Samsung Galaxy S21 се најде во лабораторијата на популарната страница iFixit, каде што беше расклопуван и доби оценка 4/10 за поправки. Иако Galaxy S20 не добил официјален рејтинг од страницата, премиум моделот за оваа година е јасно полесен за сервисирање. Пластичната подлога е полесна за отстранување од стаклената плоча и нема страв од кршење. Едноставниот екран е исто така полесен за отстранување, а исто така помага и што кабелот на екранот ...

Додека „Епл“ се обидува да скрие сè во врска со „Проектот Титан“ во тајност, гласините покажуваат дека работите се движат брзо – најновиот извештај на „Бизнис инсајдер“ открива дека гигантот од Купертино можеби го „украл“ потпретседателот на „Порше Тајкан“ за развој на шасија, д-р Манфред Харер. „Тајкан“ е првиот електричен автомобил од „Порше“, чија верзија за производство беше претставена на крајот на 2019. Ова се очекува да служи како ...

Џо Бајден во петокот објави дека ќе „дејствува брзо“ за да ги ублажи финансиските тешкотии на Американците предизвикани од пандемијата, повторувајќи ја подготвеноста за носење пакет помош по загрижувачките сигнали од пазарот на трудот. „Гледам многу тага во оваа земја (…), многумина ја губат надежта (…) Јас ќе постапувам и брзо“, рече новиот потстанар во Белата куќа, кој сака да донесе план за помош од 1900 милијарди долари за мали и средни ...

Акциите на кинеската компанија за кратки видеа Kuaishou, пораснаа скоро 200% на отворањето, за време на своето деби во Хонг Конг. Технолошката фирма од почетната јавна понуда (ИПО) собра 41,28 милијарди хонгконгшки долари (5,32 милијарди амеикански), откако нејзините акции по цена од 115 хкд го надминаа очекуваниот опсег. Акциите на Куаишу се отворија на 338 хкд. Тие подоцна се лизнаа од највисоките нивоа, но сепак го завршија денот со 160% ...

Нова смешна реклама на „Генерал Моторс“ во која глуми актерот и комичар Вил Ферел, е нов хит за Суперболот. Овој пат, тие ги „начнаа“ Норвежаните кои едноставно се луди по електричните возила, што се докажува со фактот дека повеќе од 54% од новите автомобили продадени минатата година беа на струја. Во САД, тој процент е далеку помал и токму тоа го иритира Фарел. Во рекламата што ќе се емитува на овогодинешниот Супербоул, го гледаме вознемирениот ...

Шефот на ММФ, Кристалина Георгиева, ги повика развиените економии да обезбедат повеќе ресурси за земјите со ниски примања, предупредувајќи дека „големиот јаз“ во глобалниот раст може да ризикува стабилност и да предизвика социјални немири во следните години. Управниот директор на Меѓународниот монетарен фонд рече дека 50% од земјите во развој се изложени на ризик од поголема заостанатост, што предизвикува загриженост за стабилноста и социјалните ...

Сојузот на работодавачи на Црна Гора (СРЦ) бара повлекување на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, кој предвидува зголемување на минималната плата од 222 на 250 евра. СРЦ бара враќање на законот во рамките на Социјалниот совет и постапката пропишана со домашните и меѓународните регулативи. Од Унијата велат дека амандманите не се договорени со работодавците и синдикатите, пренесува порталот CdM.me. Тие ...

Градот Пекинг ќе дистрибуира 50.000 пакети, наречени „црвени пликови“, на своите граѓани, со 200 јуани (30,9 американски долари) во кинеска дигитална валута. Ова денеска го објави „Глобал тајмс“, цитирајќи локални извори. Тестирањето на дигиталната валута на оваа азиска земја ќе започне утре, се додава во извештајот. Националната банка на Кина (PboC) го спроведе првиот тест од ваков вид во октомври минатата година во Шенжен, провинцијата ...

Оваа година ќе биде значајна за BMW, а главните sвезди без сомнение ќе бидат М3 и М4. Сепак, според инсајдерски информации, многу други нетрпеливо очекувани модели ќе ја видат светлината на денот. Прво, тука е Alpina B8, базиран на серија 8 Gran Coupe, кој треба да започне со производство во март. Под хаубата ќе ја има истата верзија на 4,4-литарскиот твин-турбо V8 како и XB7, додека надворешноста ќе биде препознатлива по бандажите на Алпина и ...

Пронајдете го она што го сакате. Работи го тоа што го сакаш. Тогаш работата нема да биде работа. Ова звучи премногу добро за да биде вистина, затоа што е така. Така вели извршниот директор на Apple, Тим Кук. „Постои една изрека дека ако го работиш она што го сакаш, нема да го аботиш ниту еден ден во твојот живот. Во Apple научив дека е тотална глупост“, рече Кук во говорот на Универзитетот Тулаин во Њу Орлеанс. „Всушност, кога ќе најдете работа ...

Во позадина на социјалните медиуми, кои предизвикаа интерес за збир на акции, кон кои хеџ фондовите неодамна зазедоа „кратки позиции“, Robinhood и другите слични трговски платформи станаа важна алатка, пишува „MarketWatch“. Заедницата на Reddit ги организираше и мултиплицираше цените на некои акции, како што се оние на Gamestop и AMC, како и на стоките со кои се тргува на берзи, вклучувајќи и сребро. За време на оваа сага, дури и откако некои од ...

Управата за јавни приходи соопшти дека е започнат процесот на исплата на паричните средства од МојДДВ за последното тримесечје од 2020 година, согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. На граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, ќе им се исплати дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки. Во последното тримесечје од 2020 ...

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер изјави дека на Германија и е потребен гасоводот „Северен тек 2“ од Русија со цел да ги задоволи своите потреби за енергија за време на преминот од традиционални во обновливи извори на енергија. – Веќе имаме „Северен тек 1“, кој пренесува 55 милијарди кубни метри гас од Русија до провинцијата Мекленбург-Померанија. И ни треба уште еден гасовод – рече тој и додаде: „И ние треба да се запрашаме: каде ќе ...

По објавувањето на повикот за аплицирање за субвенциониран станбен кредит преку „Купи куќа, купи стан”, интересот на граѓаните за проектот е голем, соопшти Министерството за финансии. Ниските каматни стапки, субвенциите коишто изнесуваат и до 20 илјади евра (во денарска противвредност), дополнителната субвенција на месечната рата за секое новородено дете, како и моделите за млади се причините за големиот интерес за овој проект. Оние граѓани ...

Вкупно 6 милиони евра, се ставаат на располагање преку првиот јавен повик за ко-финансирани грантови на микро, малите и средни компании за технолошки развој и за забрзан економски раст, соопштија на денешната прес конференција заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров. Вицепремиерот Битиќи ...

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на денешната прес- конференција напомена дека во новиот јавен повик можност имаат да аплицираат трговските друштва и приватните здравствени установи. – Овој повик следи по повикот на ФИТР кој беше дел од третиот пакет, а сега е втора мерка од петтиот пакет. Трговските друштва и приватните здравствени установи ќе ...

Разделување на домашното производство на електрична енергија, увозот, учеството на обновливи извори како и надоместокот за користење на електропреносниот и електродистирбутивниот систем во сметките за електрична енергија што ги добиваат домаќинствата побара Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) од Универзалниот снабдувач на последниот координативен состанок со електроенергетските компании. -Потрошувачите мора точно да знаат ...

Недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат тој ден ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден, пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела, изјави во вестите „Сител“ вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – Она што треба да ги радува граѓаните е дека недела е неработен ден и ден на неделен одмор. Ова е формулацијата што е дефинирана меѓу синдикатите и ...

На денешната седница на економско социјалниот совет се разгледуваше драфт текстот за законското решение за „недела неработен ден“. Трипартитниот дијалог ја потврди намерата на Владата – недела да се прогласи за неработен ден, односно според она што денеска се донесе како заклучок, текстот да гласи: „недела е ден за неделен одмор”. За нормално функционирање на државата факт е дека ќе има можност одредени работодавачи/правни субјекти да работат но ...

Microsoft разви платформа дизајнирана да им помогне на компаниите да организираат работење од далечина и професионален развој на вработените во новата дигитална ера наметната од Ковид-19. Платформата Microsoft Viva е интегрирана со Microsoft 365 и Microsoft Teams и содржи алатки за работа, учење, пребарување и споделување на знаење, поделени во неколку модули за да се создаде ефективна работна средина. Viva Connections е дигитално работно место ...

Tesla би можел да има голем нов конкурент во трката за автономни електрични автомобила кој доаѓа од малку очекувано место – Apple. Гласините дека технолошкиот гигант ги забрзува своите амбиции за автомобили растат, тврдејќи дека компанијата може да има партнер за својот „Apple Car“ во лицето на Hyundai-Kia, пишува Yahoo Finance. „За Tesla, влегувањето на Apple во трката со електрични автомобили е предизвик, а Hyundai е потенцијално совршен за ...

