Легендарниот инвеститор Ворен Бафет во интервју за Блумберг ги пофали дипломатските вештини на директорот на „Епл“, Тим Кук и длабокото познавање на глобалните ланци на снабдување. „Тим можеби не е во можност да дизајнира производ како Стив“, рече милијардерот и извршен директор на „Беркшир Хатавеј“, мислејќи на Стив Џобс, покојниот основач на „Епл“ и претходник на Кук како извршен директор. „Но, Тим го разбира светот до степен до кој можат да ...

Постапката за изградба на топловодната мрежа од РЕК „Битола” до градот Битола е во процедура. Во изминатата година заврши тендерската постапка, а на 18 јануари ги добивме и двете понуди од двата номинирани конзорциуми коишто предлагаат и даваат понуда за изградба на овој топловод, информира денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. – Очекуваме во наредните два до три месеци да ја докомплетираме постапката и конечно да се ...

На почетокот на оваа недела, големата вест во светот на криптовалутите беше дека „Тесла“ купи биткоин за 1,5 милијарди долари, што доведе до пораст на неговата цена до нов историски рекорд. Но, компанијата на Елон Маск нема да биде ограничена само на ова. Покрај криптовалутата, тие ќе започнат да купуваат злато и „други средства“ како потенцијална инвестиција, се вели во последниот годишен извештај на компанијата. „Во јануари 2021 година, ја ...

РЕК Битола денеска потпиша 16 договори со пет фирми за набавка на 36 машини и камиони, сопствена опрема за потребите на рудниците за ископ на јаглен за непречено производство на електрична енергија. Вкупната вредност на инвестицијата е 1,080 милијарди денари или 17,55 милиони евра. Од објавените 47 парчиња механизација се набавуваат 36, а за останатите веднаш ќе се објави нов оглас. Предмет на набавката, како што информира директорот на РЕК ...

Европскиот производител на пиво, „Heineken“ планира да скрати 8.000 вработени, откако бизнисот на компанијата беше погоден од блокадата на многу пазари на Стариот континент и затворањето на барови и ресторани. Намалувањето на вработените во компанијата, кое ќе остави без работа околу една десетина од тимот на Heineken, е дел од планот за намалување на трошоците за 2 милијарди евра до 2023 година. Ова е јасно од официјалното соопштение на ...

Вкупните средства планирани за доизградба и рехабилитација на целиот Коридор 8 надминуваат 700 милиони евра, што само по себе говори дека оваа Влада е силно посветена на модернизација на европските коридори, на отворање на нови перспективи за нашите граѓани и компании, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Министерот потенцираше дека само на источниот крак од овој Коридор, се инвестираат околу 100 милиони евра. Тој со ...

Карпош е на пат да ја добие првата енергетска задруга во Македонија. Имено, локалната самоуправа за овој проект аплицира со здружението „МилиЕУконтакт Македонија“, на меѓународниот повик на Германското федерално министерство за животна средина. Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ објасни што всушност ќе се добие со овој проект и кој се ќе има бенефит од него. – На покривот на училишето ...

Семејството на 20-годишен студент кој изврши самоубиство ја тужи брокерската платформа „Робинхуд“ за неговата смрт. Според тужбата што ја поднеле до државниот суд во Калифорнија, се наведува дека поради „лошата комуникација“, нивниот син се испаничил поради, како што погрешно верувал, огромните долгови што ги насобрал со тргување со акциите. „Робинхуд“ го информирал Алекс Кернс во јуни за, како што смета, загуба од 730.000 американски долари и, ...

Сметководствената професија е крвотокот на економијата и од нејзиното професионално и ефикасно извршување зависат сите економски процеси во општеството. За да се воспостави окружување во кое сметководители ќе можат да работат согласно сметководствените стандарди и достоинствено ќе живеат од својата професија, Комората на сметководители апелира дека е неопходно донесување на нов Закон за сметководствени работи и повлекување на законските измените ...

Објектот за истражување и развој на Qualcomm лоциран во Бретања и регионот на Париз ќе помогне да се дефинира иднината на 5G Qualcomm ги објави плановите за отворање на нов 5G центар за истражување и развој (R&D) во Франција, што ќе работи на идната еволуција на 5G и пошироко. Новиот интерен R&D објект се приклучува на мрежата за истражување и развој на Qualcomm Incorporated и од компанијата велат дека ќе игра клучна улога кај ...

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Владино планирање – Ефективност на владини мерки за справување со ризиците на пазарот на трудот и начинот на планирање на средствата за надминување на истите“, за периодот 2017 – 2020 година. Реализираната ревизија на успешност е извршена согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2020 година и е составен дел на активностите утврдени со меѓународната паралелна ревизија на ...

„Global Business Travel Association“, најголемата асоцијација од ваков вид, објави годишна анализа за бизнис туризмот во 2020 година. Таа исто така презентираше предвидувања за следните години. Ова е 12-то годишно издание на документот, што претставува сеопфатна студија за потрошувачката и растот на деловниот туризам, која опфаќа 75 земји низ 48 индустрии. Вирусот Ковид 19 започна да влијае на економијата во вториот квартал на 2020 година, кога ...

Иван Костиќ е новиот директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) ДОО Скопје, компанија која е резултат на стратешкото партнерство на тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнл (ФМИ) и Тутунски Kомбинат Прилеп (ТКП). Костиќ, кој доаѓа на местото на доскорешниот директор Михаел Солтер, веќе 13 години работи во филијалата на Филип Морис во Србија, а за директор на ФМТКП доаѓа од позицијата Директор за стратешко планирање и програми за ...

Владата ги поддржа предлог-измените на Законот за инвестициски фондови, кои создаваат можност за зголемена либерализација и продлабочувaње на пазарот на капитал. Преку можноста за формирање нови видови инвестициски фондови се поддржува поголема конкуренција, забрзана консолидација и поефикасно управување со средствата на инвеститорите. Со законот се поддржува и поголема транспарентност, преку информирање на потенцијалните инвеститори на јасен, ...

На 9 февруари 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика, соопштија од НБ. На седницата беше одлучено каматната стапка да се задржи на нивото од 1,5%, со што монетарната политика го задржа релаксираниот карактер. ...

АЛКАЛОИД АД Скопје регистрираше ново друштво во Велика Британија, со назив ALKALOID UK LIMITED. Друштвото е во 100% сопственост на АЛКАЛОИД АД Скопје, соопшти компанијата. Земајќи го предвид излезот на Велика Британија од Европската Унија, менаџментот на АЛКАЛОИД АД Скопје донесе одлука за отворање ново друштво, со цел зајакнување на постојните позиции на пазарот. АЛКАЛОИД АД Скопје е присутен во Велика Британија преку продажба на фармацевтски ...

Друштво за производство,трговија и услуги МИСТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје го доби тендерот вреден 30,680,000 денари или 498,862 евра за Набавка на електрична енергија за потребите на Собранието на Република Северна Македонија. Времетраење на договорот за јавната набавка е за период од 24 месеци, пишува на сајтот е-набавки. За тендерот се добиени 6 понуди. ...

„Фирма со еден сопственик основана во 2013 година со непаричен влог од 5 илјади евра немала поднесено годишна сметка од 2017 година на наваму и не била деловно активна. Меѓутоа, тоа не пречело да се задолжи во Еуростандард банка во 2018 година, во време кога фирмата немала никаква активност. Според извештајот за банката на стечајниот управник Душко Тодевски, оваа фирма има добиено кредит, сега во редот на сомнителни и спорни побарувања, во ...

„На 13-ти Март завршува една година од кога се воведуваат првите рестриктивните мерки за работа на угостителската индустрија со што угостителите добиваат неформален партнер во своите бизниси. Со одлука на Влада од 14-ти Март 2021 до 28-ми Мај е целосно затворена угостителската индустрија на која потоа и се дозволува работа во угостителските објекти пропратени со динамични препораки и протоколи за работа во услови на пандемијата Ковид-19“, ...

Мајкл Новограц, основач на „Галакси Дигитал“, смета дека биткоинот ќе се зголеми за повеќе од 50% до 100 илјади долари до крајот на годината, бидејќи се повеќе компании им дозволуваат на своите клиенти да користат токени, за да можат да купуваат, пишува Блумберг. Цената на биткоинот се искачи на нешто повеќе од 46.456 долари на берзата CoinDesk во понеделникот откако Тесла соопшти дека купил токени за 1,5 милијарди долари. Компанијата на ...

Амазон развива нов уред Ехо, пренесува Блумберг. Тоа ќе биде голем екран на допир што корисниците можат да го монтираат на ѕидот во нивниот дом, а новата технологија може да послужи како паметен контролен панел за дом, уред за видео разговор и медиа плеер. Хардверскиот оддел на компанијата го дизајнира уредот да биде дигитален команден центар, покажувајќи им на корисниците претстојни настани во календарот, пуштајќи музика и видео, а исто така ќе ...

