Во Буџетот за 2021 година за капиталните инвестиции се планирани околу 23 милијарди денари, што е за 20 проценти повисоко во однос на минатата година, соопштуваат властите. Според нив, 840 милиони евра се инвестираат во изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава. Се градат над 59 километри автопати, над 104 километри експресни патишта и 20 километри локални патишта. За оваа година планирани се нови 25 проекти за ...

ЖРСМ Транспорт соопштија дека ја завршиле 2020 година со негативен резултат заради состојбата со Ковид-19. Нивните податоци покажуваат вкупна загуба од 512.123.000 денари. Во товарниот сообраќај претпријатието бележи загуби од 145 милиони денари, а во патничкиот од 45 милиони денари. Се надеваат дека ќе се надмине ситуацијата со Ковид 19 и ќе нема порестриктивни мерки што ќе влијаат на обемот на работа. -Уште од поделбата на нашата компанија во ...

Apple започнала со работа на iPhone со екран на преклоп, потенцијален конкурент на слични уреди од Samsung Electronics и други компании, иако годинава планира само минимални измени во својата линија на iPhone, пишува „Блумберг“. Компанијата со седиште во Купертино, Калифорнија развива прототип на преклопни екрани за меѓународно тестирање, но не планира цврсто да лансира iPhone со екрани, што можат да се преклопат. Развојната активност не го ...

Одговорот на Qualcomm на потегот на Apple со сопствен M1 процесор за MacBook се чини дека не чека уште долго. И покрај слабата продажба и доцнењето при лансирање на Windows лаптопи со процесори АРМ, американскиот производител на чипови продолжува да развива нови SoC платформи за овој пазар. Германската страница WinFuture тврди дека Qualcomm работи на нова висока платформа за употреба во персонални компјутери. Чип под ID SC8280, кој сè уште е во ...

И покрај „Брегзит“ и пандемијата на коронавирус, технолошките компании во Лондон минатата година собраа 10,5 милијарди долари за финансирање на ризичен капитал. Ова е нов рекорд за Велика Британија и Европа, пишува „Форбс“. „Лондон е технолошки главен град на Европа“, рече градоначалникот на Лондон – Садик Кан. Минатата година, градот привлече повеќе инвестиции во овој сектор отколку Берлин, Париз и Стокхолм заедно, според Dealroom.co, кој ги ...

Сестрите Џенер се на врвот на листата на највлијателни модни икони во светот, пренесува британски „Daily Mail“. Двете ја престигна војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон во рангирањето. Листата ја предводи помладата сестра, Кајли која е ријалити sвезда и сопственик на козметички бренд. Рангирањето го составува OnBuy, врз основа на пребарувања за информации за стилот на sвездите на Интернет. Максималниот резултат што можат да го добијат е 1.000 ...

BMW објави дека има намера да ја дуплира продажбата на целосно електрични возила во 2021 година, пренесува Ројтерс. Вклучувајќи ги plug-in хибридите, се планира да се зголеми продажбата на електрични возила за 50 проценти. Тие не објавија специфични бројки за продажба на нивните целосно електрични возила, но BMW објави во вторникот дека минатата година продал близу 193.000 електрични возила – целосно електрични и plug-in хибриди. За споредба, ...

Процесот на спојување на Peugeot S.A официјално заврши во саботата. (PSA) и Fiat Chrysler Automobiles (FCA) кои го формираа Stellantis, четвртиот по големина производител на автомобили во светот. Како што беше претходно најавено, тргувањето со акциите на Stellantis ќе започне во понеделник на 18 јануари на берзата „Еуронекст“ во Париз и на берзата „Меркато телематико азионарио“ во Милано, а во вторник на 19 јануари на берзата во Њујорк под ...

Владата ја разгледа и ја усвои и Информацијата за отпочнување со реализација на проектот: Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња”, Општина Штип, при што даде согласност за преземање на обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во 2021, 2022 и 2023 година на Министерството за транспорт и врски, за Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња”, ...

На предлог на Министерството за економија, Владата на РСМ денеска ја разгледа и усвои Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година. Според истата, предвидено е средствата од дел I на оваа програма во вкупен износ од 52.000.000,00 денари да се користат за следните мерки: 1. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски ...

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ги повика компаниите да ја зголемат работата од дома за да се борат против Ковид-19, додека земјата се подготвува за ново заострување на ограничувањата во обид да се потисне вирусот. „Треба да ги намалиме контактите во светот на работата – што е попотребно од кога било“, рече Штајнмаер за време на состанокот со неговите колеги социјалдемократи во Берлин. „Не е секогаш идеално, но сигурно заштитува ...

