Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ постигна гол против Парма, што дополнително ја менува ситуацијата кога е во прашање неговиот статус во Јувентус. „Старата дама“ се обидува да го продаде, поради неговата висока плата и фактот дека неговиот договор истекува следната година, но засега нема никаков договор. Влаховиќ неодамна беше исвиркан од навивачите, меѓутоа, откако постигна гол против Парма (2:0), доби аплауз. Му требаа само четири минути за ...

Фулам и Манчестер јунајтед одиграа 1:1, во последниот денешен напревар, одигран во рамките на второто коло во Премиер лигата. Манчестер јунајтед продолжи онаму каде што застана минатата сезона. Ниту скапите засилувања не ја подбрија играта на „црвените ѓаволи“. Кај Фулам, Јунајтед имаше подобри панси но не успеа да му зададе удар на противникот. Матеуш Куња во првиот дел ја погоди стативата, а во 38.минута капитенот Бруно Фернандеш не ...

Младиот англиски крилен играч Џонатан Роу се пресели од Олимпик Марсеј во Болоња. Роу претходно беше ставен на трансфер листата во францускиот тим откако се степа во соблекувалната цо соиграчот Адриен Рабио, по поразот во Рен. И двајцата беа суспендирани поради недисциплина, а Роу веќе си најде нов клуб. Овој поранешен играч на Норич одигра десет натпревари за младата репрезентација на Англија и постигна три гола. Во Болоња ќе има биде ...

Фудбалерите на Евертон имаа совршено деби на својот нов стадион. По неубедливиот настап и поразот против Лидс во првото коло, играчите на Евертон значително го подобрија впечатокот со победата над Брајтон (2:0).. Од самиот почеток на натпреварот, Дејвид Мојс на теренот го испрати најзвучното засилување во летниот преоден рок, Џек Грилиш. Поранешниот играч на Манчестер сити, забележа две аситенции. Во 23-та минута, брилијантно проигра покрај ...

Инцидент го прекина првенствениот фудбалски натпревар на првото коло од Републичката пионерска лига меѓу штипска Брегалница и скопско Шкупи, кога на фудбалското игралиште „Бело Брдо“ во Штип возрасна публика од Скопје влезе на теренот, а еден од напаѓачите со клоци удирал по двајца млади фудбалери од домашната екипа. Како што пренесува СДК.мк, инцидентот се случи во последната минута од напреварот за деца родени 2010 година, по еден прекршок ...

Рома започна преговори со Ливерпул за траснферот на Костантинос Цимикас. Рома сака да издејствува позајмица со задолжителен откуп на договорот наредното лето. Грчкиот лев бек нема многу шанси да добие поголема шанса во редовите на шампионите на Англија оваа сезона, особено по доаѓањето на Милош Керкез, а тука е и Енди Робертсон, кој претходно имаше предност пред него. Затоа, трансфер во Рома изгледа како идеално решение за овој играч. ...

Манчестер јунајтед, до крајот на преодниот рок ќе го реализира трансферот на белгискиот голман Сене Ламенс од Ројал Антверпен. За услугите на 23-годишниот голман клубот од „Олд Трафорд“ ќе плати 20 милиони евра. Ламенс, досега има повеќе од 50 настапи за Антверпен откако се приклучи од Клуб Бриж пред две сезони. Неговата вредност значително порасна во последните месеци благодарение на неговата форма и неговиот статус како член на белгиската ...

Изминатата ноќ се одигра еден од „супер-класиците“ на аргентинскиот фудбал, дербито на Росарио помеѓу Росарио Централ и Њуелс Олд Бојс. Росарио славеше со 1:0, со голот на легендата Анхел ди Марија во 82-та минута. Еден од најдобрите аргентински фудбалери на сите времиња, и актуелен победник на Светското првенство, изведе слободен удар на фантастичен начин и го погоди горниот агол од 30 метри. Тој предизвика „делириум“ на трибините, ...

Борусија Дортмунд договори соработка со двајца фудбалери на Челзи, Арон Анселмињо и Карни Чуквемека. Исклучително добрата соработка што ја имаат Челзи и Борусија Дортмунд продолжува и ова лето. Во овој преоден рок, „сините“ го купија Џејми Гитенс од Дортмунд за 56 милиони евра, а сега се подготвени да испратат двајца играчи во спротивна насока. Арон Анселмињо ќе дојде на позајмица, додека Борусија ќе го купи Карни Чуквемека за 25 милиони ...

Трансфер „бомбата“ што ќе одекне на крајот од преодниот рок ќе биде трансферот на Џанлуиџи Донарума во Манчестер сити. Играчот веќе ги договорил личните услови, двата клуба сè уште треба да се договорат. Во моментот кога Пари Сен Жермен го отпиша италијанскиот голман, беше сосема сигурно дека Донарума ќе се пресели на „Етихад“. Поранешниот голман на Милан веќе ги договорил личните услови, а останува двата клуба да се договорат за ...

Нигерискиот напаѓач Виктор Бонифејс барем засега нема да потпише за Милан. Иако се чинеше дека сè е завршено откако Милан и Баер Леверкузен се договорија за обештетување, а играчот ги доби посакуваните финансиски услови од италијанскиот клуб, росонерите ќе размислат дали а го птопишат напаѓачот. За време на лекарските прегледи во Миланело, биле забележани неколку неправилности кај Виктор Бонифејс, што го исплаши медицинскиот тим, ...

Украинската атлетичарка Марина Бех-Романчук, вицешампионка на светот во трискок и скок во далечина, е суспендирана на четири години поради допинг, објави Одделот за интегритет на атлетските спортови (АИУ). „АИУ ја суспендира Марина Бех-Романчук (Украина) за период од четири години, почнувајќи од 13 мај 2025 година, поради присуство/употреба на забранета супстанца (тестостерон)“, се вели во соопштението објавено на мрежата „X“. 29-годишната ...

Фудбалерите на Кремонезе направија големо изненадување на стартот на сезоната во Серија А. Кремонезе на Сан Сиро со 2:1 го победи Милан. Во истиот термин Рома со минимален резултат ја победи Болоња. Повратникот во Серија А, Кремонезе му го расипа дебито на Лука Модриќ во Серија А, прв пат во историјата успеа да го победи Милан на „Сан Сиро“. Во 28-та минута, стоперот Федерико Баскирото им донесе предност на гостите со удар со глава, а во ...

Иднината на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во Џирона е неизвесна. Нема да биде изненадување доколку во финишот на преодниот рок Македонецот си замине од Каталонија. Вечерва, шпанските и англиските медиуми објавија дека шкотскиот великан Глазгов Ренџерс покажал интерес за Миовски. Според информациите, „полицајците“ сакаат да го донесат Миовски на позајмица. Миовски, минатото лето од Абердин пристигна во Џирона за сума од ...

Фудбалерите на Арсенал го декласираа Лидс со 5:0 во рамките на второт коло во Премиер лигата. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, одлучи да направи две измени во стартните 11 во споредба со натпреварот против Манчестер јунајтед. Јуриен Тимбер го замени Бен Вајт, додека Нони Мадуеке ја презеде стартната лево крилна позиција од Габриел Мартинели. Виктор Ѓекереш постигна два гола на дебито пред домашната публика, Микел Артета е загрижен за ...

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, истакна дека неговиот тим не бил доволно фокусиран во клучните моменти против Тотенхем, истакна дека неговите играчи одиграле подобро од она што го покажува конечниот резултат. Фудбалерите на Тотенхем славеа на „Етихад“ против Манчестер сити (2:0), во второто коло од Премиер лигата. „Имав чувство дека е малку подобро отколку што покажува резултатот. Почнавме добро, примивме гол каков што мпже да ...

Наполи славеше на гостински терен против Сасуоло со дебитантскиот гол на Кевин Де Брујне, додека Џенова и Лече одиграа без голови во првиот натпревар од Серија А. Доста лесна победа на стадионот „Мапеи“ извојуваа бранителите на титулата, кои ја демонстрираа забележливата разлика во квалитетот помеѓу двата тима. Домашниот тим речиси и да не го загрози актуелниот шампион, а бедемот пред голот на Стефан Турати не издража долго. Во 17-та ...

Расмус Хојлунд еден од непожелните играчи во системот на менаџерот Рубен Аморим е чекор поблиску до новиот клуб. До крајот на преодниот рок, Данецот, ќе го засили Наполи. Италијанскиот шампион мораше да реагира на пазарот откако се повреди Ромалу Лукаку. Вчера, како што објавија италијанските медиуми, Наполи ги заврши клучните преговори. Со фудбалерот клубот го договорил должината на договорот и платата. Манчестер јунајтед е информиран за ...

Осумкратниот светски шампион Марк Маркез беше најбрз во квалификациите на патеката Балатон Парк во рамките на трката за Големата награда на Унгарија. Марк Маркез ја продолжи доминацијата во „кралската класа“, во шест наврати го направи најбрзиот круг, а пол-позцијата ја освои со време 1:36.518. Првиот ред, заедно со 32-годишникот од Сервера го комплетираа Италијанците Марко Бецеки (Априлија) и Фабио ди Џанантонио (ВР46). Во третата минута ...

Според британските и шпанските медиуми, Тотенхем е блиску до договор со Реал Мадрид за позајмицата на Родриго. На „Сантијаго Бернабеу“ го прифатиле моделот на позајмица со можност за откуп, а останува да се договори кој колку од платата ќе покрие и согласноста на играчот. Клубовите се во постојан контакт за позајмица со опција за откуп, а Арсенал, Ливерпул и Манчестер сити претходно покажаа интерес за Бразилецот. Родриго е во втор план кај ...

Планот на првиот човек на ла Лига, Хавиер Тебас, натпревар од шпанското првенство да се игра во Мајами и четврти пат нема да биде успешен. Проектот за играње на натпреварот во Мајами се соочи со критики од фудбалерите, отворениот отпор на Реал Мадрид, кој ги охрабри и другите клубови, и неочекуваната интервенција на Високиот спортски совет (CSD). „Патот до Мајами, се чини, ќе биде сè само нема да биде лесен“, пишува „as.com“. „Во Ла Лига, ...

Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи на 5 декември во Центарот „Кенеди“ во Вашингтон, објави американскиот претседател Доналд Трамп. „Веројатно е најголемиот спортски настан“, рече Трамп во Овалната соба во друштво на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, држејќи го трофејот за победник на Светското првенство. На Светското првенство, кое ќе се одржи следната година во САД, Канада и Мексико, ќе учествуваат рекордни 48 национални ...

Вест Хем доживеа тежок пораз на Олимпискиот стадион во Лондон од градскиот ривал Челси. Во првиот меч од втората рунда, Челси победи со 5:1. Натпреварот започна идеално за Вест Хем, а заврши кошмарно. Медиумите веќе шпекулираат дека менаџерот Грем Потер ќе добие отказ. Лукас Пакета постигна голшиште во шестата минута. Голот оди и на душа на голманот Санчез кој можеше подобро да реагира. Од 15.минута започна кошмарот за „чеканите“, кои ...

Фудбалерите на Баерн беа повеќе од убедливи на отворањето на новата сезона во Бундеслигата. Актуелниот шампион на Германија го пречека тимот на Лајпциг и го декласира со 6:0. Традицијата продолжи, бранителот на титулата речиси никогаш не ги губи натпреварите што вообичаено ги игра на отворањето на новата сезона. Исто беше и сега, бидејќи Баерн не остави ниту една шанса за тимот од Лајпциг, за да можат да се вратат од Минхен со бодови. Од ...

Елиф Елмас ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Вториот дел од минатата сезона, Елмас ја мина на позајмица во Торино. „Биковите“ немаат пари да го откупат неговиот договор но извесно е дека фудбалерот ќе се врати во Серија А. Најмногу шанси за да го ангажира Елмас има неговиот поранешен клуб Наполи. Елмас во сезоната 2022/2023 беше дел од тимот кој по три децении ја врати титулата во Серија А, во градот под Везув. Таа сезона ...

Пред неколку дена се чинеше дека ништо нема да произлезе од трансферот на Александар Исак (25) во Ливерпул, но британските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда од „црвените“ за шведскиот напаѓач. Првичната понуда од 125 милиони евра беше категорично одбиена од „страчките“, посочувајќи дека шведскиот репрезентативец вреди 170 милиони евра. Во меѓувреме, Исак и раководството на Њукасл разменија остри ...

Каталонски „Спорт“, откри дека Манчестер јунајтед и Челзи испратиле понуди до Барселона од 80 милиони евра за Фермин Лопез. Понудата на „Ноу Камп“ пристигнала кон крајот на јули. Во Барселона имало несогласување околу тоа дали треба да биде продаден или не. Некои членови на Управниот одбор верувале дека продажбата ќе помогне во тешката финансиска ситуација и во регистрацијата на нови играчи, додека тренерот Ханси Флик сакал играчот од ...

Шарлс Леклер, возачот на Ферари, изјави речиси да не постои шанса, неговиот тим да го победи во трка Мекларен оваа сезона. Мекларен се неверојатени оваа сезона, тимот победи на 11 од 14 трки во сезоната (две победи има Ферстапен, една Расел), со што ја „зацврсти“ првата позиција во конкуренцијата на возачи и во конкуренцијата на конструктори. Ферари се единствениот тим меѓу првите четири што не триумфирал на ниту една патека, а Леклер не ...

Манчестер Сити заврши голема работа, бидејќи го продолжи договорот со стоперот на португалската репрезентација, Рубен Дијаш. Брилијантниот Португалец потпиша нов договор до 2029 година. Значи, барем за него е јасно дека ќе ги преживее промените што веќе се случуваат на „Етихад“, особено во одбраната. Рубен Дијаш дојде на „Етихад“ во 2020 година од Бенфика. Одигра 223 натпревари и постигна четири гола во сите натпреварувања. Сити донесе ...

Јувентус ќе го игра првото коло од Серија А во недела, пред стартот на сезоната на новинарите им се обрати тренерот Игор Тудор. Тој ја критикуваше моменталната организација на летниот преоден рок, кој и покрај тоа што сезоната започнува тој се уште трае. „Трансфер пазарот? Да бидам искрен, дури и не обрнувам внимание на шпекулациите бидејќи би полудел. Сосема е лудо што сезоната започнува додека е сè уште отворен преодниот рок. Тоа треба да ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
75%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
94%
994
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
80%
1000
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.89
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
97%
994
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
85%
1004
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
999
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
998
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
95%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
71%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Злато

157055.75

Цинк

3.33

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Сребро

2457.28

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.07

Бакар

11.66

Иридиум

221848.72