Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Предраг Мијатовиќ, претседателот на ФК Партизан, влезе во жестока вербална расправија со навивачите на за време на 177-то „вечно“ дерби. Во еден момент од натпреварот, во кој неговиот тим на крајот беше поразен (2:1), Мијатовиќ се навали преку оградата од ложата и почна да се расправа со луѓето собрани на западната трибина. Не требаше долго време видеото, кое го прикажува Мијатовиќ како се расправа преку ложата брзо да се прошири на ...
Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, кој беше суспендиран од клубот ова лето поради обид за трансфер во Интер, е вклучен во составот за натпреварот против Торино во недела. „Тој разговараше со мене, со тренерскиот штаб и соиграчите, и ми се чини дека тие објаснувања беа добро прифатени. Тој сè уште не е во целосна форма бидејќи веќе некое време тренира самостојно или со резервите. Дали ќе игра утре? Сè уште не сум одлучил, ќе видиме дали ...
Фудбалерите на Црвена звезда го победија Партизан со 2:1, во 177-то „вечно“ дерби одиграно во рамките на деветтото коло од српската Суперлига. По петти пат по ред во домашното првенство, а вкупно шести, црвено-белите ги надиграа своите ривали и со тоа уште еднаш ја потврдија, во овој момент, својата доминација во српскиот фудбал. Прв пат од 1974 година Црвенз звезда успеа два пати по ред да победи на теренот на најголемиот ривал. Минатата ...
Жозе Мурињо по четврт век се врати на клупата на Бенфика и со победа го започна вториот мандат. Бенфика забележа гостинска победа кај АФС со 3:0. Првите два гола Бенфика ги постигна од пенали. Судаков беше стрелец во судиското продолжение од првото полувреме, а Павлидис во 56-та минута. Потоа Мурињо побара од своите играчи трет гол, односно гол од игра. Фрањо Ивановиќ го постигна во 64-та минута по асистенција од Павлидис. Тоа беше само ...
Фудбалерите на Манчестер jунајтед го победија Челзи со 2:1 во петтото коло од Премиер лигата. Ова е втора победа на Јунајтед оваа сезона, а прва над Челзи од 2023 година. „Црвените ѓаволи“, барем на 24 часа се вратија во горниот дел од табелата и се наоѓаат на деветтото место, со бод помалку од „сините“, кои го забележаа првиот пораз сезонава во Премиер лигата. Рубен Аморим и неговите избраници имаа голема помош, бидејќи Челзи остана со ...
Фудбалерите на Хајдук и Динамо го одиграа првото дерби во сезоната. Во седмото коло од СуперСпорт ХНЛ на „Пољуд“ во Сплит, екипата од Загреб победи со 2:0. Головите за победа на „модрите“ ги постигнаа Арбер Хоџа во 44-та минута, кога ја зеде топката на околу 30 метри од сопствениот гол, се упати кон голот на Хајдук и го заврши одличниот соло пробив со удар од работ на шеснаесетникот за 0:1. Точка на натпреварот и Монсеф Бакрар во 81-та. Тој ...
Реал има максимален учинок во Ла Лига, победи на сите пет натпревари. По Осасуна, Овиедо, Мајорка и Сосиедад, Реал победи и против Еспањол, иако гостите пружија солиден отпор на „Сантијаго Бернабеу“. Реал го победи Еспањол со 2:0 и му го нанесе првиот пораз на тимот од Барселона. Само еднаш во првото полувреме Реал шутираше во рамката на голот на Еспањол, Едер Милитао го направи тоа во 22-та минута по додавањето на Валверде, но неговиот ...
Фудбалерите на Баерн го победија Хофенхајм на гостински терен со 4:1, во четвртото коло од Бундеслигата. Баварците се непоразени оваа сезона, единствениот тим што има максимален учинок. Хари Кејн, капитенот на англиската репрезентација, ги предводеше до уште една победа, ксо втроиот хет-трик од почетокот на сезоната. Долго се чекаше на првиот гол на Баерн, до 44-та минута кога мрежата на домашниот тим ја затресе Кејн Веднаш по враќањето на ...
Завршија уште четири натпревари од петтото коло на Премиер лигата, домаќините освоија само два бода. Најинтересно беше на „Амекс“ во Брајтон, домаќинот одигра 2: против Тотенхем и покрај тоа што имаше водство од 2:0. Одличниот Јакуба Минтех прво ја одзеде топката во осмата минута, а потоа ја заврши акцијата со гол со малку среќа бидејќи беше само на милиметри од офсајд позиција. Ајари во 31-та минута постигна убав гол, откако Викарио имаше ...
Бошко Ѓуровски е згрижен во Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедење“, а Црвена звезда се огласи со соопштение. На Ѓуровски му се слоши за време на говорот на комеморацијата за Дејан Миловановиќ. „На комеморацијата за Дејан Миловановиќ, на Бошко Ѓуровски одеднаш му се слоши за време на говорот. Легендарниот фудбалер на нашиот клуб брзо се освести, а потоа беше префрлен во Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедење“, каде што ...
Фудбалерите на Леванте ја победија Џирона на гости со 4:0, во петтото коло од Ла Лига. Сè тргна „надолу“ за Џирона од 30-та минута кога Аксел Витсел доби втор жолт картон за невнимателен прекршок, а домашните останаа со еден играч помалку. Леванте ја имаше иницијативата и поведе на крајот од првото полувреме, кога Ета Ејонг постигна гол во 43-та минута за 1:0. Работите на теренот за Џирона станаа катастрофални кога на почетокот на вториот ...
Макс Ферстепен ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Азербејџан. Во најлудите квалификации во последните неколку години, актуелниот шампион ја освои пол-позицијата пред Карлос Санц јуниор од Вилијамс и Лијам Лосон од Рејсинг Булс. Шест пати во текот на квалификациите беа истакнати црвени знамиња (пто е апсолутен рекорд), два пати во третата квалификациска сесија, кога своите болиди ги оштетија најпрвин Шарл Леклер, ...
Фудбалерите на Ливерпул продолжуваат да доминираат во Премиер лигата. Шампионот на Англија ја забележа петтата последователна победа во лигата од почетокот на сезоната, против големиот градски ривал Евертон. Мерсисајд дерби на „Енфилд“ заврши со резултат 2:1. „Црвените“ заслужено славеа, но нивните навивачи повторно стрепеа во финишот на натпреварот. Холанѓанецот Рајан Гравенберх блескаше. Тој го постигна водечкиот гол и асистираше за ...
Кошаркарот на Монако, Џордан Лојд, е новото засилување на Ефес, објави турскиот клуб. Американецт со полски пасош ќе потпише едногодишен договор со клубот предводен од Србинот Игор Кокошков. Ефес му плати отштета на Монако бидејќи Лојд имаше договор со тој тим до следното лето. Вицешампионот на Евролигата потврди дека Лојд го напуштил клубот, така што неговото доаѓање беше официјализирано од Ефес. Лојд импресионираше со своите игри во ...
Германскиот фудбалер Џером Боатенг, светски шампион со репрезентацијата во 2014 година и двократен освојувач на Лигата на шампионите со Баерн, објави дека ја завршил својата професионална кариера. Овој 37-годишен фудбалер, по потекло од Гана, по Баерн играше за Олимпик Лион, Салернитана и ЛАСК од Линц. „Благодарен сум на сите тимови, навивачи, луѓе кои ме поддржуваа, а пред сè на моето семејство. Тие секогаш беа со мене“, додаде Боатенг, со ...
Бошко Ѓуровски се онесвести за време на говорот на комеморацијата за Дејан Миловановиќ, а првите информации за здравствената состојба на легендата на Црвена звезда се охрабрувачки. Присутните веднаш го кренаа Ѓуровски, а тој брзо се освести и се чувствуваше добро по укажаната помош. Секако, здравствената состојба на Ѓуровски ќе биде детално испитана и се чекаат прегледи, а најважно е што немало никаков удар врз неговиот организамшто веднаш ...
Кристијано Роналдо одговори на критиките упатени кон неговиот соиграч Жоао Феликс, поради неговиот трансфер во Ал Наср. Феликс минатото лето се пресели во Челзи од Атлетико Мадрид, бидејќи не играше многу на „Стемфорд Бриџ“, замина на позајмица во Милан. Таму не се прослави се врати во Челзи, а во финишот на преодниот рок реши да замине во Саудиска Арабија. Одигра пет натпревари во дресот на Ал Наср, досега постигна хет-трик со една ...
Манчестер Јунајтед сè уште талка на почетокот од новата сезона, а тренерот Рубен Аморим останува доследен на својата филозофија на играта, иако е под сериозен притисок од јавноста и навивачите. Серијата лоши резултати дополнително ги зголеми критиките кон португалскиот стручњак, а повеќето полемики се однесуваат на неговата одлука да не отстапи од формацијата со тројца во последната линија, односно формацијата 4-3-3. И покрај сè погласните ...
Луис Хамилтон, ѕвездата на Ферари и најуспешниот возач на Формула 1 на сите времиња, откри како се ослободил од својата колекција автомобили вредна повеќе милиони евра и се свртел кон нова страст, уметноста. Седумкратниот светски шампион и рекордер со 105 победи им го потврди ова на новинарите во Баку во пресрет на Големата награда на Азербејџан, пишува „GrandPrix247“. 40-годишниот Британец потврди дека неговата гаража, која некогаш ...
Лионел Меси (38) ќе го заврши својот договор со Интер Мајами на крајот од оваа година, потпишан во летото 2023 година. „Мајами Хералд“ пишува дека сега „по долги преговори, кои се влечеа во последните неколку месеци, Интер Мајами и аргентинската легенда се согласија за условите на нов, повеќегодишен договор“ и додава: „Тоа ќе биде последниот договор во кариерата на Меси, а објавата се очекува за десет дена“. „Мајами Хералд“, наведува дека ...
Претседателот на Милан, Паоло Скарони (78), истакна дека Интер и Милан ќе го добијат најдобриот стадион во Европа до 2031 година, кој ќе биде гордост на сите граѓани на Милано, објавија италијанските медиуми. „Проектот за нов стадион во градскиот округ Сан Сиро е во изработка веќе долго време, инвестирани се многу пари и сигурно ќе ја постигнеме зацртаната цел. Милан и Интер ќе го добијат најдобриот стадион во Европа, на кој сите граѓани на ...
Синот на легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан, Лука, госмени спортското државјанство и во иднина ќе игра за Алжир, објави денес Светската фудбалска федерација (ФИФА). Како што објави ФИФА, барањето на Лука Зидан е одобрено бидејќи тој никогаш не бранел за Франција во сениорската конкуренција, туку само во помладите категории. Лука Зидан има 27 години и го брани голот на шпанскиот второлигаш Гранада, а според најавите, селекторот на ...
Пред дербито со Арсенал, менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, зборуваше и за својот пријател и поранешен помошник Микел Артета, сегашниот менаџер на лондонските „топџии“. Дербито на петтото коло од Премиер лигата се игра во недела во Лондон, каде што Арсенал го пречекува Манчестер Сити. „Топџиите“ беа вицешампиони на Англија во последните три сезони, двапати зад „граѓаните“ на Гвардиола, а минатата сезона зад Ливерпул на Арне Слот. ...
Американецот Ноа Лајлс е победник во трката на 200 метри на Светското првенство во Токио. Лајлс стигна до целта со време од 19,52, пред сонародникот Кенет Беднарек (19,58) и Јамајканецот Брајан Левел (19,64). Летли Тебого заврши само една десетинка зад Левел. Американскиот спринтер, кој беше симнат од тронот во трката на 100 метри во Токио, ја продолжи својата неверојатна доминација на 200 метри. Ова беше четврто последователно светско ...
Фудбалскиот клуб Бенфика, вчера официјално го претстави Жозе Мурињо како шеф на струшниот штаб. Мурињо по 25 години се врати во клубот каде што ја започна самостојната тренерска кариера. Бенфика не сака прекин на соработката на нејзина штета со Жозе Мурињо, кога тоа ќе се случи. Клубот за да се заштити во договорот вметна посебна клаузула. Во Бенфика беа свесни кого ангажираат на местото на Бруно Лаж, тренер кој инкасирал повеќе од 100 ...
Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид би можел да добие нови сопственици, тврдат шпанските медиуми. „Експансион“, беше првиот што објави дека сопствениците на Атлетико Мадрид се во финални преговори со американскиот инвестициски фонд „Аполо Глобал Менаџмент“, кој треба да стане нов мнозински акционер на клубот. „Аполо“ ја проценува вредноста на клубот на 2,5 милијарди евра. Моменталниот мнозински акционер на клубот е „Атлетико Холдко“, ...
Легендарниот француски фудбалер, Ерик Кантона смета дека ФИФА и УЕФА треба да ги елиминира израелските клубови од сите натпреварувања. Причината, секако, е геноцидот извршен од израелската држава во Појасот Газа. Се проценува дека 66.000 луѓе, вклучувајќи деца, се убиени во нападите на израелската армија од 2023 година. Кантона присуствуваше на концертот „Заедно за Палестина“ што се одржа во Лондон, од каде што испрати јасна порака до ...
Фудбалскиот клуб Кристал Палас е казнет со 10.000 евра за транспарентот што нивните навивачи го истакнаа против Фредрикштад во плејофот на Конференциската лига. Навивачите на на клубот од „Селхрст Парк“, се лути на УЕФА, откако не им беше дозволено да играат во Лига Европа, што фер го заработија со своите настапи на теренот минатата сезона. Причината е што тие имаат иста сопственичка структура со Олимпик Лион и двата клуба не можат да бидат ...
Американскиот Си-Ен-Би-Си, објави интересна информација, а се однесува на Кевин Дурент, еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката. Рич Клајман, менаџерот на познатиот кошаркар, потврди за медиумите дека Дурент има на располагање многу пари во криптовалути. Сепак, постои еден огромен проблем. Кеј-Ди некаде ја изгубил лозинката. „Работиме на пронаоѓање на лозинката на Кевин за неговиот профил на „Коинбејс“. Тој никогаш не ги продал ...
Кошаркарот на Дубаи, Мамаду Жаите, заработи повреда на Ахиловата тетива во подготвителниот натпревар, објави „Баскетњуз“. Како што е наведено, се очекува Жаите да отсуствува поголемиот дел од сезоната поради повредата, а попрецизна временска рамка ќе биде позната по операцијата операција. Жаите потпиша двегодишен договор со Дубаи во јули, а претходните две сезони играше за Монако. Минатата сезона во Евролигата имаше просек од 7,5 поени и ...