Атланта ја расипа вечерта на Ембид (142-134 2ОТ) Филаделфија чекаше момент за враќање на Ембид, но доби драма што ја припадна на некој друг. Џејлен Џонсон ја презеде улогата на антихерој за домашната публика и со две тројки во најтешките секунди го однесе мечот таму каде што Атланта е најкомотна, во хаосот. И тоа не едно, туку две продолженија. Мекси ја носеше Филаделфија како да е на лична мисија, но двeта промашени слободни фрлања во ...

Кога се чинеше дека Еурофарм Пелистер сигурно чекори кон победа со комотни 23-16 во 40. минута, ракометарите на Алкалоид режираа епско враќање кое ќе се прераскажува. Избраниците на Кире Лазаров се вратија од „мртвите“ и извлекоа херојско реми од 26-26 во салата „Боро Чурлевски“. Како се „стопија“ седум гола разлика? Битолчани доминираа во првиот дел и почетокот на вториот, предводени од расположениот Дејан Манасков (9 гола) и голманот Никола ...

Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, предизвика вистинска бура во англискиот фудбал откако беше исклучен во поразот од Ливерпул (0-2), а веднаш по мечот јавно ја критикуваше Фудбалската Асоцијација (ФА). Пакета, кој штотуку се врати од суспензија, доби два брзи жолти картони за приговор кон судијата во 84. минута. Неговото „неразумно однесување“, како што го нарекоа коментаторите, Пакета го искористи за да се пресмета со ФА на ...

Мохамед Салах има историја на „Лондон Стадиум“, но токму ова можеби беше денот кога Ливерпул започна да пишува ново поглавје во својата историја, движејќи се кон новата генерација без него. Со клучната победа од 2-0 на гости против Вест Хем, тренерот Арне Слот донесе храбра одлука која одекна низ целата Премиер лига, оставајќи го големиот Египќанец на клупата. Ова беше првпат по април 2024 година Салах да биде изоставен од стартниот состав, ...

Неделната програма во Премиер лигата донесе низа од драми, враќања во игра и пресврти, а најголемите вести се врзани за враќањето во форма на двата гиганти од „Олд Трафорд“ и „Енфилд“, како и за импресивниот скок на Астон Вила. Кам-бек на Јунајтед: Зиркзе и Маунт го скршија проклетството во Лондон Манчестер Јунајтед успеа да го скрши своето проклетство на „Селхерст Парк“, запишувајќи победа од 2-1 над Кристал Палас, која ги врати во Топ 6. ...

Македонската кошаркарска репрезентација мораше да се испоти 38 минути за да го скрши отпорот на Ирска, но на крајот славеше важна победа од 76-88 во вториот меч од претквалификациите за Евробаскет 2029. Иако на хартија фаворити, нашите момци се соочија со мотивиран домаќин кој во еден момент имаше и двоцифрена предност. Сепак, класата на Јакимовски и враќањето на Вајли беа пресудни. Ireland 76 - 88 Macedonia 1 Од -11 до пресврт ...

Вардар не дозволи никакво изненадување на свој терен и со резултатска и играчка доминација го декласира последнопласираниот Шкупи со убедливи 6-1, сигурно го задржувајќи го врвот на табелата во ПМФЛ. Иако гостинскиот голман Гроте успеа да одолее цели 36 минути со неколку одбранети удари, по постигнувањето на првиот гол, следеше вистинска лавина од голови. Одбраната на Шкупи беше скршена во 36-та минута. Закариќ шутираше од далечина, а топката ...

Лондонското дерби на „Стемфорд Бриџ“ беше сè освен досадно. Во тензичен и борбен натпревар со седум жолти и еден црвен картон, Челси, и покрај тоа што играше со 10 играчи повеќе од еден час, го сопре Арсенал, одигрувајќи 1-1. Овој резултат не беше целосно посакуван за „Топџиите“, но им овозможи да ја зголемат предноста на врвот на табелата на пет бода пред Манчестер Сити. Црвениот картон на Каиседо и дисциплинската криза Натпреварот беше ...

По лесниот тренинг со Азербејџан, македонските кошаркари ги очекува вистинскиот тест. Вечерва од 18:00 часот, во Националната Арена во Даблин, Македонија гостува на Ирска во вториот натпревар од претквалификациите за Евробаскет 2029. Капитенот Војдан Стојановски е свесен дека овој меч ќе биде сосема поинаков од оној во Скопје. „Ирците се поквалитетен противник од Азербејџан. Најважно е да ја играме нашата игра и да покажеме 40 минути борба. ...

Повеќе од една деценија, македонската фудбалска репрезентација беше синоним за брендот „Јако“. Со тој бренд испишавме историја, игравме на ЕУРО 2020 и ги победивме Германија и Италија. Но, секоја ера има свој крај. Од 2026 година, Македонија врти нов лист и влегува во „високото друштво“. Нашиот национален тим ќе го носи логото на светскиот гигант, Адидас. Додека со нетрпение го очекуваме официјалното решение, „Спортска Станица“ со помош на ...

Премиер лигата ја затвори саботната драма со уште два натпревари кои донесоа шок, фуриозен старт и прекин на долга лоша серија. Додека на гостувањето Њукасл славеше со стил, во Лондон се случи колапс на „Спарс“ кој ги остави навивачите бесни. Како „Спарс“ се самоуништија на домашен терен Тотенхем Хотспур ја продолжи својата „Џекил и Хајд“ форма, доживувајќи шокантен пораз од Фулам (1-2) на домашен терен, кој беше и прва гостинска победа за ...

По два дена интензивни состаноци, разговори и обиди да се најде заеднички јазик, едно стана јасно: Жељко Обрадовиќ не се враќа на клупата на Партизан. Раководството на клубот, предводено од претседателот Остoја Мијаиловиќ и Извршниот одбор, влезе во серија од консултации уште од средата. Во петокот следеше и клучниот состанок со Обрадовиќ, што траеше повеќе од два часа, со отворена и искрена дискусија за сите проблеми кои го притискаат тимот ...

Ракометарите на Вардар 1961 продолжија да „газат“ сè што е пред нив на домашната сцена. „Црвено-црните“ ја забележаа својата четиринаесетта победа во четиринаесеттиот натпревар сезонава, откако во дербито на денот, пред полни трибини во СРЦ „Билјанини Извори“, славеа над амбициозниот ГРК Охрид со 28-26 (14-13). За тимот на Борис Ројевиќ, ова беше прв пораз на домашен терен оваа сезона, но Вардар покажа стабилност и не подлегна на притисокот ...

Барселона го постигна она што беше најважно најважно денес, а тоа се три бода и скок на првото место во Ла Лига. Но, победата од 3-1 против Алавес на „Спотифај Камп Ноу“ започна со вистински шок. Каталонците мораа да режираат брз и ефикасен пресврт, откако веќе во првата минута се најдоа во негатива. По корнер од десната страна, топката дојде до Пабло Ибањез, кој рутински ја смести во мрежата на домаќините за шокантно водство од 0-1. Меѓутоа, ...

Какво отворање на 13-то коло во Премиер лигата! Саботното попладне донесе дожд од голови, неверојатни пресврти и драми во судиското надополнување. Манчестер Сити мина низ пеколот и назад за да ги освои трите бода, додека Сандерленд режираше чудо на „Стадионот на светлината“. Фоден е херојот на „Етихад“: Сити испушти 2-0, па славеше во 91-ва! Манчестер Сити преживеа вистинска драма против Лидс Јунајтед, славејќи со 3-2 благодарение на Фил ...

Во рамките на 15. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Тиквеш забележа убедлива победа на гостувањето кај АП Брера, додека Пелистер и Македонија ЃП одиграа драматично реми во Битола. Тиквеш доминантен во Струмица (0-4) Кавадарчани покажаа класа против АП Брера, славејќи со високи 0-4. Работата ја завршија уште во првото полувреме преку Иван Ивановски (14′) и Мартин Стојанов (34′), кој постигна прекрасен гол од речиси мртов агол. ...

Групната фаза на „Emirates NBA Cup“ го достигна своето вжештување. Петочната програма донесе разврска во неколку групи, а фаворитите на Запад, ЛА Лејкерс и Оклахома Сити Тандер, ја потврдија својата доминација со максимален учинок. На Исток, Њујорк и Орландо ги заверија билетите за нокаут фазата. Еве што ја одбележа ноќта во најсилката кошаркарска лига: Дончиќ и Ривс го расипаа враќањето на Ентони Дејвис во ЛА Во најзвучниот дуел на вечерта, ...

Некои спортски приказни вредат да се раскажат, дури и откако ќе стивнат првичните емоции. Кон средината на овој месец (14 и 15 ноември), Куманово дишеше во ритамот на ватерполото. Она што го најавивме како „Мастерс Куп 2025“ ги надмина очекувањата, не само поради натпреварувачкиот жар, туку поради неверојатната енергија и дружба која ги обедини ветераните од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија и Велика Британија. На крајот, пехарот замина ...

Фудбалерите на Хетафе се вратија на победничките патеки во Ла Лига, откако со минимални 1-0 го совладаа Елче на домашен терен. Со овој триумф, Хетафе се искачи на работ на топ шест екипите во шпанската лига. Натпреварот беше решен во вториот дел, кога во 56-тата минута, уругвајскиот среден ред, Мауро Арамбари, успеа да ја допре топката по ударот на Кико Феменија и да ја пренасочи во мрежата на Елче. Иако гостинскиот тим доминираше во поседот ...

Комо ќе влезе во декември меѓу првите шест екипи во Серија А, откако со победа од 2-0 над Сасуоло ја продолжи својата неверојатна серија од 12 натпревари без пораз во сите натпреварувања (6 победи, 6 нерешени). Тимот на Цеск Фабрегас уште еднаш покажа дека е сериозен кандидат за излез во Европа, а особено се сигурни кога играат дома, покрај езерото. Со совршен скор од 3-0 во голови постигнати во првите 15 минути на домашните натпревари, не ...

Тензиите помеѓу двата најголеми шпански гиганти повторно зоврија. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, остро реагираше на неодамнешните изјави на Флорентино Перез за време на собранието на Реал Мадрид, обвинувајќи го „кралскиот клуб“ дека страда од „Барселонитис“. Во своето обраќање од Андора, Лапорта не штедеше зборови, тврдејќи дека Реал Мадрид користи изговори за да ги оправда своите постапки, додека истовремено врши притисок врз ...

Фудбалот во Кратово денеска повеќе наликуваше на борба за преживување отколку на игра. На терен кој беше на границата на регуларноста, потопен во вода и кал, екипата на Арсими се покажа како поснаодлива и приреди големо изненадување, совладувајќи го фаворизираниот Силекс со 1-3. Натпреварот доцнеше 20 минути поради очајната состојба на теренот, но тоа не ги спречи гостите од Чегране да ја искористат секоја грешка на домаќините. Хуриќ шокираше ...

Поминаа точно 10 години од денот кога еден момак, кој до скоро играше во аматерските лиги, испиша историја во Премиер лигата. На денешен ден, во 2015 година, Џејми Варди стана првиот играч кој постигнал гол на 11 натпревари по ред во ерата на Премиер лигата, надминувајќи го рекордот на Руд ван Нистелрој. „It’s eleven, it’s heaven for Jamie Vardy!“ Натпреварот против Манчестер Јунајтед беше моментот на вистината. Кристијан Фухс испрати ...

По лудиот симулатор кој ја забавуваше јавноста вчера, денеска добиваме нешто многу посериозно. Корисникот на Reddit, smala017, креираше софистицирана анализа базирана на 1.000.000 (еден милион) симулации на ждрепката за Светското првенство 2026, почитувајќи ги сите ригорозни правила на ФИФА. Оваа „heat map“ графика прецизно покажува колкава е веројатноста (во проценти) секоја репрезентација да се најде во иста група со друга. 2026 World Cup ...

Името Ленарт Карл повеќе не се шепоти во кампусот на Баерн Минхен, тоа одекнува низ Европа. 17-годишниот плејмејкер, кој пред само неколку години стана интернет сензација со еден неверојатен гол, сега е најмладиот стрелец на Баерн во Лигата на шампионите и е клучната искра во новиот проект на Винсент Компани. Неговиот гол против Арсенал во Лигата на шампионите минатата недела не беше само израмнување, туку вистинско ремек-дело кое го потврди ...

Србија беше на работ на сензационален пораз на стартот од квалификациите за Светското првенство 2027, но со спектакуларен пресврт успеа да ја совлада Швајцарија со 90-86. Гостите во Белград приредија шок во првото полувреме, погодувајќи дури 9 тројки (од 12 обиди), вклучувајќи го и „проектилот“ на Селим Фофана од половина терен за неверојатни 34-57 на паузата. WHAT IS HAPPENING IN BELGRADE?!?!🤯#FIBAWC l #StepItUp pic.twitter.com/FI2s4GVpz4 ...

Македонската кошаркарска репрезентација имаше стар од соништата во претквалификациите за Евробаскет 2029, декласирајќи го Азербејџан. Сепак, селекторот Марјан Илиевски повикува на смиреност и брзо „архивирање“ на овој меч, бидејќи веќе в недела следи нов предизвик, гостувањето кај Ирска во Даблин. Илиевски не го криеше задоволството од хемијата во тимот, иако подготовките беа кратки. „Морам да ја пофалам тимската хемија и енергија која постои ...

Полека, но сигурно започнува викендот во Катар, а неизвесноста за шампионската титула расте… Откако Мекларен имаа двојна дисквалификација во Лас Вегас поради подот на болидот, Макс Верстапен сега има шанса да ја намали разликата пред финалната трка во Абу Даби. Па, во моменти кога тензијата расте, а полека се откриваат картите на тоа што се сè правело за да се обезбеди предност, Ред Бул решија да се пошегуваат со своите конкуренти во Катар. ...

Фудбалскиот клуб Ред Бул Салзбург им гостуваа на Болоња, а она што гостите први го забележаа е бескрајниот тунел кој води кон теренот. Тие го објавија видеото, а многу фудбалски фанови се пошегуваа на сметка на тунелот на Болоња, кој изгледа како да трае една цела вечност! "Einmal schnell durch den Spielertunnel aufs Feld." Der Spielertunnel:#BFCSAL #UEL pic.twitter.com/7mmTLc6d85 — FC Red Bull Salzburg (@RedBullSalzburg) November 27, 2025 ...

Светското првенство 2026 се ближи, а со него и првиот голем скандал. ФИФА се соочува со закана од правна битка откако одлучи да ја суспендира казната на Кристијано Роналдо и да му дозволи да настапи на првите натпревари на Мундијалот. Роналдо (40) заработи директен црвен картон за удар со лакт врз Дара О’Шеј на натпреварот против Ирска, што автоматски значи суспензија од три натпревари. Тој веќе пропушти еден меч (против Ерменија), но според ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
61%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
69%
1012
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.98
72%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
59%
1012
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
45%
1017
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
40%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
56%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
49%
1013
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
84%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
52%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9138

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Платина

66744.95

Рутениум

51376.89

Бакар

12.46

Иридиум

253540.09

Паладиум

49351.40

Калај

52.70

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Алуминиум

3.53

Злато

152465.86

Сребро

2534.46