во најтешкиот момент. По болниот пораз на Барселона од Атлетико Мадрид и елиминацијата од Лигата на шампионите, младиот Јамал се најде во центарот на вниманието (и секако на мета на дел од критичарите) поради еден потег ...

Битолски Еурофарм Пелистер не губи време во креирањето на тимот за следната сезона. Актуелниот шампион на Македонија потврди дека организацијата на нападот и во иднина ќе биде во рацете на словенечки ракометар. Нов член на „зелено-белите“ е Миха Котар, кој доаѓа како големо засилување од редовите на српскиот првак Партизан. 27-годишниот среден бек потпиша двегодишен договор со клубот од Битола, со што Пелистер добива стабилност и креативност ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
29%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
36%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
64%
1009
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
27%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.23
44%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
90%
1010
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.66
37%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
68%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
5.81
40%
1013
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
6.17
42%
1008
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
42%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Платина

64172.89

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.57

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Паладиум

48883.97

Бакар

12.06

Иридиум

253540.09

Калај

50.03