Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, го објави конечниот список на патници за претстојното Светско првенство, на него нема изненадувања во споредба со поширокиот список што беше објавен претходно. Далиќ одлучи да се потпре на докажани сили кои го понесоа товарот во квалификацискиот циклус и подготовките, што значи дека Хрватска патува на Мундијалот во својот најсилен состав. Тимот повторно ќе го предводи ...
Чуварот на мрежата на македонската репрезентација, Столе Димитиревски ќе остане во Валенсија. Клубот ја искористил можноста и без преговори го продолжи договорот со Димитриевски до јуни 2028 година. Во договорот на Димитриевски, постоеше клаузула, според која клубот, со одреден надомест кон голманот, еднострано може да го продолжи договорот. Одлуката за клупските челници беше лесна, бидејќи Димитриевски одлично бранеше во вториот дел од ...
Џамал Мареј нема да биде дел од репрезентацијата на Канада во наредниот период, што значи дека ќе ги пропушти Мундобаскетот и Олимписките игри. Ова веројатно значи крај на кариерата во националниот тим за големата ѕвезда на Канада. Канадскиот селектор Гордон Херберт го објави списокот на играчи на кои смета за претстојните квалификации за Светското првенство во 2027 година, како и за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. ...
Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, потпиша десетгодишен спонзорски договор со кинеската компанија „Ли-Нинг“. Со потпишувањето на договорот, НБА ѕвездата го заврши долгиот процес на преговори што следеше по неговата разделба со „Андер Армур“ во ноември минатата година. Кари во понеделникот објави дека потпишал историски договор со „Ли-Нинг“, кој ќе го прошири неговиот бренд „Кари“ на глобалниот пазар. Соработката ќе вклучува ...
Голем интерес во Премиер лигата владе за играчите на Вест Хем, откако тимот испадна од елитното друштво. Најголем интерес има за Матеуш Фернандеш, а медиумите тврдат дека клубот е принуден да го ппродаде Португалецот. Вест Хем им порача на Арсенал и Манчестер Јунајтед дека ќе мора да платат до 80 милиони фунти, или 92 милиони евра, за потписот на Матеуш Фернандеш. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, сака да го доведе 21-годишникот, додека ...
Рик Аделман, член на Кошаркарската куќа на славните и еден од најуспешните тренери во историјата на НБА, почина 15 дена пред 80-от роденден. Веста беше објавена во понеделник од Националната асоцијација на кошаркарски тренери (NBCA). Аделман, татко на тренерот на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, беше примен во Куќата на славните во 2021 година, а причината за неговата смрт сè уште не е објавена. Пред да стане еден од најпочитуваните тренери, ...
Македонската репрезентација доживеа тежок пораз од Турција со 4-0 (2-0) на пријателскиот натпревар одигран во Истанбул. Избраниците на Гоце Седлоски не успеаја да му се спротивстават на квалитетниот противник, кој рутински стигна до победата. Македонија во интервал од четири дена тестираше две селекции, учеснички на Светското првенство. Против БиХ одигра 0:0, ппротив Турција доживеа дебакл. За новиот селектор и неговите избраници ова е лоша ...
Шпанскиот стручњак Ињиго Перез е назначен за нов тренер на Виљареал, објави клубот од стадионот „Ла Керамика“. Како што беше објавено, 38-годишниот тренер потпиша тригодишен договор со челниците на „жолтата подморница“. Перез неодамна играше во финалето на Конференциската лига со Рајо Ваљекано, каде што беше поразен од Кристал Палас. На клупата на Виљареал, тој го наследи Марселињо, кој по три успешни сезони замина од кормилото на „жолтата ...
Фудбалската репрезентација на Македонија, во Истанбул, доживеа тежок пораз од Турција (4:0). На „Шукур Сарачоглу“ стадионот, избраниците на Гоце Седлоски беа во подредена положба во текот на целиот натпревар. Во еден момент впачатокот беше дека Турците играат со половина од силите.. Во првиот напад, Узун ја погоди гредата од голот на Димитриевски, а минута подоцна Кокчу го постигна првиот гол. Она што не успеа во првата, Узун го направи во ...
Селекторот Хавиер Агире избра 26 играчи кои ќе го претставуваат Мексико на Светското првенство. Најинтересното име на листата е Гилермо Очоа, од АЕЛ Лимасол, за кого ова ќе биде шесто Светско првенство. Голманот ќе има ист број учества на Мундијалите како Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Овие тројца не пропуштиле ниту едно Светско првенство од 2006 година. Домашната репрезентација го отвора Светското првенство со натпревар против Јужна ...
Столбот на одбраната на Арсенал и француската репрезентација, Вилијам Салиба, би можел да биде надвор од терените неколку недели. Француските медиуми денес открија дека Салиба чувствувал непријатност пред финалето на Лигата на шампионите, но сакал да игра по секоја цена и со тоа ја влошил ситуацијата. Според последните информации, Салиба се соочува со неколку неделна пауза, поради што неговиот настап на Светското првенство е под знак ...
Јан Облак би можел да го напушти Атлетико Мадрид, во текот на летниот преоден рок. Словенецот, еден од најдобрите голмани во изминатата деценија, 12 години е член на Атлетико. „Марка“, откри дека Атлетико ќе ја почитува секоја одлука на словенечкиот голман, кој заслужи да го избере најдоброто решение за продолжување на кариерата. Овој извор, истакнува дека Облак има договор до летото 2028 година, тој е еден од најплатените со годишна нето ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, испрати јасна порака за иднината на Винисиус Жуниор, нагласувајќи дека клубот нема да му застане на патот доколку Бразилецот одлучи да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Шпекулациите за трансфер стануваат сè погласни бидејќи преговорите за нов долгорочен договор во шпанската престолнина продолжуваат да застојуваат, пишува „Goal.com“. Во интервју за „Ел Паис“, Перез јасно стави до знаење дека ...
Џејмс Милнер објави дека ја завршува својата професионална кариера на 40-годишна возраст. Брилијантниот играч од средниот ред е рекордер во Премиер лигата по бројот на одиграни натпревари. Одигра 658 натпревари во најсилната лига во светот. Во кариерата играше за Ливерпул, Манчестер Сити, Лидс, Њукасл, Астон Вила и Брајтон. BREAKING: James Milner has announced his retirement from football after 24 years and the most appearances in Premier ...
Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) усвои серија значајни промени во правилата на играта што ќе бидат имплементирани на претстојното Светско првенство. Новитетите вклучуваат проширени овластувања на ВАР технологијата, построги казни за недолично однесување на играчите и цел сет мерки насочени кон намалување на непотребното губење на времето. Целта на промените е да се зголеми ефективното време за играње, побрзо донесување ...
Информацијата која изминатите денови циркулираше во јавноста, доби официјална потврда, Ибрахима Конате го напушта Ливерпул. И покрај разните шпекулации, Французинот го напушта „Енфилд“ како слободен играч, откако му истече договорот. Тој сакаше да остане, но раководството на клубот очигледно сакаше нешто друго. Врз одлуката влијание имаше и лошата сезона што ја одигра францускиот дефанзивец. Ова е четврто потврдено заминување од клубот по ...
Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, зборуваше за односот со најголемиот ривал Барселона, но и за уште една разочарувачка сезона. Реал не освои трофеј втора сезона по ред, последниот пат тоа се случи кога Пеп Гвардиола ја презеде Барселона, кога од 2008 до 2011 година, „кралскиот клуб“ не успеа да освои трифеј. Цехот го платија двајца тренери, а покрај нив, според претседателот Флорентино Перез, и други се виновни. „Светското ...
Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата европски шампион откако го победија Арсенал во финалето по изведувањето пенали со 4:3. Натпреварот заврши 1:1 по 120 минути, а головите ги постигнаа Каи Хаверц за Арсенал во шестата минута и Усман Дембеле од пенал во 65-та минута за ПСЖ. Иако голот за израмнување го постигна Дембеле, актуелниот освојувач на Златната топка, а наградата за играч на натпреварот му припадна на Витиња, еден од ...
Фудбалската репрезентација на Бразил ја декласира Панама со 6:2, во подготвителниот натпревар одигран во Рио де Жанеиро. Домашните поведоа практично од првиот напад. Во првата минута, Винисиус Жуниор го искористи додавањето на Касемиро испрати проектил во голот на Панама. Панама се надеваше на подобар резултат кога, во 14-та минута, Амир Муриљо изведе слободен удар, а топката се одби од Матеус Куња го смени правецот и заврши во голот. До ...
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Орелијан Чуамени, за прв пат јавно проговори за инцидентот со соиграчот Федерико Валверде. Чуамени призна дека „нешто се случило“, но исто така нагласи дека целиот инцидент бил „преувеличен“ и дека сега „нема проблеми“ меѓу нив. Реал Мадрид ги казни двајцата играчи со по 500.000 евра откако физички се пресметаа во тренинг кампот на клубот пред околу три недели. Чуамени моментално е со репрезентацијата ...
Португалскиот репрезентативец Рафаел Леао потврди дека има намера да го напушти Милан и Серија А, по претстојното Светско првенство, нагласувајќи дека сака нов предизвик. 26-годишниот напаѓач за португалските медиуми изјави дека верува дека дал сè од себе за време на седумгодишниот престој во италијанскиот гигант. „Лично, дадов сè за Милан. Тоа е клуб кој многу ми помогна да напредувам и ме поддржуваше во тешки моменти. Среќен сум што ...
Фудбалерите на Депортиво Ла Коруња загубија со 1:2 од Лас Палмас на „Риазор“ во последното, 42-ро коло од втората лига. И покрај поразот, легендарниот шпански клуб се врати во Ла Лига по турбулентни осум години. Депортиво ја заврши сезоната на второто место со 77 бода, пет помалку од Расинг Сантандер. Лас Палмас поведе во седмата минута со голот на Киријан Родригез, додека Марвин го зголеми водството во 18-та минута. Закарија Едачури ги ...
ГРК Охрид го оствари најголемиот успех во клупската историја. Вечерва во „Билјанини извори“, охриѓани ја освоија титулата во ЕХФ Европскиот куп. ГРК Охрид, во реваншот ја победи Татабања со 31:25 (12:11). Финалниот меч во Европскиот куп, понуди фантастична борба на двата тима. Прво полувреме кое го обележаа голманите Андо и Пилоповиќ. Особено брилијантен беше голманот на Татабања, тој беше најзаслужен што Охрид на полувреме имаше само гол ...
Фудбалската репрезентација на Србија, која не се квалификуваше за Светското првенство, претрпе тежок пораз во пријателски натпревар. Вечерва во Лисабон, екипата на селекторот Вељко Пауновиќ загуби од Зеленортските острови со убедливи 3:0, што предизвика шок и неверица кај српската јавност. Поразот е уште потежок бидејќи фудбалерите на малата африканска држава се 69-ти на ФИФА листата, додека Србија е на 39-то. Катастрофата за Србија беше ...
Скопје и Шкендија Арачиново, следната сеозна ќе играат во Првата македонска фудбалска лигга. Второлигашите, во бараже мечевите беа поуспешни од прволигашите, Брера и Пелистер. Скопје и Брера, својот натпревар го одиграа во Битола. Дуелот беше решен во 88-та минута со голот на Трајчески. Претходно, во 86-та минута, Ангелов не реализираше пенал за Скопје. Пелистер и Шкендија од Арачинови играа на стадионот во Квадарци. Шкендија поведе со ...
Грузискиот фудбалер Хвича Кваратцхелија беше прогласен за најдобар играч на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26. Ѕвездата на Пари Сен Жермен беше еден од клучните играчи во кампањата на својот тим за втората последователна титула европски шампион. ПСЖ успешно ја одбрани титулата, подвиг што многу великани не успеаја да го постигнат во последните години. Тимот на Луис Енрике го победи Арсенал во финалето на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта ...
Очајот и тагата поради поразот на пенали во вчерашното финале на Лигата на шампионите денес се претвори во ерупција од прослава, откако голем број навивачи на Арсенал ги преплавија улиците на северен Лондон. Играчите и тренерскиот персонал се качија во отворени автобуси за да ја прослават првата титула во Премиер лигата по 22 години на осумкилометарската рута. Навивачите дојдоа за да ги поздрават своите херои, а многумина ги зазедоа ...
Возачот на Априлија, Марко Бецеки, славеше на Големата награда на Италија, седмата трка од сезоната на шампионатот во Мото ГП. Италијанскиот мотоциклист триумфираше во Муџело за прв пат во својата кариера, па дури и се најде на подиумот за прв пат на легендарната патека во кралската класа. Исто така ова е прва победа за Априлија во Муџело. Бецеки ја забележа својата четврта победа во сезоната на домашен терен, три секунди пред тимскиот ...
Белгиецот Кевин де Брујне изјави дека е добро за него што Антонио Конте повеќе не е тренер на Наполи. Де Брујне не ги оправда очекувањата во својата прва сезона во клубот во подножјето на Везув. Поради повредата на коленото, отсуствуваше три месеци, одигра само 21 натпревар во сите натпреварувања, постигна пет гола и имаше четири асистенции. Тој верува дека тренерот Конте е одговорен што не покжал повеќе повеќе. „Дали сум среќен што си ...
Фудбалерите на Арсенал не успеаја да ја освојат својата прва титула во Лигата на шампионите, Во драматичното финале, во Будимпешта, ПСЖ беше подобар од нив по изведувањето на пенали со 4:3, откако по 120 минути играша резултатот беше 1:1. И додека Арсенал и сите негови фанови тагуваа, градскиот ривал Челзи им упати жестока провокација на социјалните мрежи. Двократниот европски шампион Челзи објави порака на своите социјални мрежи во која се ...