Еден ден по меѓународната премиера на Xiaomi Mi 11, уредот ги помина и тестовите за издржливост на популарниот канал на YouTube „JerryRigEverything“. Ова се екстремни тестови кои многу пати го надминуваат оптоварувањето на телефоните во секојдневниот живот, но сепак покажуваат што можат да издржат уредите. Кога ќе го гребете дисплејот, уредот работи совршено како што се очекуваше и гребнатинки почнуваат да се појавуваат на тврдост од 6 степени ...

Најбогатиот човек на планетата, Елон Маск, ја изненади автомобилската индустрија со избирање на мал град во Источна Германија за неговата прва европска фабрика за склопување на електрични автомобили. Политичарот кој го насочи Маск кон ова место сега сака да го направи регионот главен производствен центар за компоненти на електрични возила. Објектот за производство на батерии за електрични возила, што ќе се гради покрај фабриката на американскиот ...

На денешната седница на Владата, на предлог на Министерството за финансии, Владата го разгледа и прифати Извештајот за завршени преговори за склучување на Договор меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за поттикнување и заемна заштита на инвестиции и го определи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во име на Владата на Република Северна Македонија да го потпише овој Договор. Владата денеска ја ...

На предлог на Министерството за здравство, Владата донесе Одлука за престанување на важењето на одлуката за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги 5 ЛЕТЕРС ДОО Ресен. Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за оценување на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели која на ...

Францускиот производител ќе ја искористи безвременската популарност на моделот „Renault 4“ за својата електрична офанзива. Кон средината на јануари, Renault го претстави концептот „5 EV Concept“ инспириран од оригиналната „петка“, а слична судбина ќе доживее уште еден познат модел од историјата на француската компанија. Класичниот „Renault 4“, кој годинава го слави својот 60-ти роденден, ќе ја добие својата модерна електрична верзија, а дизајнот ...

Полската нафтена компанија, сопственик на рафинерии за нафта и малопродажен бензин, „ПКН Орлен“ планира да ја анализира потенцијалната аквизиција на 120 бензински пумпи во Словенија, ставена на продажба од австриски „ОМВ“, јавија полските медиуми. – Ги анализираме сите понуди што се појавуваат во регионот, па така ќе ја анализираме и оваа, изјави во понеделникот членот на одборот на „ПКН Орлен“, Патриција Кларечка, за полската новинска агенција ...

На крајот на минатата година ви кажавме дека првите 3 најбогати луѓе во светот не плаќаат данок. Ова е затоа што Џеф Безос и Бил Гејтс живеат во државата Вашингтон, каде што не се оданочуваат приходите на физички лица. Од своја страна, Елон Маск се пресели од Калифорнија во Тексас, каде исто така нема данок на доход. Сепак, тој факт наскоро може да се смени, бидејќи државата Вашингтон размислува да донесе закон со кој ќе се оданочуваат сите луѓе ...

Ако обично работите од дома користејќи повеќе монитори, а потоа користите само еден помал дисплеј на работа, ова може да биде малку иритирачко и ограничувачко. Expanscape има решение за овој проблем, во форма на прототип лаптоп наречен Aurora 7. Она што го разликува лаптопот Aurora 7 од другите модели е што доаѓа со седум дисплеи што можат да се преклопат. Ова значи дека кога ќе се отвори лаптопот, корисникот ќе може да ја гледа содржината на ...

Вредноста на акциите на јужнокорејските производители на автомобили Hyundai и KIA нагло паднаа во понеделникот по објавувањето дека веројатно нема да има соработка со Apple во развојот на неговото автономно возило. Во изјавата, во согласност со берзанските правила за известување на инвеститорите поради гласините на пазарот, Hyundai и KIA потврдија дека добиле понуди од повеќе компании за соработка во заедничкиот развој на автономно електрично ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
80%
1032
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
1.03
80%
1034
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
90%
1034
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
3.09
86%
1033
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
0.76
69%
1033
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
88%
1033
weather icon

Атина

9ᴼ / 7ᴼ
3.13
82%
1026
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1025
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
60%
1028
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -2ᴼ
2.06
71%
1033
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
91%
1035
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
6.17
87%
1029
Currency

61.535

Currency

59.7926

Currency

72.8505

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $