Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, оваа недела прокоментира дека финансиската институција ќе продолжи да се движи кон воведување на дигиталното евро, кое треба да стане електронска алтернатива на единствената валута. „Банкнотите ќе останат, но мислиме дека ќе имаме и дигитално евро“, рече таа за време на онлајн конференција организирана од Ројтерс. Конечната одлука во оваа насока се очекува да биде донесена на ...

Остриот пад на Биткоин оваа недела покренува нови прашања во врска со одржливоста на бумот на криптовалутите. Цените на дигиталните средства се намалија за 14% оваа недела, што претставува најголем пад од март досега. Биткоинот беше стабилен денеска, се тргуваше на ниво над 32.000 долари, а аналитичарите предупредуваа дека континуираниот пад под 30.000 УСД може да навести дополнителни загуби, пренесе „Блумберг“. Некои аналитичари тврдат дека ...

Samsung стана една од првите водечки компании што воведе премиум смартфони од почетокот на 2021 година. Долго очекуваните предводници на серијата Samsung Galaxy S21 нудат многу подобрувања и ќе бидат еден од најпродаваните уреди во годината. Главен приоритет за компанијата ќе бидат паметните телефони со флексибилни дисплеи, кои се предмет на се посериозни инвестиции на Samsung. Нивното портфолио е поделено во две категории и моделите, како што е ...

Оваа недела дознавме дека LG Electronics размислува да го напушти бизнисот со смартфони. Покрај тоа, дури се појавија информации за потенцијалниот купувач на поделбата на мобилни телефони во САД. Во меѓувреме, за време на CES, компанијата соопшти дека смартфонот со екран „на собирање“ – LG Rollable ќе биде претставен оваа година. Сепак, сега, податоците од Кореја сугерираат дека тоа можеби нема да се случи. Според информациите на The Korea ...

Honor е бренд кој ќе го продолжи своето независно постоење и во новата година. Со години, паметните телефони Honor се важен дел од стратегијата на Huawei да доминира во индустријата за мобилни телефони. Трговските санкции и ембаргото ја принудија компанијата да се раздели со овој вреден капитал. Кон крајот на минатата година, стана јасно дека Huawei го продава бизнисот со смартфони Honor за 15 милијарди долари на кинески конзорциум. Ова ќе ...

Елон Маск е работохолик, некој што има одлични идеи, амбиции и огромно богатство, но започна многу скромно. Неодамна, тој беше кратко време најбогатиот човек на светот, по што само твитна: „Чудно“ и „Па, назад на работа“. – Кога јас и брат ми ја основавме првата компанија, не изнајмивме стан. Изнајмивме мала канцеларија и спиевме на каучот. Ние се туширавме во просторот на христијанската заедница. Имавме само еден компјутер, работев седум дена ...

Во последниот број, неделникот Фокус открива афера која дава сосема нова димензија за причините зошто доцни изградбата на штипската болница. Според документи до кои дошол неделникот, преку низа фалсифкувани потписи и судски тенденциозни одлуки, покрената е судска постапка против Интраком компанијата која го гради објектот од страна на Бетон Штип, компанија подизведувач најмена од „Интракат“. Според истражувањето на неделникот, на 5 август 2020 ...

Ворен Бафет го шокираше светот кога неговиот „Беркшир Хатавеј“ откри дека има огромен удел во канадската компанија за експлоатација на злато „Барик Голд“. Бафет има долга историја како противник за инвестирање во злато. Пред инвестицијата на „Беркшир“ во „Барик“, волшебникот од Омаха никогаш не инвестирал во редок жолт метал или во која било поврзана актива. Бафет не е љубител на злато. Тој веројатно не донел директна одлука да инвестира во ...

Не е изненадувачки тоа што случаите на депресија и анксиозност се зголемија уште од почетокот на пандемијата. Изолацијата, стравот, осаменоста и заклучувањето може да го уништат дури и менталното здравје на најсилната личност, но сега има решение за оние кои не се свесни за нивниот проблем, не можат или не сакаат да побараат помош – нараквица која следи како се чувствувате. Уредот Moodbeam има само две копчиња – едно за снимање секогаш кога се ...

Меморандумот за разбирање за проектот „Белградско метро“ го потпишаа денеска министерот за финансии на Србија Синиша Мали, претставници на Град Белград, француската групација „Алмстом“, француската компанија „Ежис Рејл“ и кинеската „Пауер Чајна“. Мали рече дека има голем број активности во подготовките за изградба на метрото што не се гледаат секојдневно и изјави дека е усвоен детален план за регулирање на Макишко поле, каде работите треба да ...

Биткоинот падна под 30.000 долари во четвртокот, со што криптовалутата продолжи да паѓа откако ја зголеми за четири пати вредноста минатата година. Дигиталната валута падна за 17 проценти на 29.246,67 долари, бришејќи од пазарот 100 милијарди долари, покажуваат податоците на CoinDesk. Сега е намален за повеќе од 30 проценти од највисоките 41,940 американски долари претходно овој месец. Најновиот пад, кој доаѓа без јасна причина, ја нагласува ...

Sequoia Holdings, компанија за развој на софтвер, соопшти дека нејзините вработени во иднина би можеле да добијат дел од својата заработка во криптовалути. Во моментов, на работниците им е даден избор. Ако сакаат, дел од платата ќе се исплаќа на тој начин. Според новата програма, вработените можат да изберат да инвестираат дел од својата плата во Биткоини, Биткоин Кеш или Етереум, соопшти компанијата. На почетокот на овој месец БТК, ...

Шефот на Тесла моторс, Елон Маск во четвртокот вети награда од 100 милиони долари за развој на најдобрата технологија за фаќање јаглерод (carbon capture) Фаќањето на емисиите на глобалното затоплување станува критичен дел од многу планови за борба против климатските промени, но до денес е направен многу мал напредок во технологијата, со напори насочени кон намалување на емисиите наместо отстранување на јаглеродот од воздухот. Меѓународната ...

Јужнокорејската компанија Kia, која е во рамките на групацијата Hyundai, наводно, е задолжена за соработка со странски производители за развој на автономни електрични возила. Првата асоцијација на сите со тоа е Apple. Kia, јужнокорејскиот производител на автомобили со добра репутација и позиција на пазарот, неделава се дозна дека токму тие, како подружница на Hyundai Motor, ќе бидат задолжени за развој на автономни електрични автомобили во ...

Бразилската влада нема да се обиде да му забрани на кинескиот производител на телекомуникациска опрема Хуавеј да учествува на аукциите на мрежата 5Г кои се закажани за јуни оваа година, објави во саботата весникот Естадо де С. Пауло, повикувајќи се на извори од владата и индустриската заедница, пренесува Ројтерс. Финансиските трошоци кои потенцијално вредат милијарди долари и излегувањето на сојузниот претседател Доналд Трамп од Белата куќа го ...

Вредноста на кинеската малопродажба на Интернет во 2020 година достигна 9,8 трилиони јуани или 1,51 трилион долари, што е за 14,8 проценти повеќе од истиот период минатата година и сочинува 24,9 проценти од вкупната малопродажба во земјата. Обемот на деловна активност на курирските услуги достигна 83,36 милијарди парчиња, што е за 31,2 проценти повеќе отколку во 2019 година, пренесува „Меѓународното кинеско радио“. Една од главните причини за ...

Приходите од најпознатите хотели на поранешниот американски претседател Доналд Трамп паднаа минатата година, кога пандемијата на коронавирусот силно ја погоди економијата, според финансискиот извештај објавен во средата, последниот ден од неговиот мандат. „Интернационалниот хотел“ на Трамп во Вашингтон заработи 15,1 милиони долари во 2020 година и во првите три недели од 2021 година, покажува извештајот на Трамп. Тоа е 62,7 проценти помалку ...

Германскиот ланец за попусти на супермаркети „Лидл“ им понуди на сите свои вработени во САД кои се вакцинирани против Ковид-19, дополнителни 200 долари откако вакцината ќе стане подостапна во сојузните државите. „Лидл“ ја објави понудата по слични потези на нејзините конкуренти на американскиот пазар како „Алди“ и „Долар Џенерал Корп“, како и компанијата за испорака на намирници „Инстакарт“, пренесе Ројтерс. Паричниот стимул на „Лидл“ за ...

Британската малопродажба малку се опорави во декември, откако трговците отворија продавници по четиринеделното затворање воведено во ноември за да спречат ширење на коронавирус, додека јавниот долг достигна ново рекордно ниво во тековната финансиска година. Продажбата на мало се зголеми за 0,3 проценти во декември, што е далеку под очекувањата на економистите кои предвидуваа пораст од 1,2 проценти во анкетата на Ројтерс, според денешната ...

Јавниот долг, изразен како учество во БДП, се зголеми дополнително во ЕУ и еврозоната во третиот квартал на 2020 година, како одраз на континуираните високи потреби за финансирање на земјите и економските последици од пандемијата на коронавирус. На ниво на ЕУ, јавниот долг изразен како учество во БДП се искачи на 89,9 проценти во третиот квартал од минатата година, од 87,7 проценти во претходните три месеци, објави во четвртокот Европското биро ...

Меморандумот за разбирање за проектот „Белградско метро“ го потпишаа денеска министерот за финансии на Србија Синиша Мали, претставници на Град Белград, француската групација „Алмстом“, француската компанија „Ежис Рејл“ и кинеската „Пауер Чајна“. Мали рече дека има голем број активности во подготовките за изградба на метрото што не се гледаат секојдневно и изјави дека е усвоен детален план за регулирање на Макишко поле, каде работите треба да ...

Цените на нафтата паднаа под 55 долари на меѓународните пазари во петокот под притисок на загриженоста дека новите анти-пандемични ограничувања во Кина ќе ја ограничат побарувачката на гориво. На лондонскиот пазар цената на барел нафта падна за 1,31 долар во споредба со претходното затворање и изнесуваше 54,79 долари. Во иста количина, барелот падна на цената на американскиот пазар, каде се тргуваше по 51,83 долари. Трговците внимателно го ...

Над 70% од економистите и над 50% од правниците би ја промениле професијата, покажува истражувањето на Brainster На крајот на минатата година Brainster лансираше алатка за кариерно советување, која е бесплатна за користење за сите. Целта на алатката е да им помогне на корисниците да ја започнат потрагата по „вистинската кариера“, како и да ја истакне потребата од потемелно кариерно советување. Оваа алатка на Brainster во изминатите месец дена ја ...

Владата ги објави платите на премиерот, вицепремиерите и министрите во новиот мандат. „Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок. Во таа насока, во продолжение е висината на нето платата исплатена за месец ...

„УНИБанка“ АД Скопје денес, 22 јануари 2021 година ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници со ISIN MKBLBA200011 и шифра UNIPO. Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 9% на годишно ниво. ...

Пролонгирање на роковите за поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи преку законски измени на Законот за трговски друштва со цел подобрување на квалитетот на финансиското известување да бидат дел од економските мерки за петтиот пакет, бара Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Македонија. Според роковите утврдени во Законот за трговски друштва Годишната сметка се доставува до Централниот регистар до крајот на ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги изврши усогласување на Одлуката од 18.01.2021 година со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт со Законот за акцизи. Одлуката за усогласување РКЕ ја донесе поради тоа што престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за ...

Како член на Енергетската заедница, Северна Македонија има обврска да усогласи одредени национални закони за енергетика, клима и животна средина со законодавтсвото на ЕУ. Секоја година, Енергетската заедница објавува извештај во кој го опишува напредокот на секоја земја – договорна страна на заедницата. Енергетската заедница, претходно позната како Енергетска заедница на Југоисточна Европа, е организација чија цел е создавање соработка помеѓу ...

Сите 120 вработени во фабриката за хартија „Пејпар мил“ од Кочани денеска добија писмени решенија дека работниот однос им продолжува, но до почетокот на април да не доаѓаат на работа. За месеците додека не се ангажирани, работниците ќе добиваат редовни плати, намалени за 30 отсто, соопшти МИА. Во меѓувреме, додека работниците се на принуден одмор, во „Пејпар мил“ очекуваат да пристигне таканаречениот вреќест филтер, што ќе биде инсталиран на ...

„Се чувствувам оптимист во врска со агендата на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) која вклучува интензивен и одржлив пристап кон инклузивно закрепнувањето од Ковид – 19. На Северна Македонија и е неопходен ваков вид платформа со цел да се придвижиме напред кон глобално признатите стандарди и амбиции, и затоа го гледам новиот центар на OECD во Истанбул како извонредна можност за споделување на подобри вредности, создавање на ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
70%
1036
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
70%
1039
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
84%
1039
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
0.0
75%
1036
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.04
50%
1038
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
3.6
88%
1037
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.92
79%
1031
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
38%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
49%
1031
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
48%
1037
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
90%
1039
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
8.23
70%
1034
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.1296

Currency

41.6502

Currency

65.6195

Currency

8.16832

Currency

0.58051

Currency

0.38358

Currency

0.52536

Currency

1.68964

Currency

0.69174

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $