Младиот Оливер Берман беше спектакуларен на Големата награда на Мексико. Возеше храбро и паметно и на крајот тоа го круниса со најдобриот пласман во кариерата, го освои четвртото место. Берман одличено стартуваше од деветтата позиција напредуваше за три позиции, а потоа профитираше од борбата меѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон кога храбро го престигна актуелниот шампион за четвртото место. Хамилтон доби и казна од десет секунди, па Берман ...

Ландо Норис победи во една од највозбудливите трки оваа сеозна во шампионатото на Формула 1. Братанецот ја освои Големата награда на Мексико, пред Шарл Леклер и Макс Ферстапен и го презеде водството во генералниот пласман. Норис има 357 поени, еден повеќе од колегата Оскар Пјастри и 36 од Ферстапен. Норис доминантно го освои Мексико, но во текот на целата трка се водеа борби за што подобри позиции во редоседот. По завршувањето на трката, ...

Фудбалерите на Лацио го победија Јувентус со 1:0 во последниот натпревар од деветтото коло на италијанската Серија А. Со оваа победа, Лацио скокна на 10-то место со 11 бода, додека Јувентус остана осми со еден бод повеќе. Екипата на Игор Тудор со овој пораз ја продолжи серијата од осум последователни натпревари без победа, што е најдолгата таква серија во последните 16 години. Тренерот е жестоко критикуван, но легендарниот капитен на ...

Лос Анџелес Лејкерс, без Леброн Џонс и Лука Дончиќ, славеа победа во Сакраменто со 127:120. Во отсуство на двајцата најдобри играчи, блескаше Остин Ривс. Бекот на Лејкерси го одигра најдобриот меч во кариерата, за 39 минути забележа 51 поен, 11 скока и девет асистенции. Ривс беше на едно додавање од тоа да стане 10-от играч во историјата на лигата што постигнал трипл-дабл со најмалку 50 поени. Та во кариерата им успеало на Никола Јокиќ, ...

Реал Мадрид ја победи Барселона со 2:1 во десеттото коло од Ла Лига. Со триумфот во „Ел Класико“, се издвои на врвот со пет бода предност пред својот голем ривал и актуелен шампион на Шпанија. Едно од најголемите дербија беше бурно за време и по натпреварот, а по натпреварот, кој беше добар, особено во првото полувреме, најмногу се зборува за Винисиус Жуниор. Крилниот напаѓач на Реал полуде во 71-та минута кога тренерот Чаби Алонсо одлучи ...

Првата ѕвезда на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе пропушти неколку натпревари поради повреда на прстот. Станува збор за повреда на прстот на левата рака. Се очекува да биде во аут најмалку една недела. Ова значи дека Лејкерс сигурно ќе бидат без Дончиќ против Сакраменто, Портланд и Минесота. Дончиќ започна силно во првите два натпревари. Тој забележа вкупно 92 поени, 23 скока и 17 асистенции. Значи, ова е голема штета и голем удар за Лејкерс. ...

Фудбалерите на Лацио го победија Јувентус со 1:0 во последниот натпревар од деветтото коло на италијанската Серија А. Единствениот гол на натпреварот го постигна хрватскиот фудбалер Тома Башиќ, кој беше стрелец во деветтата минута од натпреварот. Тоа беше неговиот прв гол по 907 дена. Со оваа победа, Лацио скокна на 10-то место со 11 бода, додека Јувентус остана осми со еден бод повеќе. Екипата на Игор Тудор на тој начин продолжи со серија ...

Ландо Норис ја растури конкуренцијата и ја освои Големата награда на Мексико, кој во претпоследниот крууг за момент на прекина виртуелното возило за безбедност. Со оваа победа Норис ја презеде лидерската позиција во генералниот пласман, има бод повеќе од тимскиот колега Оскар Пјастри кој финишираше на петтото место. Викендот во Мексико ја донесе една од највозбудливите трки оваа сезона и прва победа на Мекларен по четири трки и прва победа ...

Во дербито од 10-то коло од Ла Лига, Реал ја победи Барселона со 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“. Во спектакуларното Ел Класико, „Кралевите“ поведоа преку Килијан Мбапе, а Фермин Лопез израмни за гостите во 38-та минута. До крајот на полувремето, Џуд Белингам му донесе ново водство на Реал и со тоа го постави конечниот резултат. По оваа победа, Реал се одвои на врвот на Ла Лига со пет бода повеќе од Барселона. Дуелот не можеше да продолжи без ...

Во последниот натпревар од деветтото коло на Премиер лигата, Тотенхем славеше на гости кај Евертон. Спарс победија со 3:0. Тотенхем е првиот тим што славеше на новиот стадион на Евертон „Хил Дикинсон“. Тотенхем со победата над Евертон се искачи на третата позиција на табелата во Премиер лигата. Само лутиот ривал Арсенал, како и Борнмут се пред нив на табелата. Со 17 освоени бода, играчите на Тотенхем ги прескокнаа Манчестер Јунајтед и ...

Реал Мадрид победи во 191-то „Ел Класико“. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, Реал ја совлада Барселона со 2:1. Реал го надигра најголемиот ривал, особено во првиото полувреме, забележа победа и стекна пет бода предност пред Барселона. На две различни полувремиња сведочеа гледачите на „Сантијаго Бернабеу“. Брилијантно прво полувреме, со многу шанси и бледо второ полувреме. Започна бурно, веќе во втората минута судијата досуди пенал за ...

Сергеј Милинковиќ-Савиќ, нема да ја напушти Саудиска Арабија, потпиша нов договор со Ал Хилал. Добро информираниот Фабрицио Романо известува дека Ал-Хилал и Сергеј Милинковиќ-Савиќ се договориле за сè и дека српскиот фудбалер останува дел од тимот предводен од Симоне Инзаги од клупата. Милинковиќ-Савиќ ќе остане во Ал-Хилалал најмалку до 2028 година според важечкиот договор, а финансиските детали во моментов не се објавени. Неговиот ...

Фудбалерите на Арсенал го победија Кристал Палас (1:0) во деветто коло и ја зголемија предноста над конкурентите за титулата. Во истиот термин Манчестер сити загуби во Бирмингем од Астон Вола (1:0). По поразот на Сити, на второто место скокна Борнмут откако со 2:0 го победи Нотингем Форест. Фудбалерите на Арсенал сигурно ќе ја задржат челната позиција во Премиер лигата. Во уште едно лондонско мини-дерби, „топџиите“ излегоа како победници и ...

Реал и Барселона го играат најголемото дерби на шпанскиот фудбал. По првиот дел Реал целосно ја надигра Барселона, води со 2:1 и а на добар пат да ја рпекина серијата од четири порази во дуелите со најголемиот рибвал. Започна бурно, веќе во втората минута судијата досуди пенал за домашната екипа поради наводен фаул од Ламин Јамал врз Винисиус. Сепак, по гледањето на видеото, одлуката беше поништена. Десет минути подоцна, Мбапе постигна ...

Наполи во дербиот на колото во Серија А го победи Интер со 3:1 и се врати на челната позиција на табелата. Де брујне од пенал го постигна првиот гол, потоа Мектоминеј со спектакуларен удар ја зголеми предноста на Наполитанците кој ја намали од пенал Чалханоглу, а со брилијантна соло акција Ангиса стави точка на натпреварот. Дербито на „Диего Марадона“ за „Газета дело Спорт“ го анализираше легендарниот тренер, Фабио Капело. Дон Фабио смета ...

Швајцарскиот мотоциклист Ноа Детвилер е во тешка состојба и го чекаат неколку операции по сериозната несреќа што ја доживеа во излезниот круг пред Големата награда на Малезија во категоријата Мото3. Овогодинешниот шампион во категоријата Мото3, Хозе Антонио Руеда, кој го предизвика инцидентот во кој двајцата беа повредени, е буден и свесен. Тимот на Детвилер, „CIP Green Power“, не објави многу детали за состојбата на младиот Швајцарец, ...

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо направи нов чекор кон бројката од 1.000 голови во кариерата. Неговиот Ал Наср ја забележа шестата победа во исто толку натпревари во новата сезона на Про лигата. Во шестата рунда, Ал Наср го победи Ал Хазем (2:0). Жоао Феликс ја најави победата на Ал Наср со својот деветти гол во само шест натпревари, додека Роналдо ја заврши работата во 88-та минута. Тоа беше 950-от гол во кариерата на Кристијано и ...

Реконструкцијата на спортската сала „Работнички“ влегува во завршна фаза, а свеченото отворање е закажано за 13 декември, кога ќе се одигра градското кошаркарско дерби „Работнички“ – МЗТ Скопје. Од Општина Центар информираат дека 80 отсто од реконструкцијата е завршена. Салата е обновена според ФИБА стандарди, со ново осветлување, озвучување и поставен централен семафор. Трибините се во фаза на комплетирање, а сите приоди се целосно ...

Баерн ја победи Борусија во Менхенгладбах со 0:3, во осмото коло од Бундеслигата. Баварците ја забележаа 13-та победа од почетокот на сезоната, со што го израмнија рекордот на Милан за најдобар старт во сезоната во петте најдобри национални првенства. Баварците се лидери во германското првенство со максимални 24 бода и гол-разлика од 30:4. Баерн го израмни рекордот на Милан од сезоната 1992/1993, ја отвори сезоната со 13 последователни ...

Секој натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона пишува ново поглавје од една неисцрпна приказна, а денешниот дуел има посебен аргумент што ќе се памети. Првиот „Ел Каласико“ во сезоната ќе биде најскапиот натпревар на сите времиња, пишува „Марка“. Натпреварот се игра од 16:15 часот на „Сантијаго Бернабеу“. 22-цата избрани играчи ќе истрчаат на теренот во судир каков што никогаш порано не е виден. Економската сила што ќе се одрази во првото ...

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа својата прва победа во сезоната, славеа во „Бол арена“ во дуелот со Феникс Санс со 133:111. Никола Јокиќ го забележа 170-от трипл-дабл во кариерата. За 32 минути на паркетот центарот на тимот од Колорадо го заврши натпреварот со 14 поени (5/5 за два, 0/3 за три), 14 скока и 15 асистенции. Четири соиграчи беа поефикасни од него. Кам Џонсон го заврши натпреварот со 15, Арон Гордон со 17, Кристијан ...

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, славеше на Големата награда на Малезија, 20-та трка во сезоната во шампионатот Мото ГП. Шпанецот, кој еден ден претходно ја обезбеди титулата вицешампион и со тоа испиша историја заедно со својот постар брат Марк, на патеката „Сепанг“ ја забележа третата победа во сезоната и во кариерата. Најблиску до помладиот Маркез беше Педро Акоста од КТМ рејсинг, кој заостануваше околу две и пол секунди, додека возачот ...

Ландо Норис со спектакуларен круг дојде до пол-позицијата пред трката за Големата награда на Мексико. Квалификациите во Мексико беа брилијантни за возачите на Ферари, лоши за Макс Ферстапен, а ужаси за лидерот во генералниот пласман Оскар Пјастри. Ландо Норис, во вкупниот пласман има 14 поени помалку од тимскиот колега Пјастри, а утре ќе има шанса да ја преземе лидерската позиција. Пјастри зад себе има ужасни квалификации, заврши на осмото ...

Ливерпул минатата сезона доминантно дојде до титулата во Премиер лигата, загуби само четири натпревари, оваа во првите девет рунди, екипата на Арне Слот веќе има четири порази. Вечерва во Лондон, Брентфорд го победи Ливерпул со 3:2. „Црвените“ го забележаа четвртиот последовен пораз во Премиер лигата, односно загубија пет од последните шест натпревари. Брентфорд во целост го надигра Ливерпул. Домашните фудбалери играа со повеќе желба, беа ...

Фудбалерите на Хетафе направија изненадување во 10-то коло од шпанската Ла Лига. Тимот од предградието на Мадрид, во Билбао, го победи Атлетик со 1:0. По 10 рунди двата тима имаат по 14 бода, Атлетик Билбао е осми, а Хетафе деветти на табелата. Бргу ќе биде заборавем натпреварот на „Сан Мамес“. Домаќинот напаѓаше, имаше повеќе од играта, но не беше ипасен и конкретен пред голот на Хетафе. Гостите трпеливо чекаше ја чекаа својата шанса и ја ...

Манчестер јунајтед ја забележа третата победа во низа, во Премиер лигата, што никогаш не се случило во ерата на Рубен Аморим. Повеќекратните европски шампиони, во деветтото коло, го победија Брајтон со 4:2. Серијата голови ја отвори Матеус Куња со одличен шут. Во 24-та минута, Бразилецот упати удар од околу 20 метри во левиот агол на голманот на Брајтон, кој беше немоќен. Само 10 минути подоцна, предноста беше удвоена со многу среќа. ...

Наполи во дербито на осмата рунда во Серија, го победи Интер со 3:1 (1:0) и се врати на челната победа на табелата. Натпреварот на „Диего Марадона“ стадионот ја обележа бизарната повреда на Де Брујне и спектакуѕларните голови на Мектоминеј и Ангиса. Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас на теренот влезе во 82-та минута кога го замени Политано. Наполи победи во дербиот, кое имаше чуден тек, барем во првото полувреме. Интер доминираше ...

Два натпревари ја отворија саботната програма во Премиер лигата. Сандерленд покажа дека веќе не е изненадување во шампионатот, победи на „Стенфорд Бриџ“ со 2:1, додека со ист резултат Њукасл славеше во дуелот со Фулам. Сандерленд, оваа сезона се врати во Премиер лигата и покажа дека нема намера да испадне. „Црните мачки“ во раната фаза оримија гол, Граначо погоди по само четири минути. За Аргентинецот ова беше деби гол во дресот на Челзи. ...

На 47-годишна возраст по боледување почина поранешниот кошаркар и легенда на Пелистер, Зоран Петковски. Веста ја соопшти клубот од Битола, кој на социјалните мрежи се прости својот поранешен играч и тренер. Петковски своите кошаркарски почетоци ги имаше токму во зелено-белиот дрес, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа во кариерата ги бранеше и боите на Куманово, Вардар, ...

На отворањето на саботната програма на Бундеслигата, беа одиграни пет натпревари од осмото коло. Актуелниот првак Баерн остана перфектен од стартот на сезоната. Баварците славеа и на 13-от меч во низа, чудно е само што Хари Кејн не постигна гол. Баерн од 19-та минута играше со фудбалер повеќе на теренот. ВАР интервенираше и го исклучи десниот бек на домашниот тим, Јенс Карстроп. Баерн само го зголеми притисокот од тој момент. Имаше шанси за ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
100%
999
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
10.29
65%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
995
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
6.17
93%
1002
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.4
100%
1003
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
995
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.26
88%
1002
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
71%
998
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
87%
999
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
6.69
94%
1005
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
4.12
95%
999
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
71%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.78

Кобалт

64.04

Платина

83354.78

Бакар

12.12

Злато

157561.16

Цинк

3.29

Алуминиум

3.09

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Паладиум

55781.55

Сребро

2733.78

Родиум

339994.14