Белград
9ᴼ /
9ᴼ
Англиските медиуми сè уште вадат цитати од од гостувањето на Вејн Руни во подкастот на поранешниот соиграч, Рио Фердинанд. Поранешниот англиски напаѓач зборуваше за борбата со алкохолизмот додека сè уште беше активен играч и за неговиот комплициран однос со Немања Видиќ, но и за тоа зошто го претпочита Лионел Меси пред Кристијано Роналдо, иако Португалецот му беше соиграч во Манчестер Јунајтед. Многумина мислат дека на овој начин Руни сака да ...
Францускиот кошаркар Франк Ниликина, го напушти белградски Партизан и ќе ја продолжи кариерата во грчки Олимпијакос. Сагата околу неговиот трансфер од Србија во Грција траеше со денови, но челниците на црвено-белите попуштија и решија да му платат отштета на Партизан, па Ниликина ќе стане играч на Олимпијакос. „КК Олимпијакос објавува дека го ангажираше Франк Нтиликина. Францускиот бек потпиша двегодишен договор со нашиот клуб“. Ниликина ...
Челниците на Јувентус немаат доверба во Душан Влаховиќ и покрај тоа што тој на пет натпревари оваа сезона, постигна четири гола. Влаховиќ е џокерот од клупата, бидејќи сезонава ниту еден гол не постигнал кога започнал во дстартната постава. Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус ќе се обиде да го продаде напаѓачот во зимскиот преоден рок. Причината е што договорот на Влаховиќ истекува на крајот од оваа сезона, а вистинска аукција за таков ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен, доколку биде потребно, да ги премести натпреварите од Светското првенство 2026 од градови кои ги смета за небезбедни. „Светското првенство ќе биде безбедно. Ако утврдаме дека не е безбедно натпреварите да се играат во одредени градови, ќе ги преместиме во други,“ им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, притоа особено критикувајќи ја статистиката за криминал во Чикаго, кој ...
Лос Анџелес Лејкерс, објавија дека го продолжиле договорот со главниот тренер Џеј Џеј Редик. Сè уште нема официјални детали за новиот договор со 41-годишниот тренер. „Веруваме дека тој е одличен тренер, тренер со силен глас кој навистина ни помага да ја продолжиме културата на извонредност на Лејкерси“, рече Роб Пелинка, претседател на кошаркарските операции на франшизата, на прес-конференција. „Долгорочната визија ни помага да го изградиме ...
Скоти Пипен, легендарниот крилен играч на Чикаго Булс и член на оригиналниот Дрим Тим, беше во Шпанија како амбасадор на Фондацијата Санитас, каде што во ексклузивно интервју за „Марка“ зборуваше за својот однос со Мајкл Џордан, ја спореди денешната и поранешната кошарка и коментираше за ѕвезди како Лука Дончиќ и Никола Јокиќ. Кога беше прашан за споредба на неговата ера со денешната, Пипен беше јасен. „Не мислам дека е можно да се направи ...
Фудбалерите на Барселона победија како гости кај Реал Овиедо со 3:1 во шестото коло од Ла Лига, по пресвртот во второто полувреме. Стрелец на голот за тимот на Вељко Пауновиќ беше Алберто Реина во 33-та минута, од речиси половина терен, по глупоста на голманот на Барса, Жоан Гарсија, кој скапо плати за ноншалантната игра на околу триесет метри од својот гол. Тој беше строго казнет. Во вториот дел апсолутната доминација Барселона ја крунис со ...
Само две недели откако го замени Жозе Мурињо на клупата на Фенербахче, италијанско-германскиот стручњак Доменико Тедеско би можел експресно да го напушти клубот од Истанбул. Како што објавува турскиот портал „Т24“, поразот од 3:1 против Динамо Загреб во Лигата на Европа дополнително ја потресе неговата позиција, која беше оценета како нестабилна и пред тоа. Тедеско го презеде Фенербахче на 8 септември, откако португалскиот тренер Жозе Мурињо ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека сопствениците на клубот, „Фенвеј Спортс Груп“, целосно го исплатиле остатокот од договорот на семејството на Диого Жота по неговата трагична смрт на почетокот на јули. Португалскиот напаѓач загина во сообраќајна несреќа во Шпанија заедно со својот брат Андре Силва. Во времето на неговата смрт, Жота имаше уште две години од договорот со Ливерпул. Слот сега го потврди чинот на великодушност, ...
Ливерпул жестоко ќе го казни Уго Екитике, за црвениот картон во натпреварот против Саутемптон. Францускиот репрезентативец, го постигна голот за победа во третото коло во Лига купот, за да прослави го соблече дресот и доби жолт картон. Бидејќи веќе имаше еден, мораше да го напушти теренот. Екитике нема да биде во протоколот за натпреварот со Кристал Палас во Премиер лигата. Англичаните тврдат дека Ливерпул ќе го казни со одземање на две ...
Рио Нгумоха и се претстави на пошироката фудбалска јавност со победничкиот гол за Ливерпул против Њукасл. Затоа не е изненадување што шампионите на Премиер лигата побрзаа да му понудат професионален договор. Момчето кое започна во академијата на Челзи е во Ливерпул од минатата година. Оваа сезона, тој веќе одигра четири натпревари и покажа дека може да се смета на него. Тој моментално е член на репрезентацијата на Англија до 19 години и играл ...
По речиси две и пол години правна битка, познатиот германски фудбалер Фреди Бобиќ конечно ја доби пресудата од Окружниот суд во Берлин. Судот одлучи дека Херта Берлин мора да му плати повеќе од 4 милиони евра, што го направи Бобиќ повторно победник во неговиот правен спор против клубот. „Многу сум среќен што е донесена јасна и фер одлука. Се надевам дека ова е крај, но на Херта е да одлучи дали ќе биде крај. Ова можеше да биде решено многу ...
На големо разочарување на Реал Мадрид, Вилијам Салиба реши да остане во Лондон. Арсенал успеа да постигне договор со стоперот од Франција и да ја продолжи соработката до 2030 година. Реал Мадрид го таргетираше францускиот репрезентативец, со цел да го доведе следната сезона за малку пари, со оглед на тоа што неговиот договор со Арсенал истекуваше во 2027 година. Сепак, „Топџиите“ реагираа брзо и му обезбедија на Салиба нов, петгодишен договор. ...
Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни призна дека имал проблем со алкохолизам. Руни со години беше кошмар за противничките дефанзивци и голамни во дресот на Манчестер јунајтед, Во подкаст со поранешниот соиграч Рио Фердинанд, тој призна дека долго време се борел со голем проблем. „Ставав капки за очи и џвакав мастика пред тренинг за да не се забележи. Знаев дека ќе пијам без престан два дена, а потоа ќе доаѓам на натпревар и ќе постигнувам ...
Натпреварот од италијанската Серија А помеѓу Милан и Комо ќе се игра во Австралија, бидејќи стадионот „Сан Сиро“ ќе биде зафатен поради отворањето на Зимските олимписки игри во 2026 година, а натпреварот од шпанската Ла Лига помеѓу Барселона и Виљареал ќе се игра во Мајами. Првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин, зборуваше за оваа тема пред повеќе од еден месец, а сега реши да го изнесе својот став во официјална форма. Како што ...
Поранешниот германски селектор Јоаким Лев (65) остро ги критикуваше плановите за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 репрезентации. „Тотално преувеличено“, изјави Лев за телевизиската станица „Нитро“. „Пред половина година слушнав дека ФИФА зборува за ова и дека ги туркаат таквите планови. Првенство со 48 репрезентации го намалува квалитетот. Здравјето и квалитетот на играчите секогаш мора да бидат на прво место. Оваа идеја ...
Иако имаше гласини дека Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе ги исклучи израелските тимови од своите натпреварувања, тоа не се случи. Израел може да здивне, објавуваат локалните медиуми, бидејќи по неколку недели притисок од разни држави, предводени од Катар, нема да има исклучување од натпреварувањето на УЕФА. Барем не засега. Како што пишува „Израел Хајом“, исклучувањето на Израел – репрезентацијата и клубовите – од натпреварувањето на УЕФА ...
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси продолжи да блеска во МЛС лигата. Меси беше клучен играч на натпреварот помеѓу Интер Мајами и Њујорк Сити, кој тимот од Флорида го доби со 4:0. Со оваа победа, Интер официјално се квалификуваше за плејофот во МЛС, со скор од 16 победи, шест нерешени резултати и седум порази. Со асистенција во првото полувреме, Меси стана првиот играч во историјата на МЛС кој имал најмалку 35 гола (голови + асистенции) во две ...
Аукцијата се одржа за време на викендот на Големата награда на Италија во специјалниот простор „Шумахер Лаунџ“ на патеката Монца. Дел од приходите одат во хуманитарни цели преку „Фондацијата Продолжи да се бориш“. За време на Големата награда на Италија, колекција од скапоцени предмети поврзани со Михаел Шумахер привлече големо внимание од колекционерите. Највредниот експонат беше тркачкото одело на Ферари од 2000 година. Токму во таа сезона ...
Mакедонскиот шампион Еурофарм Пелистер доживеа пораз во третото коло во Лигата на шампионите. ГОГ Гудме славеше во Битола со 31:28 и се изедначи на табелата со Пелистер. Двата тима имаат по победа и два порази. Фуриозно започна Пелистер, една серија од 6:1, му обезбеди предност од пет гола (10:5). Проблемите за Пелистер настанаа кога Данците започнаа во нападот да играат „седум на шест“. До полувремето ја анулираа предноста, а во вториот дел ...
Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Рајо Ваљекано 3:2 во шестото коло од Ла Лига. Апсолутен херој на Атлетико беше Хулијан Алварез, кој го постигна првиот хет-трик во дреост на „органџиите“. Голот за победа во 88-та минта беше спектакуларен, со што го поништи торпедото на Пеп Чаварија во финишот на првото полувреме. Атлетико надмоќно влезе во натпреварот со градскиот ривал, Алварез го отвори резултатото во 15-та минута. Аргентинецот ...
Вечева се одиграа последните натпревари од третото коло на Лига купот. Според очекувањата Манчестер сити, Арсенал, Тотенхем и Њукасл се пласираа во следната рунда. Манчестер сити гостуваше кај Хадерсфилд и победи со 2:0. Сити водеше со 1:0 по 18 минути. Фил Фоден им донесе водство на „Граѓаните“, а тоа беше резултатот од првото полувреме. Во 74-та минута, Фоден се најде во улога на асистент, а Савињо го постави конечниот резултат. Њукасл го ...
Вечерва започна новата сезона во Лига Европа. Регионалните великани Динамо Загреб и Црвена звезда играа дома. „Модрите“ го победија Фенербахче со 3:1, а црвено-белите играа 1:1 со Селтик. Динамо до троимфот над вицепрвакот на Турција дојде со головите Дион Дрено Беља во 21-та и 51-та минута и Монсеф Бакрар во 95-та минута, додека единствениот гол за Турците го постигна Себастијан Шимански. Црвена звезда против Селтик имаше подобри шанси, ...
Ливерпул реди победи на стартото на новата сезона, но Флоријан Вирц сè уште не убедил никого дека англиските шампиони направиле добар потег кога решија да го ангажираат. Германскиот репрезентативец пристигна на „Енфилд“ ова лето за 116 милиони фунти (100+16 бонуси), што е околу 135 милиони евра. Очекувањата се големи, но 22-годишниот играч од средниот ред се соочи со тежок почеток во Ливерпул. Очигледно е дека сè уште не го пронашол својот ...
Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, изјави дека ќе му биде тешко да се пензионира од Формула 1 на крајот од 2026 година ако тимот не е конкурентен следната сезона. Договорот на 44-годишниот двоен шампион истекува на крајот од следната година, а Алонсо рече дека размислувал да ја напушти Формула 1. „Ако работите одат добро, мислам дека е многу добро време да престанам бидејќи бркам конкурентен болид и се тркам конкурентно многу, многу ...
Евролигата влезе во ера на супер богати договори – платите на кошаркарите достигнуваат нивоа што до неодамна изгледаа незамисливи. Најновата листа на веб-страницата „Eurohoops“ открива дека за место меѓу десетте најплатени, потребно е да се заработат речиси три милиони долари нето годишно. На самиот врв е Василије Мициќ, кој по враќањето од НБА потпиша рекорден договор со Хапоел Тел Авив. Трофејниот српски плејмејкер ќе инкасира 5,6 милиони ...
Повеќе од 100 навивачи на Рома беа уапсени во Ница, поради обид да предизвикаат инциденти во градот пред фудбалскиот натпревар меѓу двата клуба во Лигата на Европа. Како што објави „RMC Sport“, безбедносните камери помогнале да се пресретнат навивачите кои се приближувале кон стариот град во Ница. Полицијата запленила железни шипки и месингани боксерки. Префектурата Ница соопшти дека уапсила 102 лица, идентификувани како „вооружени ултраси на ...
Инциденти го обележаа четвртфиналениот натпревар меѓу Флуминенсе и Ланус на легендарната „Маракана“м одигран во Копа Судамерикана. Инцидентите започнаа на полувремето, ги започнаа гостинските навивачи. поради што почетокот на второто полуврмеме беше одложен за 30 минути. Според извештаите, инцидентот наводно започнал по тепачка меѓу навивачите на Ланус во ходникот или тоалетот на стадионот, што дополнително ги зголемило тензиите. Pelea entre ...
Манчестер јунајтед е подготвен да го пушти бразилскиот играч од средниот ред Касемиро да го напушти клубот како слободен агент во јуни, ако не успеат да најдат купувач дотогаш, тврди поранешниот скаут Мик Браун, пишува „GiveMeSport“. Клубот од „Олд Трафорд“ наводно се подготвува за заминувањето на 33-годишникот за помалку од десет месеци, со оглед на тоа што Касемиро нема иднина во долгорочните планови на менаџерот Рубен Аморим. Бразилецот ...
Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека играчот од средниот ред Пабло Паес Гавира, познат како Гави, е успешно опериран по повредата на коленото. Како што беше објавено на официјалниот профил на клубот „X“, 21-годишниот играч од средниот ред е подложен на артроскопска интервенција за санирање на повредата на медијалниот менискус. Според проценките на медицинскиот тим, очекуваниот период на закрепнување е помеѓу четири и пет месеци, што значи ...