Зеленортските острови (Капе Верде) го победи Камерун со 1:0 и се искачи на челната позација во групата Д од квалификациите за Светското првенство. Со овој триумф малата островска земја направи огромен чекор првиот пласман на најголемата фудбалска смотра. Во последните две кола, Зеленортските острови играат против Либија и Есватини, потрбна им е една победа за да го прослават историскиот успех. Херој во победата над Камерун беше Даилон Роча ...

Јужноамериканските великани Бразил и Аргентина доживеаја порази во последното коло, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Натпреварите во Еквадор и Боливија немаа никакво значење за двете селекции, но дуелот во Боливија им значеше на домаќините, кои со „помош“ на Колумбија, дојдоа до седмата позиција и место во Интерконтиненталниот бараж. Карло Анчелоти го доживеа првиот пораз како селектор на Бразил. „Селесао“ одигра лош ...

Австралискиот бек Џош Гиди ќе остане во Чикаго Булс, франшизата со него потпиша четиригодишен договор вреден 100 милиони долари. Договорот е загарантиран и нема опција за играч или тим во последната сезона. Гиди имаше најдобра сезона во кариерата со 14,6 поени по натпревар, осум асистенции и седум скока, а никој немал толку многу трипл-дабл во една сезона на Булс од 1980-тите и Мајкл Џордан. Австралиецот, кој игра на позицијата плејмејкер ...

Многу возбудувања во квалификациите за Светското првенство 2026. Португалците славеа против Унгарија во Будимпешта во исклучително драматичен натпревар, Французите по пресврт славеа над Исланд во Париз, а Австрија на гостински терен славеше победа над БиХ. Репрезентацијата на Босна и Херцеговина загуби дома од Австрија со 1:2. Един Џеко постигна гол за БиХ, додека Марсел Сабицер и Конрад Лајмер ги постигнаа головите за Австрија. Ова беше ...

Норвашката репрезентација оствари рекордна победа од 11:1 над Молдавија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Норвежаните продолжија со совршениот настап во првите пет кола и сега имаат 15 бода со гол разлика од +21. Натпреварот го одбележа феноменалниот Ерлинг Браут Халанд, кој постигна дури пет гола и додаде уште две асистенции, додека Мартин Одегард постигна еден гол со две асистенции. Блескаше и Тело Асгард, кој влезе ...

Фудбалската репрезентација на Англија ја декласира Србија среде Белград со 5:0, во натпревар одигран во К групата, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Како стојат работите во оваа група на Англија, која има пет победи во исто толку натпревари потребна и е уште една победа за да избори место на Мундијалот наредното лето. Србија со Албанија ќе се бори за втората позција и место во баражот. Од првата до последната минута ...

Кошаркарите на Грција се пласираа во полуфиналето на Европското првенство. Избраниците на Василис Спанулис ја победија Литванија со 87:76, во второто денешно четвртфинале. Грција по пауза од 16 години ќе се бори за медал на Евробаскетот. Последен пат во 2009 година играа во полуфиналето, на крајот го освоија бронзениот медал. Грците рутински ја победија Литванија, која пружи отпор само во првата и во финишот на втората четвртина. Грците ...

Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 21 година, загуби од Италија со 0:1, во квалификациите за пласман на Европското првенство. Младите македонски фудбалери не успеаја да го избегнат поразот во Битола и покрај тоа што 65 минути имаа играч повеќе на теренот. Италија остана со фудбалер помалку во 25.минута кога вториот жолт картон го доби Моруци. Десет минути подоцна, младите италијански фудбалери ...

Турската репрезентација ја победи Полска во првиот четвртфинален натпревар од Европското првенство во кошарка со 91:77. Во полуфиналето, Турција ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Литванија и Грција, кој е на програмата од 20:00 часот. Победничкиот тим го предводеше Алперен Шенгун. Центарот на Хјустон Рокетс постигна голем успех: го забележа шестиот трипл-дабл во историјата на Евробаскетот, го заврши натпреварот со 15 поени, 11 ...

Фудбалерот на Ливерпул, Александар Исак, изјави дека е среќен што го засилил шампионот на Англија по долгата сага, но дека медиумите и навивачите не знаат што се се случувало. За Швеѓанецот, сагата успешно заврши, откако го уцени клубот. Њукасл неволно, но сепак, ја послуша неговата желба да се пресели на Енфилд. Замените пристигнаа на „Сент Џејмс Парк“, тоа се Јоан Виса од Брентфорд и фудбалерот на Штутгарт, Ник Валтемаде, а Исак беше ...

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид и оваа година ќе ја бојкотира церемонијата на доделувањето на најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златна топка. Една година подцна, Флорентино Перез се уште е лут. „Марка“, медиуми блиско поврзан со Реал, тврди дека никој од клубот нема да писуствува на доделувањето на Златната топка на 22 септември. Првиот човек на Реал, се однесува како мало дете, лут е што минатата година престижната награда, ...

Џенаро Гатузо, селекторот на Италија, се осврна на натпреварот по лудиот триумф на неговите избраници. Аѕурите, во луд натпревар, во Дебрецен, славеа со 5:4 против Израел, а победија во судиското продолжение со голот на Сандро Тонали. Tonali with Cambiaso assist in the extra minutes scored to take Italy to victory against Israel Israel 4-5 Italy pic.twitter.com/a0pESXIAe4 — Arsenal Rep (@Arsenal_rep1) September 8, 2025 Гатузо беше видливо ...

Пред неколку дена, турските медиуми најавија дека Зинедин Зидан ќе го преземе Фенербахче. Турскиот великан е без тренер откако отказ доби Жозе Мурињо. Сепак, Зидан нема да биде наследникот на Мурињо, претпладнево медиумите во Турција открија дека Доминико Тедеско ќе биде новиот тренер на Фенер и дека тој наскоро ќе го потпише договорот. 39-годишниот италијански тренер, кариерата ја започна во Ауе, добрите резултати го однесоа во ...

Поранешниот менаџер на Тотенхем и Селтик, Ангелос Постекоглу, ќе стане нов менаџер на Нотингем Форест, тврдат сите релевантни британски медиуми. Откако Нуно Еспирито Санто беше отпуштен доцна во понеделникот, сопственикот на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, брзо пронајде замена. Се чини дека ќе може многу подобро да соработува со новиот менаџер бидејќи ангажираше сонародник. Новиот менаџер на Форест ќе биде Грк од Австралија, Ангелос ...

Британскиот тенисер Џек Дрејпер ја заврши сезоната поради повреда на левата рака. Седмиот играч на планетата, кој блескаше на Индијан Велс, каде што ја освои титулата, ќе мора да паузира до крајот на годината. Во еден момент Дрејпер беше четврти на АТП листата, но неодамна доживеа пад, токму поради повредата. Доживеа разочарување на Вимблдон каде што беше елиминиран од Марин Чилиќ во второто коло, а на Отвореното првенство на САД мораше да ...

Аргентинците немаа време ниту да ги избришат солзите од збогувањето на Меси на домашна почва кога станува збор за репрезентацијата, а ги дочека нов шок. Лионел Меси, најголемиот фудбалски син на нацијата, по натпреварот со Венецуела пред некој ден изјави дека не знае дали ќе игра на Светското првенство и дека целата логика налага дека нема да биде таму. Аргентинците се обидоа да добијат неколку утешни зборови од селекторот Лионел Скалони, ...

Фудбалскиот сојуз на Португалија објави дека 22-годишниот Франциско Консеисао морал да го напушти репрезентативниот камп по повреда на мускулот. Консеисао нема да ѝ помогне на Португалија во квалификацискиот натпревар овој вторник, на гостински терен против Унгарија во Будимпешта. Португалија досега одигра еден натпревар во квалификациската група и победи во Ерменија со убедливи 5:0. Консеисао, фудбалер кој во кариерата одиграл 11 ...

Нуно Еспирито Санто повеќе не е менаџер на Нотингем Форест. Португалскиот стручњак доби отказ по 21 месец на клупата и само три натпревари во новата сезона. Неговата позиција беше неизвесна во последните две недели, откако јавно призна дека неговиот однос со сопственикот Евангелос Маринакис се влошува. Шпекулациите за неговиот наследник веќе се во тек во клубот, а одлуката наскоро ќе биде донесена. Поранешниот тренер на Тотенхем, Ангелос ...

Каспер Хјулманд е промовиран во нов тренер на Баер Леверкузен. Ерик тен Хаг имаше кратка епизода на клупата на Баер, а германскиот шампион од 2024 година ја искористи репрезентативната пауза за да му врачи отказ. Холанѓанецот во Леверкузен за задржа само 62 дена, тимот го водеше во три натпревари. Каспер Хјулманд, поранешен селектор на Данска, кој ја напушти репрезентацијата во јули минатата година по Европското првенство дојде на местото ...

Данска, Швајцарија, Косово и Хрватска забележаа победи во квалификациите за пласман на Светското првенство. Косово, велерва го направи најголемото изнеандување, лесно ја победи Шведска со 2:0. Избраниците на Франк Фода го решија победникот во првото полувреме со головите на Рексбечај и Муричи. Во вториот натпревар од оваа група, Швајцарија рутински ја победи Словенија – 3:0. За првиот гол, Елведи го искористи киксот на Дркушиќ и го совлада ...

Италија го победи Израел со 5:4 (1:1) во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, во Група И. По нерешениот резултат во првото полувреме, Италијанците губеа со 2:1 до 52-та минута, на крајот од натпреварот беа на работ на нерешен резултат, а потоа направија пресврт и успеаја да ги освојат бодовите во Дебрецен со гол во 91-та минута. Италијанците не започнаа добро од 16-та минута, Локатели му донесе водство на Израел со автогол. ...

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Џикиќ, откако со Грузија се пласира во четвртфиналето на Европското првенство го доби Орденот на честа по предлог на премиерот и претседателот на Парламентот на Грузија. Селекторот и играчите се наградени со 1.000.000 евра. Премиерот на Грузија, Иракли Кобахидзе, објави дека владата ќе издвои три милиони лари (околу еден милион евра) за моменталниот резултат, а ...

Атлетик Билбао до крајот на сезоната ќе биде без стандардниот дефанзивец Јерај Алварез. Алварез е суспендиран поради допинг. На 1 мај оваа година, по натпреварот со Манчестер јунајтед во полуфиналето на Лигата на Европа, искусниот стопер случајно беше избран за контрола на допинг, а резултатире покажаа дека користел забранета супстанца канренон. Поради допинг, Алварез доби девет месечна суспензија, што значи дека практично сезоната за него ...

Манчестер Сити и Премиер лигата постигнаа договор во спорот околу правилата што ги регулираат договорите за спонзорство. Сити покрена правна постапка против Премиер лигата, тврдејќи дека новите правила, кои ги регулираат трансакциите со поврзани страни (APT), се нелегални. „Ниту Премиер лигата ниту клубот нема да коментираат по ова прашање“, се вели во заедничкото соопштение. Минатата година, независен арбитражен панел пресуди против ...

Со Португалија, Фернандо Сантос редеше успеси, а откако повеќе не е на португалската клупа, во последните три години беше отпуштен три пати. Фудбалската асоцијација на Азербејџан потврди дека соработката со Фернандо Сантос е прекината. Два нерешени резултати и девет порази – тоа е учинокот на Сантос како селектор на Азербејџан. Отказ доби по поразот од Исланд, 5:0. Откако ја прекина соработката со ФС Португалија, Сантос го водеше Бешикташ – ...

Многу тимови на тековниот Евробаскет имаат проблеми со повредени и болни играчи, а германската репрезентација има проблеми со селекторот. Алекс Мумбру беше хоспитализиран поради инфекција непосредно пред почетокот на турнирот и се мачеше многу за време на групната фаза во Тампере. „Панцерите“ го презеде неговиот помошник Алан Ибрахимагиќ, кој ќе биде на чело на еден од главните фаворити за златото во продолжението на Европското првенство. ...

ФИБА ги објави четвртфиналните натпревари на Евробаскетот, натпреварите ќе се играат во вторник и среда. За разлика од натпреварите од осминафиналето, кои се играа во 11:15, 14:15, 17:30 и 20:45 часот, четвртфиналните мечеви ќе се играат во различни термини. Ќе се игра од 16:00 до 20:00 часот, по македонско време. Во вторник, Турците, предводени од Алперен Шенгун, и Полјаците, кои ја елиминираа селекцијата на БиХ, ќе бидат првите што ќе ...

Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златаната топка, ќе биде доделена на 22 септември, во Париз. За истата има неколку кандидати, а меѓу нив најмногу се издвојуваат Усман Дембеле и Ламин Јамал. Дембеле имаше одлична сезона со ПСЖ каде што ги освоија сите домашни трофеи, како и престижниот трофеј од Лигата на шампионите. Покрај овие двајца, се споменуваат и имиња како Рафиња, Мохамед Салах и Килијан Мбапе. „Усман ја заслужува ...

Карлос Алкараз го освои Ју-ес опен и по една година се врати на челната позиција на АТП листата. На најновата листа има неколку промени во Топ 10, Новак Ѓоковиќ скокна три позиции и сега е на четвртото место. Алкараз ја започна 37-та недела од својата кариера како водечки играч во светот, а до тој статус стигна преку едно од најсложените ждрепки на турнирот. Неговиот пат до пехарот беше речиси беспрекорен – тој загуби само три брејка во ...

Српската кошаркарска репрезентација се врати во Белград, откако во саботата доживеа сензационална елиминација од Европското првенство. Финска ја победи Србија во осминафиналето со 92:86. Српската јавност по елиминацијата бара оставка од селекторот Светислав Пешиќ, тој на новинарите на аеродромот „Никола Тесла“ им кажа дека нема намера да го направи тоа. „Јас никогаш не поднесувам оставка. Зошто оставки? Дојдов тука да го средам она што ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1001
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
83%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 2ᴼ
1.03
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.34
99%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
994
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.79
89%
1001
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
98%
1000
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
94%
996
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.07

Иридиум

221848.72

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Бакар

11.66

Цинк

3.33

Злато

157055.75

Сребро

2457.28

Платина

83354.78