Бeм Адебајо одигра еден од најголемите натпревари во историјата на НБА и ги предводеше Мајами Хит со 83 поени во победа над Вашингтон Визардс со 150:129. Адебајо доминираше од самиот почеток на средбата, ја заврши првата четвртина со 31 поен, на полувремето веќе имаше 43, додека на крајот од третата четвртина стигна до 62 поени. Од поле шутираше 20/43, од кои 7/22 тројки, и 36/43 од линијата за слободни фрлања. Неговиот претходен личен ...

Вардар 1961 блесна во Германија, го декласира Мелсунген со 34:25 и директно се пласира во четвртифналето, во Лига Европа. Вардар 1961, против бундес лигашот одигра брилијантен натпревар, исклучок е периодот во средишницата на првиот дел, кога Мелсунген со серија 5:1, изедначи на 7:7. Од тој момент за се на теренот се прашуваа црвено-црните. Ја вратија предноста со серија 5:1, а на полувреме имаа предност од пет гола (17:12). Црвено-црните ...

Баерн Минхен веќе е во четвртифналето, во Лигата на шампионите, ја победи Аталанта во Бергамо со 6:1. Во истиот термин, Барселона се спаси од пораз во Њукасл,со гол од пенал во 96-та минута. На „Сент Џејмс Парк“, Барселона не блескаше, одигра лош натпревар, но успеа да избегне пораз од Њукасл. Њукасл, играше подобро, имаше инцијатива, а успеа да поведе со гол во 88-та минута. Одличната тимска акција и нафрлувањето на Џејкоб Марфи, ја ...

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Тотенхем со 5:2 (4:1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Овој натпревар, без сомнение, беше историски поради неверојатните грешки на голамнот на Тотенхем, Кински и четирите голови што ги постигна Атлетико во првите 22 минути. 22-годишниот Кински, со одлука на тренерот Тудор, беше стартер и дебитант во Лигата на шампионите, но направи две ужасни грешки и беше заменет во ...

Фудбалерите на Галатасарај го победија Ливерпул со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Галататасарај забележа голема победа на „Рамс Парк“ во Истанбул, го победија фаворизираниот Ливерпул со навивачкиот спектакл на трибините. Инаку со идентичен резулта, во септември минатата година, Галатасарај го победи Ливерпул во првата фаза од Лигата на шампионите. Натпреварот започна со извонредна кореографија со емотивни ...

Во Барселона е во тек кампања пред изборите за претседател на клубот, а сегашниот лидер Џоан Лапорта сака нов мандат. Против кандидат муе Виктор Фонт. Како дел од неговата капмапњата, Лапорта откри дека пред речиси две години одбил огромна понуда за најдобриот играч на тимот, Ламин Јамал. Лапорта истакна дека во летото 2024 година, откако Џамал блесна во дерсот на националниот тим и стана европски првак со Шпанија, Пари Сен Жермен понудил ...

Сагата околу Душан Влаховиќ се ближи кон крајот. Напаѓачот за неколку месеци ќе биде слободен играч, што значи дека без обесштетување ќе го напушти клубот. Челниците на Јувентус, не ја кријат желбата тој да остане, но под нивни услови. Клубот му понуди на Влаховиќ краткорочен договор, но за речиси 40 отсто помала годишна плата. Според пишувањата на италијанскиот фудбалски инсајдер Никола Скира, Влаховиќ ќе добие договор според кој ќе ...

Фудбалската репрезентација на Австрија доби дозвола од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за поранешните младински репрезентативци на Англија и Германија да играат во тимот за претстојното Светско првенство. Станува збор за крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Карни Чуквуемека (22) и играчот од средниот ред на ПСВ, Пол Ванер (20), двајцата родени во Австрија. Австрија, предводена од тренерот Ралф Рангник, е во група на Светското ...

Џоан Лапорта, среде кампањата за трет претседателски мандат на чело на Барселона, започна жесток напад врз Реал Мадрид, обвинувајќи го дека ги контролира судиите повеќе од седум децении. Соочен со истрага за случајот Негреира, Лапорта тврди дека Барселона е жртва на пресметана кампања за клевета оркестрирана од главниот град. Шпанското јавно обвинителство ја обвини Барселона за спортска корупција за исплати од 7 до 8 милиони евра во текот ...

Вечерва започнува осминафиналната фаза во Лигата на шампионите. Ова фаза ќе ја обележат шпанско-англиските пресметки, две од трите на програмата се вечерва. Галатасарај и Ливерпул од 18.45 часот ќе ја отворат осминафиналната фаза. Ливерпул, во септември минатата година гостуваше кај Галатасарај. Турскиот првак победи со 1:0. „Во отворена игра бевме доста слични, на крајот полувремето заврши со пенал. Значи, веќе ги познававме добро, а ...

Оклахома го победи Денвер со 129:126 во НБА лигата. Мечот го реши актуелниот МВП, Шеј Гилџис-Александер со тројка на две секунди до крајот. Денвер постигна 40 поени во првиот период, таа предност Оклахома ја стигна и престигна во вториот. Во второто полувреме, Денвер не дозволи противникот да се одлепи, а во финишот Шеј постигна поени за победа. Во тимот на Оклахома, Шеј беше најефикасен со 35 поени и 15 асистенции, Џејлин Вилијамс имаше 29 ...

Пари Сен Жермен, во летниот преоден рок ќе ангажира нов голман. Луис Енрике не е задоволен од Лукас Шевалие, кој минатото лето дојде како замена за Џиџи Донамурма. Италијанецот не успеа да се договори со клубот околу платата, па реши да се пресели во Манчестер Сити. Шевалие, се нематна како логично решение, ПСЖ го ангажира за околу 30 милиони евра, но тој не успева да брани добро во континуитет. Дури и го загуби местото во тимот од Матвеј ...

Данго Уатара, крилниот напаѓач на Бренфорд, на стадионот на Вест Хем го доживеа најтешкиот момент во кариерата. Вест Хем, по изведувањето пенали, го елиминира Брентфорд и се пласира во четвртфиналето во ФА купот. Натпреварот во регуларниот тек заврши 2:2. По два гола постигнаа Џерод Боувен (Вест Хем) и Игор Тијаго (Брентфорд). Во пенал серијата, гол не успеа да постигне само Уатара. Репрезентативецот на Буркина Фасо се изрезили, се обиде со ...

Ливерпул ќе биде без првиот голман Алисон Бекер за првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Галатасарај. Бразилскиот голман не отпатува со тимот во Истанбул, што е многу изненадувачки, со оглед на тоа што и тој бил на утринскиот тренинг и немало информации за некоја сериозна повреда. Сепак, според последните информации, Алисон почувствувал непријатност во тетивите на крајот од тренингот, поради што тренерскиот штаб ...

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, е казнет со 80.000 фунти, бидејќи го критикуваше судењето, по ремито во Премиер лигата против Тотенхем. По натпреварот, шпанскиот репрезентативец го обвини судијата Роберт Џонс дека не бил „неутрален“ за време на натпреварот, кој заврши 2:2 на 1 февруари. Фудбалската асоцијација на Англија соопшти дека Родри го признал обвинението дека „се однесувал несоодветно за време на интервјуто по ...

Нема мир во Барселона по интервјуто што го даде Чави Ернандез и закое се претпоставуваше дека ќе предизвика тектонски пореметувања на „Камп Ноу“. Особено делот во интервјуто, во кое Чави рече дека Џоан Лапорта го стопирал враќањето на Лионел Меси во 2023 година. Легендарниот капитен и тренер на Барселона јавно го критикуваше Лапорта пред изборите во недела. Лапорта, реши веднаш да одговори. Истакна дека е навреден, но исто така е свесен за ...

Неверојатни сцени го одбележаа натпреварот од втората германска лига помеѓу Минстер и Херта Берлин, кој се претвори во хаос откако еден навивач го исклучи ВАР мониторот. Судијата Феликс Бикел беше повикан да ja прегледа снимката за од можниот пенал, но беше пречекан со празен екран бидејќи навивачот физички го исклучи уредот. Инцидентот се случи на крајот од првото полувреме, кога Бикел се приближи до мониторот покрај теренот за да го ...

Фудбалскиот клуб Партизан по само два натпревари го отпушти тренерот Дамир Чакар. Под негово водство, Партизан загуби дома од ОФК Белград (1:2) и вчера во Нови Сад од Војводина (3:0). Управниот одбор на Партизан, претпладнево одржа вонредна седница, му врачи отказ на Чакар и го врати на функцијата Срѓан Благојевиќ. Партизан реши да му се заблагодари на Благојевиќ на 1 ноември минатата година по поразот во првенството од Чукарички со 4:1. ...

Килијан Мбапе закрепна од повредата на коленото, денес се враќа на тренинзите на Реал Мадрид, но прашањето е дали ќе биде целосно подготвен да игра во среда (21:00 часот) против Манчестер Сити во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Имено, третманите што ги примени клубот дадоа добар моментален резултат, Мбапе ќе се обиде да тренира денес и утре и дури по нив ќе се знае дали ќе може да биде во составот за ...

Чави Ернандез го потресе светот на фудбалот со интервју во кое јавно го критикуваше Џоан Лапорта за сите лоши работи што се случуваат во Барселона. Тој откри како претседателот на каталонскиот клуб го спречил враќањето на Лионел Меси во клубот, а луѓе блиски до аргентинската ѕвезда му дадоа голема поддршка на Чави по неговиот јавен настап. Легендарниот Чави ја отвори душата во интервјуто за „Ла Вангуардија“ колку што можеше повеќе и ...

Владата на Велика Британија изјави дека експлицитните и навредливи објави што циркулираат на мрежата „X“, генерирани од алатката за вештачка интелигенција „Grok“, поврзани со трагедиите во Хилсборо, Хејсел, Михнен и смртта на Диого Жота и неговиот брат, се „неодговорни и болни“. Владата вели дека овие најави „одат против британските вредности и пристојност“. Сите тие се создадени од корисници на мрежата „X“ кои бараат од „асистент“ со ...

Улична тепачка и 23 црвени картони го обележаа финалниот меч, во шампионатото на бразилската сојузна држава Минеиро. Во финалето играа крузеиро и Атлетико Минеиро. Натпреварот беше прекинат поради општа тепачка, прирезултат 1:0 за Крузеиро (стрелец Каио Жорж). Инцидентот започна по дуелот на голманот на Атлетико, Еверсон и напаѓачот на Крузеиро, Кристијан. Ситуацијата ескалира до таа мера, што главниот судија, Матеус Делгадо Кандансан, ...

Сан Антонио Спарс го декласираа регионалниот ривал Хјустон со 145:120 и ја продолжија битката за првото место во Западната конференција, во НБА лигата. Предводени од Виктор Вембањама, Спарс го завршија поголемиот дел од работата во втората четвртина. Го решија овој дел од натпреварот во своја корист со 37:24 и заминаа на полувреме со плус 12. До крајот на натпреварот, тие само ја зголемуваа својата предност. Најдобри во победничкиот тим беа ...

Валенсија, со Столе Димитиревски на голот, забележа драматична победа над Алавес (3:2), во последниот меч од неделата програма во Примера. Алавес два пати имаше предност на „Месталја“, Валенсија изедначи во 90-та, а победи со гол од пенал во 99-ѕа минута. Валенсија забележа победа која ќе внесе малку мир во екипата. Клубот од „Месталја“ сега има седум бодови повеќе од Мајорка, која се наоѓа во опсната зона. Алавес е во лоша ситуација, има ...

„Дерби дела Мадонина“ му припадна на номиналниот домаќин, Милан. Црвено-црните го победија Интер со 1:0 и останаа во борбата за титулата. Милан ја продолжи успешната серија против градскиот ривал, ја забележа петтата последовна победа. Пред големото дерби на италијанскиот фудбал, Интер имаше десет бода предност пред градскиот ривал Милан. Јасно беше дека со победа, Милан ќего фати последниот воз во шампионската трка. Токму тоа и се случи, ...

Фудбалерите на Џенова ја победија Рома (2:1) во натпреварот од 28-то коло од италијанската Серија А. Тимот, предводен од клупата од легендата на Рома, Даниеле де Роси, забележа значајна победа во борбата за опстанок и во исто време ја оддалечи Рома од местото во Лигата на шампионите. Рома е петта на табелата со 51 бод, колку што има и четвртопласираниот Комо, додека бод помалку има Јувентус на шестото место. Џенова до предност дојде во ...

Тренерот на машката сениорска репрезентација на Србија, Раул Гонзалез, ќе стане нов тренер на Партизан од јули 2026 година, а договорот е потпишан до 2028 година. Шпанецот има многу успешна тренерска кариера. Со Вардар ја освои Лигата на шампионите во 2017 година, а потоа беше шампион на Франција седум години по ред со Пари Сен Жермен, кој го напушти минатото лето и се пресели во Белград. „Сите беа среќни затоа што станува збор за голем ...

Фудбалерите на Селтик го победија Ренџерс на „Ајброкс“, во 451-то „Олд Фирм“, одиграно во четвртфиналето на Шкотскиот Куп. По 120 минути беше 0:0, но „Келтите“ по изведувањето пенали славеа со 4:2. Великаните на шкотскиот фудбал се зад лидерот Хартс во првенството, што исто така би можело да значи дека Ренџерс многу лесно би можел да остане без трофеј оваа сезона. Екипата на Мартин О’Нил се бранеше на „Ајброкс“, не создаде ниту една шанса, ...

Фудбалерите на Динамо Загреб го победија Хајдук со 3:1 како гости во најголемото дерби во хрватскиот фудбал и направија гигантски чекор кон шампионската титула. Клубот од Сплит сега заостануваат десет бода зад „Сините“ и како што стојат работите и оваа сезона ќе останат без најважниот трофеј што го чекаат 21 година! Гостите ги постигнаа сите три гола пред 31.000 навивачи, во преполниот Пољуд, во првото полувреме и веќе тогаш го решија ...

Новата сезона и новата ера во Формула 1 започна со двојна победа на Мерцедес. Големата награда на Австралија ја освои Џорџ Расел пред Андреа Кими Антонели и Шарл Леклер од Ферари. Што се однесува до самата трка, таа започна спектакуларно каде што во првите неколку круга голема борба водеа Ферари и Мерцедес и каде што дури и Леклер изгледаше посериозно и поконкретно од Расел. Како што одминуваше трката и тактиките излегуваа на виделина, ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.52
57%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.42
73%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
66%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.93
57%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.68
67%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.67
94%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
0.45
50%
1009
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.76
43%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.58
53%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.36
66%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
73%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.14
100%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Калај

56.77

Рутениум

53852.50

Сребро

2005.37

Алуминиум

3.27

Бакар

13.54

Кобалт

56.29

Паладиум

43435.66

Цинк

0.00

Злато

137126.15

Платина

55652.94

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36