Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Манчестер сити го извести Тотенхем дека нема да го промени својот став во врска со трансферот на крилниот напаѓач Савињо. Сити нема намера да го пушти Бразилецот во Лондон, дури ни за сума поголема од 70.000.000 евра, бидејќи го смета за клучен играч за оваа сезона и во иднина. Тотенхем за кратко време претрпе уште еден тежок удар на „летниот пазар“, откако минатата недела нивниот најголем ривал Арсенал буквално го грабна Еберечи Езе од ...
Репрезентативецот на Словенија, Тими Макс Елшник ја напушта Црвена звезда. Играчот од редот за врска ќе ја продолжи кариерата во сè уште неименуваниот турски клуб, а српскиот шампион ќе заработи 4.000.000 евра од неговата продажба, објави „Моцарт Спорт“. Продажбата на Елшнике првиот потег на раководството на клубот по елиминацијата од Пафос во плејофот за влез во Лигата на шампионите, а до крајот на преодниот рок се очекува уште некои ...
Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар, во рамките на четвртото коло, во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе се одигра утре, на стадионот „Младост“ во Струмица. Шкупи ја избра Струмица како алтернативен терен за настап во четвртото коло, откако претходно ФФМ објави дека стадионот Чаир сѐ уште не ги задоволува стандардите за ВАР и за организација на натпревар од ПМФЛ. „Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ...
Николас Џексон е на чекор до трансфер во Баерн Минхен. Германските медиуми тврдат дека преговорите што ги водат клубовите се во завршна фаза. Џексон веќе се согласил да се пресели во Минхен, Баерн е подготвен да ја преземе целата плата на сенегалскиот напаѓач. За да биде финализиран трансферот Баерн и Челзи треба да ја договорат сумата за која би играл на позајмица оваа сезона. Џексон е под договор со Челзи до летото 2033 година, а ...
Фудбалерите на Гримзби ја остварија една од најголемите, ако не и најголемата победа во својата историја. Синоќа во втората рунда од Лига купот го елиминираа Манчестер јунајтед. Членот на Лига 2 (четврти ранг на англискиот фудбал), го елиминира великанот не само на англискиот туку и на светскиот фудбал по 13 серии пенали. По 90 минути беше 2:2, откако Јунајтед во последните 15 минути ја надомести негативата од два гола. Потоа следеше ...
Манчестер јунајтед доживеа уште еден нокаут, многумина ќе речат историски откако доживеа елиминација од Лига купот, од тимот од четвртата лига, Гримзби. „Црвените ѓаволи“, лошо влегоа во сезоната, во првите две кола освоија само еден бод,а елиминцијата од Гримзби, по 13 серии пенали, под знак прашање ја ставија иднината на менаџерот Рубен Аморим. По натпреварот, Рубен Аморим беше целосно депресивен и даде многу чудна изјава: „Денес победи ...
По последните квалификациски натпревари, познати се сите учесници на 71-то издание на Лигата на шампионите. Наградниот фонд за Лигата на шампионите оваа сезона е 3,317 милијарди евра. Следната сезона 2025/26 ќе биде втора по ред во новиот формат со 36 екипи, при што секој од нив ќе игра најмалку осум натпревари. Сите екипи ќе бидат поделени во четири шешири од по девет екипи, а ждрепката ќе се одржи во четврток во 18:00 часот во Монте ...
Членот на Лига 2 (четврти ранг на англискиот фудбал) Гримзби го елиминира Манчестер јунајтед во второто коло, во Лига купот. Гримзби, клуб основан пред 147 години, победи на пенали со 12:11. Натпреварот во регуларното време заврши 2:2 (2:0). Дека на „Бландел Парк“ може да се случи една од најголемите сензации во историјата на англискиот фудбал, можеше да се насети во првото полувреме, кое Јунајтед од апсолутниот аутсајдер го загуби со 2:0. ...
Бенфика, Клуб Бриж и Копенхаген ја комплетираа листата на учесници во главнаѕа фаза, во Лигата на шампионите. Во најпривлечнит натпревар, Бенфика со 1:0 го победи Фенербахче. Жозе Мурињо и втора сезона по ред не успева со Фенер да дојде до Лигата на шампионите. По 0:0 во Истанбул, Бенфика подобро влезе во реваншот, ВАР им поништи два гола, а во 35.минута Актуркоглу го постигна единствениот гол. Најдобрата шанса за Фенер ја имаше Ен Несири ...
Србија со убедлива победа над Естонија 98:64 (32:12, 24:17, 30:15, 12:20) го започна настапот на 42. Европско првенство. Во ниту едне момент Естонците не беа во можност да им се заканат на Србите. Србија започна со 9:0, а по првата четвртина мечот беше решен, Србија имаше 32:12. Естонците се обидоа за два поени само двапати во првата четвртина, а дури 13 пати за три поени, постигнаа четири тројки. На крајот, Јовиќ ја предводеше Србија со 18 ...
Фудбалерите на Карабах втор пат в клупската историја се квалификуваа во главната фаза од Лигата на шампионите. Клубот од Азербејџан загуби во реваншот од плејофот против Ференцварош со резултат 2:3, но победата од 3:1 во првиот натпревар беше доволна за пласман. Почна добро за гостите од Унгарија. Во 12-та минута, Јозеф искористи додавање од искусниот Варга и постигна гол. Сепак, до крајот на првото полувреме, практично сè беше решено. ...
Душан Влаховиќ, како што сега стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Милан. Јувентус долго време сака да се ослободи од Влаховиќ, особено поради неговата висока плата, и се чини дека во Торино нашле решение „Старата дама“ ја одреди цената. Јувентус би го пуштил Влаховиќ за 30 милиони евра. Тоа е повеќе од 50 милиони евра помалку отколку кога го доведоа од Фиорентина во 2022 година. Јуве за Влаховиќ на Фиорентина 81,6 милиони евра. На ...
Турција, во дербито на денот на 42. Европско првенство во кошарка, ја декласира домашната селекција Летонија со 93:73 (24.21, 23:18, 25:16, 21:18). Тирците буквално го затрупаа летонскиот кош, шутира фантастични 60 проценти за три поени, Турците погодија а 15 од 25 обиди од зад линијата 6,75. Летонсците некако се држеа до третиот период, кога се разиграа Шејн Ларкин И Џеди Осман. На почетокот на последниот период резултатот беше 72:55, а во ...
Европското првенство во кошарка, 42. по ред, започна со убедливата победа на Литванија против селекцијата на Велика Британија 94:70. Балтичката селекција против Велика Британија ја оправда својата улога како фаворит во првото коло. Велика Британија даде се од себе, ослабена од отсуството на Гејб Оласени поради повреда на грбот. Литванците лошо шутираа на овој меч, погодија само две тројки од 19 обиди, но одбраната и офанзивниот скок им ...
Фудбалскиот клуб Вулверхемптон ја одби и втората понуда од Њукасл за норвешкиот напаѓач Јорген Странд Ларсен, кој постигна два гола во вчерашната победа над Вест Хем во Лига купот. Њукасл овој пат понуди 55 милиони фунти, откако претходно беше одбиена и понуда од 50 милиони фунти. Управата на Вулверхемптон не сака да се откаже од 25-годишниот репрезентативец на Норвешка, пред сè поради краткото време за наоѓање замена, бидејќи шреодниот рок ...
Левиот бек Бојан Димоски кариерата ќе ја продолжи во ТСЦ. Клубот од Бачка Топола ќе издвои 100.000 евра за неговиот трансфер од Акрон, дознава „Моцарт Спорт“. Во ТСЦ процениле дека им е потребно засилуваеа на левата страна, бидејќи Немања Петровиќ сè уште не се вратил на теренот поради сериозна повреда од минатата сезона. Димоски одигра четири натпревари оваа пролет за Партизан, на кој му се приклучи од Акрон како позајмен играч. Пред тоа, ...
Шпанскиот репрезентативец Јереми Пино е новото засилување на Кристал Палас, во кој ќе ја наследи улогата на доскорошниот лидер на „орлите“ Еберечи Езе. Езе, минатата недела се пресели во Арсенал, а освојувачот на ФА Купот од трансферот заработи 79.000.000 евра. Менаџерот Оливер Гласнер експресно најде замена за Езе. Кристал Палас ќе му плати на Виљареал 30.000.000 евра за Пино. Момчето од Канарските Острови одигра 170 натпревари за „жолтата ...
Самуел Ето е претседател на Камерунската фудбалска асоцијација (KФA) веќе неколку години. Сепак, неговиот мандат му штети на фудбалот во оваа земја. Покрај тоа се повеќе се зборува за скандалите во кои е вмешан Ето. Самуел Ето е еден од најголемите напаѓачи во историјата. Тој освои три титули во шпанското првенство и две титули во Лигата на шампионите со Барселона. Тој ја освои и Лигата на шампионите со Интер. Неколку пати го претставуваше ...
Денес е „денот Д“ за трансферот на Елиф Елмас во Наполи, пишуваат италијанските медиуми. Договорена е позајмица од 2.000.000 евра, потенцијален откуп на договорот на крајот од сезоната од 16.000.000 евра, додека клубовите се уште преговараат за бонусот поврзан со настапите Лигата на шампионите. Лајпциг се обидува да врати голем дел од инвестицијата (24.000.000) кога го доведоа од Неапол. Елмас пред 18 месеци се пресели од Наполи во Лајпциг. ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија (4. септември, стадион „Викторија Жишков“, Прага) и Лихтенштајн (7. септември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за Светско првенство 2026. Двајца дебитанти се наоѓаат меѓу 26-те повикани фудбалери на кои ќе смета нашиот предводник. Играчот од средниот ред на ...
Трансфер сагата продолжува. Александар Исак не сака да игра за Њукасл, сака трансфер во Ливерпул. Претседателот на Њукасл, Јасир Ал-Румајан, се обиде лично да го убеди шведскиот напаѓач да го промени својот став и да ги почитува професионалните обврски што ги има според договорот и да се врати на тренинзите, но според „Дејли Телеграф“ не успеал. Исак одамна му поставил на клубот ултиматум дека сака трансфер во шампионите на Премиер лигата, ...
Манчестер јунајтед неодамна доби голема понуда од Ал Итихад за Бруно Фернандеш (30) во износ од приближно 116 милиони евра, објавуваат голем број англиски медиуми. Ова не е прв пат ова лето да пристигне ваква понуда за капитенот на Јунајтед од Саудиска Арабија. Претходно, Ал Хилал се обиде да го доведе Португалецот со огромен договор од околу 50 милиони евра годишна плата, но Бруно одлучи да остане во клубот. Почетокот на новата сезона не ...
Во интервју со Џеј Шети на Јутјуб, Новак Ѓоковиќ го откри најдобриот и најлошиот момент во неговата кариера. И двата се случиле на Олимписките игри. „Најдобриот беше кога го освоив златниот медал во Париз минатата година. Дури и подобар од освојувањето на Дејвис купот и освојувањето на првиот Вимблдон затоа што знаев дека може да биде мојата последна шанса. Најлошиот беше во Рио де Жанеиро 2016 година, кога загубив од Хуан Мартин дел Потро ...
Попладнево со натпреварите во Рига (Летонија) и Тампере (Финска) започнува 42. Европско првенство во кошарка. 24 репрезентации, поделни во четири групи, до 14 септември ќе се борат за трофејот, кој го брани Шпанија. Турнирот ќе започне во Тампере, каде Литванија ќе се сретне со Велика Британија во 12:30 часот по средно-евроспко време, а кратко потоа Чешка ќе игра против Португалија во Рига, со почеток во 13:45 часот. Актуелните светски ...
Црвена звезда доживеа елиминација од Пафос во плејофот за Лигата на шампионите, а тренерот Владан Милојевиќ имаше многу емотивна презентација по натпреварот во микс зоната, а потоа и на прес-конференцијата. Црвено-белите загубија со гол во 90-тата минута за 1:1, а поразот во Белград од 1:2, кој ги однесе Кипарците во елитното натпреварување за прв пат во историјата, беше клучен. Тренерот Милојевиќ најави тужба во УЕФА против Пафос, поради ...
Црвена звезда не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите. Сроскиот првак во плеј офот доживеа елиминација од Пафос. Кипраните славеа со вкупни 3:2. Поразот и лошата игра во Белград, кога Пафос победи со 2:1, скапо ги чинеше црвено-белите, Во реваншот, не блескаа но го исконтролираа првото полувреме. Во вториот дел играчите во црвено-бели дресови притиснаа од сите страни. Иницијативата ја материјализираа во 60.минута, кога Иваниќ со ...
Светската кошаркарска федерација (ФИБА) изрече суспензии и казни по натпреварот помеѓу Аргентина и Доминиканската Република на Купот на Америка. Сликата на Гонзало Бресан како го напушта теренот облеан во крв по тепачката помеѓу играчите на двете репрезентации го засени натпреварот. Тензиите што се создаваа за време на натпреварот избувнаа по последниот звук на сирената. Инцидентот кулминираше мешу Дејвис-Џонс и Бресан, по што се вмешаа и ...
Фудбалерите на Каират направија големо изненадување, први што се квалификуваа за Лигата на шампионите од клубовите кои се бореа за место во елитното европско натпреварување преку квалификациите. Во плејофот, шампионот на Казахстан беше подобар од шампионот на Шкотска, тимот на Селтик. Откако првиот натпревар во Глазгов заврши нерешено 0:0, во реваншот во далечниот Алмати (6.000 км воздушно растојание помеѓу Глазгов и Алмати) резултатот по ...
Вторлигашот Охрид ја елиминира Бреар од Купот на Македонија. Работнички и Македонија ЃП до врв ги наполнија мрежите на своите противници. Охрид го направи најголемото изнеандување во 1/16-финалната фаза во Купот на Македонија. Второлигашот успеа по извеадувањето на пенали да ја елиминира Брера. Натпреварот во регуларниот дел заврши 1:1, пенал рулето им припадна на Охриѓани со 5:3. Работнички постигна 16 голови, не прими ниту еден во дуелот ...
Ждрепката за групните фази на Лигата на Европа и Лигата на Конференции ќе се одржи на една церемонија, а тоа носи голема промена во самиот процес. Наместо традиционалното извлекување со топчиња, распоредот ќе биде одреден со софтвер. На сцената ќе се употреби само едно копче. Ќе се притиска на самиот почеток на обете извлекувања, што ќе активира програма која случајно ги одредува противниците и редоследот на домашните и гостинските ...