Градот Радовиш од денеска е побогат за значајно спомен-обележје кое ќе сведочи за најсветлите денови на македонското борење. Во присуство на голем број граѓани, поранешни и сегашни спортисти, свечено беше откриен споменикот „Биста на Борачите“. Овој монумент е симбол на почит кон легендарната генерација на Боречкиот клуб „Бучим“, која пред точно 30 години го искачи Радовиш и Македонија на самиот врв на Стариот континент. Сеќавање на златната ...

Словенечката доминација во ски-скоковите продолжува. Домен Превц стана само десеттиот скокач во историјата кој успеал да врзе пет последователни победи во Светскиот куп, откако триумфираше на првиот натпревар во Енгелберг, Швајцарија. Иако по првата серија беше на третото место, Превц со фантастичен скок од 142 метри во втората серија успеа да ги прескокне конкурентите и да стигне до нови 100 бода. View this post on Instagram A post shared by ...

Швајцарската скијачка ѕвезда во подем, Фрањо вон Алмен, покажа што значи „сè или ништо“ пристап. Само еден ден по спектакуларниот пад во супер-џи, 24-годишниот Швајцарец се врати на патеката Саслонг и стигна до својата четврта победа во кариерата, триумфирајќи во класичниот спуст. Со „диво“ и бескомпромисно скијање, Вон Алмен го победи својот славен сонародник Марко Одермат за 0.30 секунди, обезбедувајќи нова двојна победа за Швајцарија во ...

Словенечката доминација во Светскиот куп доби кратка пауза. На вториот натпревар во Енгелберг, Рјоју Кобајаши ја прекина серијата од пет победи на Домен Превц, искачувајќи се на највисокото скалило на подиумот. Јапонецот направи вистински подвиг во втората серија. Од петтата позиција, со брилијантен скок од 132 метри и одлични оцени за стил, успеа да го прескокне Превц за само 3.6 поени. View this post on Instagram A post shared by Viessmann ...

Австриецот Марко Шварц приреди вистинска спортска бајка во италијанските Алти, триумфирајќи во велеслаломската трка од Светскиот куп. Ова е прва победа за Шварц по пауза од точно 1.032 дена во оваа дисциплина, и негов прв триумф воопшто по цели две години исполнети со тешки повреди и долга рехабилитација. Трката на животот по серијата повреди За Шварц, патот до овој подиум беше сè само не лесен. Од скинати вкрстени врски во Бормио во декември ...

Легендарната американска скијачка ги потврди плановите за ЗОИ 2026: „Не гарантирам медали, но гарантирам дека ќе го оставам срцето на патеката“. Линдзи Вон не престанува да ја шокира спортската јавност. Иако веќе е во петтата деценија од животот, една од најголемите на сите времиња „гази“ во Светскиот куп и официјално потврди дека ќе ја предводи селекцијата на САД на претстојните Зимски олимписки игри во Кортина и Милано 2026. „Кортина е ...

Време е за една од најубавите зимски спортски традиции. Денеска во Оберсдорф започнува 74-тото издание на легендарната турнеја „Четири Скокалници“ (Four Hills Tournament). Најдобрите светски ски-скокачи се подготвени за десетдневниот маратон низ Германија и Австрија, каде влогот е еден од најпрестижните трофеи во спортот – „Златниот Орел“. Акцијата стартува денеска со квалификациите во Оберсдорф (Германија), а финалето е закажано за 6-ти ...

Македонските атлетичари го искористија изминатиот викенд за да ја потврдат својата одлична форма на средбите во организација на Партизан и Црвена Звезда во Белград. Настапите на нашите претставници беа крунисани со соборување на национални рекорди и израмнување на младински постигнувања. Историски скок на Огнен Стефановски Во центарот на вниманието беше Огнен Стефановски, кој испиша нова страница во историјата на македонската атлетика. ...

Турнејата „Четири Скокалници“ започна онака како што најавуваше формата во Светскиот куп – со апсолутна доминација на Домен Превц. Лидерот во генералниот пласман ја оправда фаворитската улога и со супериорни скокови стигна до убедлива победа на отворањето во Оберсдорф, Германија. Превц славеше со огромна предност од 17.5 поени пред минатогодишниот победник на турнејата, Даниел Чофениг од Австрија, додека третото место му припадна на домашниот ...

Родители, дечиња, баби и дедовци – подгответе ги патиките и насмевките, бидејќи најшарената и највеселата трка во годината е повторно тука! „Дедомразовска трка 2025“ ќе го претвори центарот на Скопје во црвено море од мали и големи Дедо Мразовци. Запишете го датумот: Недела, 28 декември, во 12:00 часот на Плоштад Македонија!. 🎅 Трчаме, пееме и се забавуваме! Ова не е трка, ова е вистинска забава! Патеката е долга само 2 километри, што ја ...

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години забележа одлична победа од 3:2 против своите врсници од Турција, во натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Избраниците на селекторот Горан Станковски одиграа одличен меч, но мораа да се помачат за да го осигураат триумфот против силната турска селекција. Нашите млади надежи фуриозно го започнаа натпреварот. Веќе во 2. минута, Драган Петков го отвори резултатот, а ...

Фудбалот понекогаш е многу повеќе од игра, повеќе од голови и поени. Тоа е надеж, заедништво и моќ да се залечи скршено срце. Токму таква приказна ни доаѓа од училишните клупи во Бутл, каде ѕвездата на Евертон, Џек Грилиш, приреди изненадување кое малиот Џорџи ќе го памети до крајот на животот. Осумгодишниот Џорџи е дете на кое судбината му задала премногу тешки удари за неговите мали плеќи. Својот татко го изгубил пред неговиот прв роденден. ...

Како што се ближи крајот на 2025 година, ФК Аеродром го заокружува едно од најуспешните поглавја во своето постоење. Со визија која ги надминува локалните рамки и посветеност која создава нови фудбалски асови, клубот од најспортската општина во Скопје докажа дека е вистински расадник на таленти. Клубот во изминатата година беше дом за околу 300 дечиња, кои секојдневно ги учеа фудбалските вештини под будното око на 10 искусни тренери и стручни ...

Младинската школа на ФК Вардар продолжува да произведува и промовира врвни таленти, а името кое ја одбележа оваа есен е Никола Ристевски. Напаѓачот на „црвено-црните“ го заврши есенскиот дел од сезоната како најдобар стрелец во младинската Суперлига, покажувајќи дека Вардар во него има светла иднина. Ристевски, кој минатата сезона пристигна во таборот на Вардар од редовите на градскиот ривал, експресно се наметна како клучно засилување. ...

Угледниот „The Athletic“ и новинарот Мајкл Кокс ја продолжија својата традиција на избирање на „Фудбалски збор на годината“, односно поим кој најмногу ја дефинирал тактичката или културолошката еволуција на играта во изминатите 12 месеци. За 2025 година, тој збор е „FINISHERS“ (Финишери). Што значи оваа промена? Терминот „финишери“, кој е преземен од рагбито, стана доминантен во фудбалскиот жаргон оваа година. Тренерите веќе не ги нарекуваат ...

Дали знаевте дека Дедо Мраз има свој фудбалски клуб? Длабоко во Арктичкиот круг, во градот Рованиеми во Финска, официјалниот дом на белобрадиот дедо, постои екипа која го носи најпразничното име на светот: FC Santa Claus! И токму за овие празници, клубот го доби најубавиот можен подарок. По завршувањето на сезоната 2025, „црвено-белите“ обезбедија промоција во петтата финска лига (Kolmonen)! Чудото на сезоната 2025 Нивното мото е „Don’t Stop ...

На денешен ден, 25 декември 1914 година, додека Европа веќе тонеше во ужасите на Првата светска војна, на Западниот фронт се случи нешто што ниеден генерал, стратег или историски план не можеше да го предвиди. Меѓу калта, бодликавата жица и кратерите од гранати, човечноста го победи сопственото уништување преку една обична игра – фудбалот. Песна наместо куршуми Пред точно 111 години, сè започнало на Бадник. Студениот ноќен воздух, наместо со ...

Сезоната на Манчестер Јунајтед под водство на Рубен Аморим можеби е полна со осцилации, но една работа е константна и позитивна – ренесансата на атмосферата. Навивачката група „Црвената Армија“ (The Red Army) успеа да го врати духот на 70-тите и 80-тите години преку кампањата за „ослободување“ на култната трибина Стретфорд Енд. Враќање на корените По години поминати со поплаки за „тивкиот“ стадион и прескапите влезници кои ја убија ...

Спортот и неговите херои заслужуваат врвна почит, а во рамките на празничниот циклус од десет оригинални продукции, „Sky Sport“ ја претставува својата „круна“: документарниот серијал за Алесандро Дел Пјеро. По повод 30 години од раѓањето на еден од најголемите митови на италијанскиот фудбал, светот ќе има прилика да ја види приказната за моментот кога талентот се претвори во легенда. Годината кога Европа и светот му се поклонија ...

Има моменти во фудбалот кои ги надминуваат тактиките, головите и бодовите. Моменти кои ја потсетуваат целата планета зошто оваа игра се нарекува „најубавата на светот“. Синоќа, на „Истер Роуд“, видовме токму таков момент. По спектакуларниот пресврт и победата од 3-2 над лутиот ривал Хартс, навивачите на Хибернијан ја приредија веројатно најмоќната спортска сцена оваа година. Има многу химни во фудбалот, но малку која може да се спореди со ...

Додека фудбалскиот свет е фокусиран на Африканскиот куп на нации (АФКОН) кој моментално се одржува во Мароко, во позадина се одвива вистинска „градежна војна“ за најпрестижниот натпревар во фудбалот – финалето на Светското првенство во 2030 година. Мароко, заедно со Шпанија и Португалија, ќе биде домаќин на Мундијалот, но прашањето „каде ќе се игра финалето?“ станува сè пожешко. Шпанците го форсираат „Сантијаго Бернабеу“, но Мароканците имаат ...

Денеска Скопје дишеше во ритамот на празничната еуфорија. Како што претходно најавивме „Дедо Мразовци го окупираат Скопје“, плоштадот „Македонија“ навистина се претвори во сцена од најубава новогодишна разгледница. Традиционалната, 11-та по ред Дедомразовска трка 2025 ги надмина сите очекувања, собирајќи на едно место рекорден број од над 800 учесници од сите генерации. Од бебиња до ветерани: Спорт за сите! Највпечатливиот момент од денешниот ...

Магнус Карлсен ја продолжи својата доминација во светот на шахот, освојувајќи ја својата шеста титула светски шампион во рапид шах. На првенството одржано под капата на ФИДЕ, Норвежанецот заврши со убедливи 10.5 поени од 13 партии, оставајќи ги најблиските конкуренти цел поен зад себе. Ова е вкупно 19-та светска титула за Карлсен во сите формати (класичен, рапид и блиц), со што дополнително го зацементира својот статус на најголем на сите ...

Ако мислевте дека шахот е здодевен спорт каде што господа во одела тивко размислуваат, Магнус Карлсен е тука да ве разубеди. Најдобриот шахист на сите времиња (GOAT) го потврди својот статус во Доха, освојувајќи ја 20-тата светска титула во својата кариера. Норвежанецот триумфираше на Светското првенство во брзопотезен шах (Blitz) за 2025 година, победувајќи го младиот Узбекистанец Нодирбек Абдусаторов во финалето со 2.5-1.5. Доминација и ...

Интересен момент беше забележан од Формула 1 фановите деновиве. Имено, некој кому очигледно му фалат трките за време на паузата, решил да ги прегледа сите битки сезонава, па уште на стартот наишол на интересен момент. Имено, тој забележал дека редоследот на возачите на првата трка во Австралија, во првиот свиок, е идентичен како табелата на крајот на сезоната 2025. Браво за забележувањето! 🙂 Интересен момент беше забележан од Формула 1 ...

Светот на тенисот денеска го изненади вест која малкумина ја очекуваа. Карлос Алкараз, актуелниот светски рекет број еден и момчето кое ја редефинираше играта во изминативе години, објави дека ја прекинува соработката со својот долгогодишен тренер и ментор, Хуан Карлос Фереро. По седум години поминати заедно, во кои од талентирано дете стана глобална суперѕвезда, „Карлитос“ реши дека е време за ново поглавје. Нивното патување започна кога ...

Еден од ретките тенисери кои можеа да ги гледаат „во очи“ членовите на „Големата тројка“ и да излезат како победници, Давид Налбандијан, го даде својот суд за вечната дебата. Аргентинецот, кој останува единствениот играч во историјата што ги победил Федерер, Надал и Ѓоковиќ на еден ист турнир (Мадрид 2007), смета дека дилеми околу тоа кој е најдобар, не треба да има. Во гостувањето во поткастот „Clank!“, популарниот „Крал Давид“ направи јасна ...

Швајцарската легенда и трократен Грен слем шампион, Стен Вавринка, официјално потврди дека неговата професионална кариера ќе заврши по завршувањето на сезоната во 2026 година. На својот 40-ти роденден, популарниот „Stan The Man“ испрати емотивна порака до своите навивачи, најавувајќи дека му преостанува уште еден, последен предизвик. „Уште еден последен обид“ Преку социјалните мрежи, Вавринка сподели дека иако телото ги чувствува последиците ...

Американската тениска сензација, Лернер Тиен, ја круниса својата фантастична сезона со триумф на престижниот „Next Gen ATP Finals“ во Џеда, Саудиска Арабија. Во судирот на двајцата 20-годишници, Тиен покажа зошто веќе е дел од Топ 30 на светската листа. Тој доминантно го совлада Белгиецот Александар Блокс со резултат 4-3(4), 4-2, 4-1 (според специфичниот формат на овој турнир), завршувајќи ја работата за само 58 минути. Влез во елитното ...

Како платформа чија примарна цел е промоција и поддршка на младите македонски спортисти, со огромно задоволство ви го претставуваме „бисерот“ на нашиот женски тенис – Сара Митевска. Во време кога на нашите млади им се потребни вистински идоли, 15-годишната Сара покажува дека со дисциплина и јасна визија, границите не постојат. Во опширното интервју за Македонската тениска федерација (МТФ), таа искрено говореше за својот пат, предизвиците и ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.13
55%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
68%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
43%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.42
69%
1014
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
4.63
61%
1011
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
39%
1017
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
35%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
35%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.6
39%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
4.63
77%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
52%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.946

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

52.70

Цинк

0.00

Злато

152465.86

Бакар

12.46

Алуминиум

3.53

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Паладиум

49351.40

Платина

66744.95

Сребро

2534.46

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09