Вредноста на дигиталната валута Биткоин денес нагло скокна откако трговците забележаа дека сопственикот на „Тесла“, Елон Маск, ја обележа оваа криптовалута во неговата биографија на „Твитер“. Маск напишал само „# биткоин“ во својата биографија на таа социјална мрежа. Тоа беше доволно за Биткоинот да достигне вредност од 37.060 долари за една дигитална монета, што е негова најголема вредност во претходните 10 дена. ...

Дигиталниот менаџер на средства Grayscale не забавува со акумулацијата на Bitcoin. Тој додаде околу 40.000 BTC на залихите на 13 јануари. Ова е Bitcoin во вредност од околу 1,36 милијарди долари за само 16 дена. Драматичната акумулација ја забележа Рафаел Шулц-Крафт, технички директор на Glassnode, кој истакна дека само 26,000 BTC се „ископани“ од почетокот на годината. Ова значи дека Grayscale купил Bitcoin со брзина, што е 54% побрза од ...

Android е оперативен систем кој доминира во софтверските трендови кај паметните телефони. Google инвестира и во развој на други платформи, како што е WearOS, која е наменета за паметни часовници. Водечките производители на автомобили имаат пристап до Android Auto, нудејќи различни опции за поврзување и интеракција со паметните телефони за време на патувањето. Не треба да заборавиме на Chrome OS, кој е дизајниран како алтернатива на Windows за ...

Xiaomi веќе го објави својот безжичен полнач, кој ги полни уредите од далечина, и се нарекува Mi Air Charge. Сега Motorola ја објавува својата визија за оваа технологија. Технологијата на Motorola може да ги полни уредите од растојание од еден метар, под услов да нема ништо што стои помеѓу полначот и уредот. Според она што може да се види на официјалното видео, двата телефони на Motorola Edge (кои веројатно се модифицирани за овој тест) се ...

Само неколку месеци по објавувањето на серијата iPhone 12, почнаа да се појавуваат гласини за следната верзија на телефонот на Apple. Овој пат, новиот извештај сугерира детали за варијантата за складирање податоци за моделите iPhone 13 Pro, кои треба да имаат опции до 1TB. Според „ITHome“, iPhone 13 Pro може да има простор за складирање до 1TB. За споредба, моделите на iPhone 12 Pro доаѓаат со максимум 512 GB вградена меморија. Последен пат ...

Honor неодамна се раздели од нејзината матична компанија Huawei и оттогаш кинескиот производител работи напорно на нови производи, планови и соработки. Извештаите спомнаа дека Honor ја обновил соработката со Qualcomm, MediaTek, AMD и други, а беше посочена и соработка со Google. Сега новиот извештај сугерира дека Honor се подготвува да издаде и смартфон флексибилен екран. Уредот, наводно, ќе биде дел од серијата Honor Magic. На почетокот на оваа ...

Оваа година започнуваме со постапка за изработка на физибилити студија за изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Тетово. Тој, заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи остварија средба со градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи, на која средба се разговараше за инфраструктурни проекти во општината и регионот. На ...

Познатиот бренд за обувки „Д-р Мартенс“, популарен меѓу рок генерацијата, денес имаше првична јавна понуда (ИПО) на Лондонската берза во голем стил. Имено, тој привлече голем интерес од инвеститорите, кои ја проценуваа компанијата на 3,7 милијарди фунти, или над пет милијарди долари. Според Ројтерс, по отворањето на тргувањето, цената на акцијата на „Д-р Мартенс“ скокна за 19 проценти. Со ИПО, компанијата собра 1,3 милијарди фунти откако продаде ...

Претседателот на Австриската стопанска комора, Харалд Махрер, ​​посочи дека заклучувањето или „локдаунот“ на оваа земја, чини 1,7 милијарди евра неделно. Тој се залага за постепено и забрзано отворање на деловни активности кои страдаат од заклучувањето. Во Австрија бизнисите се затворени скоро три месеци поради пандемијата на коронавирус. Махрер предупреди дека доколку бизнисите не се отворат до 8 февруари, загубите ќе бидат во милијарди евра. ...

„Јунајтед Груп“ денес објави дека е „шокирана од одлуката на „Телеком Србија“ и „Теленор“, кои се согласија да соработуваат со цел уништување на кабелскиот оператор „СББ“ и „Јунајтед Груп“, во рамките на кои работат медиумите „Н1“ и „Нова С“. Беше објавено дека „Јунајтед Груп“, која вработува повеќе од 2.700 лица во Србија, „откако дозна дека има докази за овој нечесен деловен сојуз во форма на официјални документи“, ќе поднесе тужби пред ...

Амазон, најголемата онлајн продавница во светот, сè уште е жариште на теории за заговор против вакцините, а ваквите дезинформации влијаат на некои луѓе кои не сакаат да се вакцинираат против коронавирус, покажува новото истражување на научници од Универзитетот во Вашингтон во Сиетл. Алгоритмите за пребарување на Амазон промовираат книги што шират лажни тврдења за вакцини пред оние што ги демантираат здравствените дезинформации, откриле ...

Најголемиот американски производител на автомобили, „Џенерал моторс“, објави дека од 2035 година ќе продава исклучиво автомобили, џипови и лесни камиони со нула издувни гасови. Компанијата, исто така, планира да стане јаглерод неутрална до 2040 година и најави драматичен пресврт нешто повеќе од една недела откако Џо Бајден ја презеде функцијата, ветувајќи дека ќе се бори против емисиите на стакленички гасови и ќе ја зголеми продажбата на ...

Расте хаосот околу набавката на вакцините. Германските политичари сакаат да вклучат повеќе компании во производството, но предуслов за тоа е компаниите што ја развија вакцината за кратко да бидат лишени од нивните ексклузивни права за патент. Германскиот министер за здравство Јенс Шпан (ЦДУ) нема добра вест на крајот на оваа недела кога станува збор за снабдување на Германија со вакцини: „Со оглед на недостигот на вакцини, пред нас се најмалку ...

Компанијата за дигитално тргување со акции Robinhood собра над 1 милијарда долари свеж капитал од своите инвеститори откако забрани купување акции со кои трговците-аматери им нанесоа големи загуби на хеџ-фондовите. Инвеститорите во Robinhood, финансиските фирми Sequoia Capital и Ribbit Capital, се состанаа во четвртокот вечерта и ѝ понудија на дигиталната компанија итна финансиска поддршка, објави „The New York Times“. Ројтерс не можеше веднаш ...

Две најголеми технолошки компании се најдоа во центарот на сериозен конфликт што избувна во последните недели од 2020 година. Специфичен мотив за влошување на односот помеѓу Facebook и Apple е воведување на нова функционалност во iOS 14. Незадоволството е предизвикано од обезбедувањето на лесен начин за сопствениците на iPhone да блокираат одредени апликации да ја следат нивната активност на Интернет. Facebook генерира приходи од рекламирање и ...

Среброто поскапува втор ден по ред, а пазарот остана претпазлив, откако корисниците на Reddit повторно создадоа немири. Среброто се зголеми за 5,8% до 27,39 долари во 16:15 часот по македонско време откако доларот повторно ослабе. Фјучерсите на среброто исто така значително се движеа, пораснаа за 6,9 проценти во Њујорк, а цените на златото пораснаа за повеќе од 1 процент и во Лондон и во Њујорк. Во четвртокот, акциите на компаниите за рударство ...

„Утрово по објавените реакции на Независната угостителска комора од Кабинетот на Вицепремиерот Битиќи е презакажан нов термин за работна средба во сабота 30-ти Јануари 2021 година во 14:00 часот“, соопштуваат од Независната Угостителска Комора (НУК). „Од Кабинетот на заменик претседателот на Влада за економски прашања утрово телефонски е презакажана договорената работна средба со Вицепремиерот Битиќи и претставници на Независната угостителска ...

Министерот за економија, Крешник Бектеши по денешното вклучување во работа на новата шестосед-жичница „Лајтнер” за првпат сезонава во однос на развојот на ски центарот „Попова Шапка“ изјави дека се развиени модели преку јавно приватно партнерство каде што Владата не учествува со средства, но дава придонес во делот на многу важни документи кои се предуслов за секаква инвестиција. „Без физибилити студија, без идеен проект, без дју дилиџенс никаде ...

Банката за меѓународни порамнувања (БИС) го организира редовниот состанок на гувернери на централни банки, при што на состанокот активно учествуваше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Тема на јануарскиот состанок беа податоците од Анкетата спроведена од страна на БИС во врска со најновите трендови во процесот на управувањето со девизните резерви. Резултатите од Анкетата посочуваат дека централните банки сѐ уште ...

Прифаќање и прилагодување на промените, како да се напредува во новото дигитално опкружување наметнато од потребата да се заштити здравјето по појавата на пандемијата со вирусот Ковид 19, улогата на новите дигитални навики наспроти потребата за оправување на економијата и нејзината сè поголема дигитализација, како и прифаќањето на новото „нормално“ беа дел од размислувањата на онлајн дебатата на тема „Дигитална ера: толку далеку, а толку близу – ...

