Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје имаат можност за бесплатна едукација за сајбер хигиена преку онлајн курсот „Cyber Hygiene E-Learning course“. Студентите се запознаваат со главните сајбер ризици, безбедносните напади во дигиталниот свет, како да ги заштитат своите лични податоци и податоците на електронските уреди и други информациски ресурси на интернет. Тие имаат уникатна можност за учење преку иновативен пристап, ...

Пандемијата на коронавирусот го забави развојот на настаните во автомобилската индустрија, бидејќи потрошувачите се помалку склони кон нови технологии и повеќе се свртуваат кон традиционалните платформи, според глобалното истражување на Делоит. Како што се наведува, иако трендот на купување електрични автомобили е се поприсутен, потрошувачите се загрижени за состојбата со пандемијата, па при избор на автомобил, приоритет им е да го познаваат ...

Собранието на акционери на ЗК Пелагонија АД-Битола го предложува Александар Поповски за член на Одборот на директори. Тој се избира со мандат до траењето на мандатот на останатите членови на Одборот на директори. Одборот брои еден извршен и четири неизвршни директори. Собранието на акционери го утврди и ревидираниот дневен ред на Собранието кое ќе се одржи на 8 февруари. ...

„Во вчерашната изјава Вицепремиерот Битиќи изјави дека е отворен да комуницира дури и со неистомисленици без разлика дали тие претставуваат само мала група на луѓе или претставуваат поголема група на стопански субјекти. Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Битиќи согласно функцијата која ја врши во Владата треба да знае дека НЕЗАВИСНАТА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА е ...

„Сите правни постапки што Банката ги води, се целосно поддржани од факти и аргументи, при што Банката се потпира на непристрасноста на судскиот систем, почитувајќи ги неговите пресуди“, реагираат од Стопанска банка на наводите на Координативното тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД – Скопје. „Законот за трговски друштва јасно ги дефинира сите видови акции и правата кои тие ги носат. ...

Измените на законот за минерални суровини има повеќе недостатоци и треба да му претходи поширока јавна расправа, вели во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Лилјана Поповска. Тоа е и причината 33 невладини организации да побараат негово повлекување од собраниска процедура. -Законските измени претставуваат олеснувања за концесионерите, а на сметка на државата, втора група дефекти се што овозможува штети за животната средина и трето, ...

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со aмбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Н.Е Андреа Силвестри. На средбата, Бочварски информирал за инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Северна Македонија во делот на патната и железничката инфраструктура, како и проектот за гасификација на земјата. „На средбата, го запознав амбасадорот со крупните капитални проекти што ги реализираме ...

Земјите од Евроазиската економска унија започнаа да формираат заеднички пазар за гас, нафта и нафтени деривати, изјави рускиот претседател Владимир Путин. „Земјите-членки го одобрија концептот за формирање заеднички финансиски пазар на Евроазиската економска унија, а во тек се подготовки за создавање на заеднички пазар на електрична енергија. Почнавме програма за формирање на заеднички пазари за гас, нафта и нафтени деривати“, рече Путин на ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со Амбасадорот на Република Чешка во земјава Мирослав Томан, на денешната прес-конференција ги истакнаа придобивките од новата чешка инвестиција во ИКТ секторот во земјава. Станува збор за инвеститорот од Европската Унија, „АРИКОМА” Групацијата, една од најголемите чешки групации дел од „ККЦГ” групацијата која е приватна мултинационална финансиска и инвестициска групација ...

Повеќе од потребно беше да извршиме реконструкција и реставрација на конаците кои некогаш го симболизираа вистинскиот црковен дух и беа парче од манастирскиот мозаик во комплексот Св. Пантејлемон на Водно, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски за време на денешната посета и увид на градежните работи во манастирот. Предвидено е Св. Пантејлемон и понатаму да остане отворен за посетители, а е од особена важност за општина Карпош, ...

На вчерашната, 40-та седница, Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки, на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија со цел да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија. Со одлуката за укинувањето на увозните давачки која ќе ...

Во периодот од 11-ти до 17-ти јануари, од страна на седумте инспекциски служби, се спроведени вкупно 4.817 надзори и контроли. При спроведените надзори, Државниот пазарен инспекторат, изрече 19 прекршочни пријави и 102 решенија за констатираните неправилности, како и 50 прекршочни платни налози. Во истиот период, се забележува намалување на бројот на издадени решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле ...