Методот „100 пликови“ стана главниот трик за заштеда, пред се затоа што е интересен, но и универзален начин да заштедите пари во вашиот џеб. И тоа, ако верувате на оние што го пробаа, дури 5.000 евра за 12 месеци. Иако го носи ова име, вие не мора да користите пликови, рачки и парчиња хартија. Оваа техника ја осмисли Дејв Ремзи, откако сфати дека има многу работи дома кои само „собираат прашина“, т.е. постојано да купува што не му треба. Ако ...

Брисел се подготвува да предупреди дека глобалните пазари се премногу зависни од доларот, откако бара начини да се ограничи ранливоста на Европа кон американските санкции и други финансиски ризици само неколку дена пред Џо Бајден да ја преземе функцијата претседател, според „Фајненшл тајмс“. Нацрт-документот на Европската комисија, виден од „ФТ“, ја открива длабочината на разочарување од страна на Европската унија по четири години владеење на ...

Кинеската компанија Huawei покрена правна постапка против одлуката на шведскиот суд која е во полза на регулаторот на домашната мрежа ПТС. Во пресудата на судот од 16 декември се вели дека на ПТС ќе им биде дозволено да продолжат со аукциите на 5G спектарот по одлуката од минатата година да ја забрани опремата на Huawei за ширење на 5G во земјата. Во изјавата, Huawei рече дека условите на ПТС во пракса го исклучуваат од шведскиот пазар, откако ...

САД изгубија 245.000 работни места поради трговската војна што претседателот Доналд Трамп ја водеше со Кина, а постепеното меѓусебно намалување на тарифите ќе го поттикне растот и делумно ќе ја надомести загубата, покажува истражување. Студијата е нарачана од Американско-кинескиот деловен совет (USCBC), асоцијација на големи американски компании кои работат во Кина, а ја изработи Oxford Economics. Меѓусебно постепено намалување на тарифите би ...

На 34-годишна возраст се рангираше меѓу најмладите милијардери во Индија кои создадоа сопствено богатство (self-made billionaires), а сега Никил Камат ги советува другите претприемачи како да успеат. Минатата година тој се приклучи на „Forbes India Rich“ листата со неговиот брат и колега Нитин. Нивната платформа за тргување со акции „Zerodha“ беше огромен успех среде пандемија. По напуштањето на средното училиште, Камат имал разни работи: од ...

Детектирани се повеќе компании кадешто има манипулации со платите на работниците, посочи претседателката на здружението „Гласен текстилец“, Кристина Ампева. Ампева додава и дека здружението соработува одлично со Државниот инспекторат за труд, но потенцира и дека не воспоставиле комуникација, односно не успеале да воспостават со УЈП која е задолжена институција да реагира, доколку е забележано дека нема исплата на минимална плата. „УЈП, согласно ...

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за невработените лица. Сите невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и кои сакаат да започнат сопствен бизнис, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање. Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните: – Невработеното лице може да ...

Чувството на вознемиреност е вообичаено и нормално во предизвикувачки ситуации. На пример, кога има одреден пропуст на работа или нервоза во сообраќајот, совршено е во ред да се чувствувате вознемирено понекогаш. Во такви ситуации, умот е вознемирен, крвниот притисок се зголемува малку и се чувствува непријатност во стомакот, но сигналите за вознемиреност поминуваат брзо и исчезнуваат. Но што е со нападите на вознемиреност кои зачестија и се ...

Вонредниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) во петокот ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет. Комитетот од 19 независни експерти го одржа својот шести состанок за една година, со кој претседаваше Французинот Дидие Хосин, во време кога бројот на жртвите од Ковид-19 се приближува на 2 милиони. Експертите дадоа низа препораки кои беа прифатени од генералниот секретар ...

Идните телефони на Samsung сè поретко ќе вклучуваат полначи, признаа од компанијата. Како и слушалките, Samsung постепено ќе го отстрани полначот како додаток во кутијата. Според Samsung, ова ќе ги направи телефоните помалку штетни за околината. Гигантот планира промената да се случи постепено, при што овие додатоци можеби први ќе исчезнаат од предводниците, а потоа ќе престанат да бидат присутни и во другите серии Galaxy, како што се ...

На интернет кружи наводно тајно снимено видео од еден од вработените во мрежата Твитер, во кое Џек Дорси, нејзиниот директор, зборува за забраната за Доналд Трамп и за понатамошните чекори што тој ќе ги преземе. Снимката не е верификувана, но од нејзиниот контекст е сосема јасно дека станува збор за Доналд Трамп и насилството што се случи во Капитол Хил на почетокот на јануари, при што најмалку пет лица го загубија животот. Твитер, како и сите ...

21 трилион долари или 102 проценти од бруто домашниот производ (БДП) е износот на американскиот државен долг на крајот на мандатот на Доналд Трамп. Не било полошо од крајот на Втората светска војна. Но и приватните долгови на Американците се толку високи, како никогаш претходно, почнувајќи од самиот Трамп, кој има 400 милиони долари долг – значителна сума дури и за еден милијардер. А, причината не е само во пандемијата, вели „Ди Цајт“. Дури и ...

Безготовинските начини на плаќање станаа број 1 во времето на пандемијата, иако тие сигурно започнаа да се применуваат пред 2020 година. Тие доживеаја бум во последните месеци. Европа сè повеќе преминува на картички и се помалку користи банкомати. Во Германија, конкретно, кризата предизвикана од Ковид-19 дополнително го забрза постојниот тренд, бидејќи луѓето се плашеа од пренесување на инфекцијата преку банкноти. Но, експертите сега сè повеќе ...

Романскиот производител на автомобили „Dacia“ претстави луксузен SUV, наречен „Bigster“, сигнализирајќи промена на стратегијата. „Dacia“, сопственост на француската групација „Renault“, претстави нов предводник на теренец дизајниран да биде над сегашниот „Duster“ во составот на компанијата како „идна фигура во опсегот на „Dacia“. „Duster“, нешто помал џип од в, во моментов е втор најпопуларен автомобил во Европа. Како дел од пошироката стратешка ...

Читатели во неколку американски држави поднесоа колективна постапка против малопродажниот интернет гигант Amazon. Како што тврдат, Amazon, во договор со група издавачи, ги „надувал“ цените на електронските книги. Во тужбата се тврди дека Amazon и издавачките куќи Penguin Random House, Hachette, HarperCollins, Macmillan и Simon & Schuster преговарале за цените на е-книгите, со што потрошувачите плаќаат повеќе за нив кога купуваат на други ...

Деновиве има многу полемики за апликацијата WhatsApp и за нејзините нови, построги услови за работење, т.е. употреба, што наиде на осуда. Имено, крајниот рок за промена на правилата – кои се однесуваат на пристап до телефонскиот број и локацијата на корисникот – беше 8 февруари, но компанијата објави дека ќе ги одложи промените за три месеци. Одлуката дојде откако многу корисници ја избришаа апликацијата, од страв дека WhatsApp може да ги ...

На 13 јануари Wizz Air продаде тригодишни обврзници во вредност од 500 милиони евра со каматна стапка од само 1,35 проценти, откако доби над две милијарди евра налози од инвеститори, објави веб-страницата за бизнис вести „Портфолио“. Нискобуџетната авиокомпанија со седиште во Будимпешта објави дека ќе започне програма за обврзници од 3 милијарди евра во август, но пандемијата го одложи издавањето. Емисијата на обврзници ја истакнува силната ...

Продолжување на финансиската помош во идните 2-3 месеци. Ова е прво на листата на барања со кои работодавачите до средината на следната недела ќе излезат пред Владата. Децидни се дека помошта е од суштинска важност за успех на петиот пакет мерки бидејќи на тој начин ќе можат да се задржат работниците и да се спасат компаниите од стечај и од ликвидација. „Очигледно е дека многу компании ги држат во работен однос дел од работниците само заради ...

General Motors (GM) не сака да се откаже од својот удел во развојот на летачки такси, а најголем адут е брендот Cadillac. Досега веќе имавме можност да видиме бројни концепти и прототипови на летачки такси развиени од познати производители на патнички возила, но веруваме дека името Cadillac, луксузна марка на автомобили што е дел од GM, ќе одекне особено. Гигантот го претстави концептот Cadillac eVTOL на CES, електрично летечко такси што доаѓа ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1039
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
1.54
76%
1041
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
82%
1041
weather icon

Софија

-2ᴼ / -3ᴼ
1.54
88%
1040
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.6
66%
1040
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
90%
1040
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
4.92
80%
1034
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
70%
1033
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
65%
1035
weather icon

Букурешт

1ᴼ / -1ᴼ
3.6
62%
1039
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
92%
1041
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
70%
1037
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.1296

Currency

41.6502

Currency

65.5861

Currency

8.16832

Currency

0.58051

Currency

0.38358

Currency

0.52536

Currency

1.68964

Currency

0.69174

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $