Фудбалскиот клуб ТСЦ го официјализира трансферот на репрезентативецот на Македонија, Бојан Димоски, објави клубот од Бачка Топола. Димоски (23) пристигна во ТСЦ од Акрон од Тољати. Вториот дел од минатата сезона го помина како позајмен во Партизан, а за „црно-белите“ одигра само четири натпревари. Кариерата ја започна во младинските категории на Тетекс, а потоа играше за Вардар, за кој дебитираше како 17-годишник во февруари 2019 година, и ...

Бразилецот Антони се расплака по враќањето во Севилја, раскажа колку му било тешко во последните 40 денови додека престојувал во хотел пред конечно да се реализира неговиот трансфер од Манчестер јунајтед во Бетис. Антони ќе биде адутот на Бетис и во новата сезона, но овој пат не како позајмен играч од Манчестер јунајтед. Шпанскиот клуб успеа да го откупи неговиот договор од Манчестер јунајтед по долги преговори. Трансферот изнесуваше 25 ...

Бранителот на титулата на Шпанија се соочува со елиминација од Европското првенство веќе во првата фаза. Во пресрет на последното коло, селекцијата на Серѓо Скариоло е трета во групата, зад Грција и Италија, со резултат 2-2, исто како и Грузија и Босна и Херцеговина. Шпанците ќе го играат решавачкиот натпревар против Грција, а во случај на пораз, можат да се паднат на претпоследното место во групата, со што ќе бидат елиминирани веќе во ...

Завршницата на преодниот рок беше особено возбудлива во Њукасл, кој го во фото-финиш комплетираше трансферот на напаѓачот Јоан Виса. Виса пристигна од Брентфорд како дополнителна опција во нападот, откако клубот, малку порано, го сруши клупскиот рекорд со трансферот на Ник Валтемаде од Штутгарт за 85 милиони. И двајцата ќе имаат задача да го компензираат заминувањето на Александар Исак во Ливерпул за 150 милиони евра. Повеќе од една третина ...

Темпераментниот аргентински стручњак Хорхе Сампаоли се враќа во Атлетико Минеиро, потврдуваат аргентинските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до клубот. Според весникот „Ла Насион“, искусниот тренер прифатил профитабилен договор вреден 3,5 милиони долари годишно (нето), што е околу 3.000.000 евра, што ќе го направи втор најплатен менаџер во Бразил, веднаш зад Абел Фереира од Палмеирас (околу 5.000.000 евра). Неговото враќање доаѓа во ...

Фудбалските репрезентативци на Португалија се собра за прв пат по трагичната смрт на Диого Жота, а ѕвездата Рубен Невеш му оддаде особено трогателна почит на својот близок пријател и соиграч кој почина на 28-годишна возраст, пишува „Дејли Мејл“. Жота и неговиот брат Андре загинаа во сообраќајна несреќа на почетокот на јули. Оваа недела, Португалија ги игра своите први натпревари по трагедијата, а како дел од квалификациите за Светското ...

Поранешниот германски репрезентативец Илкај Гундоган (34) го напушти Манчестер сити, ќе ја продолжи кариерата во Галатасарај, објавија клубовите. Гундоган потпиша двегодишен договор со Галатасарај, ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона, откако го носеше дресот на „Граѓаните“ вкупно осум години во два наврати. Германскиот играч од средниот ред играше за Сити од 2016 до 2023 година, а потоа и минатата сезона. Вкупно, тој одигра 358 ...

Ајмерик Лапорт, по осум години, сње врати во Атлетик Билбао, но ситуацијата со трансферот се искомплицира. Дефанзивецот потпиша тригодишен договор со баскискиот клуб, но Ал Наср задоцни со документацијата, па трансферот не помина навреме низ TМС. ФИФА и ФФ на Шпанија сега ја разгледуваат документацијата и ги бараат причините за доцнењето на клубот од Саудиска Арабија. Трансферот на францускиот фудбалер со шпански пасош сега официјално ...

Најтрофејната ракометарка во историјата, трикратната олимписка шампионка Катрин Лунде потпиша договор со спрскиот првак, Црвена звезда. „Со нетрпение очекувам повторно да почнам со тренинзи и натпревари. Ќе биде возбудливо во овој новиот тим“, рече 45-годишнината голманка, инаку седумкратна освојувачка на Лигата на шампионите и освојувач на 12 златни медали на големи натпреварувања (СП, ЕП и ОИ) со норвешката репрезентација. Лунде се смета ...

Сензационална вест од Турција. Шампионот Галатасарај го доведе репрезентативниот голман Угурџан Чакир од Трабзонспор за 33 милиони евра. Галатасарај го сакаше светскиот шампион Аргентинецот Емилијано Мартинез од Астон Вила и не успеаја да го добијат. Го сакаа и Бразилецот Едерсон од Манчестер сити, него пред нос им го „украде“ градскиот ривал Фенербахче. Кога извисија за Мартинес и Едерсон, челниците на Галатасарај се налутија и го отворија ...

Португалскиот фудбалер Томаш Хандел е нов играч на Црвена звезда. Преодниот рок во Србија трае до 15 септември, а вечерва на полноќ истекува рокот на УЕФА за пријавување на играчите со кои клубовите ќе настапат во Лига Европа. Овој 24-годишен дефанзивен играч од редот за врска во Белград дојде од Виторија Гимараеш во трансфер вреден три и пол милиони евра, како што објавија медиумите. Црвено-белите го потврдија доаѓањето на Португалецот на ...

Мексиканецот Гиљермо Очоа (40) во последен момент одлучи да ја одбие понудата на шпанскиот второлигаш Бургос. На последниот ден од преодниот рок, голманот, кој во својата кариера бранеше на пет светски првенства, со амбиција да го стори тоа по шести пат, пристигна во споменатиот шпански клуб за да го финализира договорот со претставниците на Бургос. Сè одеше непречено за двете страни сè до моментот кога, според шпанските медиуми, Очоа ...

Босна и Херцеговина ја победи Грција со 80:77 во третото коло, во Д групата на Европското првенство во кошарка. Натпреварот во Лимасол, покажа дека Грција без Јанис Адетокумбо е просечна репрезентација. Еден од најдобрите играчи во светот, натпреварот го пропушти поради лесна победа на коленото. И без Јанис, Грците почнаа добро, го контролираа натпреварот, а во втората четвртона дојдоа до највисоката предност 34:21. Од тој момент Босанците ...

Челниците на Баер Леверкузен, немаа трпение со Ерик тен Хаг. Му врачија отказ на Холанѓанецот по само 62 дена. Тен Хаг го водеше Баер на три официјални натпревари, вкупно 27 минути. Ниту еден тренер во историјата на Бундес лигата не добил отказ толку бргу. По тоа Тен Хаг ќе биде запишан во историјата. Но, Баер ќе мора да го испплати Холанѓанецот, бидејќи договорот еднострано е раскинат. „Билд“, објави дека Тен Хаг ќе добие обесштетување од ...

Џејми Карагер има необична теорија зошто Рубен Аморим сè уште не е отпуштен од Манчестер јунајтед и покрај низата катастрофални резултати на „Олд Трафорд“. Поранешната ѕвезда на Ливерпул верува дека харизмата, шармот и добриот изглед на Аморим му помагаат на португалскиот тренер да ја задржи својата работа, пишува „Дејли Мејл“. Зборувајќи за „The Overlap Fan Debate“, Карагер го објасни својот став. „Постои голема желба Жозе Мурињо да се ...

Џанлуиџи Донарума е последното засилување на Манчестер сити, во летниот преоден рок, потврди англискиот клуб во објава на социјалните мрежи. Донарума, до неодамна голман на Пари Сен Жермен, пристигна во синиот дел на Манчестер во трансфер вреден околу 35.000.000 евра. Сити евтино помина бидејќи Донарума влезе во последната година од договорот. Пари Сен Жермен, не сакаше да дозволи по завршувањето на сезоната тој да замине без обесштетување, ...

Летниот преоден рок во најсилните европски национални првенства заврши вчера вечерта. Точно 25 трансфери ова лето беа во вредност од 50 милиони евра и повеќе, а највредниот трансфер беше оној на Александар Исак, кој го напушти Њукасл и се приклучи на Ливерпул за 144 милиони евра. Ливерпул, летово потроши најмногу пари на засилувања, вкупно 417 милиони фунти. Црвените трошеа на засилувања, но и заработија од продажбите на неколкумина ...

Италијанскиот мотоциклист Франко Морбидели го продолжи договорот со тимот ВР46 до крајот на следната година. Морбидели, шампионот во категоријата Moto2 во 2017 година, пристигна во италијанскиот тим оваа сезона. Според сегашниот договор помеѓу ВР46 и Дукати, Морбидели нема да има фабрички мотор, туку постарата спецификација Десмоседичи, бидејќи новиот е резервиран за неговиот колега Фабио ди Џанантонио. Морбидели пристигна во кралската ...

Литванската кошаркарска репрезентација доживеа голем удар на Евробаскетот – плејмејкерот Рокас Јокубаитис го заврши учеството на турнирот поради повреда на коленото. Јокубаитис се повреди вчера против Финска. Веднаш беше изнесен од паркетот, а по дополнителните прегледи, медицинскиот тим на Литванија потврди дека тој повеќе нема да настапува на првенството. Според информациите што ги објави „Баскетњуз“, талентираниот плејмејкер наскоро ќе ...

Мануел Аканџи пристигна во Милано, но не во неговиот црвено-црн дел. Градскиот ривал на Милан, Интер успеа да го обезбеди потписот на швајцарскиот репрезентативец. Аканџи пристигна во светската престолнина на модата на едногодишна позајмица, за која „нераѕурите“ издвоија 1.000.000 евра. Доколку одигра барем половина од натпреварите или Интер го освои Скудетото, ќе се активира задолжителната опција за откуп за 15.000.000 евра. ...

Галатасарај е блиску до реализација на нан трансферот на играчот од средниот ред на Манчестер сити, откако Пеп Гвардиола му дозволи на ветеранот да го напушти клубот. 34-годишникот се врати на „Етихад“ минатото лето по престојот во Барселона, но со повторното реконструкција на средниот ред на Гвардиола, Гундоган сега изгледа подготвен за ново заминување, а преговорите со турскиот клуб се во напредна фаза. „Галатасарај е во сериозни ...

Фудбалерот на Челзи, Николас Џексон, ќе игра на позајмица во Баерн Минхен до крајот на сезоната, објави германскиот клуб. Експретот за трансфери, Фабрицио Романо објави дека Баерн има опција да го откупи договорот на 24-годишниот сенегалски напаѓач како дел од договорот со Челзи. Баерн за заемот на Џексон ќе издвои 15 милиони евра, а доколку сака да го откупи неговиот договор ќе мора да плати 85 милиони евра. „Николас ќе додаде уште една ...

Ливерпул, последниот ден од преодниот рок го донесе Александер Исак, но не успеа да го реализира трансферот на Марк Гуеи и покрај тоа што капитенот на Кристал Палас ги мина медицинските прегледи на „Енфилд“. Трансферот пропадна бидејќи Кристал Палас не успеа да донесе замена за Гуеи. Во ситуација кога клубот не донесе замена за Гуеи, менаџерот Оливер Гласнер се закани со оставка доколку капитенот биде продаден во Ливерпул. Интересно, ...

Легендарниот напаѓач, Џејми Варди ќе игра едно од последните поглавја од својата кариера. За прв пат тој ќе игра во странство. Дестинацијата е многу романтична, во согласност со неговата животна приказна. Имаше многу гласни приказни за фактот дека иконата на Лестер и Премиер лигата ќе потпише за Кремонезе пред крајот на преодниот рок, а сега сè е официјално. Варди ќе го носи дресот на повратникот во Серија А следната сезона, и ќе се обиде ...

Фудбалскиот клуб Црвена звезда, во летниот преоден рок заработи еден куп пари. Црвена звезда од продажба на фдбалери заработи 43.500.000 евра. Реално е да се трансферираат 50 милиони, а тоа ќе се случи доколку клубот го напушти напаѓачот Шериф Ендиај. Одлуката во врска со трансферот на Сенегалецот сè уште не е донесена, а преодниот рок во Обединетите Арапски Емирати трае до 1 октомври. Учесникот во главната фаза во Лигата на шампионите, ...

Манчестер јунајтед се договори со Антверпен во врска со трансферот на 23-годишниот голман Сене Ламенс. Јунајтед ќе плати 21 милион евра отштета за белгискиот голман, кој сè уште не нема настап за сениорската репрезентација. Инсајдерот Дејвид Орнштајн, објави дека Ламенс е во Англија, кога ќе ги помина задолжителните медицински преглед, ќе потпише петгодишен договор за Јунајтед пред крајот на преодниот рок, кој завршува во 19 часот. Ламенс ...

ПСЖ повторно го испрати на позајмица Рандал Коло Муани (26). Репрезентативецот на Франција ја помина втората половина од минатата сезона во Јувентус. Цело лето Коло Муани чекаше Јувентус да се договори со ПСЖ. Откако клубовите не постигнаа договор, а Јувентус за 40 милиони евра го донесе Лоис Опенда, Коло Муани прифати да се пресели во Тотенхем. Фабрицио Романо објави дека Спарс ќе му плати на ПСЖ пет милиони евра и дека во фоговорот нема ...

Њукасл јунајтед веднаш ќе ги потроши парите од трансферот на Александер Исак. Швеѓанецот во рекорден трансфер, кога станува збор за Премиер лигата, се сели во Ливерпул. Сумата од 150 милиони евра, Њукасл ја вложи во Ник Волтемаде и Јоан Виса. Напаѓачот на Штутгарт, Волтемаде пристигна во клубот пред неколку дена, а до крајот на денот, Виса ќе потпише договор со клубот од „Сент Џејмс Парк“. Виса, во Њукасл доаѓа од Брентфорд во трансфер ...

Баер Леверкузен објави дека клубот ја прекинал соработката со тренерот Ерик Тен Хаг. Холандскиот тренер освои само еден бод во претходните две кола од Бундеслигата, неговите играчи пропуштија предност од два гола со играч повеќе во Бремен во последните 25 минути, а поранешниот стручњак на Ајакс и Манчестер јунајтед се најде на удар на јавноста. Клупските ченици решија да му се заблагодарат на соработката и да се свртиат кон друг стручњак ...

Мароканскиот фудбалер Елиес Бен Сегир потпиша петгодишен договор со Баер Леверкузен до 30 јуни 2030 година. Висината на трансферот не е официјално објавена, но извори блиски до Монако наведуваат дека изнесува 32 милиони евра, со бонус од пет милиони евра и процент од следната продажба на играчот. 20-годишниот играч од средниот ред е продукт на младинската школа на Монако. Во „малото кнежевство“ во 2023 година ја започна професионалната ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
86%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.57
98%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
993
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.24
90%
1002
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 1ᴼ
3.13
93%
999
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
95%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

53434.54

Кобалт

64.04

Бакар

11.66

Алуминиум

3.07

Злато

157055.75

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Сребро

2457.28

Платина

83354.78

Калај

48.47

Родиум

336779.07

Цинк

3.33