Германскиот производител на автомобили „Volkswagen“ ги разгледува можните побарувања за отштета на своите добавувачи „Бош“ и „Континентал“ поради недостаток на полупроводници, објави магазинот „Automobilwoche“. Производителите на автомобили ширум светот ги затвораат производствените линии поради проблеми во испораката на полупроводници (чипови), што во некои случаи се влоши со постапките на администрацијата на поранешниот американски претседател ...

Во 2020 година продажбата на електрични возила на меѓународно ниво се зголеми за 43 проценти, а Норвешка отиде најдалеку во набавката на електрични автомобили, каде учеството на овие возила во продажбата на нови автомобили во 2020 година беше 54,3 проценти. Податоците покажуваат дека 4,2 проценти од новите светски возила биле електрични. Граѓаните на богатите скандинавски земји имаат најголем напредок во купувањето, но предвидувањата се дека ...

Покрај забрзувањето на економската активност во Кина, со што практично ги надмина САД, минатата година оваа земја ја прескокна Америка и во друга област и стана земја што доби најмногу странски директни инвестиции (СДИ). Минатата година беа инвестирани 163 милијарди долари во Кина, додека САД мораа да се задоволат со инвестиции од 134 милијарди долари, покажуваат податоците на УНКТАД објавени во неделата. Заради споредба, во 2019 година, САД ...

„Поминаа повеќе од пет месеци од затворањето на Еуростандард банка. Околу 3.000 семејства останаа без своите лични заштеди и средства на тековни сметки како резултат на повеќегодишен континуиран и толериран грабеж на нивните депозити во банката. Минато време во немир, неизвесност и агонија, но истовремено и надеж и верба дека оваа неправда мора да се реши и парите на оштетените депоненти да им се вратат“, соопштуваат утрово од Здружението на ...

Дали во Р.С. Македонија наскоро ќе се регулира тргувањето со криптовалути? „Локално“ неофицијално дознава дека Народната банка на Македонија подготвува законска регулатива која ќе има за цел поддршка на трансакции за трговија со дигиталните валути. На овој начин, би се ставил ред во ова досегашно „сиво“ подрачје во кое плаќањето и тргувањето со криптовалути не е ниту забрането, ниту дозволено. Редакцијата на „Локално“ достави прашања до ...

Психологот Ангела Дакворт верува дека интелигенцијата не е толку важна за успехот, туку нешто сосема друго и неочекувано и таа го нарекува „жилавост“. Таа поминала години проучувајќи луѓе и откри дека старата поговорка – напорната работа секогаш ќе го победи талентот ако не работиме на него – е вистина. – Токму оваа комбинација на страст и упорност ги прави успешните луѓе успешни. Со други зборови, тие имале „жилавост“ – тврди таа. Покрај ...

Гиганти како „Фејсбук“, „Гугл“, „Амазон“, „Убер“ и „Ербнб“ доминираат на пазарот поради можноста да се предвидат желбите и однесувањето на клиентите, да се одговори на нив, па дури и да се променат и обликуваат според нивниот вкус. Едно нешто што им е заедничко на сите е дека тие многу се потпираат на рекламирање и маркетинг. Последица е дека тие вработуваат најголеми експерти од овие области и со тоа плаќаат големи суми за да ги задржат на тие ...

Агенцијата за разузнавање на Министерството за одбрана на САД (DIA) купува бази на податоци без судски налог, кои ги следат движењата на Американците и граѓаните на другите земји, според публикацијата на „Њујорк Тајмс“ од саботата. Новинарите имаат материјали обезбедени од персоналот на DIA на барање на сенаторот Рон Вајден, демократ од Орегон. Документите покажуваат дека во пет истраги во последните две и пол години, вработените во агенцијата ...

Скоро половина од жените кои работат во технологија веруваат дека ефектите од пандемијата Ковид-19 го одложиле нивниот напредок во кариерата, и покрај тоа што сличен процент сметаат дека многу потребната родова еднаквост е поверојатно да се постигне преку работа од далечина. Ова е наведено во новиот извештај за жените во технологијата од Касперски „Каде сме сега? Разбирање на еволуцијата на жените во технологијата“, што укажува на тоа дека скоро ...

Од денеска, 24-ти јануари, лабораторијата „Жан Митрев” ќе распореди свое мобилно амбулантно возило за тестирање пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C“, каде што патниците ќе можат да го извршат потребниот брз антиген тест и да го добијат резултатот за 15 до 20 минути од земањето примерок,соопштија од ТАВ Македонија. „Целта е да им се обезбеди опција на нашите ...

Првите неколку недели од британскиот извоз и увоз од ЕУ по „Брегзит“ беа тешки, бидејќи стоките на големите компании претежно пловеа низ пристаништата, но многу мали компании се бореа со новите трговски правила, пишува „Волстрит журнал“. За прв пат по скоро половина век, стоката што се движи меѓу ЕУ и Велика Британија од 1 јануари се соочува со царинска контрола и потребата да се исполнат одделни пакети на стандарди и прописи. Како дополнителна ...

Апетитот на Германците за тестенини во време на корона донесе најмалку една добра вест во Италија, што го зголеми извозот на таа храна во Германија за 20% за една година. – За нас, Германија е најголем пазар за извоз на тестенини – рече Луиџи Скордамаља од италијанското Здружение на производители на храна „Filiera Italia food association“. И додека другите италијански сектори претрпеа загуби поради пандемијата, прехранбената индустрија може да ...

Хуавеј, водечки глобален снабдувач на инфраструктура и паметни уреди за информатичко комуникациската технологија (ИКТ), е возбуден да го сподели фактот дека CloudFabric мрежен центар на податоци (DCN) на Хуавеј е прогласен од страна на Gartner Peer Insights за избор на купувачите за 2020. Хуавеј има високи 4,9/5 ѕвезди заклучно со ноември 2020 година, рангирајќи се на првото место меѓу речиси 20 продавачи. Од ноември 2020 година, CloudFabric на ...

Деловната активност во еврозоната падна на двомесечен минимум во јануари, поради заострувањето на мерките за ограничување на короната, покажуваат првичните резултати од студијата на аналитичката компанија „IHS Markit“. Композитниот индекс „Маркит“ на менаџери за набавки PMI за еврозоната, кој ги вклучува и производствениот и услужниот сектор, падна на 47,5 поени во јануари од декемвриското ниво од 49,1 поени, пренесува CNBC. Индикатор под 50 ...

„Макпетрол“ АД Скопје со донација на таблети во вредност од над 6 милиони денари за учениците во основните училишта. „Макпетрол“ АД Скопје како општествено одговорна компанија, во време на пандемија кога ни се случува дигитализација на голем дел од секојдневните процеси вложува во најмладите. Компанијата минатата година набави 1.000 таблети, во вредност од над 6 милиони денари, кои поради работата во услови на пандемија, отежнат транспорт и ...

Се чини дека новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден може да го должи својот избор на големи суми на т.н. „црни пари“ за финансирање на неговата кампања. Имено, според информациите на „Блумберг“, кампањата на Бајден била поддржана со дури 145 милиони долари, т.н. „црни донации“. Тоа се пари на анонимни донатори, така што јавноста најверојатно никогаш нема да го знае потеклото на тие пари, ниту луѓето кои ги платиле. За да биде приказната ...

„Битола – Прилеп е често споменуван пат. Најавувам дека таму ќе имаме автопат, но изграден според меѓународни правила и стандарди, таму очекувам забрзани постапки, тоа би бил првиот автопат кој според планот ќе се изгради следната година. Проектирањето ќе се изведе во текот на оваа година и следната година да имаме и градежни зафати. Вториот голем проект во врска со автопатиштата ни е патот од Тетово до Гостивар, таму сакаме да добиеме едно ...

Од УЈП ги известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.10.2020-31.12.2020 и 01.12.2020 -31.12.2020 се продолжува за четири дена, односно за краен рок за поднесување ќе се смета 29 јануари 2021. -Со воведувањето на нов образец ДДВ 04 согласно измените и дополнувањата на Закон за данокот на додадена вредност (Службен весник на РМ, бр. 267/20), увидено е отежнато ...

Бараните мерки за економски спас се базираат на реалните потреби на стопанството кое се соочува со голем број предизвици. Важно е да се зачуваат работните места, но и да се надмине нарушената ликвидност која многу брзо, доколку не се обезбеди континуирана финансиска помош може да доведе до затворање на дел од правните субјекти, вели во интервју за „Стандард“ претседателката на Сојузот на стопански комори, Даниела Арсовска. Во однос на владините ...

Најпознатиот е-трговец во земјава, „Групер“ прослави 10 години од своето постоење. „10 години тимска работа, предизвици, солуции, ups and downs, емоции, пасија, е-трговија, ролеркостер… “, сподели на својот Фејсбук профил екс министерката за финансии и сопственичка Нина Ангеловска. View this post on Instagram A post shared by Nina Angelovska (@ninaangelovska) Grouper.mk, кој за прв пат се појави на 21 Јануари 2011 година, е ...

По објавата на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) за почеток на процесот за подготовка на закон за измена и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, Асоцијацијата на спортски обложувалници децидно стои на ставот дека се подготвуваат измени на законот кои се крајно неприфатливи и ќе доведат до целосно затворање на индустријата, губење на илјадници работни места и огромни загуби за државниот буџет. ...

Поттикнување на нови инвестиции и како да се стимулира растот на платите, беа во фокусот на разговорите на директорот на Дирекција за технолошко развојни зони Јован Деспотовски и претставници на компаниите Кемет, АРЦ и Гересхајмер. Деспотовски, како што денеска соопштија, го презентирал новиот концепт во работењето и новиот начин на поддршка за странските инвеститори. Компаниите изразиле задоволство од новите предлози и истовремено, како што ...

Во рамки на Стратегијата за подобрување на услугите и модернизација на работата на АД „Пошта на Северна Македонија“ во текот на оваа недела беа остварени повеќе меѓународни средби кои имаа за цел зајакнување на регионалната и ЕУ соработка на Пошта. На средбата со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, генералниот директор Макрадули посочи дека досега не биле реализирани формални заеднички активности помеѓу двете национални пошти. Тој ...

И покрај пандемиската криза и големиот пад на туризмот во 2020 година и продолжувањето на негативните трендови на почетокот на 2021 година, глобалните туристички аналитичари и експерти сепак предвидуваат одредено закрепнување на пазарот со можно зголемување на приходите од глобалното патување и туризам за повеќе од 50 проценти во споредба со 2020 година. Експертите од светската берза за туризам ИТБ Берлин и аналитичарите на глобалниот Институт ...

Стартува дефинирањетона принципите врз основа на кои ќе се прошири постојната листата на ранливи потрошувачи со цел да се намали енергетската сиромаштија. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги заедно со Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика и Владата го отпочнаа процесот со кој точно ќе се таргетираат потрошувачите на кои финансиски ќе им се помогне да ги подмират сметките за електрична и ...

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во вчерашното издание на „360 степени“ зборуваше и за случајот со рекреативниот центар Треска. Тој вели дека за жал, ингеренции на Општина Сарај за езерото Треска и околината се дадени со одлука на Советот на Град Скопје некаде во 2011 година, а во 2017 година, тие се обиделе да дадат вредност на овој рекреативен центар да биде од државен интерес. „Владата уште во 2017 година одлучи тоа место да ...

На последната 59-та седница на Советот на Општина Центар донесе Одлука за субвенционирање на ЈП „ПОЦ“ за заедничкиот проект „И отпадот има вредност!“. Со дополнителни 9 милиони денари општината и ЈП „ПОЦ“ ќе го покријат цел Центар со повратни вендинг машини. -Со проектот „И отпадот има вредност!“ на ЈП „ПОЦ“ и Општина Центар граѓаните можат своите пластични шишиња и лименки да ги рециклираат на поставените повратни вендинг машини поставени на ...

На редовно годишно собрание, делегатите го избраа Никола Рибароски за претседател на Комората на друштва за геодетски работи. По изборот тој истакна дека ќе ги застапува заедничките интереси на членовите на Комората институциите на национално и интернационално ниво, ќе ги чува угледот, честа и правата на членовите и вработените овластени геодети, и ќе се грижи дејност да ја вршат во согласност со матичниот Закон. Рибароски е дипломиран геод. ...

Во изјавата објавена минатиот четврток, ФБИ откри дека од декември 2019 година, сајбер криминалците работат заедно на добро изработени кампањи за социјален инженеринг насочени кон вработени во големи компании ширум светот. Криминалците користат VoIP платформи за да извршат напади со гласовен „фишинг“. Во ваквите измами, криминалците користат гласовен повик за да ги измамат своите жртви да пристапат до злонамерна веб-страница за да ги „добијат ...

Американската банка „Морган Стенли“ успеа значително да профитира од 2020 година. Има предвидувања за приходите за четвртиот квартал за да се заокружи најдобрата година на заемодавателот. Заработката скокна 51 процент во последните три месеци од 2020 година. Нето банкарскиот приход кој се припишува на обичните акционери се искачи на 3,39 милијарди долари или 1,81 $ по акција, во четвртиот квартал од 2,09 милијарди долари или 1,30 долари по ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
70%
1036
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
70%
1039
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
84%
1039
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
0.0
75%
1036
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.04
50%
1038
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
3.6
88%
1037
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.92
79%
1031
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
38%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
49%
1031
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
48%
1037
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
90%
1039
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
8.23
70%
1034
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.1296

Currency

41.6502

Currency

65.6195

Currency

8.16832

Currency

0.58051

Currency

0.38358

Currency

0.52536

Currency

1.68964

Currency

0.69174

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $