Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го суспендира поранешниот судија од Премиер лигата, Дејвид Кут, на два месеци. Суспензијата му е изречена поради навредливи коментари за поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, објавени на социјалните мрежи. ФА во соопштението наведува дека Кут изразил „длабоко каење“, признавајќи дека неговите коментари биле „груби и несоодветни“. Кут (43) ќе мора да посетува образовен курс покрај суспензијата. Во ...

Елиф Елмас сака да го напушти Лајпциг до преодниот рок. Македонскиот репрезентативец се поврзува со неколку клубови, Торино сака да го откупи неовиот договор, а попладнево се појави информација дека тој би можел да се врати во Наполи. Елмас е играч на Лакпциг од 1.јануари 2024 година, кога со клубот од Бундеслигата потпиша договор до јуни 2028 година. Лајпциг на Наполи му плати 24 милиони евра. Минатата сезона, во првиот нејзин дел, одигра ...

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра контролен натпревар против Саудиска Арабија на 4. септември во рамки на официјалниот ФИФА термин. Дуелот ќе се одигра на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, со почеток во 17:00 часот. Ова ќе биде трет меѓусебен натпревар помеѓу двете репрезентации. Првиот се одигра на 1. август 2001 година во Ријад и заврши без победник (1:1). Вториот меч беше на 22. октомври 2022 година во Абу Даби, кога ...

Пред две години, Винисиус беше најголема ѕвезда, можеби дури и статусен симбол на Реал Мадрид. Но, многу работи се променија во нивниот однос. Односот е нарушен толку многу што се повеќе се зборува за разделба. Сè започна со изборот за Златна топка, Бразилецот не ја доби престиѓната награда и покрај тоа што го сметаа за наголем фаворит. Потоа новодојдениот Килијан Мбапе се профилираше како прва ѕвезда на тимот. Винисиус зад себе има солидна ...

Еден од играчите што е во фокусот од почетокот на преодниот рок е Еберечи Езе. Најдобриот играч на Кристал Палас долго време се поврзува со Арсенал, но и Тотенхем е во игра. Тотенхем сериозно започна со кампањата за трансферот на офанзивениот играч од средниот ред. Покрај ова, Тотенхем работи и на трансферот на Савињо од Манчестер сити. Дуоката во редот за врска се отвори со заминувањето на Сон и повредат на Медисон. Според медиумите, Езе е ...

Навивачите на Манчестер јунајтед влегоа во нова „војна“ со клупските челници. Откако неодамнешното зголемување на цените на билетите веќе предизвика протести и незадоволство, сега навивачите ги удвоија своите жалби поради уште еден удар врз нивниот џеб. Имено, клубот ја зголеми цената на пивото на „Олд Трафорд“ за 51 отсто. За време на пријателскиот натпревар помеѓу Јунајтед и Фиорентина (1:1) во саботата, навивачите беа непријатно ...

Новиот кошаркар на Бруклин Нетс, Мајкл Портер Јуниор, откри интересна работа од својот живот. Портер Јуниор е неодамнешниот ас на Денвер Нагетс и одличен шутер кој му помогна на тимот од Колорадо да го освои шампионскиот прстен во 2023 година со победата над Мајами Хит во големото финале. Сега Нагетс се впуштија во нов тим билдинг и го испратија Портер во Бруклин, а Камерон Џонсон дојде во Денвер. За време на новата епизода од неговиот ...

Грчката репрезентација влезе во последната фаза од подготовките за Европското првенство и се надева дека драмата со најдобриот играч, Јанис Адетокумбо ќе има среќен крај. НБА ѕвездата на Милвоки Бакс не отпатува за Кипар, каде што Грција играше натпревари против Србија и Израел, и ги загуби двата. На почетокот се веруваше дека причината е мала повреда, но грчкиот портал „SDNA“ открива што се случува со Адетокумбо. Станува збор за ...

Доскорешниот играч на Наполи, Џакомо Распадори, потпиша петгодишен договор со Атлетико Мадрид, објави клубот од „Метрополитано“ стадионот. Финансиските детали не беа откриени, но италијанските медиуми објавија дека Атлетико му платил на клубот од Неапол околу 26 милиони евра отштета, вклучувајќи бонуси. Распадори (25) е член на Наполи од 2022 година, а пред тоа играше за Сасуоло. Тој одигра 109 натпревари за клубот од Неапол, постигнува 18 ...

Иља Забарњи, до вчера централен дефанзивец на Борнмут, потпиша договор со Пари Сен Жермен, актуелниот победник на Лигата на шампионите. Украинецот потпиша на пет години, до 2030 година, а вредноста на трансферот е дури 66 милиони фунти. Забарњи пристигна во Борнмут од Динамо Киев. Тој одигра 78 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол. Одигра 48 натпревари за украинската репрезентација со три гола. Значи, Борнмут ја продаде речиси ...

Лукас Васкез (34) кариерата ќе ја продолжи во Еспањол. Васкез како слободен играч ќе потпише договор со клубот чии дрес го носеше во сезоната 2014/2015. Шпанскиот крилен играч остана без договор откако го напушти Реал Мадрид, а неговото враќање во Барселона треба да биде потврдено во наредните денови. Италијанскиот трансфер инсајдер Николо Скира веќе пишуваше за новиот клуб на Васкез, а приказната ја потврдија и шпанските медиуми. Васкез на ...

Новиот тим на „Кадилак Ф1“ сè уште не го потврдил составот на возачи за својата дебитантска сезона. Според најновите информации, во игра се двајца возачи со големо искуство и победничко педигре. Во 2026 година, „Џенерал моторс“ ќе влезе во Формула 1 како 11-ти тим под луксузниот бренд „Кадилак“. Дебито ќе се случи во моментот кога ќе стапат во сила новите технички правила, а проектот е заеднички потфат помеѓу „Џенерал моторс“ и „ТВГ“. Греам ...

Незадоволството на Александер Исак прерасна во „војна“ со Њукасл јунајтед. Швеѓанецот повеќе не сака да го носи дресот на клубот чии член е од 2022 година, кога „страчките“ на Реал Сосиедад му платија 70 милиони евра. Александер Исак е лут што Њукасл одбива да преговара со Ливерпул и покрај понудата од 130 милиони евра. Напаѓачот најпрвин одби да тренира, не беше на претсезонската турнеја, а сега порачал дека не сака да игра за клубот и по ...

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е сè уште еден од најдобрите голгетери, иако се приближува кон својата петта деценија. Тој игра елитен фудбал веќе деценија и пол, а откри, дека во минатото бил блиску до преселба на „Олд Трафорд“. Полјакот ги тресе мрежите во Шпанија, како што тоа го правеше во Германија. Според сопственото признание, во 2012 година бил пред трансфер во Манчестер јунајтед. – Им реков „да“ вистина е. Но, Борусија не ...

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата и покрај секојдневните информации и шпекулации околу неговата иднина. Според „Калчомеркато“, само два клуба биле сериозно заинтересирани за напаѓачот, Фенербахче и Милан. Преговорите со турскиот тим одамна се замрени, додека „росонерите“ практично се повлекоа откако се „шпекулираше“ дека Макс Алегри се свртел кон Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед. Доколку ...

Челзи го сака Алехандро Гарнача, а Аргентинецот сака да се пресели на „Стемфорд Бриџ“, но бафре засега преговорите со Манчестер јунајтед се тешки. Челзи за Гарначо понудиле четворица фудбалери: Кристофер Енкунку, Николас Џексон, Аксел Дисаси и Ренато Веига, поточно еден од нив во замена за Аргентинецит. Наводно, на Јунајтед не му треба ниту еден од овие играчи, бидејќи им се потребни пари за да го засилат редот за врска и потенцијално ...

Ињиго Мартинез ја напушти Барселона и се пресели во Ал Наср. Целата работа околу трансферот беше завршена за 48 часа. Мартинез, пред две години, како слободен играч дојде во Барселона од Атлетик Билбао. Во првата сезона поради повредите не успеа да се наметне, во во втората блескаше и беше незаменлив во одбрамата. Медиумите во Шпанија открија како фудбалерот експресно успеа да го реализира трансферот и да замине без обесштетување во Ал ...

Натпреварот од 17-то коло од шпанската Ла Лига помеѓу Виљареал и Барселона треба да се игра на 20 декември во Мајами, беше објавено на официјалната веб-страница на натпреварувањето. „Одборот на директори на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) денес го одобри барањето на Виљареал и Барселона натпреварот од 17-то коло од Ла Лига да се игра во Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението. Формален домаќин на овој дуел ќе биде ...

Францускиот тенисер Артур Риндеркнехт беше принуден да го предаде мечот од третото коло во Синсинати. Моментално 70-ти на АТП листата, поради жештината и тешките услови, тој го предаде мечот при резултат 6:7, 2:4 против Феликс Оже-Алијасим. Тенисерите во тој момент беа на теренот два часа. Во еден момент, Французинот падна на теренот, се покри со крпа и тешко дишеше. Судијата реагираше, пристигна докторот, по што беше одлучено да се повлече ...

Кристијано Роналдо наскоро ќе застане пред олтарот, објавуваат сите влијателни медиуми во Шпанија и Португалија. По толку години „бегање“ од брак, суперѕвездата конечно ќе се ожени со својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез. Токму таа се пофали со големиот прстен што го добила од него на социјалните мрежи и така информацијата стигна до јавноста. Џорџина, која е по потекло од Аргентина, го запознала Роналдо додека работела во бутикот ...

Иднината на Џанлуиџи Донарума во Пари Сен Жермен е под голем знак прашалник. Италијанскиот голман не е вклучен во составот на „Светците“ за натпреварот во среда против Тотенхем во Европскиот Суперкуп. Донарума имаше една од клучните улоги во освојувањето на Лигата на шампионите, но Луис Енрике и клупските челници решија да го отстранат откако тој одби да го продолжи договорот. Договорот на Донарума со ПСЖ истекува наредното лето. За 40 ...

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина влегува во завршницата на подготовките за Евробаскетот во лоша форма, со серија убедливи порази и сериозни проблеми во играта, а селекторот Адис Беќирагиќ отворено предупредува дека без агресивна одбрана нема да можат да го избегнат фијаското. За време на подготовките БиХ забележа неколку тешки порази, а против Србија и Црна Гора прими вкупно 228 поени – 126:89 зад затворени врати против Србија и ...

Судот за спортска арбитража (CAS) ја отфрли жалбата на фудбалскиот клуб Кристал Палас против одлуката на Европската фудбалска унија (УЕФА) да го префрли од Лига Европа во Конференциската лига поради прекршувања на сопственичките правила. Со оваа одлука на CAS, потврдени се местата на Нотингем Форест и Олимпик Лион во групната фаза од Лига Европа оваа сезона. Со освојувањето на титулата во ФА Купот, Кристал Палас се квалификуваше директно за ...

Фудбалерките Миа Зуазуа (26) и Нативидад Мартинез (24) ја одбележаа средбата помеѓу Хуарез и Ксолос во петтото коло од Мексиканската женска лига, во која Хуарез победи со 2:0. Зуазуа и Мартинез се степаа во 22-та минута на средината на теренот по еден дуел. Тие се туркаа, влечеа и удираа додека нивните колешки се обидуваа да ги разделат. Двете добија директен црвен картон и беа исклучени од играта. Terrible lo que acaba de pasar entre Miah ...

Манчестер сити работи напорно пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата. Пеп Гвардиола е на патот да донесе скапо заилување. Пеп Гвардиола веќе му кажа на Џек Грилиш дека повеќе не смета на него, а сега Савињо е слободен да бара нов клуб, по само една сезона помината во синиот дрес. Замената е подготвена и воопшто не е евтина. Станува збор за крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго. „Кралскиот клуб“ е подготвен да преговара, но ...

Тотенхем експресно најде замена за Сон. Клупската легенда по 10 години го напушти клубот и се пресели во Лос Анџелес. Замената за Сон треба да биде крилниот напаѓач на Манчестер сити, Савињо. Бразилецот дојде во Сити минатата сезона. Во 48 натпревари постигна само еден гол, но запиша 13 асистенции. Тотенхем ја испрати првата понуда. Таа изнесува 50 милиони евра, двојно повеќе од сумата што „граѓаните“ му ја платија на Троа минатото лето. ...

Евертон напредува во преговорите за потписот на Џек Грилиш. „Карамелите“ имаат намера да го позајмат оваа сезона од Манчестер сити. 29-годишниот англиски репрезентативец, кој беше отстранет од првиот тим на Сити и не беше во составот за последниот натпревар од Премиер лигата против Фулам, како и за Светското клупско првенство во САД. Извори потврдија за Би-би-си, дека договорот за Грилиш, кој наводно заработува 354.000 евра неделно во Сити, ...

Само неколку часа откако беше еден од хероите во победата на Кристал Палас против Ливерпул во англискиот Суперкуп, голманот Дин Хендерсон повторно ги воодушеви навивачите. По натпреварот, Хендерсон влегол во локален паб каде што се собираат навивачите на Кристал Палас и ги почестил сите присутни. Тој влегол во пабот со победничкиот медал околу вратот и, според англиските медиуми, оставил 1.000 фунти кај келнерите за да ги плати пијалоците ...

Фудбалерот на Бетис, Иско, ја скрши фибулата на левата нога, објави шпанскиот клуб. Иско се повредил на пријателски натпревар против Малага, а Бетис изјави дека шпанскиот играч од средниот ред „ќе биде подложен на конзервативен третман во наредните недели“ и дека „неговото враќање ќе зависи од напредокот на повредата“. Сепак, шпанските медиуми објавија дека Иско ќе отсуствува околу три месеци. „Ова е нова трауматска повреда која не е ...

Кошаркарскот репрезентативец на Полска, Џереми Сочан ќе го пропушти овогодинешното Европско првенство поради повреда на листот. Иако не се смета за сериозна, повредата бара одмор и рехабилитација, што го исклучува Сочан од учеството за полската репрезентација на помалку од три недели до турнирот, објави официјалната веб-страница на Европското првенство. „Многу ни е жал што летото на Џереми со репрезентацијата завршува толку брзо. Тој е ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
70%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
84%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.31
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
94%
996
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
79%
1001
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
91%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.47

Иридиум

221848.72

Бакар

11.66

Платина

83354.78

Цинк

3.33

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Злато

157055.75

Паладиум

53434.54

Сребро

2457.28

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04