Матеј Мандиќ (23) го напушти РК Загреб и стана голман на европскиот шампион Магдебург, објави хрватскиот ракометен клуб. Трансферот е експресно реализиран откако германскиот гигант дозна дека нема да може да смета на голманот Никола Портнер, кој беше казнет за допинг, до 10 декември. Мораа да најдат голман кој ќе го замени Портнер и да формираат тандем со Сергеј Ернандез, шпанскиот репрезентативец кој го напушта клубот наредното лето. Се ...

Сопственикот на Наполи и филмски продуцент Аурелио Де Лаурентис (76) откри дека минатото летото, за време на Европското првенство во Германија, ПСЖ му понудил повеќе од 200 милиони евра за напаѓачите Хвича Кваратцхелија и Виктор Осимен, објавија италијанските медиуми. Кваратцхелија беше најдобриот играч на грузискиот Динамо од Батуми и пристигна во Наполи во јули 2022 година во трансфер вреден 13 милиони евра. Нигерискиот централен напаѓач ...

Интер, успеа да реализира еден од двата планирани трансфери пред крајот на преодниот рок. Трансферот на играчот од средниот ред на Ленс, Енди Диуф (22), е договорен, објавија италијанските медиуми. Диуф, кој играше за француската репрезентација до 21 година, треба да потпише петгодишен договор со „нероаѕурите“, а на Ленс ќе му бидат исплатени 20 милиони евра отштета и уште пет милиони потенцијални бонуси. Диуф ја помина фудбалската ...

Откако Лидс потпишаа договор со играчот на Милан, Ноа Окафор, за 18 милиони фунти, вкупната потрошувачка на клубовите од англиската Премиер лига ова лето достигна рекордни 2,37 милијарди фунти, објави Би-би-си. Вкупната потрошувачка на клубовите од Премиер лигата го надмина рекордот од 2,36 милијарди фунти поставен во летото 2023 година. Шест клуба ги срушија сопствените рекорди, вклучувајќи ги: Брентфорд, кој плати до 42,5 милиони фунти за ...

Правилното изговарање на имињата на фудбалерите често е проблем за коментаторите на натпреварите, но и за сите фанови на оваа игра. Со оглед на тоа дека во секој јазик постојат правила, но и исклучоци при изговарање на букви, слогови и зборови, најточниот изговор на имињата можат да го дадат самите фудбалери. Полека станува пракса клубовите да поставуваат видеа во кои самите играчи ги изговараат своите имиња за пошироката јавност да знае ...

Поранешниот српски репрезентативец, Немања Матиќ кариерата ќе ја продолжи во редовите на Сасуоло. Според добро информираниот инсајдер, новинарот Фабрицио Романо, српскиот играч за врска потпишал едногодишен договор со Сасуоло, со опција за продолжување на соработката до јуни 2027 година. Матиќ има 37 години, а во текот на кариерата играл за Колубара, Кошице, Челзи, Витезе, Бенфика, Манчестер Јунајтед, Рома, Рен и Олимпик Лион. Неодамна, ...

Мексиканската фудбалерка Лизбет Оваље се пресели од Тигрес УАНЛ во американскиот Орландо Прајд за еден и пол милион американски долари, што е нов светски рекорд во женскиот фудбал. Лизбет Оваље го сруши претходниот рекорд, поставен од 20-годишната Канаѓанка Оливија Смит кога се пресели од Ливерпул во Арсенал во јули за точно еден милион фунти, што е 1,3 милиони долари, пишува „Би-би-си“. Оваље потпиша двегодишен договор со Орландо Прајд. ...

Бразилецот Даглас Луиз ќе игра во црвениот дрес на Нотингем Форест во новата сезона. Луиз пристигна од Јувентус на едногодишна позајмица со опција за откуп следното лето. Овој 27-годишен Бразилец се враќа во англискиот фудбал по една година играње во Серија А. Во својот нов клуб, тој ќе го носи бројот 12. На „Сити граунд“ ќе им се приклучи на четворицата сонародници (Муриљо, Игор Жезус, Морато и Жаир Куња). Даглас Луиз ја започна својата ...

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, имаше чест да го фрли првиот „пич“ непосредно пред големото бејзбол дерби помеѓу Њујорк Јенкис и Бостон Ред Сокс. Ривалството помеѓу Јенкис и Ред Сокс е едно од најголемите во сите американски спортови, и јасно е зошто Ѓоковиќ одлучи да биде на стадионот Јенки во своето слободно време. Новак имаше чест да го фрли првиот „пич“, нешто со што не можат да се пофалат многу луѓе. Новак ги сподели ...

Шкендија стекна предност од еден гол пред реваншот со Лудогорец, во плеј-офот за пласман во Лига Европа. Македонскиот шампион со пресврт го победи бугарскиот тим со 2:1. Натпреварот го обележа брилијантниот гол на Љатифи во 35.минута. Фудбалерот на Шкендија погоди од слободен удар од 25 метри, со што ја поништи предноста на Лудогорец од 17.минута, кога погоди Дуарте. Во второто полувреме голот за победа го постигна капитенот Ибраими на ...

Поранешниот американски кошаркар Дерик Роуз (36) ќе добие едно од најголемите награди за играч од НБА во јануари следната година. На 24 јануари 2026 година, по натпреварот со Бостон Селтикс, Чикаго Булс ќе го кренат дресот на Роуз со број 1 под сводовите на нивниот „Јунајтед Центар“ и со тоа ќе му оддадат признаниет на еден од нивните најдобри играчи во историјата. Булс го избраа Дерик Роуз како прв пик на драфтот во 2008 година, а тој ...

Францускиот дефанзивец Жил Кунде (26) го продолжи договорот со Барселона до 30 јуни 2030 година, објави каталонскиот клуб. Финансиските детали не се откриени, а во соопштението за медиумите се наведува дека покрај Кунде, на церемонијата за продолжување на договорот присуствувале и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Јусте, спортскиот директор Деко, координаторот Бојан Кркиќ… Кунде беше еден од најважните ...

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија ќе остане во Валенсија но ќе го смени клубот. Столе ќе го облече дресот на Леванте, клуб сезонава се врати во Примера. Столе Димитриевски минатото лето пристигна во Валенсија како слободен играч, требаше да биде прв голман, бидејќи Георги Мамардашвили оствари трансфер во Ливерпул. Сепак клубовите договорија грузискиот голман да остане на позајмица една сезона, поради што Димитриевски ...

Вице-првакот на Италија е Европа, Интер има намера да засили две позиции до крајот на преодниот рок. На „Џузепе Меаца“ преба да пристигнат играч од средниот ред и стопер, а клубот за оваа намена има буџет од 80 милиони евра, објавија италијанските медиуми. Кога станува збор за средниот ред, „нераѕурите“ имаа намера да го доведат францускиот фудбалер Ману Коне (24), но Рома не сакаше да отстапи од износот на отштета. Рома инсистираше на сума ...

Дисциплинската и етичка комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека го казнила Малме со вкупно 110.000 евра поради инцидентите што ги предизвикале навивачите на шведскиот клуб за време на натпреварите против Копенхаген во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите (ЛШ). На 5 август, фудбалерите на Малме и Копенхаген одиграа без голови во Шведска во првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на ...

Фудбалерот Ноа Окафор потпиша четиригодишен договор со Лидс. Швајцарецот (25) доаѓа од италијанскиот Милан и може да игра на двете крилни позиции, но и како централен напаѓач доколку е потребно. Лидс му плати на Милан 20,5 милиони евра, а Окафор доби договор вреден 2,4 милиони евра по сезона до 2030 година. Окафор постигна само еден гол со две асистенции на 21 натпревар во сите натпреварувања минатата сезона. Окафор ја започна својата ...

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс, Амир Кофи, е нов играч на Милвоки, објави франшизата од Висконсин. Овој 28-годишен крилен кошаркар ја помина целата своја НБА кариера со Клиперс. Своите најдобри натпревари ги имаше минатата сезона, кога играше во просек 24,3 минути, постигнувајќи 9,7 поени по натпревар. Кофи, одигра вкупно 72 натпревари за Клиперс минатата сезона, забележувајќи 2,2 скока и 1,1 асистенција, додека шутираше со ...

Мароканскиот фудбалски репрезентативец Амин Адли (25) го напушти Баер Леверкузен и потпиша петгодишен договор со Борнмут, објави клубот од Премиер лигата. Адли, роден во Безје и израснат во Тулуз, игра како крилен напаѓач. Во Бундеслигата играше од 2021 година, а претходно беше дел од Тулуз во Лига 1 и Лига 2. Во текот на три години во Баер, тој одигра 143 натпревари со 23 гола и 25 асистенции, и беше дел од тимот на тренерот Чаби Алонсо ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Според шепкулациите најголем интерес за Елмас покажува неговиот поранешен клуб Наполи. Елмас во сезоната 2022/2023 беше дел од тимот кој по три децении ја врати титулата во Серија А, во градот под Везув. Таа сезона тој беше трет најобра стрелец во екипата. Наполи отвори преговори со Лајпциг, но не за перманентен трансфер туку за позајмица, со право на ...

Неколку невладини организации апелираа до фудбалската репрезентација на Аргентина и до Лионел Меси да се откажат од пријателскиот натпревар во Ангола откако 30 лица загинаа во протестите во Луанда минатиот месец. Пртестите се одржаа против зголемувањето на цените на горивата. Анголската фудбалска асоцијација неодамна објави дека Аргентина треба да биде гостува во Луанда во ноември во чест на 50-годишнината од независноста на таа ...

Асоцијација на италијанските фудбалски тренери (AИIAЦ) повика на суспензија на Израел од сите меѓународни фудбалски натпреварувања поради војната во Газа. AИAЦ испрати писмо до Италијанската фудбалска федерација барајќи апелот го да проследат до ФИФА и УЕФА. Ова не е само симболична акција, туку неопходен избор, одговор на морален императив што го дели целиот раководен тим на AИАЦ, се вели во неа. „Вредностите на човештвото, кои се основа ...

Кошаркарска репрезентација на Латвија ќе биде ослабена на претстојното Европско првенство. Балтичката селекција нема да може да смета на еден од најстандарните играчи во тимот на Лука Банки, Родионс Куруц. Дека Куруц нема да игра на првенствотобеше јасно кога не беше во составот за „Акрополис Купот“ против Грција. „За жал, Родионс Куруц нема да ги продолжи подготовките за Европското првенство, бидејќи службените лица на неговиот тим закажаа ...

Фудбалскиот клуб Ажаксио поднесе барање за стечај до градскиот трговски суд, објави „Парисиен“. Резултатот од оваа постапка ќе биде отпуштање на 180 вработени и затворање на тренинг центарот на клубот. На 13 август, Француската фудбалска федерација (ФФФ објави дека Ажаксио ќе биде исклучен од Лига 2 за новата сезона 2025/26 поради финансиски проблеми. Минатата сезона, популарните „Мечки“ од Корзика го зазедоа 12-то место на табелата во Лига ...

Еберечи Езе реши да ја продолжи кариерата во Арсенал по ненадејниот пресврт во финишот на преодниот рок. До вчера, Арсенал и Тотенхем се бореа за неговиот потпис, а англиските медиуми објавија дека договорот со Арсенал е завршен за еден ден. Станува збор за 26-годишен офанзивен играч од средниот ред кој има договор со Кристал Палас до летото 2027 година. Во текот на изминатата недела, се чинее дека прашање на денот е кога Тотенхем ќе го ...

Италијанскиот пар Сара Ерани и Андреа Вавасори го освоија премиерното издание на новиот формат на турнир во мешани двојки на Отвореното првенство на САД. Во финалето, тие ги победија Каспер Руд и Иго Швјонтек со резултат од 6:3, 5:7, 10:6. На овој начин, тие ја освоија третата титула на последните пет Гренд слем турнири, а воедно ја одбранија онаа што ја освоија минатата година во Њујорк. Како победници, Ерани и Вавасори заработија милион ...

Невидено насилство го одбележа натпреварот во Буенос Аирес помеѓу Индепендиенте и Универсидад де Чиле. Станува збор за реваншот од осминафиналето на Копа Судамерикана, кој не беше завршен поради дивеењето на навивачите на трибините. Прекинот се случи во текот на второто полувреме кога ситуацијата ескалираше. Сè започна во текот на првото полувреме кога гостинските навивачи, кои беа сместени во горниот дел од трибината над домашната екипа, ...

Италијанскиот гигант Милан до крајот на преодниот рок ќе донесе уште еден напаѓач, бидејќи во овој момент во тимот има само една класична „деветка“, Сантијаго Хименез. Изминатите недели со Милан се поврзиваа Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед и Душан Влаховиќ од Јувентус. Но како што сега стојат работите, ниту еден од нив нема да пристигне на „Сан Сиро“. Италијанските медиуми вечерва објавија дека Милан испратиле официјална понуда до Баер ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа го заврши претквалификацискиот циклус за Светското првенство. Вечерва цо СРЦ Кале во Скопје, Македнија ја победи Унгарија со 82:75. Првата победа, забележана во последното коло, не беше доволна Македонија да влезе во мундијалските квалификации, таму ќе играат Романија и Унгарија. Македонија одигра добар меч против Унгарците. Со исклучок на воведните минути, Македонија го контролираше ...

Играчот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луиз (27), треба да го финализира својот трансфер во Нотингем Форест во следните неколку дена, објавија италијанските медиуми. Бразилецот пристигна во „Старата дама“ пред една година од Астон Вила во трансфер вреден 51 милион евра. Тој помина пет сезони во Вила и постигна 22 гола и додаде 24 асистенции. Јуве очекуваше многу од Бразилецот, но тој на крајот се покажа како големо разочарување и еден ...

Познатиот фински возач Валтери Ботас ќе биде дел од Кадилак во Формула 1 следната сезона. Тимот на Кадилак официјално се приклучува на караванот на Формула 1 во 2026 година, а нивниот прв возач ќе биде Валтери Ботас. Како што објавија „Formula.hu“ и „Racingnews365“, финскиот возач и поранешен член на Заубер, Алфа Ромео, Мерцедес и Вилијамс ќе биде официјално претставен како нов возач на Кадилак следната недела. Ботас е поврзан со Кадилак ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
62%
995
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
994
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
998
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.57
97%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
91%
994
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
63%
1002
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
76%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
996
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
89%
1000
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
995
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
67%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2457.28

Бакар

11.66

Цинк

3.33

Злато

157055.75

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Алуминиум

3.07

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07