Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Фудбалерот на Реал Мадрид, Арда Гулер, ја доби наградата за најубав гол во сезоната во шпанската Ла Лига. Турчинот го постигна тој гол во натпреварот од 28-то коло против Елче на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Ја освои топката во својата половина, забележа дека противничкиот голман е далеку од голот и со вистинска мајсторство ја погоди мрежата од 65 метри. Оваа награда може да биде голем поттик за Гулер, кој ќе биде носител на играта во ...
Дресот на фудбалската репрезентација, на малата карипска држава, Курасао е најубавото нешто што навивачите ќе можат да го видат на Светското првенство. Курасао, под водство на селекторот Дик Адвокат, ќе го има своето деби на Светското првенство и самиот факт што е меѓу фудбалската елита е доволна причина вниманието на добар дел од навивачите да биде насочено кон оваа селекција. Навивачите изминатите денови, зборуваа за дресот на Курасао. ...
Ламин Јамал е убедливо најскапиот играч во светот. Според најновото истражување на „CIES“ (Фудбалска обсерваторија) – проценката е дека суперталентираниот Шпанец вреди 358.100.000 евра, што звучи неверојатно. Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе му го чуваат грбот. Норвежанецот вреди 227.300.000 евра, а Французите многу помалку од она што ПСЖ некогаш го плати за него. Потоа Мбапе отиде од Монако во Париз за 180.000.000 евра. Сега неговата вредност ...
Долгогодишниот спонзор на Фудбалскиот клуб Шкендија, „Еколог“, се огласи со соопштение, по жестоката казна што му ја додели Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Поради многуте инциденти што се случија во финалниот натпревар, во Купот на Македонија, Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, парични ја казни Шкендија со вкупно 105.000 евра и го исфрли клубот од натпреварите во Купот за ...
Кошаркарскиот клуб Арис развива сериозен проект, што треба на клубот да му ја врати старата слава, која ја имаше во ерата на кошаркарската легенда Никос Галис. Нов тренер на клубот е актуелниот селектор на Грција, Василис Спанулс, а како што пишуваат грчките медиуми, прв засилување во новата ера треба да биде македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ. Димитријевиќ има добра сезона во дресот на Баерн. Со тимот од Минхен тој избор ...
Формула 1 ќе продолжи да се вози во Лас Вегас барем до 2037 година, откако беше постигнат нов договор за десетгодишно продолжување. Организаторите на трката со тоа ја потврдија долгорочната иднина на еден од најатрактивните настани во светскиот спорт. Големата награда на Лас Вегас, која се одржува во срцето на градот и се протега по булеварот Лас Вегас Стрип, за кратко време стана синоним за врвна забава, луксузно гостопримство и уникатно ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА), ја објави последната листа пред стартот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Актуелниот светски првак, Аргентина, на Мундијалот ќе доппатува и како број 1 на листата на ФИФА. „Гаучосите“ напредуваа за две позиции, а два позиции паднаа Французите, тие се трети на оваа листа. Меѓу Аргетина и Франција се наоѓа Шпанија. На најновата листа, македонската фудбалска репрезентација назадуваше, по ...
Англискиот шампион Арсенал наводно е заинтересиран да го доведе Сандро Тонали, играчот од средниот ред на Њукасл, за кого е заинтересиран и Манчестер Сити како алтернативно решение. „Топџиите“ имаа неверојатна сезона во која тимот на Микел Артета ја освои првата титула во англиското првенство по 22 години. Иако загубија со 4:3 од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите минатата недела по изведувањето на пенали, клубот заработи ...
Фудбалската репрезентација на Србија претрпе тежок пораз во пријателскиот натпревар одигран во Толука. Еден од домаќините на претстојното Светско првенство, Мексико, славеше со убедливи 5:1. Тоа е втор неуспех на српската репрезентација во овој репрезентативен циклус, откако пред пет дена загуби од Зеленортските острови со 0:3. Иако Србија поведе во 19-та минута со голот на Петар Станиќ, домаќините го свртија резултатот до крајот на ...
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј би можел да се соочи со драстични санкции од УЕФА, вклучително и исфрлање од Лига Европа следната сезона, поради сериозните финансиски проблеми што во моментов ги истражува УЕФА. Според првите информации, Марсеј се бори да ги исполни условите од договорот за спогодба што го потпиша со УЕФА во 2022 година. Клубот тогаш, откако ги прекрши правилата за финансиски фер-плеј, беше казнет со релативно благи два ...
Откако го договори Жозе Мурињо за нов тренер, а во дефанзивната линија нови играчи се Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е подготвен да повлече нов потег. Во пресрет на претседателските избори во Реал Мадрид, кои се одржуваат во недела, каде што Перез ќе се соочи со противникот Енрике Рикелме, актуечниот претседател објави дека подготвил 150 милиони евра за ново засилување. Шпанските медиуми ...
Рафаел Леао е се поблиску до заминување од Милан, а турскиот великан Галатасарај се појавува како главен кандидат за неговиот потпис. Португалскиот репрезентативец, кој минатата сезона на „Сан Сиро“ се мачеше со формата и физичката подготвеност, наводно добил исклучително профитабилна финансиска понуда. Според „Газета дело Спорт“, Галатасарај му нуди на крилниот напаѓач, двојно поголема плата од онаа што ја има во Милан. Турскиот гигант е ...
Веќе неколку недели во Франција се најавува нов голем кошаркарски проект, Асвел ќе биде тимот во кој ќе се инвестираат огромни пари, а вечерва започна реализацијата на тој проект. Еден од најдобрите кошаркари на Евролигата, Силван Франциско, ќе го напушти Жалгирис на крајот од сезоната и ќе потпише договор со Асвел, кој ќе биде историски. Францускиот плејмејкер ќе има плата од 4.000.000 евра по сезона, ќе потпише на три години, што значи ...
Фудбалскиот клуб Ливерпул, официјално има нов тренер. Шпанецот Андони Ираола (43) го потпиша договорот по заминувањето на Арне Слот. Ливерпул одлучи да го смени тренерот, по лошата сезона, освоеното петто место во Премиер лигата и забележано 19 порази во сите натпреварувања. „Многу сум возбуден. Ливерпул е голем, огромен клуб, еден од најголемите во светот. Само кога ќе влезете внатре сфаќате каде сте дошле. Не ви треба ништо посебно за да ...
Светското првенство на ФИФА започнува на 11 јуни со натпреварот помеѓу Мексико и Јужна Африка во Мексико Сити. Овогодинешното издание носи сосема нов формат на натпреварувањето. За прв пат во историјата ќе се натпреваруваат 48 репрезентации, што значи рекорден број натпревари – дури 104, во споредба со 64 одиграни на целиот турнир во 2022 година. Вкупно 48 репрезентации ќе бидат поделени во 12 групи од по четири екипи. Двете најдобри екипи ...
Комесарот на НБА, Адам Силвер, изјави дека очекува НБА Европа да започне од сезоната 2027/2028, објави „ESPN“. „Многу сме блиску до планот што го зацртавме. Се надеваме и очекуваме таа лига во Европа да започне во сезоната 2027/2028. На вистинскиот пат сме. Конечните понуди од заинтересираните франшизи треба да ни бидат доставени кон крајот на јуни. Постои рекорден интерес и сме многу возбудени поради можноста што ја имаме и соработката со ...
Валенсија ја искористи опцијата за продолжување на договорот за Столе Димитриевски за уште две сезони, што значи дека македонскот репрезентативец ќе остане во клубот до јуни 2028 година. „Откако се приклучи во 2024 година, Димитриевски, одигра вкупно 33 официјални натпревари носејќи го дресот на Валенсија во Ла Лига и Кралскиот Куп. Неговото искуство и цврстина меѓу стативите придонесоа за конкурентскиот раст на тимот и подобрените ...
Жозе Мурињо (63) се враќа во Реал 13 години откако заврши неговиот прв престој во клубот. Легендарниот португалски тренер ја предводи Бенфика, со која има уште една година од договорот. Затоа, Реал мора да му плати отштета на клубот од Лисабон, а клаузулата за отпуштање е дефинирана во договорот на Мурињо со Бенфика. „Реал ја информираше Бенфика дека ќе им исплати 15 милиони евра, што е износот за кој клубот мора да го отпушти. Наведената ...
Тотенхем подготвува нова понуда за дефанзивецот на Брајтон, Јан Пол ван Хеке, откако нивната првична понуда беше одбиена. Брајтон го проценува 25-годишниот холандски репрезентативец на речиси 80 милиони евра, и покрај фактот дека му останува само една година од договорот. Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, под чие водство играше Ван Хеке кога Италијанецот го водеше Брајтон, би можел да игра клучна улога во преговорите. Таа врска е ...
Грчкиот стручњак Василис Спанулис е новиот тренер на кошаркарот Арис, објави клубот од Солун. Спанулис (43) потпиша тригодишен договор со Арис. Грчките медиуми објавија дека годишно ќе заработува 1.200.000 евра. Претходно ги тренираше Перистери и Монако, а моментално е тренер на грчката кошаркарска репрезентација. Спанулис го замени Игор Миличиќ на тренерската позиција на клубот од Солун. Кошаркарите на Арис ја завршија сезоната во грчкото ...
Најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид, официјално одлучи да продолжи да се натпреварува во Евролигата. Одлуката што беше објавена претходно сега е потврдена. Ова значи дека дефинитивно сите 13 акционери останаа во Евролигата и покрај плановите на НБА Европа да започне сопствено натпреварување. Барем е јасно дека сите сопственици на Евролигата ќе учествуваат во елитното натпреварување во сезоната 2026/27. Секако, останува да се види дали ...
Специјализираниот сајт за фудбалски трансфери, „Трансфермаркт“ објави листа од десет играчи, од англиската Премиер лига чии цени најмногу паднаа во текот на минатата сезона. Листата на „Трансфермаркт“ ја предводат фудбалери на Тотенхем, што е и разбирливо бидејќи клубот во последното коло обезбеди опстанок во Премиер лигата. Играчот чија пазарна цена најмногу падна е Дејан Кулушевски од Тотенхем. Шведскиот репрезентативец, со македонско ...
Ерлинг Халанд, против своја волја се најде во центарот на капањата за претседателските избори во Реал Мадрид. Противкандидатот на Флорентино Перез, Енрике Рикелме, гостувајќи на една шпанска телевизија, рече дека ќе го донесе Халанд и неговиот соиграч Родри во Реал, доколку биде избран за претседател. Рикелме, откри дека потпишал гаранција кај нотар и дека лично ќе плати 100 отсто од годишните членарини (социос) за сите 100.000 регистрирани ...
Напаѓачот на Ливерпул, Коди Гакпо, изразил желба да го напушти Ливерпул. Наводно би загрижен за своето место во тимот, откако тренерот Арне Слот доби отказ. Репрезентативецот на Холандија, во Ливерпул пристигна во 2023 година од ПСВ Ајндховен. „Црвените“ за неговиот трансфер издвоија 50 милиони евра. Гакпо, зад себе има лоша сезона и покрај тоа што играше многу под палката на сонародникот Слот. Напаѓачот сака да го напушти клубот, бидејќи ...
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Де ла Фуенте, истакна дека Ламин Јамал ќе биде подготвен за првиот натпревар на Светското првенство. Јамал го пропушти крајот на клупската сезона поради повреда на тетивата, но Де ла Фуенте сепак го вклучи во националниот тим, велејќи дека ќе биде подготвен за првенството. „Доколку, сè биде според планираното Јамал треба да биде подготвен за натпреварот на 15 јуни, но тоа не гарантира ...
Ибрахима Конате (27), како слободен играч го напушти Ливерпул, потпиша четиригодишен договор со Реал. Трансферот, кој лично го реализирал Флорентино Перез, ќе биде потврден по претседателските избори во клубот. Конате, чија вредност е проценета од „Трансфермаркт“ на 45 милиони евра, по пет години реши да го напушти „Енфилд“. Тој им се придружи на „Црвените“ во летото 2021 година од Лајпциг со надомест од 40 милиони евра. Оттогаш, тој стана ...
Нотингем Форест ја одбиле првичната понуда од Манчестер Сити за нивниот играч од средниот ред Елиот Андерсон. Интересот на Сити за 23-годишниот англиски репрезентативец беше официјално потврден, а се очекува Андерсон да го напушти „Сити Граунд“ ова лето. Минатата недела беше објавено дека играчот повеќе сака да се пресели на „Етихад“ отколку во редовите на градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Андерсон зад себе има одлична сезона со Форест, ...
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, фудбалер на РБ Лајпциг, Јан Диоманде (19), отворено ја изрази својата симпатија кон ПСЖ и призна дека еден ден би сакал да игра за клубот од „Паркот на принцовите“. Неговите коментари доаѓаат во услови на зголемени шпекулации за неговата иднина по одличната сезона во Бундеслигата. Во разговор со новинарите, Диоманде потврди дека би му било чест да го носи дресот на актуелниот европски шампион. ...
Настапот на Ник Паз на Светското првенство е неизвесен поради повредата на коленото здобиена во претпоследниот натпревар од сезоната. Иако на почетокот изгледаше како мала повреда, сомнежите за нејзината вистинска сериозност и потребното време за закрепнување предизвикуваат сè поголема загриженост во аргентинската репрезентација, пишува шпански „АС“. Фудбалерот од средниот ред на Комо сè уште чувствува последици од ударот во коленото што го ...
Кошаркарите на Њујорк славеа во Тексас против Сан Антонио (105:95) и поведоа со 1-0 во финалната серија од НБА лигата. Со 12-та последователна победа во плејофот, Никсите покажаа дека се способни да ја освојат својата прва титула од 1973 година. Фактот дека Спарс имаа +13 во третата четвртина не им пречеше на гостите. Успеаја да се вратат и да го завршат натпреварот со серија од 11:0, со која ги решија сите дилеми околу конечниот победник. ...