Кина ќе ги надмине Соединетите држави во 2024 година и ќе стане најголемиот светски пазар за Интернет на нештата (IoT), се вели во извештајот на International Data Corporationa (IDC). Според извештајот, трошоците за IoT во Кина се очекува да достигнат скоро 300 милијарди долари до 2024 година, со просечен годишен раст од 13 проценти во следните пет години. IDC очекува кинеските трошоци за IoT во 2024 година да сочинуваат 26,7 проценти од ...

Администрацијата на Доналд Трамп ги извести снабдувачите на Huawei, вклучувајќи го и производителот на чипови Intel, дека одзема одредени лиценци за продажба на полупроводници на кинеската компанија и има намера да одбие десетици други барања, објави Ројтерс. Овој потег, веројатно и последниот против Huawei на претседателот Трамп, е дел од долготрајните напори за ослабување на најголемиот светски производител на телекомуникациска опрема, што ...

Само четири дена откако стана јасно дека канадската компанија Alimentation Couche-Tard е подготвена да го купи францускиот ланец Carrefour, двете страни потврдија дека ги завршиле преговорите без резултати. Во средината на минатата недела стана јасно дека Couche-Tard понуди цена од 20 милијарди долари за стекнување на европскиот гигант. По острите реакции од француската влада, како и критиките од голем број експерти во саботата, двете компании ...

Де факто лидерот на Самсунг, Ли Џае-јонг се врати во затвор, што отвора прашања за раководството на технолошкиот гигант. Ли беше осуден на две и пол години затвор откако беше прогласен за виновен за мито и злоупотреба, пренесува Си-Ен-Ен. 52-годишниот Ли, внук на основачот на Самсунг, беше ослободен во 2018 година кога апелациониот суд ја смени неговата оригинална петгодишна казна. Ли помина скоро една година во затвор. Во 2019 година, Врховниот ...

Светската банка остана доследна на своите конзервативни проценки за економскиот развој во јануарскиот извештај „Глобални економски изгледи“. Најголемата развојна институција во светот верува дека оваа година просечниот раст на Западен Балкан ќе биде 3,5 проценти. Надпросечен раст се предвидува за оние земји кои имаа длабок пад во 2020 година, пред се за туристичките земји Црна Гора за 6,1 и Албанија за 5,1 процент. Интересно е што ниту една од ...

Во последниот квартал од минатата година, кинескиот БДП порасна за 6,5 проценти на годишно ниво, повеќе од очекувањата на аналитичарите за 6,1 процент. Ова укажува на стабилно закрепнување од корона-кризата на втората по големина економија во светот. Во текот на целата мината година, кинеската економија порасна за 2,3 проценти, и покрај наглиот пад на почетокот на годината како резултат на избувнувањето на пандемијата на коронавирус. ...

Гувернерката Бежоска добро знаела дека се краде во Еуростандард банка и свесно дозволила грабежот на депозитите да продолжи да се случува „Со години, Народната банка односно гувернерката Анита Ангеловска Бежоска ја толерирале континуираната кражба на нашите депозити предводена од лицата на раководни позиции во Еуростандард банка. Нашиот доверен личен капитал е целосно украден во законски лиценцирана, регулирана и контролирана финансиска ...

Хард дисковите и оптичките дискови складираат гигабити дигитални податоци со едно притискање на копче. Но, овие технологии – како магнетни ленти и флопи дисковите пред нив – имаат склоност да стареат и стануваат нечитливи кога ќе ги надмине новата технологија. Научниците смислија начин за електронско снимање на податоци во ДНК на живите бактерии – опција за складирање која нема да застари во блиска иднина. „Ова е навистина добар чекор што еден ...

Три најголеми компании поддржани од владата во Абу Даби се согласија да работат заедно за да го претворат емиратот богат со нафта во извозник на син и зелен водород. Mubadala Investment, Abu Dhabi National Oil и ADQ склучија сојуз за производство на водород користејќи природен гас и обновливи извори на енергија. Произведениот водород ќе се нуди во странство, како и во Обединетите Арапски Емирати, се вели во соопштението на ADQ, цитирано од ...

Една недела откако Твитер му забрани на претседателот Доналд Трамп да објавува на платформата, дезинформациите на Интернет за изборни измами се намалија за неверојатни 73 проценти, се вели во извештајот на „Вашингтон пост“. Разговорите за изборна измама се намалија од 2,5 милиони на 688.000 споменувања на социјалните мрежи, објави „Пост“, повикувајќи се на податоци на маркетинг компанијата „Zignal Labs“. Твитер го забрани Трамп на 8 јануари, два ...

Благодарение на новото партнерство со Skypersonic, Fat Shark успеа да контролира дрон на небото од далечина од скоро 2.000 км со минимално заостанување. Уникатното достигнување е благодарение на специјално развиениот хардвер и софтвер од двете компании. Беспилотното летало полета на небото над сончевата држава Флорида и успеа да лета до студениот Мичиген поминувајќи растојание од скоро 2.000 км, па во еден момент пилотот на дронот беше на ...

Најголемите жртви на пандемиската криза на пазарот на трудот се привремени вработени, сезонски работници и неформални работници, покажува новата анализа на Евростат. Според податоците објавени од Евростат, на крајот на вториот квартал од оваа година, во ЕУ имало околу 19,2 милиони привремено вработени во возрасна група од 20 до 64 години, додека на крајот на минатата година имало 22,2 милиони. Ова значи дека во првата половина на оваа година, ...

Qualcomm објави дека ќе ја купи NUVIA за 1,4 милијарди долари. Компанијата, основана пред две години, е предводена од бројни дизајнери на мобилни чипсети кои претходно беа дел од Apple. Ова дава надеж дека Qualcomm може да ги искористи своите вештини за да ги подобри перформансите на своите мобилни чипсети. Не е тајна дека телефоните на Apple имаат подобри резултати во бенчмарк тестовите. Покрај перформансите, тие се поефикасни, што е важно за ...

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, вчера изјави дека економијата во еврозоната ја чека опоравување оваа година, под услов мерките воведени за сузбивање на пандемијата да бидат укинати до крајот на март, односно вакцинацијата да стане масовна до тогаш. ЕЦБ во декември објави дека очекува раст на економијата во еврозоната од 3,9 проценти во 2021 година, но само ако заврши пандемијата „Ковид-19“. Веќе во средината на ...

Цената на Bitcoin (BTC) падна на пониски нивоа откако достигна рекордно ниво од 42.000 долари. Најголемото дигитално средство неодамна успеа да ги следи неговите стапки до 38.000 $ пред да биде сведок на нов пад. Овој пат, сепак, падот на цената беше можност институциите да акумулираат уште повеќе BTC. v е една од компаниите што додава сè повеќе Bitcoin во последните неколку дена. Според давателот на податоци Bybt, со падот на BTC под 38.000 ...

Од 11 март кога беше прогласена пандемијата па до крајот на минатата година, без работа останале 17.026 луѓе во Македонија. Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека во истиот период бројот на регистрирани невработени се зголемил за 53.708. На крајот од февруари, вкупниот број на евидентирани невработени бил 191.935 невработени, за да на 31. декември 2020 година таа бројка да стане 245.643. Ваквиот раст на евидентираната ...

Веќе во првиот квартал од 2021 година ќе се видат ефектите од мерките кои Владата преку државниот буџет ги презема со цел да се стаблизира економијата во состојба на криза, оцени денеска од Тетово, министерот за финансии Фатмир Бесими кој присуствуваше на промоцијата на возилата за јавен превоз на градот. Тој потсети дека ќе има и други средства за пакетот мерки за 2021 покрај 85 милиони евра од државниот буџет за поддршка на економија, ...

Првата ладна епизода оваа зима, што ги зголеми европските цени на електрична енергија и бензин на највисоки нивоа во последните неколку години, можеби е пред крај, но нејзиното влијание ќе се почувствува во наредните месеци Од снежното невреме во Мадрид до рекордните врвови на британскиот пазар на електрична енергија кога ветрот згасна – времето беше главниот мотор зад „релито“. Предвидувањата за бикови цени на бензинот од страна на Goldman ...

Британската компанија за испорака на храна „Deliveroo“ објави дека собрала уште 180 милиони долари финансирање од сегашните акционери, вклучувајќи го и малцинскиот акционер „Amazon“, што значи дека компанијата веќе се проценува на над 7 милијарди долари. „Deliveroo“ се очекува да започне со првична јавна понуда (ИПО) во наредните месеци, што се предвидува да биде најголемата нова емисија на акции на лондонската берза во последните три години, ...

Како Porsche, Lamborghini и Aston Martin пред него – и сите други мејнстрим производители – Ferrari влегува во бизнисот со теренци, пишува „The New York Times“. Purosangue (чистокрвно од италијански јазик) не се очекува пред 2022 година. Но, традиционалистите во автомобилската средина веќе крцкаат заби. Тие не мислат дека Ferrari, високо во автомобилскиот свет, треба да се „витка“ за да брка потрошувачки каприци од Америка до Кина. Ова е ...

Новиот шеф на Intel, Пат Гелсинџер, ќе ја преземе должноста во февруари, но не губи време да ја подготви својата компанија да се бори против Apple и нивниот нов М1 чип. „Треба да обезбедиме подобри производи за PC екосистемот од една лајфстајл компанија од Копертино. Мора да бидеме навистина добри во иднина“, рече тој пред новинарите. Навистина, Intel неодамна се соочи со силна конкуренција и од AMD и од Apple. Минатото лето, Apple објави дека ...

Американската NRA (National Rifle Association), најголемото лоби од овој тип, поднесе барање за банкрот, според документите доставени до Тексас во петокот. Групата соопшти дека планира да ја напушти државата Њујорк, каде е основана во 1871 година, и повторно да се приклучи на непрофитна организација во Тексас во потег што го нарече „Проект на слободата“, се вели во соопштението издадено во петокот. Објавата во Поглавје 11 следи по промената на ...

Развојна банка на Северна Македонија ги известува корисниците на бескаматен кредит од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), „Ковид1“ дека инструкциите за плаќање се достапни на веб страницата на банката. Содржина на елементите на образец ПП30 и нивно пополнување при уплата на средствата од кредитна линија КОВИД1: 1. Во елементот “цел на дознака”, кој е алфанумерички податок е содржан опис на намената и основата за плаќање заради кој што е воспоставен ...

Поради ковид кризата, македонските аеродроми во Скопје и Аеродром бележат 782.876 патници, односно 71% помалку во однос на 2019. година. Како што посочуваат, за да се надмине оваа ситуација, веројатно е неопходно да се направи системско тестирање на патниците на аеродромите, што аеродромскиот оператор веќе и го предложил на Владата. „Поради одлуките на владите поврзани со КОВИД-19 и ограничувањата на патувањата ширум светот, 2020 година беше ...

Минатата недела, цените на акциите на светските берзи значително паднаа, откако поради натамошното ширење на коронавирусот и слабите макроекономски показатели, се срушија надежите за брзо закрепнување на светската економија од корона-кризата, пишува порталот „SEEbiz“. На Волстрит, „Дау Џонс“ минатата недела падна за 0,9 проценти, на 30.814 поени, додека „Ес енд Пи 500“ се лизна за 1,5%, на 3.768 поени. Индексот „Насдак“, исто така, падна за 1,5 ...

Германскиот производител на автомобили Volkswagen (VW) соопшти дека светската продажба паднала за 15,2 проценти минатата година, како резултат на пандемијата КОВИД-19, но значително се опоравила кон крајот на годината, додека во 2020 година таа повеќе од тројно ja зголемila продажбата на електрi;ni возила, само на батерии. Глобалната продажба на сите брендови на Volkswagen изнесува 9,3 милиони возила. Четвртиот квартал донесе помал пад, од 5,7 ...

Кварталната сезона на објавување деловни резултати беше отворена во петокот. Прво, резултатите ги објавија банкарските гиганти. За JPMorgan Chase последниот квартал беше рекорден, бидејќи беше остварен профит од 12,1 милијарди долари (главно се должи на бумот во банкарството за инвестиции). Сепак, акциите се „лизнаа“ за 1,6 проценти во петокот, бидејќи очигледно сите добри вести веќе беа вградени во цената, што е сè уште скоро десет проценти ...

Поради кршење на Директивата за сулфур во горивата и непочитување на енергетските пакети за енергија и гас, Европската енергетска заедница воведе санкции за Босна и Херцеговина, пишува порталот Истрага.ба. Ова во петокот го потврди Јанез Копач, директор на Секретаријатот за енергетска заедница. – Вистина е дека се воведени санкции кон Босна и Херцеговина и таа земја нема да учествува во донесувањето одлуки за прашањата на буџетот на Европската ...

Југоисточна Азија може да покрие само 3% од светската копнена маса на картата, но нејзината големина не ја намалува нејзината економска моќ. ASEAN (Association of Southeast Asian Nations) е петта по големина економија во светот. Исто така е дом на повеќе од 670 милиони луѓе – околу 10 проценти од глобалното население – од кои половина ќе бидат класифицирани како средна класа до 2030 година. Сингапур, сместен во срцето на регионот, е град-држава ...

Заклучно со ноември лани, ЖРСМ Транспорт превезле 234.115 патници во внатрешниот патнички сообраќај, што како последица на Kовид пандемијата е повеќе од двојно помалку споредено со 2019 година. По регистрираните 39.628 патници во јануари 2020, 31.349 во февруари и 22.237 во март, поради пандемијата и воведени рестриктивни мерки, следеше значителен пад во април и мај, кога биле превезени вкупно 3.059, односно 9.317. Наредните месеци се бележи ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1038
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
73%
1040
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
85%
1040
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1038
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.12
62%
1039
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
88%
1039
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
5.36
82%
1033
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1031
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
65%
1033
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.68
62%
1038
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
91%
1039
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
6.17
70%
1036
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.1296

Currency

41.6502

Currency

65.5

Currency

8.16832

Currency

0.58051

Currency

0.38358

Currency

0.52536

Currency

1.68964

Currency

0.69174

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $