Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Професионалниот успех е загарантиран кога е заокружен со вистинскиот изглед со кој формирате прв впечаток. „Никогаш нема да имате шанска за втор впечаток“, велеше славната креаторка Коко Шанел, и тоа важи и за минутите што ќе ги поминете на интервју за работа. Изгледот е еден од начините на изразување, а искусниот работодавач секогаш го забележува вашиот имиџ, колку професионално сте се облекле и дали изгледате уредно. Главното правило е да се ...
Американскиот дизајнер Том Форд ја затвори Њујоршката модна недела со колекција за пролет–лето 2023 во знакот диско-шик изглед. Шљокастите елементи беа главни во модната визија на Форд, а преовладуваа и модни парчиња во металик бои – златна, сребрена и бакарна. Претстави и креации со проѕирни материјали, тесни шифонски фустани, кратки шорцеви, референци на каубојскиот стил и диско естетиката, мини градници, машки и женски одела, сатенски ...
Дали правилно го нанесувате руменилото и го контурирате лицето?! Дали грешите во нанесувањето на течната пудра?! Претерувате ли со хајлајтерот и дали го нанесувате на вистинското место? Можеби погрешно ги нагласувате веѓите?! Шминкерката Андреа Али од Париз во ова видео многу добро објаснува каде најмногу се прават грешки. Таа со истите козметички производи ги шминка двете страни на своето лице, едната со потези и начини кои таа смета дека се ...
Џемперите и блузите со пруги се класика во модата и сакаме да ги имаме во нашата гардероба. Веќе неколку сезони популарни се моделите кои се пошироки и оние со патент во горнот дел. Најчеста варијација се оние џемпери со црно-бели пруги, со тоа што линиите можат со различна ширина. Како заладува веќе размислуваме за потоплапа облека што ќе ја носиме претстојната сезона, а џемперот со пруги е секогаш добра идеја и предвидуваме дека ќе биде ...
Неколку сезони сакоата и блејзерите се главен горен дел од облкеката, според трендсетерките и уличната мода, тие ќе бидат фаворит и во есенската гардероба. Како да ги носиме во новата сезона?! Бирајте предимензионирани модели, коцкести и гломазни во рамениците, со машки крој и како да сте ги позајмиле од плакарот на дечковците. Иако со години велиме дека сакоата треба да бидат скроени по мерка и скоро припиени на телото, новата мода вели дека ...
Есента официјално ќе почна, времето малку залади, во модата ова е период кога во комбинациите за топлите денови внесуваме есенски модни парчиња, како на пример сако, и ја балансираме летната со есенската облека. Еве неколку идеи за оваа среда. НЕШТО БЕЛО, НЕШТО БЕЖ, НЕШТО СВЕТЛО КАФЕНО ФАРМЕРКИ + ВПЕЧАТЛИВА КОШУЛА + МАЛА ЧАНТА ШАРЕН ФУСТАН СО НАГЛАСЕНИ РАКАВИ ПРЕДИМЕНЗИОНИРАНО САКО СО СИТНО КАРО ЦРВЕНА КОШУЛА СО ПАНДЕЛКА БЕРМУДИ ИЛИ ...
Вообичаено се смета дека белата не е соодветна во есенските и зимските месеци, ама зошто да не го прекршиме правилото и да облечеме бела комбинација оваа есенска сезона. Бели панталони или фармерки, бело миди здолниште со бел тенок џемпер, бели фустани и кошули, можете да изберете комплетни бели комбинации, но и стајлингот да го живнете со чизми во беж боја или со змиски принт, со чанта или накит во друга боја. А за инспирација, еве фотографии ...
Кога одите на деловно патување покрај професионалните подготовки важно е и паметно да се спакувате. Многу ќе ви помогне доколку практично и соодветно ја организирате гардеробата што ќе ја носите на повеќето деловни состаноци, на константните средби, за време на конференција, додека се запознавате со бројни колеги и се впуштате во професионално вмрежување преку кое ќе создадете нови контакти и клиенти. Важно е да изгледате професионално на овие ...
Хелена Кристeнсен, Бела Хадид, Амбер Валета и Шалом Харлоу блеснаа на ревијата Vogue World Во рамките на Њујоршката модна недела американското издание на Vogue го прослави својот 130-ти роденден и организира посебен настан со свечена модна ревија именувана Vogue World. Ревијата се состоеше од креации од колекциите за есен-зима 2022/23 на Баленсијага, Диор, Валентино, Луј Витон, Гучи, Прада, Барбери и други модни имиња. Како модели на ревијата се ...
Модниот бренд Масимо Дути за претстојната сезона претстави неколку кампањи и колекции, но ќе се осврнеме на оваа наречена Masterpieces, бидејќи се однесува на Клучни модни парчиња која секоја жена ги посакува во гардеробата како база на својот стил, парчиња кои се безвременски, но и во одредена доза ги следат тековните трендови. Оваа модна приказна претставува 12 клучни изгледи од колекцијата, вклучувајќи црн фустан, црн костум, вечерен фустан, ...
Со почеток во 19:00 часот овој четврток, 15.07.2022, ќе се одржи онлајн настан за сајбер безбедност и заштита на приватноста, во организација на Women in Tech Macedonia. Во денешниот свет, информациите се многу клучни и ние треба да ги заштитиме. Целта на настанот е да ја едуцира публиката за важноста на заштита на приватноста, методи за заштита и безбедности аспекти. Нашиот реномиран професионалец за сајбер безбедност, Драган Илиевски ќе ...
На вчерашното доделување на американските телевизиски награди Emmy во Лос Анџелес ѕвездите прошетаа по црвениот килим во вечени изданија. Зендаја ретко греши со модниот избор на ваквите настани и носеше црн фустан со кринолина на Валентино, светкави тоалети носеа Лили Џејмс, Риз Витерпсун и Аманда Сејфрид, Сандра О избра виолетов костим на Родарте, свечени корсетирани тоалети носеа Ел Фенинг и Сидни Свини, кај мажите забележавме костуми во ...
„Мистеријата на љубовта е поголема од мистеријата на смртта.“ Оскар Вајлд Модниот дизајнер Димитар Бабков кој креира под името Son of Salome ја претстави новата колекција „Единаесетиот ден“, колекцијата која ја претставува состојбата на умот во која се доживуваат различните видови на љубов и борбата што ја имаме со самите себе. За колекцијата подготви фотосесија која што ја потпишува Антонио Станков, а позира манекенката Викторија Ристовска од ...
Под мотото „Ја чуваме македонската музика„ во сабота на 17 септември, во големата сала на Филхармонија ќе се одржи концерт на најубавите македонски евергрини. На концертот ќе настапат македонската оперска дива Весна Гиновска Илкова, во придружба на камерниот оркестар Арко под диригентска палка на маестро Ерхан Шукри. Извонредниот пијанист Бобан Мирковски, кој ги направи и аранжманите за овој концерт ќе ги придружува артистите на пијано. ...
Манифестацијата „Звукот на Скопје“ почнува в петок, 16 септември, и на градот му носи свежина и нова енергија преку содржините што ги нуди. Музички ѕвезди, инспиративни изложби, театарска претстава за деца, поезија… Скопјани викендов ќе имаат забава за паметење. Плоштадот пред Филхармонијата („Мајка Тереза“) е местото каде в петок ќе настапи Констракта и „Земља грува“ (Zemlja gruva), која годинава ја претставуваше Србија на натпреварот за ...
Започнувате нова работа?! Се мислите што да облечете првиот ден за да бидете доволно преставителни?! Се двоумите дали треба да биде тоа формална комбинација или нешто полежерно?! Добитната формула е нешто помеѓу – нешто што во деловниот код се нарекува „бизнис кежуал“. Се разбира, ова е понатаму условено од видот на работата, животната средина и културата во која влегувате, но генерално во повеќето канцелариски професии бизнис кежуал стилот е ...
Лелеавите свиленкасти слип-здолништа се едно од прекрасните модни парчиња што ги позајмивме од 90-тите години и ги носиме со мерак оваа сезона. И не само што ни беа преференца за летниот стил, тие се добра стилска опција и во есенските денови. Забележавме слип-здолништа во разни бои, се комбинираат со тенки кошули и блузи со нагласени ракави, а во есен ќе се носат со сакоа и џемпери. *Не е дозволено пренесување на содржината на ...
Повеќе од само моден избор Додека светот се простува од британската кралица Елизабета Втора, во бројните натписи покрај за нејзиното владеење, често се зборува и за нејзините карактеристични модни изданија во кои таа редовно се појавуваше. Кралицата Елизабета Втора имаше посебно чувство за стил. Добра шапка, секогаш црна чанта со горна рачка и удобни чевли, ракавици, бисери и брош, но најпечатливо е што британската кралица во последните години ...
Барате инфлуенсери за француски стил за следење на Инстаграм? Предлагаме неколку профили на Французинки кои инспирираат со модниот стил, но и начинот на живот. Новинарки, дигитални креатори на содржина, консултантки, промотерки на францускиот стил, некои од нив дури сопственички на модни брендови, има толку многу стилски правила што можеме да ги научиме од овие Французики. LEIA SFEZ View this post on Instagram A post shared by Leia Sfez ...
H&M Моделите на чанти на модната куќа Ботега Венета последниве сезони се мнугу посакувани, повеќето до нив веќе имаат култен статус и се константна во стилот на модните ѕвезди. Таков е случајот и со моделот Arco – чанта со tote изглед, која доаѓа во две величини и повеќе бои. Ќе се осврнеме на верзија во зелена боја, бидејќи сличен модел може да се најде и во понудата на брендот со достапни цени H&M, бренд кој од неодамна е присутен и ...
Модниот бренд Зара нѐ изненади одушеви со новата Narciso Rodriguez x Zara колекција, модна соработка со познатиот американски дизајнер Нарцисо Родригез, препознатлив по минмалистичката естетика и чистите архитектонски форми. Оваа колекција е инспирирана од архивските и иконични дизајни на Родригез и го следи минимализмот во неговиот израз. Токму минималистичкиот стил е вкопен во колекцијата која содржи 25 модни парчиња – слип-фустани, елегантен ...
Палетата со сенка за очи е елемент од женската шминка кој не може да се заобиколи – практична, со поголем избор на бои и нијанси, и трае подолго време. Често се случува да користиме само неколку бои од палетата, но и да ги утнеме нијансите. Факт е дека палетата треба да има неколку светли нијанси, транзициони за околу наборот на окото и неколку темни за нагласуваење. Но, во кои тонови треба да бидат, зависи од бојата на очите. Еве како да ја ...
Познатите супермодели Ирина Шајк и Стела Максвел блеснаа на црвениот килим на Венецискиот филмски фестивал. Облечени во елегантни креации на италијанскиот бренд Пинко, дамите го привлекоа целото внимание со нивниот минималистички изглед. Ова е само доказ дека понекогаш помалку е повеќе, но исто така дека малиот црн фустан е секогаш добра идеја. View this post on Instagram A post shared by irina shayk (@irinashayk) View this post on Instagram A ...
На 16 и 17 септември на повеќе локации во Скопје ќе се одржи најновото издание на фестивалот „Звукот на Скопје“, кое во петок (16 септември) на платото пред Филхармонија го организира концертот на Констракта и „Земља грува“. Следуваат настапите на Дина Јашари и бендот „Хајка“, низ чаршијата ќе бидат бендот „Вива стрингс“ и германскиот бенд „Дијаз војтас дуо“ ( Diaz Wojtas Duo), а во галериите на КИЦ ќе може да се погледне изложбата „Македонија“ ...
Како се ближи крајот на летото, со почетокот на есента една од најзначајните традиции на Македонија, а воедно и на Охрид е виното. Бербата е веќе започната, а со самото тоа и славењето на убавото македонско вино. Од 08ми до 10ти септември на ул. „Кеј Македонија“Охридско шеталиште во Охрид, за првпат се случува „Ohrid Wine Fest“. Фестивал на виното кој ќе трае три дена и ќе понуди дегустација и продажба на квалитетно вино, закусна на храна, ...
Годинашното, трето по ред издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ ќе се одржи на 23 и 24 септември во Македонската филхармонија. Идејни творци на фестивалот се џез музичарот Владан Дробицки и музичарот и продуцент Мирко Попов. „Крај Вардарот Џез” е меѓународен фестивал на современ џез, светска и етно музика, кој веќе три години во континуитет на домашната публика и ги претставува најрецентните авторски остварувања, високо ценети и реномирани ...
Прва домашна обука за фриленсинг во модната индустрија Во низата на домашни обуки за различни ИТ области, маркетинг или човечки ресурси кои се дел од понудата на речиси сите домашни центри за неформално образование, конечно добивме освежување со обука која се однесува на некоја друга област. И не било која, туку баш модната која се смета за една од најатрактивните во најразвиените земји од светот! „Дизајн на облека во 3Д“ е насловот на првата ...
Вистинската есен можеби сè уште не е тука, па кога ја планираме есенската гардероба во овој период применуваме спој на летни и есенски модни парчиња. Во овој преоден период можеби уште ќе ги носиме летните фустани, здолништа и маици, но складно ќе ги комбинираме со потопли парчиња како сако или џемпер. Веројатно за прв пат ќе облечеме есенски мантил, костимите со панталони секогаш се добра идеја (и голем тренд), а тренд ќе бидат и миди ...
Еден од трендовите што прави најмногу врева во последните недели е оној кој асоцира на eстетиката на падобран. Со панталони и здолништа во карго-стил во ткаенина која потсетува на онаа од кои се прават падобрани и со преголем крој, овој нов тренд навлегува во уличниот стил и брендовите не се двоумат да лансираат нови дизајни секој ден. Модниот бренд Бершка одговара на овој тренд и претстави некои модели на падобран-панталони во металик бои. ...
Еден од омилените изгледи на шминкање е кога очите ги нагласуваме со тенка (или подебела) црна линија која често завршува со закрилен завршеток за да се постигне заводлив „мачешки“ поглед. За тоа користиме гел-креон и туш за очи, а во домашните парфимерии ќе најдете голем избор на ајлајнери. Но, мора да признаеме дека овој начин на нагласување на очите бара умешност, многу пракса, учење на трикови со помош на You Tube туторијали, едно чудо ...