Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Алжирскиот фудбалер Ријад Марез ги воодушеви своите соиграчи со необичен подарок откако ја освои Азиската Лига на шампиони со Ал-Ахли. По големиот успех, Марез одлучи да ја почасти целата соблекувална со луксузни часовници „Ролекс“. Секој играч доби персонализира подарок вреден околу 17.000 фунти (речиси 20.000 евра). На задната страна се егравирано името на секој фудбалер посебно и детали во знак на сеќавање на освојувањето на трофејот. ...
Луис Енрике, тренерот на Пари Сен Жермен, го оцени натпреварот против Баерн како негов најдобар откако е вклучен во тренерската работа. Првиот полуфинален натпревар се одигра на „Паркот на принцовите“, во двомеч кој беше оценет како „финале пред финалето“. Средбата во француската престолнина секако го оправда тоа, бидејќи домаќинот славеше во трилер со девет голови (5:4). „Докажавме зошто сме актуелни шампиони и зошто нашиот противник ...
Сан Антонио, по Оклахома, е вториот тим што избори место во втората рунда од плејофот во НБА лигата. Спарс се пласираа во полуфиналето на Западот откако го добија петтиот натпревар од серијата против Портланд со 114:95. Сан Антонио веќе имаше плус 20 на полувремето – 65:45 и до крајот едноставно рутински ја завршија работата. Фокс имаше 21 поен, Шампањ 19, додека Вембањама имаше дабл-дабл со 17 поени и 14 скока. На спротивнатастрана, како и ...
Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос, зборуваше за задоволството што го почувствуваа играчите за време на победата над Баерн (5:4), во првата средба од полуфиналето на Лигата на шампионите. „Мислам дека сите љубители на фудбалот уживаа гледајќи го овој натпревар. За нас на теренот беше вистинско задоволство да играме ваков натпревар. Ова се натпревари за кои сонуваш цела година, уште од детството“, рече Маркињос и дополни. „И двата тима ...
ПСЖ и Баерн Минхен, го одиграа најспектакуларното полуфинале во историјата на Лигата на шампионите. Актуелниот шампион ги победи Баварците со 5:4 (3:2). Баерн и покра поразот задоволен се враќа во Минхен, бидејќи во 58-та минута, ПСЖ имаше водство 5:2. Атомски фудбал на „Паркот на Принцовите“ одиграа бранителот на титулата и шесткратниот европски првак. Натпреварот имаше нестварен интензитет, невозможно е да се набројат шансите на двете ...
Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа тежок пораз во Монпелје 33:23, во четвртфиналето, во Лига Европа. Без двајцата најдобри играчи Јака Малус и Дмитро Хориха, црвено-црните, издржаа едно полувреме, во второто целосно потонаа. Првото полувреме заврши со предност од два гола за фрнацускиот тим, во второто тренерот на Вардар 1961, Иван Чупиќ се обиде во нападот да игра „7 на 6“, но тоа не му донесе ништо добро. Монпелје сите грешки во нападот ...
Кошаркарите на Бург ја освоија титулата во Еврокупот. Францускиот тим во два натпревари го доби Бешикташ. Минатата недела победија во Истанбул со 72:60, а пред своите навивачи, вечерва, во неверојатна завршница, славеа со 73:71. Бург со триумфот во Еврокупот обезбеди пласман во Евролигата, но прашање е дали клубот ќе реши да игра во елитата. Проблем моѓат да бидат финансииите. Натпреварот кој беше тензичен од самиот почеток, кулминирапе во ...
Жозе Мурињо би можел да се врати во Реал Мадрид. Како што објави Давид Орнштајн од „Атлетик“, Португалецот чека покана од Шпанија за враќање на клупата на „Кралскиот клуб“. Мурињо, има договор со Бенфика и за следната сезона, но во него има клаузула дека може да го раскине доколку некој клуб плати отштета од три милиони евра. Претседателот на Реал, Флорентино Перез, според овој извор, ги зел работите во свои раце кога станува збор за ...
Едер Милитао (28), дефанзивецот на Реал Мадрид и бразилската репрезентација, нема да игра на Светското првенство, кое започнува за 50 дена. Наместо да оди на Светското првенство во САД, Милитао оди во Финска на операција поради тешка повреда на мускулното ткиво. Тој ќе се врати на теренот за шест месеци, во октомври. Милитао има големи проблеми со повредите во последните три години. Во тој период, двапати ги скина вкрстените лигаменти, ...
Најголемата ѕвезда на шпанската репрезентација, Ламин Јамал, би можел да го пропушти почетокот на Светското првенство поради повреда. Иако првите прогнози беа оптимистички, од Каталонија доаѓаат загрижувачки вести, кои укажуваат дека рехабилитацијата ќе трае подолго од рпедвиденото. Јамал се повреди за време на натпреварот од првенството против Селта. Проблемот се случи откако тој изведе пенал – веднаш по ударот се струполи на тревникот и ...
Пари Сен Жермен го пречекува Баерн Минхен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите (вторник, 21 часот), во натпревар кој многумина, потценувајќи ја втората полуфинална двојка (Атлетико Мадрид-Арсенал, го прогласија за финале пред финалето. Двата европски гиганти влегуваат во борба за билет за Будимпешта, а нивниот судир во лигашката фаза оваа сезона, кога Баварците победија со 2:1 во Париз, дополнително ги загрева ...
Јувентус се подготвува за летна реконструкција на тимот, потребен им е стабилен и квалитетен фудбалер во дефанзивната линија. Таков профил на фудбалер клубот најде во Бриж. Станува збор за Жоел Ордоњез, кој беше поврзуван со Интер во претходниот период, но Јувентус успеа да го претрка ривалот и да го заврши трансферот. 22-годишниот фудбалер е под договор до 2029 година, но се очекува да го напушти Бриж ова лето поради добра понуда. Хорхе ...
Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, на интересен начин го најави првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Белгискиот стручњак, поради суспензија, нема да го води натпреварот од клупата, туку ќе биде на трибините, на „Паркот на Принцовите“. „Ќе седам некаде на стадионот, можеби близу вас новинарите. Процедурите се јасни, знам што можам, а што не можам да правам. Најважно е да го решиме ова како ...
Галатасарај, во неделата го победи Фенербахче (3:0), стекна предност од седум бода и на три кола до крајот се наоѓа на чекор до шампионската титула. Фенербахече, нема титула во шампионатот 12 години, а „жолто-сините“, 18 години не играле во Лигата на шампионите. Поразот од најголемиот ривал, го налути првиот човек на Фенер, Садетин Саран, кој почна да дели откази за неуспешната сезона. Kamuoyuna Duyuru Yönetim kurulumuzun yapmış olduğu ...
Судија на УЕФА е уапсен под сомнение за сексуален напад врз тинејџер. Службеното лице е обвинето за несакано допирање и обид да го намами момчето во неговата хотелска соба пред европскиот натпревар во Обединетото Кралство, за кој отпатувал да суди, пишува „Дејли Мејл“. Судијата го судел натпреварот во средината на неделата по наводниот инцидент и бил уапсен по враќањето, пред други службени лица на УЕФА. Инцидентот бил пријавен во полиција ...
Во последниот натпревар од 34-то коло од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед го победи Брентфорд со 2:1 на домашен терен. Мини-кризата е минато, Манчестер Јунајтед под водство на Мајкл Карик се подготвува за успешен финиш на сезоната. Остварена е уште една победа, овој пат против Брентфорд на „Олд Трафорд“ и сега „црвените ѓаволи“ имаат 11 бода повеќе од Брајтон, кој е првиот тим надвор од местата што водат во Лигата на шампионите, а во ...
Денвер Нагетс, барем засега избегнаа елиминација од Минесота, актуелните шампиони, Оклахома го „изметлаа“ Феникс, додека Орландо е на чекор до сензационална елиминација на првиот носител на Истокот, Детроит. Денвер одговори на предизвикот, во петтиот меч од серијата против Минесота. По три порази, Нагетс славеа со 125:113 и го намалија резултатот во серијата на 3:2. Победникот беше познат по три четвртини кога Денвер стекна предност од 18 ...
Тинејџерската сензација на Далас, Купер Флег (19), е најдобриот дебитант, во НБА лигата, за сезоната 2025/2026. Првиот избор од претходниот драфт заслужено ја освои номинацијата во анкетата на медиумите од 100 членови, но не беше толку убедлив како што можеше да се очекува. Најголем конкурент му беше поранешениот цимер од Дјук, Кон Кнупел. Флег имаше само 26 гласови повеќе од момчето од Шарлот кое постигна најмногу тројки во лигата оваа ...
Навивачите на фудбалската репрезентација на Хрватска, добија лоши вести од Милано. Капитенот, Лука Модриќ, претрпе двојна фрактура на јаболчницата, поради што неговата сезона во дресот на Милан е завршена. Иако првите информации предизвикаа стравувања дека неговиот настап на Светското првенство е доведен во прашање, заминувањето на Модриќ во Америка не треба да биде доведено во прашање и веројатно ќе игра со заштитна маска, пишува „Спортске ...
Дури 13 фудбалери би можеле да го напуштат Манчестер Јунајтед следното лето, како дел од голема реконструкција на тимот и обид за стабилизирање на финансиите и резултатите. Клубот од „Олд Трафорд“ се соочува со преоден рок во кој излезните трансфери ќе бидат исклучително важни. Се очекува вистинска „чистка“, со бројни продажби – вклучувајќи играчи за чии трансфери се исплатени огромни суми, објавува „Манчестер Ивнинг Њуз“. Еден од ...
Алваро Арбелоа (43) нема да биде тренер на на првиот тим на Реал на крајот од сезоната. Управата сака ново име за тоа место. Ова го пишува „Ел Мундо Депортиво“. Арбелоа, до неодамна тренер на младинските и резервните тимови на Реал, ја презеде сениорската екипа во јануари откако Чаби Алонсо беше отпуштен. Сепак, Арбелоа не успеа да ја спаси сезоната. Под негово водство, Реал ја завршува сезоната без трофеј. Тој беше елиминиран од Купот на ...
Мајкл Олисе еден од лидерите на Баерн Минхен е голема желба на Реал Мадрид. Првиот човек на Реал, Флорентино Перез, на дело можеше да го види Олисе, во четвртфиналните натпревари против Баерн. Баварците, со две победи, 2:1 и 4:3 се пласираа во полуфиналето. Баерн се подготвува за утрешниот прв полуфинален натпревар, против актуелниот шампион, ПСЖ. Во пресрет на натпреварот, потпредседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, говореше на многу ...
РК Вардар го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил, кој од следната сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“. Фадуил има 23 години, настапува на позицијата среден бек, а во Вардар доаѓа од француски Трембле, клуб во кој игра од 2022 година. Во целата досегашна кариера играл во Франција. Во своите помлади години беше дел од системот на Нант, каде се развиваше како еден од интересните млади ракометари, а претходно во ...
Младите одбојкарки на Газели Волеј го кренаа пехарот за најдобра младинска екипа во Македонија откако во финалето го совладаа Фит Фан Волеј со 3-1. Оваа генерација на Газели Волеј го продолжува континуитетот на успеси, по освоените пионерско и кадетско првенство во изминатите две години, денеска триумфираа и во младинскиот шампионат. Газелите до титулата дојдоа само со еден загубен сет и тоа во финалниот дуел. Во тој меч Фит Фан Волеј ...
Килијан Мбапе нема да игра до крајот на сезоната во Шпанија, тврдат локалните медиуми. Според овие извори, одлуката, која предизвика паника во Франција, била донесена од претпазловост. Мбапе, неодамна конечно се врати на теренот, но во финишот од натпреварот против Бетис, побара замена и се појави информација дека Мбапе повторно има проблеми со коленото, кое го мачи со месеци. Вчера бил подложен на детални прегледи кои покажале дека станува ...
Шпанскиот тренер, Андони Ираола (43) бил сериозно заинтересиран да го преземе Челзи, тврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Актуелниот тренер на Борнмут веќе објави дека ќе ја напушти клупата на популарните „цреши“ на крајот од сезоната, а Романо додава дека сака да продолжи да работи во Премиер лигата. Челзи моментално го води Калум Мекфарлан, кој седеше на жешката клупа по втор пат оваа сезона, по отпуштањето на Лиам Розениор, кој ...
Англискиот фудбалер Џек Грилиш (30) повторно е главна тема на британските таблоиди откако беше снимен како спие во бар во Манчестер. Фудбалерот на Евертон, кој се опоравува од повреда, го поминал саботата попладне пиејќи со пријатели, пишува „The Sun“, кој ги објави фотографиите на Грилиш. Според очевидци, Грилиш пристигнал во барот „Stories“ во Манчестер, во саботата околу 16:30 часот. Еден час подоцна, наводно, цврсто спиел на масата, ...
Чави Симонс, 23-годишен холандски фудбалер, фудбалер на Тотенхем, објави дека неговата сезона е завршена и дека нема да игра на Светското првенство. „Велат дека животот може да биде суров и токму така се чувствувам“, објави Симонс, кој беше сериозно повреден минатата недела во натпревар од Премиер лигата во кој неговиот Тотенхем го победи Вулверхемптон со 0:1. Симонс претрпе повреда на коленото, а првите медицински извештаи укажуваат на ...
НБА лигата го казни, Никола Јокиќ со 50.000 долари за инцидентот со Џејден МекДениелс, што се случи по завршувањето на четвртиот натпревар од плејофот помеѓу Минесота и Денвер. Покрај Јоки, НБА го казни и центарот на Минесота, Џулиус Рендл со 35.000 долари за учество во инцидентот. Сè започна по последниот звк на сирената, откако претходно, Џејден МекДениелс реши да го нападне кошот и да поентира на 1,3 секунди пред крајот, иако играчите ...
Бостон ја декласираше Филаделфија со 128:96 за големи 3:1 на Истокот, додека Хјустон конечно ги победи Лејкерси со 115:96 и стигна до првата победа во серијата на Западот. Селтикс, натпреварот во Филаделфија, практично го решија во првата четвртина. Тие го добија овој дел од натпреварот со 34:18 и до крајот на натпреварот не им дозволија никаква шанса на Севентисиксерс. Колку беа доминантни, покажува и фактот дека ја решија секоја четвртина ...