Намален бројот на работници во индустријата во декември 2020 година, во однос на истиот период во 2019 година, за 4,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи опаѓање од 3,8%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 4,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и ...

Изминативе неколку дена, по дебатите кои се одджаа, ДУП-от за езерото Треска бил заведен во Катастарот, на денешниот брифинг со новинарите потврди, градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети. „Блокот еден на површина од 31 хектар предвидено е да се намени за спорт и рекреација, во блок 2 на површина од 10 хектари ќе бидат изградени бунгалови со максимална височина од 10.20 метри и П+2+Пк односно приземје, два ката и поткровје. Во блокот 3 е ...

Благо намалување на јавниот и на државниот долг во четвртиот квартал од 2020 година. На крајот од 2020 година државниот долг изнесува 51%, што е за 0,5 процентни поени пониско во однос на претходниот квартал, додека јавниот долг изнесува 59,9% и е за 0,8 процентни поени понизокво однос на претходното тримесечје. Гледано во апсолутен износ, државниот долг е намален за 57 милиони евра во однос на претходниот квартал, додека јавниот долг е намален ...

Согласно член 38, точка 2 од Правилата за котација на Македонска берза известуваме дека Европа АД Скопје се стекна со 54 обични акции од Фершпед АД Скопје, со што вкупно поседува 1.549 обични акции или 8,55 % од основната главнина на друштвото, соопштија од ФЕРШПЕД АД Скопје. Акционерот Бане комерц Трејд ДООЕЛ Велес, по пат на берзанска трансакција пак се стекна со 3.300 обични акции издадени од ПИ КРИСТАЛ 1923 АД Велес и во моментов поседува ...

Согласно Одлука на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје на друштвата АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје и Благој Туфанов АД Радовиш, котирани на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, им е изречена мерка долгорочна суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација. Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена ...

Ски – центарот „Попова Шапка„ ги намалува цените на билетите. Со намалувањето, од сабота (30.01.2021) до крајот на сезоната билетите ќе можат да се набават по следниве цени: – Дневен ски билет – 800 денари. – Полудневен ски билет – 550 денари. – Детски ски – билет – 400 денари. – Ноќно скијање – 400 денари. – Поединечен билет за двосед „Син Врв“ – 150 денари. – Поединечен билет за шестоседата жичница „Лајтнер“ – 150 денари. – Поединечен билет за ...

Tesla претстави ажурирана верзија на електричниот автомобил Model S. Ова е прв голем редизајн од појавувањето на седанот во 2012 година. Забележително меѓу сите нови карактеристики е што автомобилот може да помине „најмалку 830 километри со едно полнење“. Изгледот на Model S останува практично непроменет. Главните новини се во внатрешноста на автомобилот. Патниците ќе можат да уживаат во стаклен покрив – оваа опција станува стандарден дел од ...

Facebook објави дека неговите приходи скокнале за една третина во четвртиот квартал од 2020 година, поттикнати од зголемено рекламирање од страна на компаниите кои сакаат да профитираат за време на празниците преку Интернет. Во последните три месеци од пандемиската година, вкупниот приход на Facebook скокна 33,1 процент, на 28,1 милијарди долари, според извештајот објавен во средата. Нето профитот на Facebook порасна 52,6 проценти, на 11,22 ...

Компаниите немаат никаква можност да не ја исплатата државната помош за исплата на минимална плата, како поддршка за полесно справување со последиците предизвикани од коронавирусот, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во вечерашната емисија 10 минути на тв21. „И во самата уредба, а сега и во Законот точно е наведено во кои услови, ако не се исполнети критериумите од ова земање на државната помош ќе се спроведуваат соодветни дејствија на ...

Во 2020 година, членовите на српскиот „Делта холдинг“ генерираа EBITDA од 46,5 милиони евра, 7,5% повеќе од година порано. Минатата година приходите на Холдингот изнесуваат 511,2 милиони, што е за 2,2 проценти помалку отколку во 2019 година. – Зголемувањето на оперативната добивка пред оданочување и амортизација – EBITDA, потврдува дека компанијата работи успешно, односно дека имала исклучително добро управување во ситуација која сериозно ја ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
75%
1036
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
78%
1038
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
89%
1038
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1036
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.96
55%
1037
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.89
91%
1037
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
77%
1030
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
61%
1028
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
61%
1031
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.68
62%
1037
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
92%
1038
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
7.2
87%
1033
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $