Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Ливерпул вечерва ќе го пречека Атлетико Мадрид од 21 часот во Лигата на шампионите. На прес конференцијата пред натпреварот, тренерот на тимот од Мадрид, Диего Чоло Симеоне рече дека неговиот тим ќе даде се од себе против „исклучителниот Ливерпул“. „Јорганџиите“ ќе му се спротивстават на Ливерпул без пет исклучително важни играчи. „Треба да гледаме позитивно, играчите што ќе играат ќе имаат можност да покажат што можат. Дел од фудбалот е ...
Фудбалскиот клуб Бенфика го отпушти тренерот Бруно Лаж по шокантниот пораз од Карабаг во првото коло од Лигата на шампионите. Бенфика претрпе пораз во Лисабон по пресврт, иако по 16 минути игра домашниот тим водеше со 2:0. Карабаг во Лисабон испиша историја на азербејџанскиот фудбал. Стана првиот клуб од Азербејџан што ги освои сите три бода во натпревар од Лигата на шампионите- и тоа на своето деби во елитното континентално фудбалско ...
Се зборува многу за иднината на Рубен Аморим на клупата на Манчестер јунајтед. И таа, и покрај зборовите на поддршка од Џим Ратклиф, би можела да биде решена со една клаузула во неговиот договор. По поразот во градското дерби против Манчестер сити (3:0), Аморим изјави дека нема да ја менува својата филозофија и тактика. И кратко рече „сменете ме“. Статистиката е неумолива – Аморим е најлошиот менаџер на Јунајтед по Втората светска војна во ...
Реал го победи Марсеј со 2:1 во првото коло од Лигата на шампионите на домашен терен. Тимоти Веа ги доведе гостите во водство во 22-та минута, а Килијан Мбапе ги постигна двата гола за домашниот тим од пенал, во 29-та и 81-ва минута. Реал од играше со еден играч помалку од 72-та минута откако Дани Карвахал беше исклучен од Ирфан Пељто. Судијата од БиХ е под критики од Французите за вториот пенал за Реал, од кој Мбапе постигна гол за голема ...
Португалскиот играч од средниот ред Бернардо Силва (31), кој е еден од клучните играчи на Манчестер сити осум години, веќе знае дека ќе мора да бара нов клуб на крајот од сезоната. Клубот нема намера да го продолжи договорот со Силва, кој истекува во јуни следната година, објавија британските медиуми. Силва ќе ја доживее истата судбина како и Белгиецот Кевин Де Брујне (34), кој беше отпуштен по десет години. Де Брујне потпиша за ...
Неверојатна вечер во Лигата на шампионите. Во терминот од 21 часот се одиграа четири натпреари. Сите минаа во сенка на спектаклот во Торнио, дури и сензационалната победа на Карабг во Лисабон. Долго ќе се прашуваат во Дортмунд како ја испуштија победата во Торино. „Милионерите два пати водеа, Јуве два пати се враќаше во мечот, а кога Бенасабијани во 86.минута од пенал погоди за 2:4 се чинеше дека победникот е решен. Борбеноста сепак им се ...
Поранешниот фудбалер на Црвена звезда, Дејан Миловановиќ, почина на 42-годишна возраст за време на натпреварот на ветерани помеѓу Звездара и ПКБ. Миловановиќ се падна на тревата за време на натпреварот помеѓу ветераните ФК на Црвенз звезда и ПКБ, екипата за итни случаи пристигна релативно брзо и го реанимираше на лице место, а потоа беше пренесен во болница. Миловановиќ постигна гол во 7-та минута од гореспоменатиот натпревар, кој започна ...
Со гостински победи на Арсенал и дебитантот Унион Сен Жилоа, започна сезоната 2025/2026 во Лигата на шампионите. Арсенал на „Сан Мамес“ во Билбао, не прикажа некоја спектакуларна игра, но успеа да го победи Атлетик. Два гола постигнаа играчите од клупата за резерви. Мартинели по нецели 15 секунди откако влезе во игра во 72.минута погоди за 0:1. Конечниот резултат го постави Тросар во 87.минута. Резервите на Артета си поделија по една ...
Шејн Ларкин, кошаркарот на Ефес, одлучи повеќе да не го носи дресот на Турција. Искусниот плејмејкер го водеше тимот на Ергин Атаман до сребрен медал на Евробаскетот, по што реши да стави крај на репрезентативната кариера. Тој ја информираше јавноста за својата одлука на социјалните мрежи. „Пред седум години се согласив да играм за Турција без никакви очекувања. А седум години подоцна, чувствувам дека ова е мојот втор дом. Начинот на кој ме ...
Ливерпул, утре, ќе го пречека Атлетико Мадрид во еден од најпривлечните натпревари во првото коло, во Лигата на шампионите. „Јорганџиите“ ќе бидат хендикепирани на „Енфилд“, тренерот Диего Чоло Сименоне нема да може да смета на првиот напаѓач, Хулијан Алварез. За време на викендот против Виљареал, Аргентинецот почувствува непријатност во коленото, беше заменет, а по лекарските прегледи беше одлучено да се одмори и да го прескокне дуелот со ...
Селекторот на Бразил Карло Анчелоти (66) ги избра најдобрите играчи што ги тренирал во својата богата тренерска кариера. Италијанецот избра седум играчи. Заедно со Модриќ, Анчелоти ги додаде и Бразилците Роналдо Назарио и Кака, кои ги тренираше во Милан, Дидие Дрогба од Брегот на Слоновата Коска, со кого работеше во Челзи, и ѕвездите на Реал Лука Модриќ, Винисиус Жуниор, Тони Крос и Кристијано Роналдо. Карло Анчелоти е еден од најуспешните ...
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, вети дека нема да ја менува својата фудбалска филозофија, а клупските челници не планираат да го сменат тренерот, објавија британските медиуми. „Клубот од Олд Трафорд има долгорочен план и иако постои незадоволство од моменталните резултати, нема да има ненадејни реакции или по секој натпревар да се преиспитува иднината на тренерот, без разлика колку е гласна бучавата однадвор“, објави „Скај ...
Францускиот лев бек Бенжаман Менди, поранешен играч на Манчестер Сити, кој преживеа долгогодишна драма пред да биде ослободен од обвиненијата за силување, има нов клуб. Менди, кариерата ќе ја продолжи во полската Екстракласа, а новиот клуб на 31-годишникот роден во близина на Париз ќе биде Погон Шчецин, како што тврди локалниот „mezcyki.pl“ и објавија бројни европски медиуми. Станува збор за двегодишен договор, а Полјаците истакнуваат дека ...
Ергин Атаман, селектор на Турција, емотивно реагираше на еуфоричниот пречек што го доби неговиот тим во Истанбул. Кошаркарите на Турција не успеаја да се вратат од Рига со златен медал, откако Германците беа подобри во финалето на Евробаскетот (88:83), но без оглед на тоа, им беше приреден величенствен пречек. На аеродромот, Атаман низ солзи им се обрати на присутните. „Сребрен медал по толку години, секако е голем успех и турскиот народ е ...
Кристијан Ромеро изјави дека во ниту еден момент не сакал да го напушти тимот ова лето. Аргентинецот изјавата ја даде пред потпишувањето на новиот договор со Тотенхем. Бројни клубови беа заинтересирани за Ромеро и се шпекулираше дека ќе се пресели во Атлетико Мадрид, но тој сепак го продолжи договорот со Тотенхем и беше именуван за капитен. Тој ја одигра секоја минута од почетокот на сезоната, постигна гол во финалето на Европскиот Суперкуп ...
Капитенот на Арсенал, Мартин Одегар, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Атлетик Билбао во првото коло од Лигата на шампионите поради повреда. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека Едегор не е со тимот во Шпанија, откако се повреди во саботата на натпреварот против Нотингем Форест (3:0) во Премиер лигата. „Габриел Жезус, Каи Хаверц, Бен Вајт и Мартин Одегар се отсутни, за жал“, рече Артета, за „Скај Спортс“. Одегар го ...
Новата сезона на фудбалската Лига на шампиони започнува вечерва, по втор пат во новиот формат што беше воведен минатата година, а титулата ја брани Пари Сен Жермен. Во мај, ПСЖ ја освои својата прва титула во историјата со победата над Интер 5:0 во финалето, што е најубедливата победа во финалните натпревари во историјата на елитното натпреварување. Патот на Парижаните, сепак, беше далеку од лесен, бидејќи беа блиску до елиминација во ...
Челзи имаше амбиции да го ангажира Кенан Јилдиз, но ЈУвентус ја одби понудата од „Стенфорд Бриџ“. Клубот од Лондон беше активен во преодниот рок, не штедеше пари, а Кенан Јилдиз исто така беше во плановите на „сините“. Еден од најдобрите играчи на Јувентус беше мета на Челзи, во Торино стигнала понуда од 70.000.000 евра, пишува „Калкомеркато“. „Старата дама“, ги одби тие пари и покажа дека смета на турскиот ас на долг рок, а извештајот го ...
И покрај тоа што Германија го освои Евробаскетот, по победата над Турција (88:83) во финалето, Ергин Атаман беше прогласен за најдобар тренер на турнирот. Ова не му се допадна на МВП-то на турнирот Денис Шредер, кој јасно го искажа своето мислење. За време на преносот во живо од прославата на платформата „Twitch“, тој извика: „Атаман, е.и се! Најдобриот тренер? Ајде!“, извика Шрудер додека ја славеше титулата во автобусот, а ја емитувеше ...
Фудбалерите на Србија нема да ја пречекаат Албанија во Белград во квалификациите за Светското првенство што ќе се игра во 2026 година. На веб-страницата на УЕФА се појави официјална информација дека Србија нема да биде домаќин на албанските фудбалери во Белград, наведено е дека натпреварот ќе се одигра на стадионот „Дубочица“ во Лесковац. Капацитетот на овој стадион е околу 8.000 места. Првично беше планирано натпреварот да се игра во ...
Легендарниот германски тенисер Борис Бекер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, се сомнева дека Србинот некогаш ќе стигне до 25-та Гренд слем титула. Бекер гостуваше во подкастот, кој го води со Андреа Петковиќ, меѓудругото рече дека 2026 година вероајтно ќе биде последна во кариерата на Ѓоковиќ. „Тој игра против Синнер или Алкараз и не знае колку долго ќе трае неговата кариера на Гренд слем турнирите. Ова е прв пат отворено да зборуваме за ...
Португалскиот стручњак Руи Виторија повеќе не е тренер на Панатинаикос, објави клубот од Атина. „Ти благодараме Руи. Ти посакуваме се најдобро во следната поглавје од твојата кариера“, се вели во објавата на Панатинаикос објавено на социјалната мрежа „Икс“. Виторија (55) доби отказ по лошиот влез во сезоната. Панатинаикос освои само еден бод во првите две кола од грчкото првенство. Следниот викенд, Панатинаикос го пречекува Олимпијакос во ...
Вејн Руни, легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, верува дека тренерот Рубен Аморим мора да врати искусен играч во тимот за да го реши проблемот со недостатокот на лидерство што беше очигледен во поразот во градското дерби. Тимот на Аморим беше лошо поразен од Манчестер Сити со 3:0 во неделата, а резултатот само го продолжува лошиот почеток на сезоната за „Црвените ѓаволи“, пишува „Дејли Мејл“. Јунајтед забележа само една победа во ...
Денис Шедер, моторот на германската репрезентација и ја донесе на својата земја втората европска титулата во историјата. Германија, синоќа во Рига, успеа да ги обедини светската и европската титула. Во 2023 година во Манила, Германија предводена од Шредер стана светски првак. Во драматично финале, Германија успеа да ја победи Турција со 88:83. До златото ги предводеше Шредер, кој постигна 16 поени и 12 асистенции. Шест од 16 поени постигна ...
Иконата на аргентинскиот и светскиот фудбал, Анхел Ди Марија, продолжува да импресионира дури и во ветеранските години. Росарио Централ на Ди Марија и Бока Јуниорс го одиграа дербито на осмото коло во Калусура. Ди Марија во 24-та минута изведе корнер, ги изненади сите на стадионот, наместо центаршут постигна спектакуларен гол и го постави конечниот резултат. ¡¡¡GOLAZO OLÍMPICO DE FIDEO DI MARÍA PARA EL 1-1 DE ROSARIO CENTRAL ANTE BOCA!!! ...
Португалецот Рубен Аморим, менаџер на Манчестер јунајтед, имаше скандалозен учинок откако пристигна во Премиер лигата. По очајната прва сезона во Манчестер (седна на клупата во декември минатата година), Аморим ужасно ја започна оваа сезона катастрофално. По четири кола освои ист број бодови, доволни само за 14-то место на табелата. По поразот од градскиот ривал Манчестер сити, неговиот настап во Премиер лигата со Јунајтед е 8 победи, 7 ...
Барселона го одигра својот прв домашен натпревар оваа сеозна. На стадионот „Јохан Кројф“, Барселона ја декласира Валенсија со 6:0. Првото полувреме не навестуваше дека екипата од Валенсија ќе доживее дебакл. Фермин Лопез ја доведе Барселона во водство по додавање од Феран Торес, а потоа следеше канонада во втората половина од натпреварот. Во игра влезе Рафиња, кој целосно ја поремети играта на противникот. Бразилецот го дуплираше водството ...
Германија на светската и ја придодаде и европсата титула. Германија, вечерва во Рига ја победи Турција со 88:83 и по 1993 година повторно ја освои европската титула. Апсолутен херој на Германија, пред сите е Исак Бонга, а во завршницата капитенот Денис Шредер кој во последните 67 секунди постигна шест поени. Турците и во своето второ финале (првото го играа во 2001 година) не успеа да се искачи на врвот. Германија стана четвртата ...
Ергин Атаман, селектор на Турција, зборуваше на прес-конференција по неуспехот во финалето на Евробаскетот. Неговата репрезентација загуби од Германија во финалето во Рига (88:83) во трилер завршница. „Мислам дека во текот на овие три недели во Рига на Евробаскетот, разговаравме за сè и немам ништо ново да кажам. Многу сме тажни поради поразот, потресени, но ѝ честитам на Германија за освојувањето на шампионатот“, рече Атаман на почетокот. ...
Фудбалерите на Милан ја победија Болоња (1:0) на „Сан Сиро“ во натпреварот од третото коло на италијанската Серија А. Херој на Росонерите беше 40-годишниот Лука Модриќ, кој го постигна својот прв гол во дресот на славниот клуб во 61-та минута. Крајот на натпреварот го обележа интересна ситуација судијата Матео Марченаро покжа на пенал, но откако ја прегледа снимката го поништи, а потоа му покажа црвен картон на тренерот на Милан, ...