Возачот на Гресини, Алекс Маркез, ќе остане во италијанскиот тим и следната сезона, но ќе има на располагање фабрички мотоцикл, ист како што има неговиот постар брат Марк во Дукати. Алекс е главен конкурент оваа сезона на осумкратниот светски шампион во борбата за титулата, иако сега е сигурно дека возачот на Дукати ќе ја освои, можеби и na следната недела во Јапонија. Помладиот Маркез има забележано вкупно 21 подиум од почетокот на ...

Јапонецот Јуки Цунода, се огласи по повод шпекулациите дека Ред Бул би можел да го замени со Исак Хаџар наредната сезона. Јапонскиот возач беше прашан да ги коментира овие шпекулации пред Големата награда на Азербејџан. „Не знам на какви озборувања мислите“, им рече Цунода на новинарите. Кога му објаснија, тој одговори дека „тоа не се факти“ и дека се занимава само со сопствените перформанси. „Јас само се фокусирам на она што можам да го ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, не го криеше своето разочарување по поразот на неговиот тим (0:2) од Манчестер сити на „Етихад“ во првото коло од Лигата на шампионите. Италијанскиот шампион со големи амбиции пристигна на натпреварот со „Граѓаните“, откако претходно ги забележа сите победи во Серија А, но раниот црвен картон на Џовани Ди Лоренцо ги чинеше подобар резултат во Англија. Капитенот на Наполи доби директен црвен картон во 21-та ...

Норвежанецот Ерлинг Халанд постави уште еден рекорд, кој тешко дека некој ќе го достигне во блиска иднина. Водечкиот гол за Сити против Наполи го постигна Ерлинг Халанд во 56-та минута. Тој ја искористи асистенцијата на Фил Фоден и го спречи дотогаш извонредниот голман на Наполи Вања Милинковиќ Савиќ. Тоа беше јубилеен 50-ти гол на Норвежанецот во Лигата на шампионите, со што постави нов рекорд. Дојде до 50 голови во елитното натпреварување ...

Само шест клуба во Европа ги распродадоа стадионите од почетокот на сезоната на секој натпревар што го играа. Дури четири екипи доаѓаат од Германија, која очигледно има најлојални навивачи. Еден од нив е најдобриот тим во оваа земја, Баерн Минхен, кој досега играше против Лајпциг, Хамбургер и Челзи на домашен терен. Сите натпревари Баварците ги одиграа пред 75.024 гледачи, колку што може да собере величествениот стадион на германскиот ...

Искусниот плејмејкер, Ник Калатес, и литванскиот центар Донатас Мотејунас нема да бидат во плановите на Монако за претстојната сезона, објавуви „БиБаскет“. Двајцата кошаркари имаат важечки договори, но клубот одлучи да оди во поинаква насока. Мотејунас (35) веќе го привлекува интересот на неколку екипи од Евролигата, додека ситуацијата со Калатес би можела да биде покомплицирана поради здравствени проблеми. Калатес, рекордер во Евролигата ...

Пеп Гвардиола дал зелено светло за трансфер помеѓу два клуба од Манчестер, тврдат англиските медиуми. Низ историјата речиси и да немало трансфери меѓу клубовите од Манчестер. Трансфер на играч од Сити во Јунајтед или обратно немало уште од 1999 година, кога Тери Кук од Јунајтед се пресели во Сити. Претходно голманот Тони Котон се пресели од Манчестер сити на „Олд Трафорд“ во 1996 година. Тој никогаш не одигра ниту еден настап во Премиер ...

Големото дерби од првото коло од Лигата на шампионите на „Етихад“ заслужено им припадна на „Граѓаните“: Манчестер Сити го победи Наполи со 2:0. Во центарот на вниманието беше довчерашниот капитен на „Граѓаните“, Кевин Де Брујне, со кого си поигра судбината. Тој го имаше своето деби за Наполи во Лигата на шампионите против „својот“ Сити, но беше заменет во 25-та минута. Едноставно, Антонио Конте мораше да жртвува некого кога Ди Лоренцо доби ...

Ракометарите на Пелистер доживеаја пораз во Париз, од ПСЖ 33:27 (16:16) во второто коло во Лигата на шампионите. Пелистер на фаворизираниот противник му пружи сериозен отпор. 50 минути македонскиот првак играше егал со фаворизираниот противник. Последните 10 минути беа кобни за Пелистер, ПСЖ г заклучи натпреварот со серија 7:0. Во текот на мечот Пелистер имаше минус од четири гола, во првиот дел, но на полувремето резултатот беше изедначен, ...

Третиот ден од првото коло во Лигата на шампионите започна со убедливата победа на Бриж над Монако (4:1) и ремито меѓу Копенхаген и Баер Леверкузен (2:2). Бриж за десет минути во првото полувреме го реши прашањето околу конечниот победник на стадионот „Јан Брајдел“. Сè можеше да биде поинаку доколку Манес Акљуш реализираше пенал за Монако во 10-та минута. Домашниот голман Симон Мињоле успеа да направи многу за само 18 минути. Тој беше ...

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо е новиот тренер на Бенфика, објави клубот од Лисабон. Мурињо (62) потпиша договор со челниците на „Орлите“ до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката до јуни 2027 година. Мурињо со тоа се врати во клубот што го водеше во 2000 година. Бенфика беше неговиот прв клуб каде што работеше самостојно како тренер. Потоа ги водеше Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал, потоа повторно Челзи, а потоа ...

Англиските медиуми го идентификуваа човекот, навивач на Ливерпул, кој постојано го навредуваше тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне за време на исклучително квалитетниот натпревар од Лигата на шампионите на „Енфилд“. Освен победата на „Црвените“ од 3:2 со гол на Ван Дајк во втората минута од судиското продолжение, натпреварот ќе биде запаметен и по вербалниот конфликт, помеѓу Диего Симеоне и навивач на домашниот клуб. Инцидентот се ...

Судот за спортска арбитража (CAS) пресуди во корист на мексиканскиот тим Пумас УНАМ во нивниот правен спор со Дани Алвес. На почетокот на 2023 година, Пумас го отпушти бразилскиот дефанзивец поради обвинение за сексуална злоупотреба со кое се соочуваше во Шпанија. Клубот го раскина неговиот договор, а во мај 2024 година започна судска постапка за добивање отштета од играчот. Алвес пристигна во Мексико од Барселона во јули 2022 година, но во ...

Аргентинецот Лионел Меси ќе ја продолжи кариерата во Мајами, објавува ESPN. Нов повеќегодишен договор е подготвен за еден од најдобрите играчи на сите времиња. За клубот клубот од Флорида, Меси игра од 2023 година, кога помина „преку барата“ по брилијантната европска кариера. „Останува двете страни да се договорат за уште некои детали пред да го потпишат новиот договор“, тврди ESPN. По оваа вест, шпекулациите дека славниот Аргентинец ќе се ...

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на новата ранг-листа на ФИФА за најдобрите селекции во светот. Македонија се наоѓа на 63-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од една позиција. Фудбалската репрезентација на Македонија, на почетокот на овој месец загуби од Саудиска Арабија (2:1) во пријателски натпревар и го победи Лихтенштајн (5:0), о квалификациите за пласман на СП. Пред Македонија, меѓу другте на ...

Вечерва со нови шест натпревари ќе биде комплетирано првото коло во Лигата на шампионите. Погледите на фудбалската јавност ќе бидат насочени кон Англија, во Манчестер, Сити ќе го пречека италијанскиот првак Наполи, а во Њукасл ќе гостува Барселона. Натпреварот на „Етихад“ стадионот во Манчестер ќе биде емотивен за домашниот клуб и неговите фанови, Кевин Де Брујне ќе го предводи Наполи. Бегиецот минатото лето по 10 години го напушти Сити, ...

Игор Стефановски – Иџе, најтрофејниот македонски автомобилист, овој викенд во Хрватска ќе одбележи голем јубилеј – 200-та трка во својата кариера. На патеката во Бузет ќе се вози последната трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC) за 2025 година, каде Иџе ќе настапи со својот Ферари 488 B8, автомобил специјално подготвен за овие патеки. На оваа трка се пријавени дури 241 возач, а Стефановски ќе настапи со бројот 32. Годинава, ...

И покрај катастрофалните резултати во последните години, фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед финансиски, бележи нови рекордни бројки. Манчестер јунајтед оствари рекорден финансиски приход од 666,5 милиони фунти претходната година, иако тимот заврши на 15-то место во лигата, што е најлошиот пласман на „Ѓаволите“ во елитното англиско првенство од сезоната 1973/1974. Почетокот на нивниот петгодишен договор за спонзорство на предниот дел од ...

Жозе Мурињо ќе стане новиот тренер на Бенфика. „Here we go“, објави фудбалскиот инсајдер, Фабрицио Романо. По отказот што го доби во Истанбул, Мурињо ќе се врати во Бенфика по 25 години. Мурињо ќе го наследи Бруно Лаж, кој беше отпуштен по изненадувачкиот пораз на Бенфика од Карабаг на отворањето на Лигата на шампионите. Искусниот Португалец ја започна својата независна тренерска кариера на „Луж“ стадионот, но во својата татковина имаше ...

Италијанскиот Суперкуп ќе се одржи од 18 до 22 декември во Ријад, објавија официјалните лица на италијанската Серија А. Од 2023 година, италијанскиот Суперкуп го играат четири клуба: актуелниот шампион и вицешампион на Серија А, како и победникот и финалистот на италијанскиот Куп. Оваа година, Наполи (шампион на Италија), Интер (вицешампион), Болоња (победник на италијанскиот Куп) и Милан (финалист на италијанскиот Куп) ќе учествуваат во ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего, полуде како никогаш досега во кариерата на натпреварот со Ливерпул и нападна навивач. Фудбалерите на Ливерпул го победија Атлетико Мадрид со 3:2 во спектакуларен натпревар од првото коло на Лигата на шампионите. На истекот на натпреварот, не само што го видовме решавачкиот гол за победата на Ван Дајк, туку и инцидент меѓу тренерот на гостинскиот тим, Диего Симеоне, и еден навивач, по што тој беше ...

Во одличен натпревар од првото коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Ливерпул го победија Атлетико Мадрид со 3:2 со голот на Вирџил ван Дајт во 92.минута. Во уште едно дерби, Баерн беше подобар од Челзи со 3:1, додека ПСЖ и Интер исто така победија против Аталанта односно Ајакс. Атлетико минута го делеше од бод на „Енфилд“, иако имаше два гола негатива на од шестата минута. Шампионот на Англија го започна натпреварот фуриозно и со ...

Фудбалскиот клуб Вардар одбраната на титулата во Купот на Македонија ќе ја започне на домашен терен против Новаци. Во Куќата на фудбалот со ждрепка беа одредни осминафиналните двојки. Се игра еден натпревар, а термините се 24.09.2025 и 29.10.2025. Осминафинални двојки во Купот на Македонија: Македонија ЃП – Струга Трим Лум Охрид Лихнидос – Шкупи 1927 Вардар – Новаци Башкими 1947 – Силекс Шкендија – Тиквеш Работнички – Брегалница 2008 ...

Фудбалерот на Виљареал, Томас Парти, претпладнево се изјасни за невин кога се појави пред судот во Лондон, по обвиненијата за силување и сексуален напад. Парти беше обвинет по пет точки за силување и едно обвинение за сексуален напад, поради спорни настани во 2021 и 2022 година. Обвиненијата се однесуваат на три жени. Парти во тоа време беше член на Арсенал, а веќе една година англиските медиуми пишуваат за овој случај. „Топџиите“ не го ...

Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, ќе го пропушти натпреварот на Барселона против Њукасл јунајтед во Лигата на шампионите во четврток на „Сент Џејмс Парк“ поради повреда на препоните, објави шпанскиот клуб. Јамал се повреди додека играше за националниот тим, а тренерот на Барселона, Ханси Флик, жестоко го критикуваше селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, дека во репрезентацијата не се грижеле за 18-годишникот, кој ја пропушти и ...

Трент Александер-Арнолд (26), десниот бек на Реал Мадрид и репрезентацијата на Англија, синоќа го напушти натпреварот веќе во петтата минута од натпреварот од Лигата на шампионите против Марсеј. Реал победи со 2:1, но на најмалку шест недели го загубија играчот кого го доведоа како слободен агент ова лето. Трент го повреди мускул, бицепс на левата нога, и нема да игра најмалку месец и пол, а можеби и подолго. Во тој период, Реал ќе одигра ...

Душан Влаховиќ е херојот на Јувентус во ремито против Борусија Дортмунд во првото коло од Лигата на шампионите. Јувентус и Борусија одиграа спектакуларно второто полувреме во Торино. Гостите од Германија до 94.минута имаа доство 2:4, на крајот натпреварот заврши без победник 4:4. Влаховиќ е тема во италијанските медиуми ден по натпреварот. Влезе на теренот во 60.минута, постигна два гола, а во 96.минута повлече контра и му асистираше на ...

Винисиус Жуниор и Реал Мадрид повеќе не се на иста бранова должина. Чаби Алонсо реши да го остави на клупата за резерви на премиерата во Лигата на шампионите, а по тешката победа над Марсеј (2:1), започнаа шпекулациите за незадоволство на Винисиус. Сигурни мадридски извори пишуваат дека постојат три причини зошто Винисиус повторно стана тема во Реал. Првата е дека минатата сезона беше многу лош и не успеваше да прави разлика на теренот, ...

Четврт век откако беше отпуштен од тренерската позиција на Бенфика по само десет натпревари на клупата, сега ветеран од европските фудбалски битки и повеќе пати поразен генерал, Жозе Мурињо се враќа во Лисабон. „Си-Ен-Ен Португалија“ објави дека остануваат мали формалности до втората промоција на „Специјалниот“ на позицијата тренер на најтрофејниот португалски клуб. „Бенфика и Жозе Мурињо се согласија за основните принципи на соработка, ...

Роберт Просинечки доби отказ на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Црна Гора. Како што дознава „Спорт Клуб Хрватска“, причината за оваа одлука на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора се неуспесите во дуелите со Чешка и Хрватска. Исто така е познато кој ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на црногорската репрезентација. Функцијата од Просинечки ќе ја преземе Мирко Вучиниќ, легендарниот црногорски фудбалер. Просинечки ја презеде ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
4.63
72%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
997
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
0.89
90%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1001
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
94%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
92%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Калај

48.47

Злато

157055.75

Сребро

2457.28

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.07

Платина

83354.78

Бакар

11.66

Цинк

3.33

Паладиум

53434.54