Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Познатиот спортски новинар и коментатор Един Авдиќ почина на 47-годишна возраст. Един почина во својот стан, како последица на срцеви проблеми, објави Радио Сараево. Тој беше еден од најпознатите спортски новинари, коментатори и колумнисти на Балканот, дефинитивно најпознат по своите преноси од кошаркарски натпревари и неговото детално познавање на НБА и европската кошарка. Дипломирал новинарство на Факултетот за политички науки во Сараево, ...
Жозе Мурињо се враќа во Реал Мадрид со многу поголеми овластувања во клубот. Мурињо ги направи првите потези откако се согласи да се врати на клупата на Реал Мадрид. Искусниот Португалец наводно веќе стави шест играчи на трансфер листата, со што јасно стави до знаење како планира да изгледа Реал под негова команда. Португалецот се враќа во Мадрид откако претходно го водеше Реал помеѓу 2010 и 2013 година. Според шпанските медиуми потпишал ...
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), изрече драконска казна за Фудбалскиот клуб Шкендија, поради случувањата во финалето на Купот, кое тимот од Тетово го загуби од Силекс со 0:1. ФФМ парично ја казни Шкендија со 105.000 евра и ја исфрли од натпреварите во купот за следната сезона. Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради ...
Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус кога ќе му истече договорот на последниот ден од јуни. Како што објави Џанлука Ди Марцио, ова е епилогот од денешниот состанок меѓу Душан Влаховиќ и неговиот татко Милош од една страна и раководството на Јувентус од друга страна. На состанокот одржан во спортскиот центар Ковинас, двете страни не постигнале никаков договор. Нов состанок нема да има. Српскиот централен напаѓач ќе го напушти клубот по ...
Светското првенство во фудбал во 2026 година во САД, Мексико и Канада започнува на 11 јуни,, а ќе заврши на 19 јули. Според студијата на бразилскиот весник „О Глобо“, која анализирала податоци за 1.248 поканети играчи, Манчестер Сити е на врвот на листата на клубови со најмногу претставници на турнирот. Победникот на два англиски купа испраќа дури 19 играчи од 12 различни национални селекции на првенството. Со ова, Сити го врати рекордот ...
Сите 48 репрезентации ги објавија своите конечни списоци од 26 (или во ретки случаи 25) играчи кои патуваат на претстојното Светско првенство. Затоа, ова е вистинско време да се споредат голем број статистики, а една од најинтересните секогаш се однесува на вредностите на играчите. Според Transfermarkt, најпопуларната платформа за проценка на вредноста на играчите, листата ја предводи Франција со вкупна вредност што надминува 1,5 милијарди ...
Манчестер Јунајтед го потврди заминувањето на данскиот напаѓач Расмус Хојлунд, кој се сели трајно во Наполи по едногодишна позајмица. Хојлунд пристигна на „Олд Трафорд“ во 2023 година од Аталанта за 83 милиони евра, но не успеа да ги оправда високите очекувања во англискиот клуб. Данецот не успеа да се наметне во Манчестер и падна во втор план под тренерот Рубен Аморим. Неговите услуги не му се потребни ниту на новиот тренер, Мајкл Карик, ...
Чаби Алонсо и Челзи понудија 50 милиони евра за голманот на Рома, Миле Свилар и добија негативен одговор. Свилар стана еден од клучните играчи во проектот на Џан Пјеро Гасперини, кој ја врати Рома во Лигата на шампионите во претходната сезона. Тие го гледаат како важен играч околу кого сакаат да изградат тим, иако за неговите услуги интерес покажаа неколку врвни европски клубови. Свилар оваа сезона на 21 натпревар не прими гол, што ја ...
Маурисио Покетино, по завршувањето на Светското првенство, ќе стане нов тренер на Милан. Италијанските медиуми денес потврдија дека Покетино ги прифатил сите услови на Милан, постигнал прелиминарен договор според кој ќе го преземе тимот по Светското првенство со годишена плата од 5.000.000 евра. Покетино испиша историја со Тотенхем, подоцна не се прослави со Пари Сен Жермен и Челзи, а потоа ја прифати понудата да стане селектор на САД. ...
ФИФА потврди дека ќе користи подобрена полуавтоматска технологија за офсајд на Светското првенство во 2026 година, што треба да го забрза донесувањето одлуки и да ја елиминира една од најголемите фрустрации за навивачите во последните години. Според информациите објавени од новинарот на Би-Би-Си, Дејл Џонсон, помошниците на судиите ќе добијат звучен сигнал во слушалките кога системот ќе открие дека играчот е во офсајд повеќе од десет ...
Шарл Леклер (28) и Ферари продолжуваат заедно. Возачот од Монако потпиша нов повеќегодишен договор и со тоа го потврди својот престој во италијанскиот тим во следните сезони од Светското првенство во Формула 1. Овој потег го запечати партнерството кое трае веќе една деценија, уште откако Леклер се приклучи на академијата за возачи на Ферари во 2016 година. Во официјално соопштение, Ферари го опиша Леклер како клучна фигура за сегашните и ...
Манчестер Јунајтед го комплетираше својот прв договор во летниот преоден рок. Нов играч на „црвените ѓаволи“ е 26-годишниот Едерсон од Аталанта. Бразилскиот играч од средниот ред пристигнува на „Олд Трафорд“ за 45 милиони евра (38 милиони фунти) и ќе потпише четиригодишен договор со клубот. Договорот е структуриран така што Јунајтед првично ќе плати 34 милиони фунти, додека остатокот од сумата ќе биде исплатен преку бонуси, пишува „Дејли ...
Мигел Анхел Санчез Муњоз, во фудбалската јавност позната како Мичел, ќе го тренира Ајакс во следните две сезони, објавија од холендскиот великан. Мичел доаѓа во Ајакс по пет незаборавни години во Џирона, го предводеше тимот до промоција во Ла Лига, потоа до историскиот пласман во Лигата на шампионите, но клубот неодамна испадна од елитната група, а 51-годишниот роден во Мадрид ја напушти клупата. Претходно ги водеше Рајо Ваљекано и Уеска. ...
ФИФА објави дека сите 48 репрезентации што учествуваат на Светското првенство испратиле конечни списоци со по 26 играчи и нагласи дека промените се можни само во случај на сериозни повреди. Како што објави ФИФА, секоја репрезентација ќе има можност да замени играч во случај на сериозна повреда, но најдоцна 24 часа пред нивниот прв натпревар во групната фаза. ФИФА, исто така, истакна дека шкотскиот голман Крег Гордон е најстариот играч на ...
Лионел Скалони, селекторот на Аргентина, зборуваше за Лионел Меси пред Светското првенство. Постоеја стравувања, дека капитенот нема да биде подготвен за Светското првенство поради повреда на мускулот, но за среќа на Аргентинците, повредата што ја има не е сериозна. Меси играше во пријателскиот натпревар против Замбија и со гол ја најави својата добра форма за Светското првенство. Скалони зборуваше за својот најдобар играч по тој натпревар. ...
Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис (30) е нов играч на Реал Мадрид. Николо Скира, а по него и Фабрицио Романо, тврдат дека договорот е веќе завршен и дека лично Жозе Мурињо го договорил трансферот. Реал на крајот ја активирал клаузулата за откуп на договорот на Дамфрис, коај стапи на сила од 1 јуни. Холанѓанецот пристигнува во Реал за 25 милиони евра. Според извештаите, сè е договорено меѓу играчот и клубовите, сè што останува да се ...
Преговорите меѓу Доминик Собослај и Ливерпул се во сериозна фаза, клубот нуди продолжување на договорот што истекува за две сезони. Во Ливерпул на најдобриот играч минатата сезона, му зголемување на платата. Во клубот се свесни дека мора да делуваат за да не им се повотрни ситуацијата Трент Александар-Арнолд и Ибрахим Конате, кои на крајот го напуштија клубот без обесштетување. Ливерпул го направи првиот чекор и започна преговори, но извори ...
Хрватска загуби од Белгија (0:2), во првиот подготвителен натпревар пред стартот на Светското првенство. Во Риека, Белгија славеше со головите на Јури Тилеманс во 38-та и Ромелу Лукаку во 96-та минута. Имаше шанси на двете страни, Хрватите можеа барем да израмнат, но Тибо Куртоа остана несовладан. Токму Куртоа го спречи Лука Модриќ на крајот од првото полувреме, да изедначи, со феноменална рефлексна интервенција. Непосредно пред тоа, ...
Кошаркарот на Ефес, Винсент Поарие, ќе отсуствува девет месеци поради повреда на Ахиловата тетива, потврди клубот. Искусниот 32-годишен француски центар ја претрпе повредата во понеделникот, за време на првиот натпревар од полуфиналната серија на турската Суперлига против Фенербахче. Истанбулскиот клуб наведува дека станува збор за сериозна повреда и дека на Поарие ќе му бидат потребни најмалку осум, а веројатно и цели девет месеци за ...
Шпанскиот кошаркарски тренер, Ибон Наваро, од наредната сезона ќе ја преводи Црвена ѕвезда. „Шпанскиот стручњак и Звезда се договориле за сите детали од претстојната соработка, останува само да се официјализира договорот“, пишува „Меридијан спорт“, кој е дел од компанијата на генералниот спонзор на црвено-белиот тим. Наваро има уште една година од договорот со Уника, па Црвена ѕвезда ќе мора да плати отштета. Шпанските медиуми наведуваат ...
Швајцарската репрезентација отпатува во Соединетите Американски Држави без еден од своите најважни играчи. На Брил Емболо му беше одбиен влез во земјата. Како што објави Швајцарската фудбалска асоцијација, проблемот се појави со ESTA дозволата за влез во САД, која одеднаш беше подложена на дополнителни проверки. „За жал, Брил Емболо во моментов не може да патува во Соединетите Американски Држави со тимот. Неговата ESTA дозвола беше одобрена ...
Фудбалската економија денес далеку ги надминува границите на спортот, а најдобро платените играчи во светот комбинираат клупски договори, бонуси и глобални маркетинг соработки што им носат нестварни приходи. Листата на десетте најплатени играчи покажува колку високопрофитна станала глобалната фудбалска индустрија. На листата на десетте највредни играчи на Светското првенство, Кристијано Роналдо е убедливо прв, не е изненадување што Меси е ...
Австрија претрпе сериозен удар пред Светското првенство. Кристоф Баумгартнер, 26-годишниот напаѓач на РБ Лајпциг, нема да игра на турнирот, кој се игра во САД, Канада и Мексико. Баумгартнер се повреди вчера, за време на загревањето пред пријателскиот натпревар против Тунис, а дополнителните лекарски прегледи потврдија дека станува збор за сериозна повреда што ќе го спречи да игра на Светското првенство. Ова е тежок удар за австриската ...
Фудбалерите на Арсенал, во саботата, не успеаја да ја освојат титулата во Лигата на шампионите. „Топџиите“ стекнаа предност по само шест минути игра, ПСЖ изедначи од пенал во 65-та минута, а потоа го одбрани трофејот во пенал рулетот. На крајот, од Арсенал ќе се памети само ултра дефанзивната, поради што и трпат жестоки критики од сите страни. Кристоф Дугари се уште не може да верува на кој начин новиот шампион на Англија играше во ...
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од третиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. За дуелите од „А“ групата од претквалификациите, оние со селекциите на Ирска (во Скопје) и Луксембург (на гостински терен), машката сениорска репрезентацијата на Македонија ќе тренира во Скопје. Првиот ...
Андони Ираола ќе биде новиот тренер на фудбалерите на Ливерпул. Двете страни постигнале договор, истиот ќе биде официјализиран во наредните денови. Пред неколку дена, Ливерпул официјално се раздели со Арне Слот, и веднаш се шпекулираше дека Ираола треба да биде негов наследник. Легендата на Атлетик Билбао, по завршувањето на сезоната, по три усшешни сезоно го напушти Борнмут. Сезоната, Ираола со Борнмут ја заврши на шестото место, што значи ...
Селекторот на турската репрезентација, Виченцо Монтела, по победата над Македонија (4:0) го објави списокот на играчи на кои смета за претстојното Светско првенство. Италијанецот најмногу им верува на фудбалерите од двата најголеми турски клуба Галатасарај и Фенербахче, а тука се и интернационалните ѕвезди како Арда Ѓулер од Реал, Кенан Јилдиз од Јувентус и играчот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу. На Светското првенство, Турците ...
Јошко Гвардиол истакнува дека е среќен во Манчестер Сити, но не гарантираше дека ќе остане на „Етихад“ дури и по Светското првенство. Како што е познато, Гвардиол го доведе во прашање својот статус по заминувањето на Пеп Гвардиола. Шпанските медиуми истакнуваат дека Гвардиол е голема желба и на Барселона и на Реал Мадрид и дека се очекува голема битка за неговиот потпис доколку одлучи да си замине. „Постојат разни гласини за сè и сешто. ...
Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, го објави конечниот список на патници за претстојното Светско првенство, на него нема изненадувања во споредба со поширокиот список што беше објавен претходно. Далиќ одлучи да се потпре на докажани сили кои го понесоа товарот во квалификацискиот циклус и подготовките, што значи дека Хрватска патува на Мундијалот во својот најсилен состав. Тимот повторно ќе го предводи ...
Чуварот на мрежата на македонската репрезентација, Столе Димитиревски ќе остане во Валенсија. Клубот ја искористил можноста и без преговори го продолжи договорот со Димитриевски до јуни 2028 година. Во договорот на Димитриевски, постоеше клаузула, според која клубот, со одреден надомест кон голманот, еднострано може да го продолжи договорот. Одлуката за клупските челници беше лесна, бидејќи Димитриевски одлично бранеше во вториот дел од ...