Бразилската кошаркарска репрезентација е новиот шампион на Америка. Во натпревар со малку квалитет и многу борба на ФИБА Америка Куп 2025, Бразилците го победија вечниот ривал Аргентина со 55:47 во Манагва, Никарагва. Бразилците го осовија својот петти златен медал, но прв по 16 долги години. Бразил на Американскиот куп, низ историјата освоил 12 медеал. Тимот предводен од клупата од хрватскиот стручњак Александар Петровиќ се врати на врвот ...

Серија несреќни околности или нешто повеќе, е прашањето што го поставува целата шпанска спортска јавност утрово, по ремито меѓу Рајо Вањекано и Барселона (1:1). Поводот е пеналот што Ламин Јамал го претвори во гол во 40-та минута. Не само што немаше основа за пенал по стартот на Чаварија токму врз Јамал, туку судијата Матео Бускетс немаше начин дополнително да ја провери својата одлука. Причината е откажувањето на ВАР системот, со кој имаше ...

Манчестер сити успеа да го комплетира трансферот на Џанлуиџи Донарума од Пари Сен Жермен за сума од 35.000.000 евра. Италијанскиот репрезентативец официјално ќе стане нов голман на Сити во текот на денот, кога ќе го стави потписот на четиригодишниот договор. Донарума беше избришан од плановите на Луис Енрике ова лето, откако одби да потпише нов договор со европскиот првак. Актуелниот му истекуваше на крајот од сезоната. Голот на ПСЖ одо ...

Белгискиот фудбалер Луис Опенда, во следните часови треба да стане нов играч на Јувентус. Според Фабрицио Романо, Лајпциг му дозволил на својот напаѓач да отпатува во Италија на медицински прегледи откако постигнале договор со тимот од Торино. „Старата дама“ треба да плати отштета во износ од нешто повеќе од 40 милиони евра. Во новиот клуб, тој репрезентативецот на Белгија ќе заработува четири милиони евра годишно. Трансферот на Опенда му ...

Фудбалерот на Манчестер сити, Рајан Шерки, ќе биде надвор од терените во следните два месеци поради повреда на квадрицепсот, потврди менаџерот на „грашаните“, Пеп Гвардиола. Шерки, во Сити, пристигна во јуни од Олимпик Лион за 30,45 милиони фунти. 22-годишникот постигна гол на своето деби во Премиер лигата во победата од 4-0 против Вулверхемптон. Французинот започна во поразот од Тотенхем во второто коло, а го пропушти вечерашниот натпревар ...

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Бразилецот Антони е блиску до враќање во Бетис, откако двата клуба постигнаа договор за висината на обештетувањето. „Атлетик“, тврди дека Манчестер јунајтед ќе заработи 25 милиони евра од продажбата на крилниот напаѓач, како и 50 проценти од следниот трансфер. На овој начин е решен проблемот, бидејќи Бетис не беше во позиција да плати повеќе за фудбалерот кој блесна во зелено-белиот дрес во вториот дел од ...

Заврши ерата на Едерсон во Манчестер сити. Искусниот голман, по речиси една деценија го напушти „Етихад“. На Едерсон јасно му беше кажано од Пеп Гвардиола дека повеќе не смета на него, па затоа и Џејмс Трафорд пристигна во Сити. Се очекува и доаѓањето на Џанлуиџи Донарума, што значи дека Едерсон е вишок. Фенербахче ќе му плати на Сити околу 14 милиони евра за искусниот голман, Едерсон ги прифати сите услови. Фенербахче успеа да го победи ...

Барселона успеа да го преживее гостувањето кај Рајо Ваљекано (1:1). Актуелните шампиони беа надиграни, а од пораз ги спаси голаманот Џоан Гарсија. Барселона одигра лош натпревар на „Ваљекас“, а второто полувреме веројатно е најлошо во ерата на Ханси Флик, период во кој играчите на Барса не шутнаа кон голот на противникот. Џоан Гарсија новиот голман на Барселона, праваше чуда на голот и е најзаслужен што тимот освои бод во предградието на ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД. Ѓоковиќ го победи Германецот Јан-Ленард Штроф со 6:3, 6:3, 6:2, за помалку од два часа игра. Србинот играше речиси беспрекорно, беше конзистентен од самиот почеток, сервираше брилијантно, уште подобро ритенрнираше и напаѓаше, и рутински ја оствари победата. Ова е негова најлесна победа досега во Њујорк, иако побара медицинска помош за време ...

Темпераментниот Луис Суарез, еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, повторно ја покажа својата „темна страна“. Уругваецот, во минатото гги гризеше Отман Бакал, Бранислав Ивановиќ и Џорџо Кјелини, а синоќа повторно се најде во центарот на вниманието. Суарез претрпе пораз од Интер Мајами во финалето на Лига купот, од Сиетл, убедливо со 3:0. Поразот тешку го прифати Суарез, по завршувањето на натпреварот се степа со Џино ...

Неколкумесечна сага, конечно заврши. Ливерпул и Њукасл постигнаа договор – Александар Исак ќе ја продолжи кариерата на „Енфилд“. Трансфер инсајдерите Дејвид Орнштајн и Фабрицио Романо, објавија дека Ливерпул и Њукасл, договориле трансфер вреден 144,2 милиони евра (125 милиони фунти), што би бил трет најголем трансфер во историјата во однос на надоместокот. Њукасл ќе добие дополнителни 5 милиони фунти (5,8 милиони евра) од фондот за ...

Јувентус, во финишот на преодниот рок обезбеди важно засилување. Поранешниот фудбалер на Лил, Едон Жегрова доаѓа во Јувентус. Во исто време клубот ќе го напушти Нико Гонзалес. Косовскиот репрезентативец пристигнува од француски Лил, каде што играше претходните три сезони и се профилираше како еден од најдобрите играчи во Лига 1 на позицијата офанзивен играч за врска. Жегрова ќе му се придружи на својот поранешен соиграч од Лил во Јувентус, ...

Вицепрвакот на Италија и Европа, Интер доживеа шокатнтен пораз на „Џузепе Меаца“ во второто коло, во Серија А. Удинезе победи со 2:1. Интер поведе во 17-та минута со голот на Дензел Дамфрис по додавањето на Маркус Турам. Во 26-та минута, Дамфрис играше со рака во шеснаесетникот. Во првиот момент, судијата покажа дека нема пенал, но доби сигнал од ВАР собата. Откако ја провери снимката, ја промени својата одлука. Кенин Дејвис беше прецизен ...

Фудбалерите на Јувентус ја победија Џенова на гостински терен во второто коло од Серија А со 1:0. Единствениот стрелец беше српскиот фудбалер Душан Влаховиќ во 73-та минута, на асистенција на неговиот сонародник Филип Костиќ. Јувентус изгледаше лошо во поголемиот дел од натпреварот, се мачеше да создаде шанса, па Џенова лесно ги одбиваше нападите на противникот. Клучен момент беше 70-минута кога тренерот Игор Тудор на теренот ги испрати ...

Ливерпул го доби дербито против Арсенал во третото коло од Премиер лигата. Дуелот на „Енфилд“ го реши Доминик Собослај со спектакуларен гол во 82.минута. Дербито на „Енфилд“ донесе натпревар со многу темпо, но со малку квалитетна игра. Мечот лошо започна за Арсенал, Вилијам Салиба, клучниот деганзивец во четврртата минута поради повреда го напушти теренот. Ливерпул беа премногу резервирани во првиот дел, Арсенал ја контролираше играта, но ...

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, триумфираше на Големата награда на Холандија, 15-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1, прва по летната пауза. Во Зандворт, Австралијанецот ја забележаосвои својата седма победа оваа сезона, а деветта во кариерата, откако водеше од почетокот до крајот. Најблиску до Пјастри беше миленикот на локалната публика Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул, додека Исак Хаџар од Рејсинг Булс беше на трето ...

Попладнево се одиграа два натпревари од третото коло на Премиер лигата. Брајтон го победи Манчестер сити како домаќин, додека Вест Хем славеше во Нотингем против Форест. Манчестер сити и покрај големите вложувања во летниот преоден рок и враќањето на Родри, се уште е во модот од минатата сезона. „Граѓаните“ во три кола имаат два порази. Во Брајтон домашниот тим славеше со пресврт во вториот дел, откако Сити во првиот дел поведе преку Ерлинг ...

Словенија ја победи Белгија со резултат 86:69 во третото коло од Групата Д на Евробаскетот. По два порази, Словенците ја оствари својата прва победа на ова првенство и без никакви проблеми ја оправда улогата на фаворит. Брилијантниот Лука Дончиќ се истакна, ја водеше Словенија до победа со трипл-дабл од 27 поени, додаде 10 скока и 11 асистенции. Бекот на Лејкерси не започна во вистински ритам, влезе во серија промашувања, но кога го најде ...

Поладнево во Глазгов, вечните ривали Ренџерс и Селтик го одиграа 447-ми „Олд Фирм“. Прв пат во кариерата Македонија имаше претставник во еден од најголемите дерби мечеви во светот на фудбалот. Бојан Миовски дебитираше за Ренџерс. Дербито ги разочара сите буквално ништо не се случи на теренот за 90 минути игра. Без шанси, без интензитет, дури и без „оган“ на теренот меѓу играчите. Во првото полувреме, Ренџерс беа малку поконкретни, додека ...

Жозе Мурињо, пред три дена доби отказ, повеќе не е тренер на Фенербахче. Откакзот ќе внесе дополнителна и не мала сума пари на неговата сметка. Португалскиот стручњак една година се задржа на клупата на Фенербахче. елиминацијата од Бенфика, во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите, но е неколкуте изјави што ги даде на почетокот на сезоната беа доволни да добие отказ. Мурињо има уште една година од договорот, што значи дека добро ќе ...

Се чинеше дека сè е завршено кога станува збор за позајмицата на Николас Џексон од Челзи во Баерн, но клубот од „Станфорд Бриџ“, реши да им направи неочекувани проблеми на фудбалерот и неговиот нов клуб. Баерн издвои неверојатни 15 милиони евра за позајмицата на Џексон, на крајот од сезоната ќе може да го откупи за 65 милиони евра. Фудбалерот, на кого уште на почетокот на преодниот рок му беше кажано дека за него повеќе нема место на ...

Ако по утрото денот се познава, фудбалскиот клуб Вест Хем ќе има тешка сезона, нема да биде изненадување доколку клубот се бори за опстанок во Премиер лигата. Вест Хем стартуваше во новата сезона со два убедливи порази, а во последните часови од преодниот рок ќе остане без најдобриот играч, Лукас Пакета (28). Астон Вила е блиску да го потпише Бразилецот. Како што објави Фабрицио Романо, понуден е пакет вреден околу 55 милиони евра. Вест Хем ...

Светскиот рекет број 3, Александар Зверев, го заврши својот настап на Ју-ес опен. Германецот, кој сезонава игра во променлива форма, по речиси четири часа борба загуби од Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим. Финалистот од 2020 година беше елиминиран во третото коло, Оже-Алијасим беше подобар од него по четири сета (3:1), по сетови 4:6, 7:6(7), 6:4, 6:4 по речиси четири часа игра (3:49). Зверев имаше предност од еден сет и ја пропушти можноста ...

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Богдан Богдановиќ го заврши своето учество на Европското првенство, тврдат медиумите во оваа земја. Како што пишува „Меридијан Спорт“, повикувајќи се на неименувани извори од Соединетите Американски Држави, Богдановиќ поради повреда нема да може да и помогне на својата репрезентација. Му била дијагностицирана руптура на мускулот на тетивата, тврди претходно споменатиот извор, поради што ...

Додека навивачите на Галатасарај, доцна синоќа, ја славеа победата над Ризерспор, од другата страна на Босфорот дојде шокантната вест: „Едерсон е наш!“ Водечкиот европски трансфер инсајдер Фабрицио Романо, објави дека дека голманот на Манчестер сити го избрал Фенербахче пред најголемиот ривал Галатасарај. Италијанецот тврди дека Фенер влегол во преговори со Сити откако во Истанбул се проширила веста дека понудата на Галата од десет милиони ...

УЕФА го потврди распоредот и термините за натпреварите во главната фаза во Конференциската лига. Сезонава, во имто на Шкендија, за прв пат во историјата Македонија ќе има репрезент во ова натпреварување. Шкендија ќе одигра шест натпревари во Конференциската лига. Првиот во Мадрид против Рајо Ваљекано на 2 октомври (18.54 часот). Потоа Шкендија ќе одигра два натпревари на домашен терен, против Шелбурн на 23 октомври и Јагиелонија на 6 ...

Србија ја победи Летонија, во дербито во А групата со 84:80. Србите го забележаа третиот триумф, Летонија има победа и два порази. Блескаше Никола Јокиќ со 39 поени. Рекордерот на српскиот тим, Никола Јокиќ не дозволи инзненадување во Рига. Со исклучок на првите четири минути, Србија констатнтно имаше предност, најчесто од осум поени. Србија имаше 82:75 на нецели 120 секунди до крајот, Летонците се вратија со две тројки на само минус од два ...

По Полска, репрезентативците на Словенија беа поразени и од Франција во второто коло од Европското првенство. Франција во еден возбудлив и неизвесен натпревар победи 103:95. Натпреварот го одбележаа Лука Дончиќ од едната страна и Силван Франциско од другата страна, кој на крајот речиси предизвика голем инцидент. Во моментот кога ја прифати раката на Дончиќ како знак на честитка за победата, се упати кон кошот и поентираше за конечни 103:95. ...

Манчестер јунајтед и Рубен Аморим ја забележаа првата победа во сезоната. Јунајтед го победи Барнли со 3:2, со гол од пенал во 97.минута. Два пати водеше Манчестер Јунајтед, но залудно. Прво по автоголот на Кулен, а потоа и преку Ембумо, сепак, тоа не беше доволно. Прво Фостер го израмни резултатот, а потоа и Антони. Сепак, токму Антони беше тој што непотребно го повлече Диало на почетокот од судиското продолжение, а откако ја прегледа ВАР ...

Оскар Пјастри, лидерот во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Холандија. Австралиецот во борбата за пол-позицијата го победи тимскиот колега Ландо Норис, кој доминираше на тренинзите и во првите два квалификациски сесии. Пјастри ја освои пол-позицијата со најбрзиот круг во историјата на Зандворт, 1:08.662. Норис задоцни 12 илјадити делови од секундата зад тимскиот ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
86%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.57
98%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
993
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.24
90%
1002
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 1ᴼ
3.13
93%
999
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
95%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Родиум

336779.07

Сребро

2457.28

Кобалт

64.04

Цинк

3.33

Бакар

11.66

Калај

48.47

Рутениум

45750.51

Паладиум

53434.54

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.07

Злато

157055.75