Континуитет на поддршката која ќе овозможи да се зачуваат работните места и да опстанат претпријатијата, бара Сојузот на стопански комори на Македонија. Ова барање на ССК е преточено во 15 мерки кои и официјално се доставени до надлежните. Според претседателот на ССК, Данела Арсовска, предлог-мерките се скромни со оглед на состојбите во економијата и се засновани на широк процес на консултации во приватниот сектор и неопходно е поддршката да има ...

Компанијата „Ипротекс“ и Дирекцијата за технолошко индустриски зони, денес го потпишаа договорот за државна поддршка, со кој оваа германска компанија, дел од групацијата „Innotech & Iprotex“, се обврза на инвестиција од 5 милион евра и отворање на минимум 30 работни места во ТИРЗ Скопје 1. Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, зборувајќи на ...

Нова, втора група од 770 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, соопштија од Развојна Банка. Втората група кредитни барања е на износ од 8,8 милиони евра за 770 компании кои вработуваат вкупно 5.898 лица. Вкупно досега, од кредитната линија за која се предвидени средства до 31 милиони ...

Народната банка ја објави анализата „Меѓународната инвестициска позиција на земјите од регионот, со посебен фокус на македонската економија“ на Дијана Јаневска-Стефанова. Во анализата акцентот е ставен на големината и структурните карактeристики на меѓународната инвестициска позиција (МИП), којашто претставува разлика помеѓу финансиските побарувања коишто земјата ги има од странство (остатокот од светот) и финансиските обврски кон странство. ...

„Угостителскиот сектор е многу помогнат, само во првиот и вториот пакет на мерки, дури и во бескаматните линии, имаше само мерки за угостителите, наспроти сите други“, изјави денес вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Според него, тие продолжуваат да добиваат финансиска поддршка за плати, како што добиваат сите. „Процентуално еден солиден дел имаат земено плати од угостителските објекти. Исто така имаше посебно креирани мерки во ...

Првиот човек на Алибаба, Џек Ма, се појави во јавноста за прв пат по 3 месеци, кога нагло се повлече по критиките од кинеските власти за покренување истрага против неговата компанија. Неговото исчезнување од јавната сцена предизвика шпекулации за тоа каде се наоѓа, особено во време кога вредноста на неговата компанија започна да опаѓа. Сепак, по три месеци, милијардерот се состана со 100 рурални наставници од Кина, а состанокот се одржа преку ...

Најскапиот квадратен метар стан во Србија во четвртиот квартал од минатата година бил во „Белград на вода“ и изнесувал 8.754 евра, а најмногу пари биле дадени за истиот стан – 1.426.888 евра, според извештајот на Републичкиот геодетски орган (РГЗ) за последниот квартал од минатата година. Покрај овој стан, во „Белград на вода“ се продадени уште 12 најскапи станови за метар квадратен. Кога станува збор за старите згради, најплатениот квадратен ...

На 06.10.2020 Основниот граѓански суд Скопје објави пресуда со која ја усвои втората тужба (од вкупно три) на акционерите иматели на приоритетни акции на Стопанска Банка АД Скопје. Пресудата тогаш беше само усно објавена, а писмено доставена после Божиќните празници, соопшти Координативното тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје. „Со втората тужба акционерите бараа поништување ...

Нова чешка инвестиција во ИТ-секторот во земјава ќе биде објавен денеска. Станува збор за инвестицијата во компанијата „Сеавус“, која е купена од нaјголемиот ИКТ-холдинг во Чешка, Групацијата Арикома. По тој повод, во 14 часот, ќе се одржи прес-конференција, на која ќе се обратат премиерот Зоран Заев и чешкиот амбасадор Мирослав Томан, како и директорот за ИТ-инвестиции во Групацијата Арикома, Михал Томанек, и Игор Лештар, управен директор на ...

Наместо со првите одлуки од 5-тиот сет економски мерки Владата итно да помогне на најпогодените индустрии од пандемијата Ковид-19 носи одлука со која на Стопанската комора на Македонија односно опфатените предлог листи на производи на компаниите “локомотиви” членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија им поклонува неповратна помош во висина од 162,4 милиони ...

Статистичарите соопштија дека германската економија минатата година падна за пет проценти, обележана со короната. Тоа е помалку отколку за време на глобалната финансиска криза (падот беше 5,7 проценти во 2009 година) и далеку помалку отколку што некои пророци предвидоа за земјата пред првото заклучување оваа пролет, коментира Хенрик Боме за „Дојче веле“. Со други зборови, се урнавме, но добро се справивме. Ниту бројот на луѓе кои останаа без ...

Parler, веб-страницата и апликацијата за социјални медиуми, популарна меѓу крајната десница во Америка, се врати делумно онлајн со помош на руска технолошка компанија. Parler исчезна од Интернет кога беше исфрлен од хостинг поделбата на Amazon и други партнери за слаба модерација, откако корисниците повикаа на насилство и објавија видеа со кои се величаше нападот во Капитол на 6 јануари во САД. Во понеделникот, веб-страницата на Parler беше ...

Најголемиот менаџер со дигитални средства, Grayscale Investments поставија рекорд за најголемото единечно купување на Биткоин направено за еден ден, откако компанијата вчера додаде 16.244 БТК. Grayscale Bitcoin Trust (GBTC) само што порасна многу повеќе, откако компанијата купи во неодамнешниот пад, за да акумулира повеќе Биткоин. Според Bybt, вчера од Grayscale Investments се купени 16.244 БТК во вредност од 590 милиони долари. Оваа набавка ...

Во областа на технологијата, промените се случуваат од ден на ден, но некои се однесуваат не само во строго деловните, туку и во социо-политички рамки. Дури и ако не сте запознати со работата на некои компании, апликации или некои трендови, се сомневаме дека сте ги пропуштиле вестите поврзани со WhatsApp или Twitter, од претходните денови. Еве 10 факти што во моментов се случуваат во технолошката сфера, и треба да ги знаете: 1. Тим Кук рече дека ...

Инвеститорот и милијардер Ворен Бафет има совети за младите: „Фокусирајте се да научите да пишувате и да зборувате јасно“. „Еден лесен начин да ја удвоите личната вредност е да ги усовршите вашите комуникациски вештини – и писмени и вербални“, рече Бафет во видеото објавено на „Линкедин“. Видеото е објавено од Мајкл Худ, коосновач на стартапот Voice Flow со седиште во Торонто, што им овозможува на корисниците да дизајнираат, креираат и лансираат ...

Коронавирусот ги откри „катастрофалните ефекти“ од игнорирањето на долгорочните ризици како што се пандемиите, а економските и политичките последици може да предизвикаат многу кризи во наредните години, предупредува Светскиот економски форум (СЕФ), пренесе „Блумберг“. Годишната студија на СЕФ за глобалните ризици ги идентификува заразните болести и средствата за егзистенција како „најјасни и најактуелни закани“ во следните две години. ...

Поради пандемијата на коронавирус, Германија ќе преземе нови, поголеми долгови, од кога и да било порано. Вкупно, настанаа нови долгови во вкупна вредност од 130,5 милијарди евра, соопшти во вторникот Министерството за финансии. Претходниот рекорд беше 44 милијарди евра во 2010 година. Сепак, новиот долг остана далеку под кредитната линија до 218 милијарди евра одобрена од Бундестагот. Министерството за финансии го оправда ова со изјава дека ...

Еве нови докази дека т.н. бум на чистите технологии станува се поголем. Breakthrough Energy Ventures (BEV), фонд за ризичен капитал со чисти технологии, предводен од Бил Гејтс, собра милијарда американски долари во втората рунда инвестиции откако поддржа 45 стартап компании со својата прва милијарда. Основана во 2016 година, BEV започна да финансира стартап компании, токму кога вториот бран инвестиции во чиста технологија земаше интензитет. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
75%
1037
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
73%
1039
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
84%
1039
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
80%
1038
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.92
61%
1038
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
89%
1038
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
4.47
82%
1032
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
50%
1030
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
61%
1032
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
59%
1038
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
90%
1039
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
70%
1036
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.1296

Currency

41.6502

Currency

65.5

Currency

8.16832

Currency

0.58051

Currency

0.38358

Currency

0.52536

Currency

1.68964

Currency

0.69174

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $