Шкотскиот великан Глазгов Ренџерс го назначи Дени Рол за нов тренер. На 5 октомври, Ренџерс го отпуштија тренерот Расел Мартин по 17 натпревари и го доведоа Рол, кој потпиша договор на две и пол години. „Ова е огромна привилегија во неверојатен клуб, познат низ целиот свет. Знам дека почетокот на сезоната беше тежок, но има многу да се игра. Очекувањата се јасни, навивачите сега сакаат да видат резултати, мојот менталитет и искуство е дека ...

Дејан Станковиќ доби отказ на клупата на Спартак од Москва. Во неколку наврати беше најавено, а во последниот месец додека беше под суспензија, тоа беше практично секојдневна тема. Станковиќ пристигна во Спартак во јуни 2024 година, а на крајот од минатата сезона, доби продолжување на договорот до јули 2027 година. Штом почнаа шпекулациите во Србија дека би можел да го наследи Драган Стојковиќ на клупата на српската репрезентација, почнаа ...

Ливерпул не игра добро оваа сезона без оглед на инвестицијата од 500 милиони евра во засилувања. „Црвените“ се во серија од четири порази, што им се случува прв пат по ноември 2014 година. По поразот од Манчестер Јунајтед (1:2) на „Енфилд“, менаџерот Арне Слот ја презеде вината врз себе, но Флоријан Вирц трпи најмногу критики од медиумите. Германскиот ас платен за 125 милиони евра, засега не успеа да покажа ништо. Нема голови, забележа една ...

Усман Дембеле од Пари Сен Жермен се врати во тимот по неколку недели отсуство поради повреда на бутниот мускул и ќе биде достапен за натпреварот против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите. Дембеле се повреди во септември, кога беше со француската репрезентација, а за време на паузата престојуваше во специјализирана клиника во Доха (Катар), каде што беше подложен на терапија. Последниот натпревар за клубот го одигра на 30 август против ...

Алармот е силно вклучен во црвениот дел на Ливерпул. Актуелниот шампион минува низ криза, во каква што не бил од ноември 2013 година. Ливерпул се наоѓа во серија од четири порази, три од нив се во Премиер лигата (Кристал Палас, Челзи, Манчестер јунајтед). Ливерпул, вчера доживеа пораз на домашен терен од Манчестер јунајтед (1:2). Тимот кој минатата сезона супериорно ја освои титулата, на почетокот на новата не личи на себе и покрај тоа што ...

Англискиот тренер Греам Потер (50), кој неодамна беше отпуштен од Вест Хем, експресно најде работа. Потер е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Шведска. Фудбалската асоцијација на оваа скандинавска земја официјално потврди дека Потер е новиот селектор на репрезентацијата на „трите круни“. Тој ќе го наследи Јон-Дал Томасон на таа позиција, кој неодамна беше отпуштен поради лоши резултати. Шведска моментално е последна ...

Фудбалскиот клуб Нотингем Форест е блиску до ангажирање на нов менаџер. Англиските медиуми пишуваат дека главен кандидат за клупата на „Шумарите“ е Шон Дајч. Форест го отпушти Ангелос Постекоглу по поразот од Челзи во саботата попладне (3:0). Постекоглу помина само 39 дена на таа позиција откако го замени Нуно Еспирито Санто. Тој не победи на ниту еден натпревар и со тоа го заврши најкраткиот мандат во историјата на Премиер лигата. Сè се ...

Натпреварот помеѓу Хетафе и Реал Мадрид беше тензичен, лидерот извојува минимална победа, а двајца домашни играчи добија црвени картони. Оној од Ален Њом, кој францускиот дефанзивец го заработи за само 37 секунди, привлече посебно внимание. Тој го удри Винисиус во лицето, кој почна да се превиткува и на тој начин го „принуди“ судијата да го исклучи дефанзивецот на Хетафе. Во тој момент Бразилецот се доближи до тренерот на Хетафе, Хозе ...

Тимот на Ред Бул беше казнет со 50.000 долари и доби неколку суспензии поради несоодветно однесување на главната трка за Големата награда на Соединетите Американски Држави. Трката за титулата во Формула 1 кулминира, откако Макс Ферстапен беше најбрз во Остин. Сепак, неговиот тим ќе мора да ги трпи последиците, бидејќи се обидоа да ја нарушат позицијата на стартната линија во неколку наврати пред почетокот на трката. "Thank you very much ...

Нереално дека вакви работи сè уште се случуваат во 21 век, но оваа трагедија ја шокира цела Италија. Возачот на автобусот што ги превезуваше навивачите на Пистоја по натпреварот против кошаркарскиот клуб Себастијани од Риети (втора лига на Италија) почина откако домашните навивачи од Риети решија да го каменуваат автобусот. Според достапните информации што ги објави „Кориере дело Спорт“, каменот удрил во шофершајбната точно таму каде што ...

Фудбалерите на Барселона гостуваат кај Реал Мадрид следниот викенд, а Ханси Флик и за овој меч се соочува со персонални проблеми. Барселона беше десеткувана против Џирона во саботата, и се очекува дека само Рафиња и Феран Торес ќе бидат во составот до „Ел Класико“. Тие се во последната фаза од закрепнувањето, Флик веројатно нема да ризикува со нив против Олимпијакос во Лигата на шампионите за да бидат 100 отсто подготвени за Реал. Сепак, ...

Позицијата на Игор Тудор на клупата е сериозно загрозена по лошиот почеток на сезоната и вчерашниот пораз од Комо. Како што пишува „Калчомеркато“, клубот веќе размислува за можен наследник доколку има промена на клупата. Изненадувачки, најверојатен кандидат е Рафаеле Паладино, поранешен играч на Јувентус кој добро ги познава приликите во клубот. Наводно, синоќа во Милано се одржала вечера помеѓу тренерот од Неапол и спортскиот директор на ...

Фудбалската репрезентација на Мароко ја победи Аргентина со 2:0 во финалето на светското првенство за репрезентации до 20 години, кое се играше во Чиле. Најголемиот успех на оваа африканска селекција во историјата, по четвртото место на сениорките во Катар, го донесе двојниот стрелец, фудбалерот од португалски Фамаликао Јасин Забири со голови во првото полувреме, во 12-та и 17-та минута. Прво, тој ја погоди мрежата на Аргентина на одличен ...

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Хетафе како гости со минимален 1:0, во деветтото коло од Ла Лига. „Кралскиот клуб“ успеа да ја задржи лидерската позиција пред „Ел Класико“, која ја држи со 24 бода, два повеќе од Барселона. Сè беше решено во последните 15 минути, кога системот на Хетафе се распадна, а Килијан Мбапе стана херој на гостите. Иако, тој епитет можеше да го носи и Винисиус, кој успеа да изнуди два црвени картони од играчите ...

Во последниот неделен дуел во Серија А, Милан ја победи Фиорентина благодарение на пенал во самиот финиш од натпреварот. Милан победи по пресврт, 2:1, а херој беше Рафаел Леао, кој ги постигна двата гола за Росонерите. Во првото полувреме немаше голови, а најдобрата шанса во овој дел од натпреварот ја имаше Страхиња Павловиќ кој по слободен удар имаше можност да шутира, се обиде од блиску, но топката помина преку пречката. А потоа, во 55-та ...

Макс Ферстапен ја забележа чеврттата победа во последните пет години на трката за Големата награда на САД. Ферстепн стартуваше од пол-позицијата и рутински славеше. Стратот беше најинтересен, Ферстапен ја задржа првата позиција, а Леклер го мина Норис на второто место. Возачот на Ферари имаше различна стратегија од сите останати, на крајот во 51-от круг потклекна пред нападот на Норис. Одличниот викенд за Ферари го надополни Хамилтон кој ...

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, конечно се радуваше на голема, многу важна победа откако седна на клупата на славниот тим. Неговиот тим го победи Ливерпул во најголемото дерби на англискиот фудбал со резултат од 2:1 на „Енфилд“. „Мислам дека ова е најголемата победа во мојата кариера на клупата на Манчестер. Денес значи многу, но нема да значи многу утре. Тоа се само три бода и убава победа“, рече Аморим по победата. Јунајтед ...

Манчестер јунајтед го доби најголемото дерби во англискиот фудбал. На „Енфилд“, Јунајтед го победи Ливерпул со 2:1. Прв пат во ерата на Рубен Аморим, Манчестер јунајтед забележа две победи по ред во Премиер лигата. Ливерпул потврди дека е во криза, има четири порази во низа, три од нив се во првенството. Голот за победа со кој Јунајтед победи во Ливерпул за прв пат по ноември 2014 година, го постигна Хари Мегваер во 83-та минута. Јунајтед ...

Во натпреварот од осмото коло од Премиер лигата одигран во Лондон, Астон Вила го победи Тотенхем како гостин по пресвртот со 2:1. Астон Вила имаше лош почеток на сезоната, дури под знак прашалник беше и иднната на менаџерот Унаи Емери, но во последниот месец екипата игра повторно игра како во своите најдобри денови. Тимот од Бирмингем продолжи да победува и по репрезентативната пауза. Веќе има три по ред кога е во прашање лигата, а ...

Данил Медведев го освои турнирот од серијата 250 во Алмати, Казахстан. Рускиот тенисер во финалето го победи со 2:1 (7:5, 4:6, 6:3). Финалето траеше два часа и 38 минути. Медведе, направи нешто добро оваа година, која за него до турнирот во Алмати беше кошмарна. Трофејот во Казахстан е прва титула за Медведев по Рим во 2023 година, односно по 29 месеци. Финалниот натпревар во Алмати беше полн со пресврти. Медведев го доби првиот сет со 7:5 ...

Кевин Дурант и Хјустон Рокетс постигнаа договор за двегодишно продолжување на договорот во вредност од 90 милиони долари, објавува инсајдерот од НБА, Шамс Чаранија. Дурант имал право на максимално продолжување од 120 милиони долари, но, според ESPN, тој свесно прифатил помал износ – околу 30 милиони долари помалку – со цел тимот да ја одржи финансиската флексибилност и можноста дополнително да го зајакне составот во наредните сезони. Овој ...

Фудбалерите на Јувентус продолжија со неубедливите партии под водство на Игор Тудор. По серијата нерешени резултати, претрпеа тежок пораз на гостувањето кај Комо со 2:0 (1:0). Јувентус го претрпе првиот пораз во лигата против Комо од 1951 година. Хрватскиот стручњак повторно остана тврдоглаво доследен на одлуката да го форсира Џонатан Дејвид во почетниот состав, наместо Душан Влаховиќ. Канаѓанецот и овој пат го одигра целиот натпревар, ...

Големото дерби во Русија, дуелот меѓу градските ривали Локомотив и ЦСКА заврши со победа на „железничарите“ (3:0). Доминацијата на домашниот тим на овој натпревар беше очигледна, но сите зборуваат за она што го направи напаѓач Дмитриј Воробјов. Во втората половина од првото полувреме, тој изведе нешто што досега во историјата на фудбалот, веројатно му успеа само на Роберто Карлос. Тој успеа да ја испрати топката директно во голот на ЦСКА, ...

Невообичаена одлука донесоа челниците на Голден Стејт Вориорс пред почетокот на новата НБА сезона. Клубот од Сан Франциско одлучи да се раздели со Сет Кари, помладиот брат на најголемата ѕвезда на франшизата, Стеф Кари, само 18 дена откако тој потпиша договор со тимот. Како што објавија бројни медиуми во Соединетите Американски Држави, причината за оваа одлука е од финансиска природа, бидејќи Вориорс моментално се на врвот на „втората ...

Ханси Флик полуде на каталонското дерби кое се играше во деветтото коло од Ла Лига. На крајот од регуларниот дел и при резултат Барселона – Џирона 1:1, судијата Хесус Хил Манзано му сигнализираше на судијата дека ќе се играат четири минути продолженија. Тренерот на Барселона се налути на тоа, поради што доби два жолти картони. Судијата го испрати Флик на трибините, но Роналдо Араухо постигна гол во четвртата, последна минута од судиското ...

Францускиот кошаркарски клуб, Асвел од Вилербан би можел да ја напушти Евролигата и да се пресели во Лигата на шампионите по завршувањето на оваа сезона. Клубот од предградието на Лион ќе аплицира за Лигата на шампионите на ФИБА со цел да стане дестинација за проектот НБА Европа во иднина. Според весникот „Ле Прогрес“, Асвел има намера да игра во Лигата на шампионите од следната сезона и со тоа да испрати сигнал дека клубот е заинтересиран ...

Моли О’Калахан го собори светскиот рекорд на 200 метри слободно во 25-метрски базени. Австралијката рекордот го постави рекордот на вториот ден од митингот на Светскиот куп во Вестмонт, САД. Таа ја запре штоперката на 1:49,77 и стана првата дама во историјата што ја завршила оваа делница за помалку од 1:50 секунди. Претходниот светски рекорд го држеше Сјобан Хоги од Хонг Конг, која исплива време од 1:50,31 на планетарското првенство во Абу ...

Јаник Синер доминантно ја одбрани титула на турнирот „Шест кралеви“, во Ријад. Синер за нешто повеќе од еден час го победи најголемиот ривал Карлос Алкараз со 6:2, 6:4. За победата над Алкараз, Синер доби вреден трофеј. Покрај тоа што заработи шест милиони долари, тој од организаторот доби рекет излиен од чисто злато. Бидејќи е целосно направен од злато, вредноста на овој пехар се проценува на 250.000 долари, објави „Марка“. Имајќи предвид ...

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, освои уште една „Златна копачка“, во МЛС лигата. Ветеранот, втора сезона по ред, успеа да постигне најмногу голови и со тоа да добие уште една награда. Претходната вечер, тој постигна хет-трик на натпреварот против Нешвил, кој Интер Мајами го доби на гостински терен со 5:2. Меси постигна гол во 35-та минута по асистенција на Џорди Алба, во 63-та од пенал и во 81-та за убедливо прво ...

Шпанскиот возач на Тракхаус, Раул Фернандез, е победник на трката во кралската класа, во Мото ГП за Големата награда на Австралија на патеката „Филип Ајленд“. Фернандес ја оствари својата прва победа во кариерата во „кралската класа“ со резултат од 39:49.571. Второто место на Големата награда на Австралија го освои возачот на тимот Пертамина ендуро ВР46, Италијанецот Фабио Ди Џанантонио, кој заостануваше 1,418 секунди зад победникот. ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
999
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
8.75
66%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
92%
996
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.14
87%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.76
100%
1003
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
995
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.26
83%
1002
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
58%
998
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
76%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
6.69
88%
1002
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
5.66
92%
999
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
62%
1007
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.78

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Бакар

12.12

Сребро

2733.78

Родиум

339994.14

Алуминиум

3.09

Паладиум

55781.55

Цинк

3.29

Иридиум

221848.72

Злато

157561.16