За периодот 01-31 јануари 2021 година вкупниот промет на Македонска берза изнесува 514.116.512 денари и е зголемен за 3,46% во однос на претходниот месец декември. Блок трансакциите во јануари изнесувале 120.779.825 денари и бележат зголемување од 25,41%. Бројот на трансакции во јануари изнесувал 1.514, односно 77 трансакции повеќе во однос на декември, со што бележи зголемување од 5,36%. Според бројот на трансакциии количината на истргувани ...

Ажурирана e анализата на неисплатена државна помош за месец декември за минимална плата од страна на работодавачите корисници на оваа помош, соопштија од Владата Во листата се наоѓаат и новите компании на кои им е исплатена државна помош за минимална плата, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени. Неисплатена државна помош з… by Влада на Република Северна … ...

И Ethereum и Bitcoin пораснаа денес, откако првиот достигна уште еден рекорд од нешто повеќе од 1.750 долари, според CoinMarketCap. За време на пишувањето, ЕТH тргува за 1,712 долари, што претставува зголемување од 3,47% за тој ден. Пазарната капитализација на монетата – комбинирана цена на целиот ЕТH во оптек – е околу 195,9 милијарди долари, а дневниот обем на тргување е над 40 милијарди долари. Во текот на изминатите неколку месеци, Ethereum ...

Комисијата за размена на хартии од вредност на САД (SEC) денес го одобри потегот на глобалната инвестициска и консултантска фирма Guggenheim за инвестирање 500 милиони долари во Bitcoin преку Grayscale. Според изјавата на SEC, Grayscale поднел предлог на 27 ноември 2020 година за да му овозможи на Фондот за макро можности на компанијата во износ од 5 милијарди долари да се здобие со изложеност со инвестирање на 10% од неговата нето вредност на ...

Американскиот технолошки гигант Apple тестира нов софтвер што ќе им овозможи на корисниците да ги отклучуваат своите iPhone уреди со Apple Watch додека носат маска. Бета-тестирањето започна оваа недела, а новата функционалност се очекува да биде достапна за корисниците на пролет. Во моментов, корисниците на Apple мора или да внесат код или да ја отстранат маската за да го отклучат својот iPhone со FaceID. Со новата функционалност, ако носите ...

Веќе некое време сме сведоци на гласини поврзани со можни нови пополнувања на паметните телефони на Apple iPhone SE. Неодамна, дури се појавија информации на наводниот iPhone SE Plus. Новите податоци сега сугерираат дека овој модел може да се појави на пазарот под името iPhone SE 3. Постојат и слики што покажуваат недостаток на главно копче, а слотот на екранот е заменет со дупка за селфи камерата. Куќиштето е многу слично на дизајнот на iPhone ...

Uber денес објави дека ја купува компанијата Drizly за испорака на алкохолни пијалоци, а трансакцијата од 1,1 милијарди долари ќе се реализира во акции и во готовина. По завршувањето на трансакцијата, Drizly пазарот ќе се интегрира со апликацијата Uber Eats. Компанијата, исто така, ќе ја задржи самостојната апликација Drizly, се вели во соопштението, пренесува CNBC. Основана во 2012 година, Drizly стана водечка услуга во САД за испорака на ...

„Надвор од Twitter за некое време“ – овој статус се појави на личната сметка на извршниот директор на „Tesla“, генерирајќи десетици илјади лајкови за само неколку часа, пишува The Wall Street Journal. Елон Маск прави пауза од социјалната мрежа откако неговите неодамнешни твитови на платформата предизвикаа промени на берзите. Зголемувањето на акциите на Ѕіgnаl Аdvаnсе нaпpимe доаѓа од твит на Маск. Само за два дена, цената на акциите на Ѕіgnаl се ...

Microsoft објави голем број нови функции, кои се фокусираат на продуктивноста, а најмногу се фокусирани на мобилните апликации на компанијата. За почеток, има нови карактеристики на Cortana асистентот во Outlook. Наскоро, корисниците ќе можат цело време да разговараат со Cortana за да закажуваат состаноци, да испраќаат е-пошта или да пребаруваат. Кортана исто така добива некои подобрувања во апликацијата Teams. Кога станува збор за Teams, ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1034
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
0.0
82%
1036
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
88%
1036
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
86%
1035
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
0.85
68%
1035
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.42
90%
1035
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
5.36
82%
1028
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1029
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
0.0
74%
1035
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
91%
1036
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
6.17
81%
1031
Currency

61.535

Currency

59.7926

Currency

72.8505

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $