Барселона скапо ја плати победата над Атлетико Мадрид (3-1). Иако натпреварот донесе радост и зголемена предност на врвот на Ла Лига, денешните медицински прегледи донесоа лоши вести за Ханзи Флик: Дани Олмо има дислокација на левото рамо. Клубот потврди дека Олмо ќе биде надвор од терените околу еден месец. Повреден при постигнување на гол Иронијата да биде поголема, Олмо се повреди токму во моментот кога го постигна клучниот гол за водство ...

Искусниот македонски репрезентативец, Александар Трајковски (33), официјално е нов фудбалер на хрватскиот прволигаш Локомотива Загреб. Трајковски се приклучува на „Локосите“ како слободен играч, со цел да ја засили офанзивата на тимот од „Крањчевиќева“. Ние претходно во рамките на нашиот „ДОСИЕ“ серијал јавно му порачавме на македонскиот репрезентативец дека е потребно да најде редовен клуб, па оваа вест особено нè радува оваа вест. Враќање ...

Синоќа на натпреварот меѓу Манчестер Сити и Фулам, норвешката „гол машина“ Ерлинг Халанд, стигна до 100-от погодок во Премиер Лигата, а тоа го направи со нов рекорд. Имено, тој стана играчот кој најбрзо стигнал до 100 погодоци во 111 натпревари, надминувајќи го и легендарниот Алан Ширер, кој до својот 100-ти гол стигна по 124 одиграни натпревари во далечната 1995 година. „Ова е огромно достигнување. Навистина сум горд. Секако дека е големо ...

Со триумфот над Тулуз, Вардар 1961 не само што го потврди пласманот меѓу 16-те најдобри во Европската лига на ЕХФ, туку и официјално ја дозна својата судбина за Главната групна фаза. Македонскиот тим во новоформираната Група 3 ќе ги вкрсти копјата со моќниот германски Мелсунген и португалската Бенфика. Веќе е познат и прелиминарниот распоред за пролетниот дел од сезонава, каде што секој натпревар ќе биде битка за место на завршниот турнир. ...

Светот на тенисот вчера доживеа вистинска драма, откако се појавија информации дека легендарната Серена Вилијамс ги поднела потребните документи за враќање на терените, само за таа експресно да ги демантира гласините на социјалните мрежи. Драмата започна кога Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ITIA) за „ББЦ Спорт“ потврди дека 44-годишната Вилијамс повторно е ставена на листата на играчи регистрирани во базенот за ...

Едвардс ја однесе Минесота преку продолжение во ноќ на историски ритам (149–142) Минесота го освои Њу Орлеанс со натпревар во кој Ентони Едвардс изгледаше како да го турка целиот тим сам. Постигна 44 поени и погоди пет тројки во второто полувреме, но најмногу од сè ја покажа својата решителност во последните секунди. Со неговиот продор низ рекетот го одведе мечот во продолжение на само 2.3 секунди пред крајот, а таму го презеде шоуто заедно ...

НБА лигата го објави признанието за најдобри играчи за октомври и ноември, а на Запад очекувано, наградата отиде во рацете на центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ. Во Источната конференција, наградата ја понесе Кејд Канингем од Детроит Пистонс. За Јокиќ, ова е деветта награда за Играч на месецот во неговата кариера, што е нов рекорд за франшизата на Денвер Нагетс. Доминација во бројки и тројни-дабл серии Јокиќ, трикратниот МВП, го ...

Премиер лигата понуди уште една вечер на неизвесност, но фокусот беше на „Сент Џејмс Парк“, каде што Кристијан Ромеро стана херој во последен миг. Во другиот натпревар, Евертон ја потврди својата одлична гостинска форма со минимална победа над Борнмут. Тотенхем – Њукасл 2-2: Акробација на Ромеро во 95. минута Тотенхем избегна и шести пораз на последните осум натпревари, благодарение на спектакуларниот погодок на својот капитен Кристијан ...

Барселона покажа импресивен карактер, правејќи целосен пресврт за да го совлада Атлетико Мадрид со 3-1 на „Камп Ноу“, со што ја зголеми предноста на врвот на табелата во Ла Лига на четири бода пред Реал Мадрид. Победата против директен ривал за титулата му даде добредојден поттик на тимот на Ханси Флик по нестабилните перформанси. Натпреварот беше важен за Каталонците, кои влегоа со малку нервоза по тешкиот пораз од Челси во Лигата на ...

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, повторно испиша историја во Премиер лигата. Со гол постигнат против Фулам во вечерва, норвешкиот феномен го достигна магичниот број од 100 постигнати голови и тоа го направи со рекордна брзина, побрзо од кој било друг играч во историјата на натпреварувањето! Халанд ја затресе мрежата на својот 111-ти натпревар во Премиер лигата, соборувајќи го долгогодишниот рекорд на легендарниот Алан Ширер, кој до ...

Манчестер Сити ја зголеми нервозата кај лидерот Арсенал, откако во натпревар што понуди вистинско голгетерско шоу го совлада Фулам со 5-4 на „Крејвен Котиџ“. Победата носи три бода, но на површина ги извади сите маани и доблести на тимот на Пеп Гвардиола, кој од сигурни 5-1, за малку не доживеа целосен колапс. Вечерта сепак ќе остане запаметена по историскиот момент: Ерлинг Халанд стана најбрзиот играч што достигнал 100 гола во Премиер ...

Ракометарите на Вардар 1961 триумфално ја заокружија групната фаза во Европската лига на ЕХФ, совладувајќи го францускиот Тулуз со високи 37-35 (16-18) во СЦ „Јане Сандански“. Иако „црвено-црните“ веќе имаа обезбедено место во Топ 16, победата беше крунисана со одлични вести од Шведска: победата на Кристијанштад над Сесвете значи дека Вардар ќе пренесе максимални два бода во Главната фаза на натпреварувањето! Комбинаторика и комплетен пресврт ...

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе влезат во конкуренција за претстојното Европско првенство (Men’s EHF EURO 2026) во Данска, Шведска и Норвешка. Лазаров се одлучи за очекуваниот круг на играчи, фокусирајќи се на јадрото кое во голема мера е градено од македонската домашна лига. Овој список ќе биде стеснет за завршните подготовки и настапот на самото ...

Милано синоќа беше домаќин на престижната манифестација „Гран Гала дел Калчо“ (Gran Galà del Calcio 2025), италијанскиот еквивалент на наградите на професионалните фудбалери, каде беа прогласени најдобрите поединци и тимови од сезоната 2024/2025. По сезоната што заврши со титула, доминацијата беше очекувана – Наполи и Интер го поделија најголемиот дел од признанијата, но сепак, „Партенопеи“ излегоа како најголеми победници. Мектоминеј е играч ...

Ноќта во НБА понуди интензивни пресврти, индивидуални експлозии и неколку изненадувања што ја тресат табелата. Атмосферата беше исполнета со неизвесност, а тимовите што дојдоа како аутсајдери ја кренаа главата највисоко. Феникс одигра импресивно и без Девин Букер и ја прекина серијата на Лејкерс Феникс наиде на сериозен предизвик уште во првата четвртина кога Девин Букер го напушти теренот поради повреда. Сепак, наместо да паднат, Санс ја ...

Шок на „Ренато Дал’Ара“! Болоња ја пропушти шансата да се доближи на само бод до лидерите Милан и Наполи, откако вечерва беше поразена од храбрата Кремонезе со 1-3. Херој на вечерта не беше некоја млада италијанска надеж, туку 38-годишната легенда на Лестер, Џејми Варди, кој потсети на своите најдобри денови и постигна два гола за голема победа на гостите. „Старецот“ сè уште гриза Кремонезе дојде во Болоња со јасен план на Давиде Никола, ...

Крај на авантурата. Сандро Вагнер (38) повеќе не е шеф на стручниот штаб на ФК Аугсбург. По серијата од четири порази во последните пет натпревари и елиминацијата од купот, клубот одлучи да ја прекине соработката со поранешниот германски репрезентативец. Иако Вагнер дојде како голема надеж и стартуваше со победа од 3-1 против Фрајбург, работите брзо тргнаа надолу. Во 11-те натпревари што следеа, Аугсбург забележа само две победи, а „капак“ на ...

Големото дерби на Турција помеѓу Фенербахче и Галатасарај заврши без победник (1-1), но понуди драма каква што доликува на „Суперлигата“. „Лавовите“ беа на прагот на голема победа среде Кадиќој, но резервистот Џон Дуран го шокираше лидерот во длабокото судиско продолжение. Сане погоди, ВАР поништи гол на Фенер Галатасарај поведе во 27. минута. Лерој Сане доби топка од Бариш Алпер Јилмаз и со прецизен удар од далечина го совлада Едерсон, ...

Тоа беше епска одисеја. Предизвик достоен на своето име. По 34 години, низ банкрот, испаѓање и неверојатна борба за опстанок, бродот на Викинг ФК конечно влезе во пристаништето на славата. Со убедлива победа од 5-1 над Волеренга на последниот ден од сезоната, тимот од Ставангер ја освои титулата во норвешката Елитесериен, оставајќи ги на второ место Бодо/Глимт со само еден бод помалку. Кога судискиот свиреж означи крај, експлозијата од радост ...

Светската фудбалска опсерваторија (CIES) во соработка со IMPECT, објави листа на најперспективните играчи од средниот ред до 18 години. На самиот врв, со индекс од 75.5, се наоѓа име кое звучи познато, но за кое македонската фудбалска јавност може само да жали, Василије Костов. Младиот бисер на Црвена Звезда ги остави зад себе талентите како Нејтан Де Кат (Андерлехт) и Адријан Лахдо (Хамарби), потврдувајќи дека е „вундеркинд“ од светска ...

Во последниот натпревар од 15. коло на Првата македонска фудбалска лига, Шкендија ја оправда фаворитската улога и славеше минимална, но значајна победа над Работнички со 1-0 во Тетово. Со овој триумф, „црвено-црните“ се вратија на победничките патеки по двата врзани порази (од Арсими и Дрита), додека „романтичарите“ продолжија да тонат на дното на табелата. Натпреварот беше решен уште во раната фаза. Во 5. минута, Трумчи и Ибраими одиграа ...

Словенечкиот фудбал врти нов лист. По седум години, 75 натпревари и незаборавниот настап на ЕУРО 2024, Матјаж Кек повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Словенија. Договорот на искусниот стратег истече на 30 ноември, а по разговорот со претседателот на федерацијата (НЗС), Раденко Мијатовиќ, донесена е заедничка одлука соработката да не продолжи. Од херој во Германија до разочарување во квалификациите Кек, кој ја водеше ...

Ракометната репрезентација на Македонија ќе добие огромно засилување во бековската линија. Левиот бек на Вардар, Дмитро Хориха, официјално потврди дека ја прифатил поканата да го облече „црвено-жолтиот“ дрес. Украинецот, кој неодамна доби македонски пасош, во ексклузивна изјава за „МакСпорт“ откри дека веќе разговарал со селекторот Кирил Лазаров и дека одбројува до моментот кога ќе дебитира. „Сакам да играм за Македонија, се е договорено!“ ...

Македонската кошаркарска репрезентација го заврши ноемврискиот „прозорец“ со максимален учинок. Две победи (над Азербејџан и Ирска) и прво место во групата А од претквалификациите за Евробаскет 2029. Селекторот Марјан Илиевски не го крие задоволството, не само од резултатите, туку од карактерот и енергијата што ја покажаа неговите избраници, особено на жешкиот терен во Даблин. За пресвртот и „тепачката“ во Даблин Илиевски признава дека ...

Балканското дерби во Сараево понуди сè што може да посака еден кошаркарски фан – пресврти, тензија, полна сала и неизвесност до последната секунда. Во пеколна атмосфера во салата „Мирза Делибашиќ“, Србија славеше тесна победа над Босна и Херцеговина со 72-74, зачувувајќи го перфектниот скор во квалификациите (2-0). Домаќините, носени од фантастичната публика, имаа сè во свои раце. На почетокот на последната четвртина, БиХ водеше со 61-53 по ...

Денес беше објавено дека натпреварот меѓу Ајакс и Гронинген ќе се доигра во вторник, но овој пат зад затворени врати. Причината е прекинот кој вчера беше предизвикан при резултат од 0-0, откако навивачите на Ајакс запалија огномет кој почна да паѓа по целиот терен. Од мечот беа одиграни само шест минути, а мораше итно да биде прекинат поради безбедноста на играчите, како и повлекување на навивачите од трибините. Погледнете каква беше ...

По четири години, 48 натпревари и едно историско чудо во Палермо, ерата на Благоја Милевски на кормилото на македонската фудбалска репрезентација заврши. Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука да не му понуди нов договор на Милевски, чиј мандат официјално истече вчера, на 30 ноември 2025 година. Зошто сега? Потрага по „нова енергија“ Иако Милевски ја однесе Македонија во Б дивизијата ...

Финалето на МЛС Купот 2025 е поставено: Интер Мајами го пречекува Ванкувер Вајткепс, а победникот ќе го подигне трофејот „Филип С. Аншуц“. Иако двата клуба, кои за првпат играат во финалето, стигнаа до завршницата по сосема различни патишта, централната приказна на овој натпревар е ретката и драматична пресметка меѓу двете генерациски ѕвезди: Лионел Меси и Томас Милер. Ова ќе биде нивен 11-ти меѓусебен дуел за клуб и репрезентација, а ...

Натпреварот меѓу Кристал Палас и Манчестер Јунајтед на „Селхерст Парк“ влезе во историјата на Премиер лигата, откако судијата Роб Џонс, по консултација со ВАР, го наложи повторно изведување на пеналот за Палас, иако Жан-Филип Матета го реализираше својот прв обид! Клучната причина лежи во релативно новото правило во Премиер лигата, кое беше имплементирано за првпат токму во овој момент. The reason for Jean-Philippe Mateta’s retaken penalty ...

Неделната програма во Серија А беше одбележана со тактички дуели и важни победи кои ја затегнаа борбата за врвот на табелата. Наполи со тешка победа го израмни бодовното салдо со лидерот Милан, додека Интер успешно се рехабилитираше по серијата порази. Тактичкиот мајстор Конте ја доби битката во Рим: Рома – Наполи (0-1) Актуелниот шампион Наполи повторно ги потврди своите амбиции за титулата, славејќи минимална, но тактички брилијантна победа ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
61%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
69%
1012
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.98
72%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
59%
1012
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
45%
1017
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
40%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
56%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
49%
1013
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
84%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
52%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9138

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Платина

66744.95

Злато

152465.86

Калај

52.70

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Бакар

12.46

Алуминиум

3.53

Паладиум

49351.40

Иридиум

253540.09