Наталожените проблеми помеѓу Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973 Скопје и менаџментот на Градскиот трговски центар ќе се решаваат со помош на Владата. Во канцеларијата на вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи на иста маса седнаа Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973 Скопје и менаџментот на ГТЦ А.Д.- Скопје, секој со свои аргументи. Основното и прво на листата на барања на Здружението ...

Криптовалутата биткоин вчера достигна ново највисоко ниво во историјата. Најпопуларната криптовалута ја надмина границата од 48.000 американски долари благодарение на издавачот на кредитни картички Mastercard, бидејќи компанијата објави дека наскоро ќе им овозможи на сопствениците на картички на својата мрежа да извршуваат одредени трансакции во криптовалути. На берзата на криптовалути Bitstamp, биткоинот се искачи на 48.481 американски долари, ...

Производителите на телефони експериментираат со различни решенија кога станува збор за телефони со флексибилни екрани. Најновиот пример е во форма на патент на Vivo, за дизајн кој прикажува шарка што овозможува уредот да се отвори кон надвор и дисплеј што се протега на задниот панел. Уредот се појави на CNIPA (кинеска национална управа за интелектуална сопственост), со скици кои го прикажуваат уредот од сите страни. Дизајнот открива дека Vivo ...

Компанијата Бамбл, која управува со истоимената апликација за запознавање, ја направи својата сопственичка Витни Волф Херд (31) милијардер. Акциите на Bumble, компанија која всушност обезбедува услуги на жени, односно оние кои го прават првиот потег кога излегуваат, се искачија за 67% во своето деби на 72 американски долари. Така, извршниот директор стана „тешка“ 1,5 милијарди долари. Bumble, која се разликува од другите апликации за запознавање ...

Италијанската УниКредит објави дека работи во 2020 година со нето загуба и помали приходи, со значително поголеми резервации за загуба на заем како одраз на постојните и очекуваните последици од пандемијата Ковид-19. Нето загубата на УниКредит во 2020 година беше 2,79 милијарди евра, во споредба со нето добивката од 3,37 милијарди евра во 2019 година, покажа деловниот извештај објавен во средата еден ден порано од објавеното. По исклучувањето на ...

„Увидот во билансите на фирмите должници на ограбената Еуростандард банка е повеќе од поразителен. Не само што не ги враќале кредитите воопшто, туку тие не биле ниту кредитоспособни за да ги добијат истите во стотици илјади или милиони евра. Финансиските биланси покажуваат дека се работи за фирми кои се презадолжени, имаат финансиски загуби во минатите неколку години, обврски кои се десеткратно поголеми од капиталот и резервите на фирмите ...

Банките ширум светот минатата година платија казни од дури 15,3 милијарди долари за непочитување на постојните регулативи. Повеќето казни биле платени врз основа на непочитување на прописите поврзани со спречување на перење пари и финансирање тероризам, според податоците на финансискиот аналитички центар „Финболд“. Како што можеше да се претпостави, најмногу казни платија банките во Америка. Парите што ја напуштија оваа земја по основ на казни ...

Амстердам во јануари беше седиште на најдинамичното тргување со акции во Европа, соборувајќи го Лондон од врвот, кој ги почуствува последиците од Брегзит, покажуваат податоците објавени во четвртокот. Дневниот промет при тргување со акции на берзата „Еуронекст“ во Амстердам и холандските подружници на „CBOE Europe“ и „Turqoise“ во јануари изнесуваше 9,2 милијарди евра, покажуваат податоците на „CBOE Global Markets“, кои беа прегледани од „ДПА“. ...

Нов германски данок на јаглерод може да ги намали емисиите на јаглерод од моторите на автомобили за најмалку 740.000 тони годишно, бидејќи тоа би значело поскап бензин, намалувајќи го стимулот за возење, покажа истражувањето на институтот RWI. Научниците од RWI ги прегледаа податоците за мобилност во период од 15 години и открија дека километражата паднала и луѓето генерално користеле автомобили помалку кога пораснале цените на бензинот. Од 1 ...

Во своето гостување на ТВ 21, министерот за економија, Крешник Бектеши посочи кој се ќе биде опфатен со петтиот пакет економски мерки. Овој пакет, како што вели Бектеши, „ќе има развојна компонента и нема да биде како претходните“, бидејќи изминатите пакети биле предвидени за зачувување на работните места, зголемување на ликвидноста на компаниите, и компоненти кои придонесоа за зголемување на конкурентноста на одредени индустриски гранки. ...

Хакери кои го нападнаа CD Projekt Red (CDPR) пред неколку дена, поставија украден код на дигиталниот пазар, пренесува The Verge. Пред неколку дена, хакерите го нападнаа CDPR и поставија услови во кои, доколку не добијат откуп, го објавуваат изворниот код за Cyberpunk 2077, една верзија на Witcher 3 и други документи поврзани со деловната активност на компанијата. Ситуацијата оттогаш ескалира и CDPR останува категоричен дека нема да плати откуп, ...

Голем број вести за биткоинот во последните неколку недели нагло ја зголемија вредноста на криптовалутата. Биткоинот собори историски рекорди и ако вестите продолжат да доаѓаат со ист интензитет, зголемувањето на цената ќе продолжи. Прво, шефот на Тесла, Елон Маск откри дека компанијата инвестирала 1,5 милијарди долари во биткоин и дека има намера да прифаќа плаќања во криптовалута при купување електрични автомобили. Ова доведе до скок на цената ...

Јануарскиот дефицит на американскиот федерален буџет изнесува рекордни 163 милијарди долари, што е за дури 130 милијарди повеќе од дефицитот од првиот месец минатата година, а тоа е резултат на пакетот помош, кој беше исплатен на граѓани, соопшти Министерството за финансии. Приходите на буџетот во јануари се зголемија за три проценти во споредба со истиот месец во 2020 година и изнесуваат 385 милијарди, но расходите се повисоки за 35 проценти и ...

Една од најголемите компании за кредитни картички, Mastercard, годинава ќе започне да им овозможува на клиентите да вршат плаќања во одредени криптовалути на својата мрежа, со што ќе стане уште една голема корпорација која прифаќа дигитални пари. Најавувајќи го потегот на својот блог во средата, компанијата истакна дека не сите постоечки криптовалути ќе бидат поддржани на нејзината мрежа. Иако не прецизираше кои валути ќе ги поддржува, ...

Кон крајот на минатата година, Microsoft вети дека ќе го понуди преклопниот Surface Duo во Европа и Канада во 2021 година, а компанијата веќе е подготвена да го стори тоа. Microsoft објави дека од 18 февруари уредот ќе биде достапен во Велика Британија, Франција, Германија и Канада и затоа за прв пат ќе се продава надвор од САД. Засега нема знаци дека наскоро ќе го видиме во Македонија, но дури и да се случи тоа, неговата цена нема да биде многу ...

Microsoft се обидува да го подготви најголемото преземање во својата историја: пред неколку месеци тие се обратија до управата на Pinterest и започнаа разговори за можна зделка. Pinterest е социјална мрежа која поврзува многу широк спектар на интереси од разни хобија до професионални услуги или производи. Декорација на домови, градење куќи, свадби, храна, чамци, возила … Постојат различни заеднички именители интегрирани во платформата Pinterest, ...

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изрази оптимизам за летната туристичка сезона во Грција. Во интервју за телевизијата Скај, Мицотакис објави крај на оваа „авантура“ за два месеци. „На почетокот на мај работите ќе бидат сосема поинакви и многу пооптимистички“, рече Мицотакис. Премиерот вели дека грчкиот народ „поминува низ пандемија преку посилни ограничувачки мерки отколку што имаат некои други земји“ и дека го разбира незадоволството на ...

Економијата на ЕУ ќе порасне за 3,7 проценти во 2021 година и за 3,9 проценти во 2022 година, според Зимските економски предвидувања на Европската комисија објавени денес. Економските активности во ЕУ во 2020 година паднаа за 6,3 проценти. Во споредба со есенската прогноза, падот во 2020 година е помал, очекуваниот раст во 2021 година исто е помал, додека предвидениот раст на економијата на ЕУ за 2022 година е посилен. Се наведува дека ...

Биткоин скокна над 8 проценти денес, на највисоко ниво од 48.481 американски долари, откако банката „NY Melon“ соопшти дека основала нова единица за да им помогне на клиентите да држат, пренесуваат и издаваат дигитални средства. „Се очекува новата единица во „BNI Mellon“, наречена „Digital Assets unit“, да ја претстави својата понуда кон крајот на оваа година“, изјавија банкарски службеници. Биткоинот во моментов се тргува за 47.953 долари, што ...

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи гостуваше во емисијата „Економски магазин” на телевизија Алсат, каде заедно со претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска и претседателот на Сојузот на синдикати, Дарко Димовски, дискутираа за новотo решение за Законот за работни односи и дефинирањето на недела како неработен ден, како и за ...

Управата за јавни приходи соопшти дека на електронската платформа е-ПДД постави нова функционалност за граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата мој ДДВ. Секој граѓанин со најава на својот профил на е-ПДД , има можност во новото прозорче „МОЈ ДДВ – До каде е исплатата на повратот“ да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ. Преку оваа нова функционалност граѓанинот може да се информира за тоа ...

Друштвото за производство, промет и услуги СТЕНТОН ГРАДБА ДОО с.Долно Оризари, Битола ќе добие 43,542,000 денари или 708,000 евра за Изградба на нова управна зграда на ЈКП Водовод Битола. Според сајтот на е-набавки, добиени се три понуди за овој тендер од кои највисоката е 43.539.048,00 денари, а најниската 41.401.025,14. Договорот е за период од 12 месеци. ...

Делегацијата на германското стопанство соопшти дека нуди нова услуга со која на компаниите добавувачи од Северна Македонија, Албанија и Косово ќе им се овозможи пристап на германскиот пазар. „Новата услуга која ја нудиме на компаниите-добавувачи од Северна Македонија, Албанија и Косово, е аквизирање на нови клиенти и презентација на нивните компании во Германија, при што вршиме проценка со која се утврдува капацитетот за извоз на компаниите. Со ...

Собите во хотелот Трамп во Вашингтон, кои вообичаено чинат 500 долари за една ноќ, чинеле 7.500 долари на 5 јануари и 8.000 долари годинава на 6 јануари, пишува Ал Џезира. Денес на судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Сенатот се презентираат воведни зборови и аргументот на демократите за негово отповикување, пренесува репортерот на тој медиум од Вашингтон. Трамп е обвинет за една точка за поттикнување на бунт на 6 ...

Контролата на тутунот е област во која науката, политика како и практиките на јавно здравје се посветени на контрола на употребата на тутун на глобално ниво со цел намалување на морбидитетот и морталитетот што ги предизвикува пушењето. Контролата на тутунот е приоритетна област за Светската здравствена организација (СЗО), изразена преку Рамковната конвенција за контрола на тутунот. Оваа конвенција претставува формален и обврзувачки договор ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.8% на месечно ниво, а за 3.1 % на годишно ниво. Во декември 2020, во споредба со ноември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и ...

Бараме итно укинување на членот 14 од Уредбата излезена во Службен весник на 23.06.2020 со која „се забранува организирање на секаков вид настани (свадби, крштевки, родендени), во отворен и затворен дел од објектот“, велат денеска од Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ). „Како угостителски објекти, апелираме до Владата, да не ги држиме во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона како ...

„Со американскиот претседател Бајден, доколку ми се јави, би разговарал за заедничкиот развој. И на САД и на Кина им е потребно да ги развиваат своите економии, бидејќи тоа е добро за општеството и финансиската рамнотежа. Ова им треба на сите. Бидејќи човештвото продолжува да напредува, ниту една компанија не може сама да развива глобализираната индустрија. Потребни се заеднички напори низ целиот свет“. Ова беше одговорот на Рен Женгфеи, Извршен ...

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, постојаната координаторка на ОН, Росана Дуџак и постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан, денес остварија средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кого го информираа за започнување на првата фаза на ...

Apple и Google имаат слична „политика“ кога станува збор за нивните продавници за апликации. Сепак, она што ги прави различни, ги менува работите скоро од долу нагоре за креаторите на програмите. Додека Apple не дозволува преземање апликации на нивните уреди од друго место освен од App Store, Google им дозволува на своите корисници (иако не препорачува). Се разбира, обете компании земаат процент од програмерите кога се презема видео игра или ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
80%
1032
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
1.03
80%
1034
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
90%
1034
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
3.09
86%
1033
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
0.76
69%
1033
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
88%
1033
weather icon

Атина

9ᴼ / 7ᴼ
3.13
82%
1026
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1025
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
60%
1028
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -2ᴼ
2.06
71%
1033
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
91%
1035
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
6.17
87%
1029
Currency

61.535

Currency

59.7926

Currency

72.8505

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $