Ливерпул подготвува нова „мега понуда“ за Александар Исак, откако првите две во износ од 120 и 140 милиони евра, беа одбиени од Њукасл, пишува специјализираниот фудбалски портал „Гол“. Според овој извор Ливерпул се подготвени да ги испрата финансиските барања на Њукалс, односно да понудат сума од 150 милиони евра за шведскиот напаѓач. Наводно, понудата ќе биде доставена наредниот понеделник, по натпреварот што ќе го одиграат овие два тима ...

Новиот француски фудбалски прволигаш Париз го ангажираше искусниот германски голман, 35-годишниот Кевин Трап, поранешен член на Ајнтрахт Франкфурт, со кого потпиша тригодишен договор. Париз за Траш плати 1.000.000 евра. Познато е дека мнозинските сопственици на Париз, семејството Арно, имаат речиси неограничени финансиски можности и ќе инвестираат уште повеќе во иднина, но овој пат употребија мал трик во преговорите за Кевин Трап. Имено, ...

Голманот на Флуминензе, Фабио, го сруши рекордот на Англичанецот Питер Шилтон според бројот на одиграни натпревари во професионалниот фудбал Фабио (44), синоќа го одигра 1.391 натпревар во кариерата. Тој бранеше за Флуминензе против колумбискиот клуб Америка де Кали (2:0) во реваншот од осминафиналето на Копа Судамерикана. Бразилскиот голман го сруши рекордот на Шилтон, кој, според Гинисовата книга на рекорди, бранел во 1.390 натпревари. ...

Репрезентативецот на Јамајка, Лион Бејли ќе ја помине следната сезона во Рома како позајмен играч од Астон Вила. Клубот од Рим соопшти дека има право да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната. Бејли играше за Генк и Баер Леверкузен пред да и се приклучи на Астон Вила во 2021 година. Минатата сезона, 28-годишникот одигра 38 натпревари и постигна два гола за Вила. Бејли, кој одигра 39 натпревари за јамајканската репрезентација ...

Галатасарај сериозно работи во преодниот рок. Откако клубот успеа да го откупи договорт на Виктор Осимен, се насочи кон зајкнување на останатите линии. Турскиот првак им „фрли око“ на двајца играчи на Манчестер сити. Галатасарај до крајот на преодниот рок сака да ги ангажира голманот Едерсон и дефанзивецот Мануел Аканџи. Голманот Едерсон постигнал договор со Галтасарај, чека клубовите да се договорат околу обесштетувањето за да може да го ...

Аталанта, влегува во нова ера со хрватскиот тренер Иван Јуриќ, кој го наследи на клупата Џанпјеро Гасперини. Искусниот тренер по 10 години замина од Бергамо, се пресели во Рома. Аталанта во досегашниот тек од преодниот рок приходуваше 104 милиони евра од продажба на играчи. Клубот може да си дозволи нови играчи, го потпиша напаѓачот на лече, Никола Крстовиќ за 25 милиони евра, а по Црногорецот во клубот пристигна полскиот играч од средниот ...

Најголемото засилување на Парма во актуелниот преоден рок, Матија Фриган доживеа тешка повреда поради што ќе отсуствува помеѓу четири и шест месеци. Хрватот, Матија Фриган (22) пред четири дена о официјализира трансферот во Парма од Вестерло вреден 10 милиони евра. Фриган заработи повреда на коленото за време на тренингот, а прегледите го потврдија најлошото можно сценарио. Ги скинал лигаментите на левото колено, што значи дека ќе паузира ...

Фудбалерот од Мали, Доргелеш Нене, премина од Салцбург во Фенербахче, објави денес турскиот клуб. Офанзивниот играч од средниот ред Нене (22) ја започна својата професионална кариера во Салцбург во 2021 година, но играше како позајмен играч во Лиферинг, Рид и Вестерло. Во сите натпреварувања, тој постигна 22 гола во 87 натпревари за Салцбург. „Добредојде во нашето семејство, Нене. Нашиот клуб постигна договор со австрискиот клуб Салцбург за ...

Сагата околу трансферот на црногорскиот репрезентативец, Никола Крстовиќ, заврши, а епилогот е неочекуван врз основа на сè што се случуваше во текот на летото. Имено, Крстовиќ го парафираше договорот со Аталанта. Договорот беше потпишан до 2030 година. Крстовиќ ќе добива 1,7 милиони евра по сезона, а Лече ќе инкасира 25 милиони, плус дополнителни бонуси. За потсетување, Крстовиќ, кој во текот на својата кариера ги бранеше боите на Зета, ...

Кога селекторот Адис Беќирагиќ го објави проширениот список на репрезентацијата на Босна и Херцеговина за претстојното Европско првенство, на него беа двајца странци, Хавиер Кастанеда и Лука Гарза. Босанците се надеваа дека Гарза, играч на Минесота, ќе добие дозвола за настап, но ФИБА уште еднаш потврди дека само еден странски играч може да игра за репрезентацијата. ФИБА не дозволи Босна и Херцеговина да го регистрира Лука Гарза како ...

Шведскиот фудбалер Александер Исак вчера за прв пат јавно проговори за својата желба да го напушти Њукасл. Исак меѓу другото напиша дека клубот го прекршил ветувањето, па доби остар одговор. „Кога ветувањата се прекршуваат и довербата се губи, односот не може да продолжи. Цврсто верувам дека промената е во најдобар интерес на сите, не само на мене. Така стојат работите во моментов, според мене“, напиша Исак на социјалните мрежи, откако од ...

Клуб Бриж направи џиновски чекор кон главната фаза од Лигата на шампионите. Белгискиот тим славеше синоќа со 3:1 на гостувањето кај Глазгов Ренџерс, во првиот плејоф натпревар. Стрелци за гостите беа Ромео Вермант во 3-та, Јорне Шпилеерс во 7-та и Брендон Мехеле во 20-та минута, додека единствениот гол за домаќините го постигна Данило во 50-та минута. Првиот гол на Бриж беше постигнат по неверојатната грешка на Насер Џига. Дефанзивецот на ...

Реал Мадрид и Осасуна го комплетираа првото коло во Примера. „Кралскиот клуб“ забележа минимална победа, Реал ја победи Осасуна со 1:0 пред своите навивачи, благодарение на Килијан Мбапе. Французинот изнуди пенал на почетокот на второто полувреме, а потоа постигна гол од пенал за триумф на Реал Мадрид. Тоа беше неговиот осми гол од пенал во дресот на Реал. Реал е клубот со најмногу досудени пенали во Ла Лига во последните девет сезони, во ...

Барселона се соочува со проблеми поврзани со финансискиот фер-плеј (FFP) и ова лето, поради што сè уште е веројатно дека еден играч од првиот тим ќе го напушти клубот. Нема повеќе простор за регистрација на нови играчи, па затоа е јасно дека би требало да се направи барем еден трансфер, за да може во клубот да пристигне нов играч. Еден од кандидатите за продажба е играчот од средниот ред Марк Касадо (21). За него постои интерес од бројни ...

Вечерва, Александер Исак беше вклучен во најдобриот тим од минатата сезона на Премиер лигата, во изборот на фудбалерите. Шведскиот напаѓач во последните денови е во центарот на трансфер сагата, во која се обидува да го напушти Њукасл и да се пресели во Ливерпул. Исак долго време молчеше и избегнуваше медиумски настапи, но вечерва објави „стори“ на Инстаграм во која истакна дека Њукасл не ги исполнил ветувањата и дека би било во најдобар ...

Американскиот плејмејкер Џон Вол реши да стави крај на кариерата.Пензионирањето го објави на социјалните мрежи. По 11 сезони во НБА, 34-годишниот плејмејкер рече: „Пензиониран, но не сум готов“. Вол беше прв пик на драфтот во 2010 година, кога по една сезона во Кентаки под водство на Џон Калипари, заедно со Демаркус Казинс, Ерик Бледс и Патрик Патерсон, пристигна во најсилната лига во светот. Тој играше за Вашингтон Визардс од 2010 до 2020 ...

Репрезентативецот на Франција, Адриен Рабио е ставен на трансфер листата. Клубот се реши на ваков потег поради поради скандалозното однесување по поразот од Рен (0:1) во петокот, објави клубот. Покрај Рабио на трансфер листата е ставен и младиот англиски напаѓач Џонатан Роу. Олимпик Марсеј во петокот загуби во Рен, со гол во последните минути и покрај тоа што речиси еден час играше со фудбалер повече. Рабио и Роу, според француските медиуми ...

Францускиот фудбалер Едуардо Камавинга би можел да го смени клубот и да се пресели од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед. Тренерот на тимот од „Олд Трафорд“ Рубен Аморим сака засилувања во средниот ред, првата идеја беше да се доведе Карлос Балеба од Брајтон, но Јунајтед нема намера да плати 120 милиони евра. Како што објави „Фихајес“, Јунајтед се насочи кон Едуардо Камавинга и се очекува дека Реал би можел да го пушти за 80 милиони евра. ...

Талентираниот Аргентинец, стрелец на еден гол за Манчестер сити на клупскиот Мундијал, ќе го напушти клубот. Поради силната конкуренција, Ечевери сезоната 2025/2026 ќе ја мине на позајмица. Баер Леверкузен ќе биде новиот дом на 19-годишниот напаѓач Клаудио Ечевери. Флоријан Плетенберг пишува дека Леверкузен го во последен момент им го „украл“ Аргентинецот на ривалите од Бундеслигата, Борусија Дортмунд. Ечевери пристигна во Сити минатата ...

Фудбалерот на Риека, Јован Манев, ќе игра во Нови Пазар до крајот на сезоната како позајмен играч, соопштенја од редовите на третопласираниот клуб од српската Супер лига во сезоната 2024/25. По истекот на позајмицата, тимот на Нови Пазар ќе има право да го купи дефанзивецот, чиј договор со актуелниот хрватски шампион трае до летото 2027 година. Во текот на својата кариера, Манев (24) играше и за Адана Демирспор, Осиек, Брегалница и Осогово, ...

Лионел Меси има 38 години и ја „верификуваше“ својата трофејна кариера со освојувањето на Светското првенство со Аргентина, во Катар во 2022 година. Се подразбира дека тој ќе игра и на Светското првенство во Северна Америка наредната година, а аргентинските медиуми веќе зборуваат за последниот натпревар на веројатно најдобриот фудбалер во историјата пред домашната публика. „ДСпорт“, најавува дека тоа ќе се случи на 4 септември, кога е ...

Организацијата „Правда за играчите“ ја тужи ФИФА, тврдејќи дека правилата за трансфери ги кршат работничките права на играчите и нивната слобода на движење. Во Холандија е поднесена тужба која би можела да ги промени правилата на играта. Организацијата „Правда за играчите“ ја тужи ФИФА, тврдејќи дека правилата за трансфер ги кршат работничките права на играчите и слободата на движење. Ова е борба што ги надминува границите на спортот, за ...

Поранешниот играч на Верона, Џексон Чачуа, е нов играч на Вулверхемптон Вондерерс, објави денес англискиот клуб. Чачуа (23) потпиша петгодишен договор со Вулверхемптон, со можност за продолжување за уште една година, а англискиот клуб не ја прецизираше вредноста на трансферот. Сепак, добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека станува збор за сума од 12,5 милиони евра. Камерунскиот десен бек пристигна во Верона во август 2023 ...

Запреа преговорите во Мадрид околу новиот договор на Винисиус Жунир. Според „ЕСПН Бразил“, преговорите меѓу Реал Мадрид и Винисиус Жуниор се во ќорсокак. Менаџерите на фудбалерот, како што тврди овој извор, веруваат дека финансиските услови што ги нуди клубот не ги исполнуваат очекувањата. Тековниот договор на Винисиус важи до јуни 2027 година, а неговата годишна плата со бонуси е околу 17 милиони евра. Менаџерите на бразилскиот крилен ...

Големата награда на Малезија на патеката во Сепанг се возеше од 1999 до 2017 година и беше една од омилените на многу фанови во караванот. Сега веќе долго време е отсутна од календарот, но постои иницијатива да се врати. Директорот на патеката, Азан Шафриман Ханиф, рече дека нема да биде лесно, Формула 1 да се врати во Малезија. „Не сакаме да ги повториме грешките од минатото. Дозволивме Формула 1 да си оди и сега е многу тешко да се ...

Повредата на Ромелу Лукаку може да го реши статусот на Душан Влаховиќ во Јувентус. Белгискиот напаѓач, според прогнозите од Неапол нема да игра до крајот на годината. Влаховиќ сега се појави како опција во нападот за актуелниот италијански шампион. Трансфер пазарот во Италија влегува во својата последна фаза, се очекува дека неколку трансфери за кои се зборува во изминатиот период ќе добијат епилог. Интер дефинитивно се откажа од Адемоле ...

Арсенал го одбил предлогот на Реал за размена на фудбалери. Предлогот од Мадрид упатен до колегите во северен лондон бил Бразилскиот напаѓач Родриго (24) да се пресели во Арсенал, а во спротивна насока би заминал дефанзивецот Вилијам Салиба (24). Според информациите од шпанските медиуми, Арсенал ја отфрлил идејата на „кралскиот клуб“. Да ве потсетиме дека Реал веќе подолго време се обидува да го доведе Салиба, додека во исто време бара 100 ...

Прашање на денот е кога најдобриот играч на Кристал Палас, Еберечи Езе ќе се пресели во Тотенхем. Клубот од северен Лондон бара замена за Џејмс Медисон, кој ги повреди лигаментите пред две недели и според прогнозите веројатно нема да игра оваа сезона. Според медиумите на островот, англискиот репрезентативец постигнал договор со Тотенхем, сега чека истото да го направат клубовите. Работата е во завршна фаза, а вредноста на трансферот ќе биде ...

Карло Анчелоти, селекторот на Бразил, одлучи да се откаже од еден од своите најдобри фудбалери за септемврискиот циклус квалификации за пласман на СП. Винисиус Жуниор нема да биде во составот за натпреварите против Чиле и Боливија како дел од квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во 2026 година. Еден од најдобрите фудбалери на Бразил е суспендиран за натпреварот против ...

Организаторите на трката во Формула 1 во Австралија објавија дека почнувајќи од следната сезона, една од трибините на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн ќе го носи името на возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој моментално е водечки во генералниот пласман во Формула 1. Трибината Пјастри ќе биде сместена на главниот правец, вклучувајќи ги и најексклузивните места, а воедно и најблиску до стартната линија. Патеката во Мелбурн веќе има неколку ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
62%
995
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
994
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
998
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.57
97%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
91%
994
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
63%
1002
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
76%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
996
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
89%
1000
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
995
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
67%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.66

Паладиум

53434.54

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Злато

157055.75

Сребро

2457.28

Рутениум

45750.51

Калај

48.47

Алуминиум

3.07

Цинк

3.33