Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Актуелниот шампион во Серија А, Наполи, лесно го мина гостувањето во Фиренца. Во третото коло, Наполи ја победи Фиорентина со 3:1. За Наполи, првиот меч по враќањето во клубот го одигра Елиф Елмас. Репрезентативецот на Македонија влезе на теренот во 69.минута на местото на Кевин Де Брујне. Екипата на Антонио Конте стигна до триумфот релативно рутински, иако Вања Милинковиќ-Савиќ мораше неколку пати да интервенира во финишот за да не биде ...
Фудбалерите на Тотенхем, како гости, го победија Вест Хем во градското дерби (3:0), во четвртото коло од Премиер лигата. Вест Хем доживеа уште еден тежок поразо во пресметка со ривал од Лондон, откако претходно на домашен терен загубија и од Челзи (1:5). Практично сè се случи во рок од 20 минути од второто полувреме, кога играчите на Тотенхем ги постигнаа сите голови, а „чеканите“ останаа со играч помалку. Папе Сар постигна гол во 47-та ...
Јувентус во „Дерби дела Италија“, го победи Интер со 4:3. Дербито донесе спектакл во Торино, два пресврти, голови на браќата Тирам, голови на турските репрезентативци Јидиз и Чалханоглу и неверојатниот гол на Црногорецот Аџиќ во 92.минута са триумф на „старата дама“. Спектаклот во Торино со гол го отоври Кели по 14.минути игра. Изедначи Чалханоглу во 30.минута, со гол од далечина. Осум минути подоцна на сличен начин на спротивната страна ...
Фудбалерите на Реал Мадрид славеа како гости против Сосиедад (2:1), во четвртото коло од Ла Лига. Чаби Алонсо, кој е особено поврзан со Сан Себастијан каде што порасна, имаше големи проблеми да триумфира со својот тим. И покрај фактот дека „кралскиот“ клуб имаше водство од 2:0, отежнувачка околност беше црвениот картон за Дин Хајзен веќе во 32-та минута. Во тој момент, Реал имаше предност благодарение на голот на Килијан Мбапе во 12-та минута. ...
Во петте натпревари од англиската Премиер лига одиграни од 16 часот, постигнати се само пет гола, од нив три на еден натпревар. Повеќето работи што вреди да се споменат од денешните натпревари од четвртото коло се случија во Борнмут, каде што истоимениот домашен тим го победи Брајтон со 2:1. Победата на Борнмут му ја донесоа стрелците Алек Скот и Антоан Семењо од пенал. Голот за Брајтон, за 1:1 во тој момент, го постигна Јапонецот Митома. Ова ...
Марко Бецеки возачот на Априлија го освои спринтот во Сан Марино. На патакета во Мизано, Бецеки победи пред Алекс Маркез (Гресини Дукати) и Фабио Диџанантонио (ВР46). Лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез со својот Дукати не ја заврши трката. Бецеки трката во Мизано ја стартуваше од пол-позицијата, успеа да ја задржи на стартот, пред Марк Маркез кој се проби од четвртата на втората позиција. Зад нив беа Диџанантонио и Фабио Квартараро. ...
Фудбалерите на Арсенал рутински го победија Нотингем Форест со 3:0, во четвртото коло од Премиер лигата. Тимот од Лондон поведе во првото полувреме, а потоа рутински ја потврди победата во второто. На клупата на Форест, неуспешно дебитираше, Ангелос Постекоглу. Се играше 32-та минута кога Мартин Зубименди постигна еден од најубавите голови оваа сезона во Премиер лигата. По корнерот на Мадуеке, реагираше одбраната на „шумарите“, поточно Крис ...
Пеп Гвардиола јасно стави до знаење дека за него нема подобар напаѓач од Ерлинг Халанд. Менаџерот на Манчестер сити одговори на новинарско прашање да направи споредба меѓу Халанд и Александар Исак, новиот напаѓач на Ливерпул платен 145 милиони евра, откако Арне Слот рече дека Исак е најдобар на светот. „Го ставам Халанд малку повисоко. Исак е исклучителен играч, но ме прашавте за Ерлинг и тој е на врвот“, рече Гвардиола. Тој додаде дека Исак е ...
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, одигра клучна улога во најуспешната сезона во клупската историја, во која „светците“ прв пат во историјата ја освоија Лигата на шампионите. Со 35 постигнати гола и 16 асистенции, тој беше движечката сила на тимот на Луис Енрике. Благодарение на импресивната сезона, Дембеле се смета за еден од главните фаворити за освојување на „Златната топка“. Малкумина би биле изненадени доколку на 22 септември во ...
Објавата на најдобриот турски играч, Алперен Шенгун по пласманот на Турција во финалето на Европското првенство предизвика голема бура на социјалните мрежи. Иако кошаркарот на Хјустон постигна најмалку поени на овој Евробаскет во полуфиналната победа против Грчла, тој даде огромен придонес за победата и пласманот на тимот на Ергин Атаман во финалето. Сепак, повеќе од натпреварот, вниманието го привлече неговата контроверзна објава на ...
Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, ја потврди драстичната одлука поврзана со дисциплината во тимот. Рахим Стерлинг и Аксел Дисаси повеќе не се дел од првиот тим. Италијанскиот тренер потврди дека двајцата тренираат одделно и дека за нив нема место во првиот тим. „Тие се играчи на Челзи, но во моментов тренираат одделно од тимот и планот е да продолжат така. Не сум видел ниту еден од нив, ниту Аксел ниту Рахим. Тие тренираат во друго време и на ...
Фудбалерите на Баер Леверкузен го победија Ајнтахт Франкфурт со 3:1 (2:0) во првиот натпревар од 3. коло на германската Бундеслига. Ова беше прв натпревар на Каспер Хјулманд на клупата на „фармацевтите“ и права победа, која требаше да биде лесна, но беше доведена во прашање во второто полувреме. Баер стекна капитална предност во првиот дел од натпреварот, со головите на Алехандро Грималдо во 10. минута, односно Патрик Шик од пенал во финишот ...
Кошаркарската репрезентација на Турција супериорно избори место во финалето на Евробаскетот. Во второто полуфинале, Турција ја декласира Грција со 94:68 (26:16, 25:13, 23:20, 22:17). Турција по пауза од 24 години повторно ќе игра финале на ЕП. Во 2001 година на домашен терен Турците го загубија финалето од Сојузна Република Југославија. Грците како и пред 16 години го загубија финалето, тогаш во Полска ја освоија бронзата. Турската одбрана ја ...
Реал Мадрид се соочи со неочекуван проблем пред патот во Сан Себастијан. Чаби Алонсо нема да може да смета на услугите на Антонио Ридигер. Како што објави Реал Мадрид во официјалното соопштение, Ридигер се пожалил на болка во квадрицепсот за време на тренингот, по што веднаш отишол на прегледи и му била дијагностицирана повреда на мускулот на левата нога. Прегледите покажале дека повредата е сериозна. Првите прогнози се дека, во најдобар ...
Актуелните светски шампиони, репрезентативците на Германија, први изборија пласман во финалето на Европското првенство. Германија, во првото полуфинале на 42. Евробаскет, ја победија Финска 98:86 (30: 26, 31:21, 20:26, 17:13). Германците беа фаворити пред дуелот со најпријатното изненадување на првенството и таа улога во целост ја оправдаа. Финците добро отворија водеа со 12:4 и 18:11, потоа Германците направија серија 0:11, ја презедоа ...
Најдобриот стрелец на Црвена звезда во минатата сезона, Шериф Ендиај, кариерата ќе ја продолжи во Турција. Преодниот рок во оваа земја трае до полноќ. Црвена звезда го продаде напаѓачот од Сенегал в Самсунспор. Според српските медиуми, спрскиот шампион од овој трансфер заработи шет милиони евра. Во текот на денот, Ендиај ќе замине за Турција каде што, по медицинските прегледи, ќе потпише четиригодишен договор со новиот клуб. Тој се враќа во ...
Гиљермо Очоа има сериозни планови да настапи на Светското првенство во 2026 година. Искусниот мексикански голман потпиша за АЕЛ од Лимасол и ќе биде во натпреварувачка форма пред Светското првенство следната година. Очоа дебитираше за Мексико пред точно 20 години. Препознатлив е по своите наверојатни партии на најголемото фудбалско натпреварување, а сега доаѓа на Кипар, за прв пат во кариерата. Очоа претходно го носеше дресот на Клуб Америка, ...
Арне Слот одржа прес конференција пред натпреварот со Барнли во Премиер лигата. Видно располоѓен, Холанѓанецот одговараше на прашањата поврзани со Александер Исак и Марк Гуеи. Слот е задоволен од фактот што Александар Исак се врати во Англија по репрезентативната пауза подготвен за игра. Швеѓанецот долго време не одиграл официјален натпревар, па затоа постоеше ризик од повреда. Поради ова причина Слот го пофали селекторот на Шведска, Јон Дал ...
Александар Чеферин, претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), го коментираше претстојниот натпревар меѓу Србија и Албанија во рамките на квалификациите за Светското првенство. Србија ќе игра против Албанија на 11 октомври (20:45 часот), најверојатно на малиот стадион во Лесковац (капацитет 8.000 седишта), а пред тој натпревар Чеферин испрати силна порака. „Мојата порака, не само за овој натпревар, туку за сè, е дека фудбалот и ...
Синот на славниот Роналдињо, Жоао Мендеш (20) потпиша едногодишен договор со англискиот клуб Хал. Англискиот клуб, член на Чемпионшип, со пораката „Добредојде Жоао“, го официјализираше трансферот на фудбалерот кој ќе се обиде да се докаже во нова средина. Досега, Жоао не играше сериозен фудбал во континуитет. Претходната сезона ја помина во Барнли, без ниту еден настап, не регистрираше ниту еден натпревар за сениорите (играше за тимот до 21 ...
Џанлуиџи Донарума се пресели од ПСЖ во Манчестер сити во финишот на преодниот рок. Дебито треба да г има против Манчестер јунајтед, дербито е в недела. Италијанскиот голман не можеше да најде заеднички јазик со Парижаните во врска со продолжувањето на договорот и се пресели во Премиер лигата. Донарума би можел да биде на голот на Сити во недела во 17:30 часот против Манчестер јунајтед, а по потпишувањето рече: „Да бидеш трениран од некој како ...
Мото ГП шампионатот и досега имаше посебно место за своите легенди, а од четврток има и официјална Куќа на славните, која беше откриена во пресрет на Големата награда на Сан Марино во Римини оваа недела. На посебен настан во Римини, се собраа најголемите ѕвезди на мотоциклизмот кои повеќе не се активни, а кои меѓусебно имаат 23 титули и повеќе од 300 победи. Легендите кои повеќе не се со нас: Умберто Масети, Џеф Дјук, Џон Сартис, Мајк Хејлвуд, ...
Ламин Јамал, најдобриот играч на Барселона, ја „отвори душата“ во подкастот на Хозе Рамон де ла Морено. Младиот ас зборуваше за својата мајка, образованието, но и за својот прв тренинг со каталонскиот сениорски тим. Секако, прашањето за роденденската прослава беше неизбежно. Да потсетиме дека Ламин Јамал организираше контроверзна забава по повод неговиот 18-ти роденден, што предизвика гнев во јавноста и потенцијални тужби поради ангажирањето ...
Францускиот Баск, Ајмерик Лапорт се врати во Атлетик Билбао. Лапорт успеа во намерата да се врати на „Сан Мамес“, каде што помина шест години, пред да замине во Манчестер сити во 2018 година. Трансферот на искусниот стопер од Ал Наср во Атлетик прво не успеа, бидејќи Саудијците доцнеа со поднесувањето на документите, но по жалбата на 31-годишникот, неговото заминување од Арабија беше овозможено од ФИФА. Лапорт официјално објави дека се враќа ...
До крајот на Евробаскет 2025 останаа да се одиграат уште четири натпревари. Денес на програмата се полуфиналните натпревари на шампионатот во Рига, во кои ќе се натпреваруваат Финска – Германија и Турција и Грција. Јасно е дека очите на јавноста ќе бидат вперени во второто полуфинале, пресметката на соседите. Сè е подготвено за уште еден епски судир. Турција ја победи Полска во четвртфиналето со 91:77, по одличната игра на Шнегун, кој забележа ...
Италијанските медиуми донесуваат вести што ги загрижуваат фановите. Двајца истакнати експерти од одделот за погонски единици на Ферари ќе го напуштат тимот од Маранело. Според извештаите на „Кориере дело Спорт“ и порталот „Ауторејсер“, Ферари наскоро ќе остане без Волф Цимерман и Ларс Шмит. Двајцата се клучни луѓе во одделот за развој на мотори, а наводно ги чека нов предизвик во „Ауди“. Германскиот производител го презема тимот Стејк оваа ...
Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, се пресели во турскиот Трабзонспор до крајот на сезоната. „Скај Спортс“, објави дека Трабзонспор ќе ја покрие целата плата на Онана за време на неговиот престој во клубот. По низа грешки, Онана го изгуби местото на голот на Јунајтед, а оваа сезона одигра само еден натпревар за Манчестер Јунајтед, во Лига купот, во поразот од четвртолигашот Гримсби по изведувањето на пенали. На голот, Алтај Бајиндир ...
Извршниот комитет на Европската фудбалска унија денеска ги именуваше домаќините за финалето на своите натпреварувања во 2027 година, како и местото на одржување на Суперкупот на УЕФА во 2026 година. Градовите домаќини и стадионите за финалето на клупските натпреварувања на УЕФА во 2027 година се исто така одредени. Финалето на Лигата на шампионите му е доделено на шпанскиот главен град Мадрид, а домаќин ќе биде Метрополитано, стадионот на ...
Драган Стојковиќ Пикси нема да добие отказ по дебаклот против Англија во квалификациите за СП. Србија загуби со 0:5 во Белград, што предизвика негодување кај навивачите и спортската јавност, поради тактиката и изборит на играчите за дуелот со Англичаните. „Натпреварот со Англија беше разочарувачки, не само по резултатот (0:5), туку и по сè што беше прикажано. Сега, за само три недели, имаме собир за најважниот натпревар во квалификациите, за ...
Поранешниот фудбалер на Интер, Фелипе Мело (42), жестоко го нападна својот поранешен тренер Франк де Бур (55).Бразилецот рече дека „никогаш не го разбирал фдбалот“ и дека „никој во соблекувалната не можел да го поднесе“. Де Бур го презеде Интер во сезоната 2016/17, но беше отпуштен по само 14 натпревари. Мело одигра само четири натпревари под негово водство и, како што вели, има лоши спомени од тој период. „Тој никогаш ништо не разбирал за ...