Генералниот директор на „Пејпер Мил“, Јулијан Даскалов, изјави дека одлуката за прекин на работењето на фабриката доаѓа по обемните анализи за состојбата направени од страна на управата, а по последното решение добиено од Инспекторатот за животна средина. – Со жалење констатираме дека решението на Инспекторатот е базирано на резултатите на едно од десетиците направени мерења од страна на повеќе референтни и акредитирани домашни и странски ...

Основачот и сопственик на модната марка Zara, Амансио Ортега, откако се збогати со облека, го сврте вниманието кон недвижнините. Сепак, една од неговите инвестиции, која нема врска со недвижнини, ја удвои по само три години. Во 2018 година, инвестициската компанија „Pontegedea“ на Ортега купи 9,99 проценти од акциите на шпанскиот телефонски оператор, чија вкупна вредност тогаш беше проценета на 3,9 милијарди евра. Компанијата „American Tower“ ќе ...

Откако Демократите ги освоија Белата куќа и Конгресот, економистите се обложуваат дека уште една значајна фискална поддршка ќе го зајакне економскиот раст оваа година, според „Блумберг“. Иако прогнозите на економистите за бруто домашниот производ омекнаа малку во периодот од јануари до март, во најновото истражување, очекувањата за раст се зголемија во следните три квартали, според истражувањето на „Блумберг њуз“ од 8 до 14 јануари меѓу 70 ...

Целосниот ефект на корона-кризата врз банките во еврозоната сè уште не е почувствуван, бидејќи политичката поддршка досега ги маскираше загубите, предупредија неколку членови на управниот одбор на Европската централна банка, цитирани од „Блумберг“. „Кризата не е завршена и нејзиното економско влијание сепак ќе се почувствува“, рече ирскиот банкар Габриел Махлуф. „Банките во еврозоната најверојатно ќе се соочат со значителни загуби и дополнителен ...

Apple се подготвува да ги ажурира лаптопите MacBook Pro во 2021 година, според „Блумберг“ и познатиот аналитичар Минг-чи Куо. Моделите ќе бидат опремени со значително помоќни процесори и нови дисплеи. Покрај тоа, технологијата Touch Bar ќе биде отстранета и популарниот MagSafe од блиското минато ќе се врати. Новите модели ќе бидат достапни во две големини на екранот – 14 и 16 инчи. И двајцата ќе ја користат следната генерација на чипот развиен ...

Флексибилните паметни телефони се една од најголемите иновации во индустријата во последниве години. Технологијата сепак е прескапа за масовниот потрошувач, но прашање на време е кога ќе видиме на пазарот повеќе модели со овој дизајн. LG е популарна марка која долго време доживува проблеми со конкуренцијата на глобалниот пазар на паметни телефони. Последните неколку месеци беа доста плодни за корејскиот гигант, откако тие го претставија новиот ...

Алгоритмот за разбирање на природниот јазик Microsoft DeBERTa ги надминува човечките можности во еден од најсложените тестови за проценка на ваквите алгоритми – SuperGLUE. Во моментов, ВИ софтверот на Microsoft за разбирање на природниот јазик (Natural Language Understanding, NLU) е на првото место на ранг-листата со резултат од 90,3 поени, додека просечниот човечки капацитет е 89,8 поени, соопшти компанијата. SuperGLUE вклучува голем број ...

Ранливост од типот „zero day“ во Windows 10 им овозможува на хакерите да оневозможат работа на NTFS-форматиран хард диск со само една едноставна команда. Бројни тестови на BleepingComputer откриле дека опасна единечна команда може да биде испорачана скриена во кратенка (Windows shortcut фајл), ZIP архива, серија датотеки и разни други локации за активирање грешки на хард дискот што веднаш го корумпираат индексот на системот за податоци. Што е ...

PepsiCo ги објави своите планови за удвојување на климатските цели базирани на наука, а тоа е да се намалат емисиите на стакленички гасови за повеќе од 40% во апсолутни износи до 2030 година во рамките на својот синџир на вредности. Компанијата исто така се обврза да постигне нула емисии до 2040 година, една деценија порано од Парискиот договор. PepsiCo планира да ги намали апсолутните емисии на стакленички гасови во рамките на своите директни ...

Операторот на проектот „Северен тек 2 АГ“ планира да ја заврши изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ во јуни, објави агенцијата „Блумберг“ повикувајќи се на свои извори. „Северен тек 2 АГ“ планира да заврши со капиталната изградба на еден од двата краци во првата половина на 2021 година, и покрај санкциите на САД. Всушност, дел од цевките може да се завршат веќе во јуни, имајќи предвид дека операторот на „Северен тек 2“ ќе започне со тестирање ...

Xiaomi ги почитува законите и работи во согласност со прописите на сите пазари и ќе преземе соодветни активности за заштита на сопствените и интересите на акционерите, стои во официјалниот одговор на Xiaomi на објавата на Министерството за одбрана на САД (DOD) и ставањето на компанијата на „црната листа“. Во официјалниот одговор на Xiaomi, кинеската компанија, која произведува мобилни телефони и сродни производи, рече дека нејзините производи и ...

Едномесечното заклучување ја чини Грција околу три милијарди евра, изјави портпаролот на грчката влада, Христос Тарандилис, објаснувајќи дека сите одлуки што ќе бидат донесени за повторно отворање на малопродажбата во таа земја ќе бидат засновани на препораките на Комисијата за епидемиолози, пренесуваат локалните медиуми. Грција е во карантин повеќе од два месеци, освен пред и за време на празниците кога фризерски салони, книжарници, центри за ...

Во време на економска криза, „не можеме да си дозволиме да седиме со скрстени раце“, рече во четвртокот идниот американски претседател Џо Бајден, истакнувајќи го неговиот сеопфатен план за економско закрепнување од 1,9 трилиони долари за да им помогне на домаќинствата и деловните субјекти. Предвидувајќи критики дека новиот план ќе ја зголеми задолженоста на земјата и ќе ги оптовари јавните финансии, избраниот претседател истакна дека „враќањето ...

Цените на нафтата паднаа под 56 американски долари на меѓународните пазари во петокот, откако блокадите во кинеските градови со кои владата се обидува да го заузда коронавирусот, го поттиснаа во втор план повисокиот увоз и американските планови за помош поради корона-кризата. На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 83 центи во споредба со претходното затворање и изнесуваше 55,59 долари. На американскиот пазар, барел се тргуваше по 57 ...

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) објави финансиска анализа на работењето на државните претпријатија за периодот 2015 -2019 година и база на податоци која овозможува преземање на завршните сметки на претпријатијата. Според неа, најголеми државни загубари се МРТВ, која во 2019-та завршила со загуба од над 8 милиони евра, зад неа двете железничарски јавни претпријатија, а традиционални загубари на листата и ЈСП, Водовод и ГТЦ за периодот од ...

Владите ширум светот треба да трошат повеќе за да помогнат во заживување на економијата потресена од пандемијата, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. Таа не даде никакви специфични економски предвидувања, но јасно стави до знаење дека сака владите да ги зголемат трошоците и повтори дека меѓународно синхронизиран пристап кон решавање на проблемот е најдобар за раст. „Во 2020 година, ММФ обезбеди ...

Министерството за економија донесе одлука да и предложи на Владата да го повлече Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини поднесен до Собранието по скратена постапка. По барање на Алијанса на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри се“ кое што беше доставено до Министерството за економија, Министерството одлучи да го повлече Предлог- законот со цел за негово доработување и усогласување со забелешките ...

Директорот на Дирекцијата за технолошко-развојни зони, Јован Деспотовски не е задоволен од висината на платите што им се исплаќаат на вработените во зоните. Нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите да ги зголемат платите, туку преку посебна програма за развој на вештини и продуктивност, ќе се поттикне здрав раст на платите. – Апсолутно сум незадоволен, не само за нивото, туку и од фактот дека просечната плата во рамки на зоните ...

Директорот на Агенцијата за вработување на РСМ, Абдуш Демири, посочи дека невработените лица голем интерес покажале за учество во програмите и мерките за вработување кои имаа за цел стекнување и дополнување на нивните знаења и вештини заради зголемување на нивната вработливост и конкурентност на пазарот на трудот. „Тука би ги издвоиле Обуките за побарувани занимања на пазарот на трудот во кои земаа учество 421 невработено лице за стекнување на ...

За време на пандемијата на коронавирус минатата година, бројот на облакодери ширум светот е намален за 20 проценти, според Council on Tall Buildings and Urban Habitat (CTBUH). Во 2020 година се изградени 106 нови облакодери високи 200 метри и повисоки, додека 133 такви згради беа изградени една година порано. Ова е најмал број на облакодери изградени од 2014 година. Како причина за тоа CTBUH ја наведе пандемијата на коронавирус, поради што беа ...

Економско-социјалниот совет на денешната седница, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, дискутираше по неколку точки од кои најзначајно место зема новиот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување за 2021 година. Министерката Шахпаска истакна дека министерството во чиј фокус се ранливите категории на невработени лица , продолжува со креирање на политики и мерки со цел помош и поддршка за ...

Средствата управувани од BlackRock се искачија на рекордни 8,68 трилиони долари во четвртиот квартал по големиот прилив на капитал во сите области на нејзиното деловно работење. Новиот рекорд е за 11% повисок од 7,81 трилиони долари пријавени од BlackRock на крајот на септември. Компанијата со седиште во Њујорк исто така го искористи „релито“ на пазарите, кое добива дополнителна брзина, пренесува „Блумберг“. „Нашата способност да обезбедиме ...

Континуираната голема побарувачка од инвеститорите и индустријата за накит што е во зародиш може да ја потикнат побарувачката за злато во новата година. Ова го сугерира Светскиот совет за злато (World Gold Council) во студија за пазарот објавена денеска. Загриженоста за зголемувањето на државниот долг и повисоката инфлација веројатно ќе го продолжат силниот прилив на индексни фондови поддржани од злато. Средствата во кои добавувачите депонираат ...

Бил Гејтс, четвртиот најбогат човек во светот, тивко придобил 242.000 хектари земјоделско земјиште низ САД – што го прави влијателен приватен сопственик на земјоделско земјиште во Соединетите Американски држави. После повеќе години извештаи дека купил земјоделско земјиште во државите Флорида и Вашингтон, „The Land Report“ откри дека Гејтс купил земјоделско земјиште во 18 американски држави. ICYMI: The Winter issue of the @LandReport is here, ...

Унгарија планира целосно да ги ослободи младите под 25 години од плаќање персонален данок на доход најдоцна од јануари 2022 година, објави денеска премиерот Виктор Орбан. Според него, тоа може да го чини буџетот околу 130 милијарди форинти (439,35 милиони долари), пренесува Ројтерс. Парламентарните избори треба да се одржат во Унгарија во првата половина на следната година, забележува британската агенција, додавајќи дека Орбан е на власт повеќе ...

Процесот на воспоставување на нова државна авиокомпанија, регистрирана под името „ToMontenegro“, ќе заврши најдоцна за две до три недели, а до тогаш ќе се знае дали и под кои услови „Монтенегро ерлајнс“ (МА) ќе може да ги обнови летовите барем кон Белград, колку работници од оваа авиокомпанија ќе се преселат во новата и како ќе бидат обештетени вработените кои не се движат, дознава подгорички „Вијести“ од извори од Владата. Досега е донесена ...

Скоро 34% од прометот на Македонска берза е реализиран во март, покажува Годишниот билтен на берзата. Според податоците, анализирано по месеци, најголем процент од 33,99% отпаѓа на тргувањето во март. Тогаш биле „завртени“ 2.785.792.356 денари. Најголем дел од нив или 63,73% се блок трансакции (1.301.357.421 денари), а остатокот е од класично тргување (1.484.434.935 денари). Извештајот нотира дека “најслаб“ месец минатата година на берзата беше ...

На четири километри пат во кинескиот град Уси, еден автономен автобус патува напред и назад, застанува, ги заобиколува пречките, забрзува и забавува, врз основа на информациите што постојано ги добива од околината. Вградени на патот, во семафорите, на уличните знаци се кријат сензори, камери и радари кои „зборуваат“ со возилото. Местото го користи телекомуникацискиот гигант Huawei Technologies Co. и нејзините партнери како дел од првиот ...

Бројот на источно-европски жители што живеат во Велика Британија падна минатата година – пред крајот на периодот по транзицијата по „Брегзит“ до нивоата 2015 година, откако блокадите поради коронавирус затворија големи делови од економијата, според „Блумберг“. Бројот на странци во Велика Британија се намалуваше до јуни, со најголем пад кај жителите на земјите од Европската унија кои се приклучија на блокот во 2004 година, според Националниот ...

„Секоја Одлука и сите Измени и дополнувања на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од КОВИД-19 за носење на препораки и протоколи со кои се ограничува работното време на угостителските објекти кое е утврдено согласно Законот за угостителска дејност е неуставно“, велат утрово од Независната угостителска комора. „Уставниот суд и покрај барањето за ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
80%
1040
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
2.06
73%
1042
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
81%
1042
weather icon

Софија

-2ᴼ / -3ᴼ
1.03
89%
1040
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.72
68%
1041
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
90%
1041
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
4.47
80%
1034
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
81%
1033
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1036
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
3.09
65%
1040
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
92%
1041
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
75%
1037
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.1296

Currency

41.6502

Currency

65.6013

Currency

8.16832

Currency

0.58051

Currency

0.38358

Currency

0.52536

Currency

1.68964

Currency

0.69174

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $