Microsoft инвестира во стартапот за автономни автомобили Cruise на General Motors како дел од стратешко партнерство. Ова е уште еден знак за обновување на интересот кон технологијата за беспилотно возење. Microsoft е меѓу групата компании кои ќе инвестираат над две милијарди долари во Cruise со седиште во Сан Франциско, чиј мнозински сопственик од 2016 година е GM. Дополнителните средства ќе ја зголемат оценката на Cruise по инвестицијата на ...

Продажбата на автомобили во Европа падна за речиси една четвртина минатата година, додека пандемијата на коронавирус ја предизвика најтешката криза во историјата на оваа профитабилна индустрија. Регистрацијата на нови автомобили опадна за 23,7 проценти во 2020 година, или три милиони возила, на вкупно 9,9 милиони автомобили, соопшти Европската асоцијација на производители на автомобили. Здружението наведува дека заклучувањата и другите ...

Руската државна компанија за гас „Гаспром“ призна дека постои ризик нејзиниот подводен гасовод до Германија да биде прекинат, откако денеска САД воведоа санкции за руски брод што учествуваше во неговата изградба. Германското Министерство за економија објави дека е известено за новите американски санкции против рускиот брод „Фортуна“ поради поставување на цевката и нејзиниот сопственик. „Со жалење ја примаме оваа порака“, соопшти Министерството. ...

Швајцарската компанија „Zurich Insurance“ за Спутник потврди дека се повлекува од проектот „Северен тек 2“, додека германскиот весник „Билд“ објави дека и германската компанија „Bilfinger SE“ се откажала од тој проект. „Компанијата „Zurich Insurance“ дава приоритет на почитување на економските санкции, меѓу другото, и американскиот закон. Тесно соработувајќи со Стејт департментот на САД, разговаравме за санкциите против „Северен тек 2“ и го ...

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот ќе бидат повисоки и тоа најниските пензии за 134 денари, а просечната пензија ќе биде повисока за 185 денари и со нив ќе можат да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2021 година. Пензиите за ...

Владата денеска ја донесе Програмата за водостопанство за 2021 година која се донесува за прв пат и за која во Буџетот за 2021 година се издвоени 916,000,000.00 денари. Средствата од Програмата за водостопанство за 2021 ќе бидат наменети за изградба, реконструкција, набавка и одржување на основните водостопански објекти за наводнување и надзор над изведбата; за изготвување елаборати, студии и техничка документација за реконструкција и ...

На денешната седница Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија со цел да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија. Предлог листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата ...

Унгарската министерка за правда Џудит Варга изјави дека е можно да се санкционираат социјалните мрежи за, како што рече, „системски злоупотреби“ на слободата на говорот, објави Ројтерс. Министерката најави дека оваа недела ќе се состане со унгарскиот регулатор на конкуренција за да разговара за потенцијалните казни за, како што рече, „нефер трговските практики“, како и да свика состанок на Комисијата за слобода на говор во дигиталното ...

Apple следи различна стратегија од производителите на Android и често се воздржува од интеграција на нови технологии во своите уреди. Сепак, компанијата не престана да биде извор на иновации, и обично не брза да вклучува нови функции во iPhone. Паметните телефони со дисплеј на преклоп сега се реалност и ова е сегмент кој ќе генерира се повеќе приходи. Веќе знаеме дека продавачите на Apple тестираат прототипови на флексибилни паметни телефони на ...

Изминатата година беше најлоша за шпанската туристичка индустрија во последниот половина век. Помалку од 20 милиони странски посетители ја посетија земјата, а приходите на овој сектор паднаа за 75%, пишува весникот „Ел Паис“. Изданието потсетува дека во 1969 година Шпанија ја посетиле скоро 21,7 милиони странски туристи, а во 1968 година – околу 19,2 милиони. Во најдобар случај, бројките за 2020 година ќе бидат на исто ниво, иако може да бидат ...

Американски истражувачи развија нова батерија за електрични автомобили што се полни за само 10 минути и може да обезбеди 400 километри возење со едно полнење. Електричната батерија е изработена од литиум железен фосфат, кој е познат по својата „ненадмината безбедност“. Може брзо и да се загрее и да се олади – и ова, според научниците, е „клучот за брзо полнење и долг век на траење“, објави „DailyMail“. Системот може да се справи со километражата ...

Изминатата 2020 година, обележана со пандемија на коронавирус, отвори дупка од 21,7 милијарди евра во грчкиот буџет. Како резултат на блокадата на економијата, првичните планови за буџетски суфицит од 3,5 милијарди евра се заменети со дефицит. Ова го покажуваат пресметките на грчкото Министерство за финансии, цитирани од „Катимерини“. Даночните приходи во изминатите 12 месеци беа за 9 милијарди евра пониски отколку што се очекуваше, на вкупно ...

Францускиот енергетски гигант „Тотал“ ќе плати 2,5 милијарди долари за 20% удел во „Адани Грин Енерџи“, најголемата светска компанија за соларна енергија, пишува „Волстрит журнал“. Договорот означува уште еден обид на нафтениот гигант да ги прошири своите активности и да влезе во бизнисот со обновлива енергија. „Тотал“ соопшти дека инвестицијата во индиската „Адани Грин Енерџи“ ќе и помогне на компанијата да ги постигне своите цели за ...

Британската нискобуџетната авиокомпанија EasyJet објави дека резервациите за летната сезона се зголемени повеќе од трипати во однос на минатата година, истакнувајќи ја потиснатата побарувачка што може да му помогне на секторот да закрепне од пандемијата на коронавирус. Пандемијата сериозно го погоди секторот за воздушен транспорт во 2020 година и построгите блокади во Европа, затворањето на воздушните коридори и неизвесноста околу патувањето по ...

Поддршката на домашниот туризам и ваучерите „Дома си е дома“ дадоа одлични резултати за домашните туристички капацитети, пишува на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, кој презентираше статистички податоци за раст на ноќевањата во домашните туристички центри. Податоците за Маврово – Ростуше (Националниот парк Маврово) за првите 10 месеци од 2020 година, и покрај затворањето во април, мај и дел од јуни кога не работеа сместувачките ...

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната владина седница се разгледани епидемиолошките насоки, по што Владата донела одлука дека почнувајќи од 21 јануари, угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот. Со оваа одлука заршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да ...

Профитот на државните компании кои доминираат во кинескиот банкарски, нафтен и друг сектор во индустријата се зголемил за 25% минатата година, соопшти денеска кинеската влада. Вкупните приходи на компаниите на национално ниво се зголемија за 2,2 проценти во текот на 2019 година, на 30,3 трилиони јуани (4,7 трилиони долари), рече Пенг Хуаганг, генерален секретар на Државната комисија за супервизија и управување со средства. Пенг на ...

„Адора Бизнис Групацијата“ соопшти дека ќе соработуваат со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ во реставрацијата на детска градинка во село Љубиш, општина Чајетина, како нивни главни партнери во проектот. Селото Љубиш се наоѓа во непосредна близина на Српскиот планински резорт Златибор, кадешто „Адора“ моментално го гради својот хотелско-резиденцијален комплекс „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora”. 21st Century Zlatibor“ „Овој ...

Претходно оваа година, Huawei аплицираше за задржување на брендот Nova Watch во Кина. Ова сугерира дека компанијата го подготвува својот прв паметен часовник во серијата Nova. Традиционално, уредите што се дел од оваа линија се подостапни и се насочени главно на помлади корисници. Во оваа фаза нема дополнителни информации за првиот часовник во серијата, но очекуваме наскоро да се појави. Можно е по продажбата на Honor од компанијата да ги ...

Идејата на Чејс Фишер за мултимилионски бизнис е родена во ноќен клуб во Сан Диего во 2011 година. Фишер, кој неодамна дипломираше на Државниот универзитет во Сан Диего, бил изненаден од тоа колку луѓе му честитале на ефтините, неонско зелени очила за сонце што ги носел како додаток и го прашувале од каде ги купил, изјави тој за Си-Ен-Би-Си. Оттаму се роди идејата за бизнис што моментално се проценува на 90 милиони долари – Blenders Eyewear. ...

Пандемии, земјотреси, рекорден пад на БДП – сето тоа силно влијаеше на пазарот на недвижнини во Хрватска. Продажбата е намалена, нема странски купувачи, а домашните се повнимателни и имаат повеќе барања. Наместо станови во постари згради, потребна е квалитетна нова градба, што на пазарот не е доволна. Цените на недвижностите, и покрај сè, продолжуваат да растат, особено во Загреб и на крајбрежјето. Во центарот на Загреб продажбата на станови е ...

Акциите на Stellantis, компанија формирана со спојување на PSA Peugeot Citroen и Fiat Chrysler, пораснаа за осум проценти на првиот ден од тргувањето на берзата во Милано. Пазарната вредност на компанијата сега е на ниво од 42 милијарди евра. FCA и PSA проценија дека Stellantis може да ги намали годишните трошоци за повеќе од 5 милијарди евра (6,1 милијарди долари) без да ја затвори централата, а инвеститорите се исто така заинтересирани за ...

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ минатата година го загуби своето место број еден меѓу европските аеродроми поради мерките поврзани со пандемијата „Ковид-19“, што ги ограничи патниците. Преку новиот аеродром во Истанбул, завршен во пролетта 2019 година, поминале 23,4 милиони патници во својата прва целосна календарска година, на штета на „Хитроу“, каде сообраќајот падна за 73%. Аеродромот во Париз, „Шарл де Гол“, кој е втор најпрометен во Европа во ...

Континуираниот подем на Биткоинот доведе до некои предвидувања дека средството на крајот ќе стане рај за инвеститорите. Сепак, и покрај растот на цената, податоците покажуваат дека криптовалутата продолжува да заостанува зад традиционалните берзански индекси и активите по пазарната капитализација. Податоците презентирани од Trading Platforms покажуваат дека пазарната капитализација на биткоин од 666 милијарди долари е еднаква на скоро половина ...

Трагичната премиера на Cyberpunk 2077 во декември беше придружена со сериозни технички проблеми и „багови“. Ова ја поттикна Sony да ја отстрани играта од PlayStation Store, а Microsoft да стават предупредувачка етикета за проблемите на Cyberpunk 2077 на Xbox One. Сепак, излегува дека сето ова е логичен заклучок на процесот на создавање на Cyberpunk 2077, кој беше проследен со огромни проблеми. Цитирајќи извори запознаени со играта, „Блумберг“ ...

Џејмс Хоган, кој беше претседател и извршен директор на „Етихад“ до 2017 година, наводно добил покана од Црна Гора да помогне во воспоставувањето на нова национална авиокомпанија во земјата. Хоган е познат во регионот затоа што тој беше шеф на арапската авиокомпанија кога е основана „Ер Србија“. Хоган бил забележан и во главниот град Подгорица. Црногорската влада врши притисок да започне замена за „Монтенегро ерлајнс“ што е можно поскоро. Според ...

Од почетокот на корона-кризата до сега, поточно од 24 февруари 2020 година до 17 јануари 2021 година, граѓаните на Хрватска ги намалиле своите трошоци за 29,3 милијарди куни (3,88 милијарди евра) во споредба со споредливиот период претходната година. Во набудуваниот период се издадени 1,64 милијарди фискални фактури, чија вредност изнесувала 152,4 милијарди куни (20,18 милијарди евра), додека во споредливиот период една година претходно беа ...

Здружението на граѓани, ОБНОВА ГЛОБАЛ Струмица, ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, да согласно своите финансиски и материјални можности донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица, кој беше опожарен на ден 02.01.2021. година. Паричните средства кои ќе бидат донирани да се уплатат на следната жиро сметка: ...

Аеродромите во Црна Гора ќе изгубат најмалку 14,1 милиони евра во спорови со своите работници поради неправилно пресметани плати за периодот од август 2008 година до декември 2018 година, се наведува во ревизорскиот извештај на компанијата за 2019 година. Според извештајот, доставен до надлежните институции минатата недела, загубите може да бидат уште поголеми, бидејќи судските спорови со 239 работници сè уште не се завршени. Сега, профитот на ...

„Во паушално соопштение на Народната банка со коешто се оградува од сите дејствија кои ги наведовме, направени од гувернерката Бежоска, таа и понатаму површно изјавува дека е се направено како што треба во случајот со Еуростандард банка. Ова е едно од многуте соопштенија во кои гувернерката Бежоска свесно избегнува да одговори на конкретни прашања. Напротив, таа продолжува да сее магла и се обидува да не лаже нас односно народот кој скапо ја ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
75%
1038
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
73%
1040
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
84%
1040
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1038
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.12
62%
1039
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
88%
1039
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
4.02
81%
1033
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
49%
1031
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
65%
1033
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.68
62%
1038
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
91%
1039
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
6.17
70%
1036
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.1296

Currency

41.6502

Currency

65.5163

Currency

8.16832

Currency

0.58051

Currency

0.38358

Currency

0.52536

Currency

1.68964

Currency

0.69174

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $