Владата да не брза со петти пакет антикризни мерки во услови кога реализацијата на четвртиот пакет не е потполна, вели Благица Петрески од институтот „Finance Think“ за „Стандард“. Како важни за следниот период ги издвојува мерките за извозните сектори и потребата да се зајакнат потенцијалите за нивен пост Ковид раст Слабост препознава и во проценката на трошоците за досега дизајнираните мерки „За првите три пакети мерки беа потрошени 35% од ...

Twitter ја лансираше својата програма „Birdwatch“ што им овозможува на корисниците да проверуваат информации на твитови, објавија на нивната страница. Програмата им овозможува на корисниците да додадат белешки кои дополнително го разјаснуваат објавувањето или го означуваат како погрешно. На овој начин, тврди Twitter, ќе биде полесно да се идентификуваат дезинформациите. Во моментов го тестираат 1.000 луѓе од Соединетите држави, а засега можат да ...

Иако пандемијата на коронавирус ја одбележа 2020 година и значително влијаеше на многу пазари и економии во скоро сите земји во светот, таа имаше прилично позитивен ефект врз криптовалутите. Биткоинот, особено кон крајот на годината, започна да ги руши претходно поставените рекорди на цени и како таков, прегреениот пазар на криптовалути е привлечен за оние кои би можеле да се обидат да заработат пари „на црно“. Сепак, и покрај зголемената ...

Мерките произлегуваат од дијалози, посебно оние кои се однесуваат за странските инвестиции во државата. Новата мерка за укинување на царинските давачки и импути таргетира увоз за 50 милиони вредност во суровiни, вели директор на ТИР зоните, Јован Деспотовски во емисијата „Топ Тема“ на Телма. -Секоја мерка која помага во конкурентноста на фирмите е добродојдена за државата и оваа мерка е направена меѓу другото од прецизна математика. Односно, ...

Врз основа на член 49 став 4 од Законот зa Народната банка („Службен весник на Република Македонија” бр.158/2010, 123/2012, 43/2014, 153/2015, 6/2016 и 83/2018), Владата на Република Северна Македонија заклучи да му предложи на Собранието на Република Северна Македонија за неизвршни членови на Советот на Народната банка на Република Северна Македонија, со мандат од седум години да ги именува: – Борче Треновски – Никола Поповски и – Марјан ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираат дека преку Системот за брзо предупредување за храна на ЕУ досега имаат добиено три нотификации за увоз на небезбеден сусам по потекло од Индија, во кој е утврдено присуство на резидуи од пестицид – етилен оксид. Од Агенцијата додаваат дека во моментов е постапено по две од тие известувања, а за третото од јануари годинава постапката е во тек. „По приемот на првата нотификација во септември ...

Од министерството за економија најавија дека годинава се планира да се забрани увозот на возила под ЕУРО 5 стандард. „Оваа година би требало да се зголеми стандардот за увоз на возила во нашата држава. А, во однос на мерки ние веќе спроведуваме неколку мерки за вградување на плински уреди во возилата“, рече Крешник Бектеши, министер за економија. Бектеши вели дека се бараат средства за уште две мерки со едната би требало да им се даде директна ...

На денешната седница Владата ја донесе и Програмата за економски реформи 2021 – 2023 година, која како обврска е и дел од реформите согласно евроинтеграцискиот процес, а министерот за финансии е задолжен да ја достави до Европската комисија до 31-ви јануари 2021 година. Програмата за економски реформи содржи макроекономски проекции, план на Буџетот за наредни три години, 15 до 20 структурни реформи кои најмногу влијаат на економскиот раст како ...

Владата на Северна Македонија денеска ја усвои Информацијата за реализација на мерките од Акцискиот план за железница од Договорот за основање на транспортната заедница која произлезе од третиот Министерски совет на транспортната заедница, на кој министрите за транспорт на земјите од Западен Балкан ги одобрија акциските планови кои ја забрзуваат реформата на железничкиот пазар на регионално ниво. Акцискиот план за железници се состои од шест ...

Владата го утврди текстот на Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, со кој, меѓу другото, се врши усогласување со законодавството на Европската унија во насока на обезбедување механизми и услови за одржување високо ниво на безбедност и стабилност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата и во ЕУ, преку сигурни и транспарентни механизми кои се засноваат на солидарност помеѓу ...

Европската унија заостанува во развојот и употребата на вештачка интелигенција, област во која САД се лидери, додека Кина бележи брз напредок, се вели во извештајот на американски тинк-тенк. Студија спроведена од Фондацијата за информатичка технологија и иновации во Вашингтон Д.Ц., објавена во понеделникот, ја спореди состојбата во тие региони врз основа на 30 параметри, вклучувајќи човечки талент, истражување, комерцијален развој и инвестиции ...

Цената на биткоин може да надмине 50.000 долари на долг рок, бидејќи дигиталните средства продолжуваат да се натпреваруваат со златото за инвестиции, според берзата за криптовалути Luno и брокерската фирма OSL, цитирана од „Блумберг“. „Зборуваме за биткоин во текот на следните три, пет, десет години, полека се оддалечуваме од пазарната капитализација на златото“, рече за „Блумберг“ во вторникот Виџај Ајар, шеф на азиско-пацифичката крипто-берза ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата за глобален раст за 2021 година за 0,3 процентни поени, на 5,5 проценти. Ова го објави денес Гита Гопинат, главниот економист на ММФ, на презентацијата на последното, јануарско издание на извештајот „Светски економски изгледи за 2021“. Таа посочи дека проекцијата за годинешниот раст на светскиот бруто домашен производ е подигната во однос на октомвриската прогноза заради очекуваното ...

Европската инвестициска банка (ЕИБ) го назначи Алесандро Брагонзи за нов шеф на регионалната канцеларија за Западен Балкан. Тој е вработен во ЕИБ 11 години и ја наследи Дубравка Негра, чиј мандат заврши во средината на јануари. Брагонци рече дека за него е голема чест да преземе активности за регионот во време кога се соочува со уште една тешка година по ред. „Западен Балкан е сериозно погоден од пандемијата, поради што е чувствителен на идните ...

Македонската Берза денеска изврши бришење на издавачот Либерти АД Скопје од „Листата за набљудување“, поради тоа што е завршена јавната понуда за преземање на друштвото од страна на преземачот Либерти Холдко Галати & Скопје Лимитед од Лондон, Обединето Кралство. Либерти АД Скопје беше внесена на 11.11.2020 година на „Листата на набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена јавна понуда за преземање на друштвото од ...

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски на дебатата „Визија за енергетска транзиција 2040“ соопшти дека РЕК Битола ќе престане да произведува струја од јаглен во 2040 година. Со завршувањето на грејната сезона 2025/2026 година во план е да престане да работи првиот блок на РЕК, потоа во 2031/2032 ќе се затвори вториот, а третиот блок ќе престане да работи со завршувањето на грејната сезона 2039/2040 година. Во меѓувреме на просторот на овој ...

„Во Известувањето (https://www.seinet.com.mk/FileServer.aspx?file=58505) објавено од Стопанска Банка АД Скопје на страната на СЕИНЕТ на 22.01.2021, наведено е дека тужбата е поднесена од еден акционер. Тој податок согласно Правилата за котација не е обврзувачки да се објави. Но, кога е веќе објавен, потребно е јавноста да биде запознаена со вистинската бројка на акционери кои не се согласуваат со оспорените одлуки“, соопштуваат од ...

Производството на електрична енергија од јаглен да се замени со производство на електрична енергија од обновливи извори – ова е суштината на енергетската транзиција која треба да се случи во нашата земја посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на конференција „Визија за енергетска транзиција 2040“. „Неопходно е чекор по чекор да се оди со енергетската транзиција. Ние сите целиме кон реализација ...

Апсолутен плафон за плаќање во готовина може да се воведе во Европската унија, кој според предлогот би изнесувал 10.000 евра. Работен документ на три страници беше презентиран на видео конференција од експертска група за борба против перење пари и финансирање тероризам, во која владата ги нарече готовините „инструмент на избор за криминалците“, и покрај генералниот пад на употребата, вели „Зидојче Цајтунг“. За да им биде полесно да управуваат со ...

Американскиот производител на електрични автомобили, Тесла ќе гради фабрика за батерии за автомобили во околината на Берлин, во која планира да воведе нова, иновативна технологија на производство, според упатени извори. Фабриката ќе произведе нов вид помала ќелија, шест пати поголема енергија на батеријата, што ќе зазема помалку простор и ќе троши помалку, велат изворите. Бидејќи ќе биде помоќна, за секој автомобил ќе бидат потребни помалку ...

Најголемиот заемодавател на Русија, Сбербанк, се обрати до националниот финансиски регулатор да воспостави блокчејн платформа за сопствен дигитален токен наречен „Сберкоин“. Проектот би можел да започне уште оваа пролет. Сбербанк на почетокот на годината испрати пријава за платформата до Централната банка на Русија, откри директорот на деловниот оддел за трансакции, Сергеј Попов, на почетокот на оваа недела. Тој рече дека регистрацијата се бара ...

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го направија првиот чекор кон членството во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со одобрение на Одборот на гувернери на Банката за нејзина апликација да стане акционер на мултилатералната финансиска институција. Претседателот на ЕБОР Одил Рено-Басо рече: „Ние ги поздравуваме ОАЕ да станат нова членка на нашата банка и им благодариме на нашите акционери за нивната одлука. ОАЕ е важен центар за деловно ...

Државниот инспекторат за животна средина во рамки на извршената проверка на резервоарите за мазут и начинот на постапување со отпадот, идентично како и опасниот отпад, во „Топлана Исток“ во сопствеништво на Балкан енерџи груп, утврди дека мазутот кој се набавува на секоја година, БЕГ го троши за 15 дена. „И покрај објавувањето на годишни јавни набавки, БЕГ не набавиле, односно, не користеле мазут од 2013 година, во која биле гасифицирани. Во ...

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард се надева дека 2021 година ќе продолжи да биде година на економско закрепнување од пандемијата, и покрај сериозните блокади и загриженоста за појавата на нови видови на Ковид-19. „Се надеваме дека 2021 година е сè уште година на закрепнување, но во две фази. Првата фаза е очигледно онаа што ќе продолжи да биде оптоварена со многу високо ниво на несигурност“, рече Лагард на панелот на ...

Grindr има рок до 15 февруари да одговори на наводите за приватност, по што агенцијата за заштита на податоците ќе донесе конечна одлука за тој случај. Норвешката агенција за заштита на податоци објави дека планира да ја казни апликацијата за состаноци Grindr во износ од 100 милиони норвешки круни (9,6 милиони евра) за нелегално откривање на кориснички податоци за огласувачите. Американската Grindr, која е опишана како најголемата апликација за ...

Од 22.01.2021 година нов Управител на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт е господинот Адем Авзиу. Авзиу, поранешен државен секретар на Министерство за информатичко општество и администрација е назначен за генерален директор на оваа компанија која е една од најатрактивните во земјата. Авзиу е дипломиран економист на Универзитетот во Југоисточна Европа, насока финансии и во моментов продолжува со постдипломски студии на истиот ...

Претседателот на САД, Џо Бајден, во понеделникот потпиша извршна уредба со која се воведуваат построги правила на владината политика „купи американско“ и најави замена на возниот парк на државата со електрични возила произведени во Соединетите држави. „Ќе ги искористиме парите на даночните обврзници за да ја изградиме Америка. Ќе купуваме американски производи и ќе поддржуваме американски работни места“, изјави Бајден пред новинарите, ...

Климатските промени станаа голем проблем низ целиот свет. Меѓународната заедница работи заедно во борбата против климатските промени. На 5-годишнината од Парискиот договор, повеќе од 110 земји се обврзаа на целта „Неутралност на јаглерод“. Важно е да се модернизира енергетската инфраструктура и да се забрза трансформацијата од фосилна енергија во обновлива енергија. Во дигиталната ера на целосно поврзан интелигентен свет, енергијата, која е ...

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија воведува „Беџ за верификуван е-трговец”, кој ќе овозможи јасна дистинкција на онлајн продавниците кои се регистрирани субјекти и ги исполнуваат основните правила и законски прописи од останатите онлајн продавници кои не се целосно усогласени или пак воопшто не се регистрирани и се дел од сивата економија. Беџот за верификација е дел од иницијативата „Е-трговија за сите“, која е поддржана од Проектот на ...

Заради наметнатата обврска на усогласување кое не било предвидено во моментот на издавање на лиценците, со барање или поведување на постапки за нанесена материјална штета која ќе ја претрпат обложувалниците, може да се предизвика и директна материјална штета по буџетот, кој ионака со ваквото законско решение ќе остане покус за над 250 милиони евра, средства со кои индустријата на игри на среќа придонесува во државната економија, сметаат од АСОМ. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
69%
1035
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
73%
1038
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1039
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
75%
1036
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.46
50%
1037
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
90%
1037
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
6.26
76%
1030
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
43%
1029
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
49%
1031
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
57%
1037
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
0.89
90%
1039
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
6.17
81%
1033
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $