Белград
9ᴼ /
7ᴼ
Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Дејан Митески, изјави дека општината самоиницијативно се справува со зголемените количества отпад, иако надлежноста за комуналната чистота е на Град Скопје. „Сликата е жалосна во цело Скопје, но ние во Аеродром не чекаме – дневно депонираме повеќе од 10 тони отпад во Дрисла,“ изјави Митески. Тој нагласи дека, пред да се воведат казни, неопходно е граѓаните да имаат услови каде да го одлагаат ...
На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вчера гостуваше кандидатот за градоначалник за општина Карпош, Сотир Лукровски кој на самиот почеток на емисијата дискутираше за неговиот противкандидат за општина Карпош и објасни дека во Карпош има два фронта, едниот е фронтот на потрошени играчи, непринципиелни коалиции, и луѓе кои сите овие години ги распродаде парковите во Карпош, и фронт-опција која ќе ја врати довербата во граѓаните. „Водам ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сакал да одржи бескорисен состанок со рускиот лидер Владимир Путин, откако планот за нивни директни разговори за Украина бил ставен на пауза. Американскиот претседател во вторникот во Белата куќа стави до знаење дека клучната пречка останува одбивањето на Москва да престане со борбите по сегашната линија на фронтот, пишува Би-Би-Си. Белата куќа претходно потврди дека нема планови за нов ...
Седум натпревари се одиграа во ударниот термин од 21 часот во третото коло од Лигата на шампионите. Натпреватите ги обележаа убедливите победи на Арсенал над Атлетико Мадрид (4:0), ПСВ над Наполи (6:2), а ПСЖ победи во Леверкузен со (7:2). Атлетико Мадрид на „Емирати“ во Лондон, влезе во црна дупа во периодот од 57-та до 70-та минута. Тогаш Арсенал постигна четири гола. До првиот гол, ривалите беа рамноправни на теренот и покрај тоа што Арсенал ...
Ракометарите на Вардар 1961 ја забележаа втората победа во Европската лига. Вечерва во Тулуз, екипата на Иван Чупиќ славеше со 28:26. Вардар 1961 го растури Тулуз во првиот дел, на полувремето резултатото беше 18:11. Тулуз не се предаде, во вториот дел ја истопи предноста на црвено-црните на само еден гол (23:22). Сепак Вардарци не ја испуштија победата, се конслидираа, со предност од четири гола влегоа во последните пет минути, па Тулуз немаше ...
Унгарија има намера да ја оспори одлуката на Советот на Европската Унија за забрана за испорака на руски гас пред Европскиот суд на правдата, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. Сијарто истакна дека Унгарија ги смета за нелегални постапките на Советот на ЕУ бидејќи одлуката не е донесена едногласно, туку со квалификувано мнозинство, што се објаснува со проценката дека станува збор за трговија, а не за санкции. Поради ...
Цените на нафтата денеска останаа близу до нивото од 61 долар за барел на меѓународните пазари, што навестува ублажување на геополитичките тензии и прогноза на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) за суфицит на понудата почнувајќи од следната година. На лондонскиот пазар, цената на барел попладнево беше повисока за 32 центи отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 61,33 долари. За речиси иста сума, барелот поевтини на ...
Француската морнарица запленила моторен чамец што превезувал 2,4 тони кокаин кај португалскиот остров Мадеира во Атлантскиот Океан, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение од обвинителството во Брест, во кое се наведува дека во операцијата барала употребена сила врз шверцерите. Вредноста на запленетата дрога се проценува на над 128 милиони евра. Операцијата е спроведена во координација со САД и Велика Британија. Весникот „Паризиен“ објави дека ...
Вкупните депозити, на годишно ниво, во септември бележат раст од 13,2%, и се должи на растот на депозитите на двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Вкупните кредити, пак, имаат раст од 13,5%, и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка. Според Народната банка, кредитната активност продолжува со позитивен тренд. ...
Според сите извештаи, најавениот состанок Трамп-Путин, кој требаше да се одржи во Будимпешта следната недела, пропадна. Барем кога станува збор за блиска иднина. Имено, висок функционер на Белата куќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин немаат планови за средба „во блиска иднина“, пренесува Ројтерс. Оваа изјава доаѓа само неколку дена откако Трамп предложи нов самит со рускиот лидер. Дописникот ...
Рускиот претедател Владимир Путин доби драматично предупредување за наводен „британски заговор за атентат“ што го очекува доколку отпатува во Унгарија на средба со Доналд Трамп. Предупредувањето дојде од Андреј Безруков, полковник на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) и поранешен таен агент кој со години работел во САД, пишува Express.co.uk. Безруков упати директен апел до рускиот претседател: „Не одете во Будимпешта“, повикувајќи го ...
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурите ќе се движат од 6 до 13 степени минимални и од 14 до 19 степени максимални. Во Скопје се очекува променливо облачно време со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, со минимална температура од 10, а максимална до 19 степени. Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно ...
Стабилни економски и политички односи, високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија и силен партнер во релизацијата на стартешките цели на земјата. Ова беше констатирано на средбата помеѓу потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и државниот министер во Одделот за бизнис и трговија во Владата на Обединетото Кралство, Сер Крис Брајан, која денеска се одржа во Лондон. Македонија е на пат да ...
На Клиниката за неврохирургија во текот на минатата недела првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic brain biopsy). Работниот тим што ја изведе оваа значајна интервенција се состои од д-р Роберт Шумковски, д-р Ивица Коцевски, д-р Љуљзим Агаи (неврохирурзи) и д-р Радмила Панговска (анестезиолог). -Испишуваме ново поглавје во неврохирургијата. Големо е задоволството кога имаме развој во јавните ...
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов вели дека еден осуденик, месечно ја чини државата околу 1.000 евра. Над 900 лица во моментов се под пробациски мерки, а системот има капацитет да опфати уште многу повеќе, беше истакнато пред работниот состанок на тема „Пробација и условен отпуст“, кој се одржува денеска во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Скопје. Директорот на Управата за извршување на ...
За вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица, информираат денеска од Министерството за здравство. Вакцинацијата се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои шест се во Скопје. Сите заинтересирани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните категории население, како ...
ВМРО-ДПМНЕ покрај огромниот успех на избрани 33 градоначалници уште во првиот круг, има огромен успех на советничките листи со 550 избрани советници во советите на општините и градот Скопје, на денешната прес клонференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. -550 советнички места за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 232 за СДС, 153 за ДУИ, 66 за Левица се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од апсолутен победник на овие избори и дека граѓаните јасно ...
Обединетото Кралство се сериозно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, рече вицепремиерот Александар Николоски по средбата со министерот за бизнис и трговија од Обединетото Кралство, Сер Крис Брајан. На средбата присуствуваа и министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски. Николоски најави голем број средби со високи владини претставници. – Денеска ја почнуваме ...
Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје. Како што информираат од ЈОРСМ, јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ја ...
Македонските граѓани и компании не треба да бидат загрижени дека ќе секне снабдувањето со гас, изјави денес министерката за енергетика Сања Божиновска. Вчера, Советот на Европската Унија го поддржаа предлогот за укинување на увозот на рускиот природен гас од 1 јануари 2026 година, но дека ќе има преоден период за склучените договори. Краткорочните договори склучени пред 17 јуни 2025 година можат да продолжат до 17 јуни 2026 година, додека ...
Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина во објава на Фејсбук реагираше за несобирањето на отпадот низ Скопје и која точно порака треба да ја сфатиме со ваквиот потег. „Која точно порака треба да ја сфатиме од несобирањето на ѓубрето еве нека кажат, ќе речеме сме ја сфатиле и нека го соберат. Не разбирам што треба да сфатам? Да не зимаат институциите пари од нас редовно, не е тоа, ги плаќаме. Да немаат механизација, не верувам, како имаа до пред ...
Ден после катастрофалниот пораз на СДСМ во првиот круг на локалните избори, во време кога партиските водства ги средуваат впечатоците од изборниот ден и темелно ги анализираат резултатите, Центарот на комуникации на СДСМ нашол мотив, некаква причина и сили да напише „соопштение за јавност“ под наслов „Плусинфо манипулира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!“ Дописот од Центарот ни стаса по електронска пошта нешто пред 14 ...
Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, Владата на денешната седница ги донесе следните заклучоци: Се задолжуваат Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, веднаш да отпочнат со ...
Српските власти го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на РСМ, за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше поведена истрага на 9 октомври. Од српските органи беше побарано ...
Најголема постигната цена на стан за квадратен метар во периодот јули – септември е 189.231 денар или речиси 3.000 евра, односно платени се 280.000 евра за стан од 91 квадратен метар во Центар, покажаа податоците на Агенцијата за катастар. Според податоците, најскапи се становите во Центар, Карпош и во Аеродром, каде што цената за квадратен метар е од 1.200 до 1.550 евра. Во реагистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември ...
На Клиниката за неврохирургија во текот на минатата недела првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic brain biopsy). Работниот тим што ја изведе оваа значајна интервенција се состои од д-р Роберт Шумковски, д-р Ивица Коцевски, д-р Љуљзим Агаи (неврохирурзи) и д-р Радмила Панговска (анестезиолог). -Испишуваме ново поглавје во неврохирургијата. Големо е задоволството кога имаме развој во јавните ...
По големата победа во Остин, Макс Ферстапен се врати во трката за шампионската титула во Формула 1. Четирикратниот светски шампион, на пет трки до крајот на сезоната нима само 40 поени помалку од лидерот Оскар Пјастри. Возачот на Мекларен пред само четири трки имаше 104 поени повеќе од Холанѓанецот. Ферстепен победи на три од последните четири трки, со огромна разлика во Италија, Азербејџан и Остин, додека беше втор во Сингапур зад Џорџ Расел. ...
Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов (68) ќе биде советник во Советот на Град Скопје. Пенов влезе во Советот како носител на советничката листа на коалицијата Искуство за успех на Либерално-демократска партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите. Коалицијата освои 6.953 гласови (2,99%), доволни за едно советничко место. „Драги скопјани, Доколку можев, би ви се заблагодарил ...
Во просториите на Собранието на Македонија е фотографирана средба помеѓу потпретседателот на НАИ Муса Џафери и пратеникот на партијата Левица, Реџеп Исмаил Хактан, објавува порталот „Прес ТВ7“. Според извори на медиумот од Собранието, на средбата се разговарало за можноста за меѓусебна соработка меѓу двете партии во неколку клучни општини, вклучувајќи го Градот Скопје, Тетово и Струга. Според истите извори, разговорот се одвивал во пријателска ...
Историската победа во 33 општини во првиот круг е потврда за чесната работа и посветеност, реализирани проекти изминатата година и половина од Владата, така и од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ изминатите 4 години, информираат од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори. Со 50% подобар резултат од 2021 година каде што имавме 22 градоначалници во прв круг, сега во прв круг доби градоначалници во 33. На овие локални избори ...